Епидемиолошка состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 11:19:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Епидемиолошка состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-gi-olabavi-merkite-poradi-povolnata-epidemioloshka-sostojba-so-afikanskata-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-gi-olabavi-merkite-poradi-povolnata-epidemioloshka-sostojba-so-afikanskata-chuma/#respond Fri, 04 Mar 2022 11:19:18 +0000 https://kurir.mk/?p=640859

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба. Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија. -За ставање на состојбата со болеста под контрола, од нејзиното појавување досега, АХВ веднаш го активира Националниот центар за контрола на болести, спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски. Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април, нагласува директорот, треба да воспостават високи биосигурносни стандарди. -Доколку тие не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите. Со последното решение се засилува пасивниот надзор на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата, на целата територија на земјава, потенцира Бабовски. Тој додава и дека одгледувачите на свињи се должни да ја следат здравствената состојба на грлата и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво, а големите фарми имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. Ловните друштва, пак, треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање угинати диви свињи и за тоа да пратат извештај до официјален ветеринар. Од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена, задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. -Се засилува отстрелот на диви свињи во сите ловишта, независно од дозволениот број за отстрел со ловностопанските основи. Мостра од секоја застрелана дива свиња задолжително треба да се прати за лабораториско испитување, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат од анализата за утврдување на присуство на вирусот. Во текот на ловот мора да се почитуваат бисигурносните мерки при лов, а обработката на месото од застреланите диви свињи да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите, подвлекува Бабовски. Се забранува, вели, и прихранување диви свињи, освен за намамување за отстрел. Останува и забраната за работа на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи. -Нема промени и во однос на забраната за држење свињи на отворено и колење на свињи во домашни услови. Повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот, информира директорот на АХВ, Бабовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-gi-olabavi-merkite-poradi-povolnata-epidemioloshka-sostojba-so-afikanskata-chuma/feed/ 0
ЕДЦД: Во ЕУ се влошува епидемиолошката состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edcd-vo-eu-se-vloshuva-epidemioloshkata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edcd-vo-eu-se-vloshuva-epidemioloshkata-sostojba/#respond Sat, 13 Nov 2021 08:16:46 +0000 https://kurir.mk/?p=594932

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека во Европската Унија продолжува да се влошува епидемиолошката состојба поради Ковид-19 и во десет земји е „многу загрижувачка“. Од 27-те членки на Унијата, Белгија, Полска, Холандија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија и Словенија се земји во кои ситуацијата е многу загрижувачка, соопшти ЕЦДЦ. Како што јави Хина, Хрватска и Словенија пројавиле најмногу новозаразени во однос на бројот на жители. Со 472.800 заразени на ден оваа недела ширум светот, стапката на зараза расте четврта недела по ред. За разлика од претходните недели, Европа повеќе не е единствената област каде што ситуацијата се влошува. Лош тренд покажуваат и областите на Латинска Америка и Карибите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edcd-vo-eu-se-vloshuva-epidemioloshkata-sostojba/feed/ 0
Влошена епидемиолошка ситуација во Данска, повторно воведени ковид пропусници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-epidemioloshka-situacija-vo-danska-povtorno-vovedeni-kovid-propusnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-epidemioloshka-situacija-vo-danska-povtorno-vovedeni-kovid-propusnici/#respond Wed, 10 Nov 2021 09:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=593499

Епидемиолошкиот одбор на данскиот Парламент вчера ги одобри владините планови за повторно воведување ограничувања поради пандемијата на коронавирус. Министерот за здравство, Магнус Хеунике, изјави дека огромното мнозинство пратеници се согласило дека Ковид-19 треба да се редефинира како болест што му се заканува на општеството. Одлуката првично ќе важи еден месец. Ова и дава на владата овластување да усвои мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без потреба од дополнително одобрение од парламентот. Доволно е одборот да се согласи со предложените мерки. Министерот за економија, Сајмон Колеруп, изјави дека од петок повторно ќе треба да покажуваат сертификати за Ковид-19 за да се влезе во ресторан или клуб. Ковид пропусниците сведочат дека лицето било вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест. Тие мора да ги покажуваат возрасните и деца над 15 години. Сертификатите ќе бидат потребни и за настани со голем број учесници. Ова се однесува на концерти, конференции, саеми и забавни паркови. Нив че м,ора да ги покажуваат и посетители на болниците. Данска на 10 септември ги укина последните ограничувања наметнати во земјата за време на пандемијата, наведувајќи дека пандемијата е под контрола, но од средината на октомври, бројот на заразени повторно почна да расте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vloshena-epidemioloshka-situacija-vo-danska-povtorno-vovedeni-kovid-propusnici/feed/ 0
Почетокот на учебната година ќе зависи од епидемиолошката ситуација во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochetokot-na-uchebnata-godina-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-situacija-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochetokot-na-uchebnata-godina-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-situacija-vo-zemjava/#respond Tue, 06 Jul 2021 09:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=532699

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава. -Во секој случај тоа што е најбитно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година, изјави Филипче по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Одговарајќи на новинрско прашање, Филипче рече дека се уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес. Најави дека потоа ќе излезат со конкретен процент. -Сега се вакцинираат и наставниците кои треба да почнат со физичко присуство, ако е се добро и стабилно, а сега држеа онлајн настава. Тој процес ќе заврши оваа и следната недела, па ќе го знаеме точниот процент, нагласи Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochetokot-na-uchebnata-godina-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-situacija-vo-zemjava/feed/ 0
Вилер апелира Германците да не патуваат за да не ја влошат епидемиолошката состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viler-apelira-germancite-da-ne-patuvaat-za-da-ne-ja-vloshat-epidemioloshkata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viler-apelira-germancite-da-ne-patuvaat-za-da-ne-ja-vloshat-epidemioloshkata-sostojba/#respond Thu, 14 Jan 2021 12:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=455265

Германија до крајот на годината ќе успее да ја стави пандемијата под контрола, но новиот позаразен вид може да ја влоши ситуацијата, изјави директорот на германскиот Институт за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотер Вилер. Во Германија досега се регистрирани 16 случаи на британскиот вид на Ковид-19 и четири со јужноафриканскиот, сите тие се заразиле по враќањето од странство. – Ова нема да биде последна мутација што ќе ја видиме, да не го забораваме бразилскиот вид на Ковид-19. Има уште видови, истакна Вилер и апелираше до граѓаните да не патуваат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viler-apelira-germancite-da-ne-patuvaat-za-da-ne-ja-vloshat-epidemioloshkata-sostojba/feed/ 0
Филипче објави: Ова ќе бидат новите рестрикции кои ќе се предложат ако викендов се влоши состојбата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-objavi-ova-kje-bidat-novite-restrikci-koi-kje-se-predlozat-ako-vikendov-se-vloshi-sostojbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-objavi-ova-kje-bidat-novite-restrikci-koi-kje-se-predlozat-ako-vikendov-se-vloshi-sostojbata/#respond Fri, 16 Oct 2020 09:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=417138

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со коронавирусот се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови рестриктивни мерки. - Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до Владата. Мерки се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче. Тој рече дека има сериозен процент на новозаболени кои не знаат да кажат каде се заразени. -Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот, објасни министерот за здравство. Филипче додаде дека претходниот пакет на рестриктивни мерки е поднесен за законски измени до Собранието и очекува веќе следната недела истите да бидат изгласани во законодавниот дом. Овој, прв, пакет мерки се однесува на задолжително носење заштитна маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-objavi-ova-kje-bidat-novite-restrikci-koi-kje-se-predlozat-ako-vikendov-se-vloshi-sostojbata/feed/ 0
Чибишев: Епидемиолошката состојба во Македонија се влошува, бројката на новозаразени, хоспитализирани и починати се зголемува со галопирачки интензитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-epidemioloshkata-sostojba-vo-makedonija-se-vloshuva-brojkata-na-novozarazeni-hospitalizirani-i-pochinati-se-zgolemuva-so-galopirachki-intenzitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-epidemioloshkata-sostojba-vo-makedonija-se-vloshuva-brojkata-na-novozarazeni-hospitalizirani-i-pochinati-se-zgolemuva-so-galopirachki-intenzitet/#respond Sun, 11 Oct 2020 16:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=415153

Епидемиолошката состојба во Македонија се влошува, бројката на новозаразени, хоспитализирани и починати се зголемува со галопирачки интензитет, пишува на својот Фејсбук профил доктор Андон Чибишев. Ако продолжи вака порастот на нови пациенти за кратко време здравствениот систем ќе колабира и не само што нема да има каде да се згрижуваат болните туку и ќе нема која да се грижи за нив. Можеби полесно ќе најдеме кревети и капациетети за сместување, меѓутоа медицински кадар тешко дека ќе може да се реорганизира толку брзо. Лекарите, сестрите и останатиот здравствен персонал е на крајот на силите затоа што оваа состојба трае предолго и не само што нема знаци за смирување туку состојбата драматично се влошува. Сведоци сме на секојдневно напуштање на јавните здравствени установи на медицински кадар кој е сега најпотребен. Здравствените власти не само што не покажуваат знаење како да ја менаџираат ваквата тешка состојба туку и во соработка со Комисијата за заразни болести носат мерки кои се нелогични, неприменливи и тешко спроведливи во пракса. Се забранува групирање на луѓе на отворено а се носи мерка за т.н. викенд без ДДВ со кој се стимулира наплив на потрошувачи во продавниците каде ќе има енормни групирања во затворен простор. СЕ најавува мерка за забрана за групирања во рамките на домовите на граѓаните а во јавниот превоз граѓаните се возат со автобуси во кои патниците се настискани еден до друг. Селективно се спроведуваат мерките на ограничено присуство на гости во кафулињата и ноќните клубови, се казнуваат угостители ако имаат гости кои не почитуваат мерки а се дозволуваат лумперајки до раните утрински часови во ,,привилегирани,, угостителски објекти. Е, па вака, почитувани одговорни, оваа агонија уште многу долго ќе трае, вели Чибишев во својата објава. https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2557122541245300&id=100008427372594]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-epidemioloshkata-sostojba-vo-makedonija-se-vloshuva-brojkata-na-novozarazeni-hospitalizirani-i-pochinati-se-zgolemuva-so-galopirachki-intenzitet/feed/ 0