епидемиолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Aug 2020 07:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png епидемиолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Шведска забрзан пад на заразени во јули, епидемиолозите не знаат точно зошто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-zabrzan-pad-na-zarazeni-vo-juli-epidemiolozite-ne-znaat-tochno-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-zabrzan-pad-na-zarazeni-vo-juli-epidemiolozite-ne-znaat-tochno-zoshto/#respond Tue, 11 Aug 2020 07:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=389075

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот. – Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“. Тој додаде дека падот на бројот на новозаразените изгледа дека не е поврзан со празниците или некоја мерка преземена од здравствените власти. – Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуните луѓе кај населението има врска со тоа, но навистина не знаеме точно, рече Тегнел. Тој смета дека намалувањето на бројот на случаи на коронавирус во јули во Шведска покажало дека нивната стратегија, според која повеќето од строгите мерки воведени од повеќето земји беа избегнати, на некој начин успеала. – Бројките во Шведска покажуваат дека може да има брз пад на бројот на случаи без затворање, додаде шведскиот епидемиолог. Тегнел призна дека бројот на нови случаи на коронавирус е зголемен малку во текот на изминатата недела, особено кај младите. – Но, се чини дека можеме да се справиме со тоа, рече Тегнел. Тој истакна дека една од работите што сега се знае за коронавирусот е дека станува збор за многу непредвидлива болест. Според најновите податоци, од коронавирусот во Шведска до сега починале 5.763 луѓе, речиси пет пати повеќе отколку во Данска, Норвешка и Финска. Откривањето и изолацијата ќе бидат клучни за успехот или неуспехот во спречувањето на ширењето на коронавирусот во следната фаза на пандемијата, процени Тегнел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-zabrzan-pad-na-zarazeni-vo-juli-epidemiolozite-ne-znaat-tochno-zoshto/feed/ 0
Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-epidemiolozi-i-dvajca-tehnichari-od-centarot-za-javno-zdravje-skopje-pozitivni-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-epidemiolozi-i-dvajca-tehnichari-od-centarot-za-javno-zdravje-skopje-pozitivni-na-koronavirusot/#respond Mon, 08 Jun 2020 17:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=355311

Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во скопскиот Центар за јавно здравје се позитивни на коронавирусот. Директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери на прес-конференција попладнево изјави дека тие се во добра здравствена состојба, на домашно лекување од каде ги извршуваат своите работни задачи. -Нашите епидемиолози од дома телефонски вршат анкетирање, изјави Зибери, кој додаде дека сите останати епидемиолози во Центарот за јавно здравје се тестирани и се негативни на коронавирусот. Запрашан за тоа во кои институции и компании се вршени тестирања на вработени, Зибери рече дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде позитивна на вирусот е директорката Сања Лукаревска, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на коронавирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери. -За среќа кластерите ни се познати, изјави Зибери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-epidemiolozi-i-dvajca-tehnichari-od-centarot-za-javno-zdravje-skopje-pozitivni-na-koronavirusot/feed/ 0
Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-epidemiolozi-od-institut-za-javno-zdravje-pozitivni-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-epidemiolozi-od-institut-za-javno-zdravje-pozitivni-na-koronavirus/#respond Sat, 06 Jun 2020 20:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=354603

Двајца епидемилозија кои работат во Институтот за јавно здравје се позитивни на Ковид 19, неофицијално дознава Скопје Инфо. Според информациите ова се стручните лица кои ги прават анкетите и кои собираат информации од лицата кои се потенцијално заразени од коронавирусот, пишува порталот скопјеинфо. Неофицијално, заразата кај овие две лица сериозно ќе се одрази на понатамошната работа на институтот за јавно здравје со оглед на тоа дека вкупниот број на епидемиолози кои работат во оваа институција е пет. Неофицијално, во следните денови ќе се намали бројот на земени брисови и направени тестови, а со тоа и бројката на лица кои се позитивни треба бележи надолна тенденција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-epidemiolozi-od-institut-za-javno-zdravje-pozitivni-na-koronavirus/feed/ 0
Епидемиолози во Шпанија: Стадионите ќе се отворат последни https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/epidemiolozi-vo-shpanija-stadionite-kje-se-otvorat-posledni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/epidemiolozi-vo-shpanija-stadionite-kje-se-otvorat-posledni/#respond Thu, 23 Apr 2020 09:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=336001

Епидемиолозите во Шпанија велат дека фудбалските мечеви во таа земја нема да се играат пред публика до крајот на годинава и препорачуваат затворање на стадионите сè додека не се најде вакцина против коронавирусот. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, рече дека има намера да ги ублажи мерките на ограничено движење во втората половина на мај, но не даде детали. – Полека ќе ги релаксираме воведените мерки за ограничување, но ми се чини дека „Камп Ноу“ или „Сантијаго Бернабеу“ на крај ќе бидат отворени. Тие се последни во редот, рече Жоан Рамон Виљалби, член на Шпанската медицинска комора во интервју за „Ел Паис“. Шпанска Примера беше стопирана на 13 март, а сè уште не е познато кога натпреварувањата би можеле да продолжат. – Натпревар со 100 000 луѓе не е проблематичен само за гледачите на стадионот, туку и за нивното движење кон него. Јавниот превоз би бил огромен ризик за ново ширење на вирусот, заклучи Виљалби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/epidemiolozi-vo-shpanija-stadionite-kje-se-otvorat-posledni/feed/ 0