епископ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 10:55:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png епископ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Скандалозно е маж да станува жена и само со изјава да менува пол“ вели викарниот епископ Стобиски г. Јаков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-e-mazh-da-stanuva-zhena-i-samo-so-izjava-da-menuva-pol-veli-vikarniot-episkop-stobiski-g-jakov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-e-mazh-da-stanuva-zhena-i-samo-so-izjava-da-menuva-pol-veli-vikarniot-episkop-stobiski-g-jakov/#respond Mon, 26 Jun 2023 10:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=849698

„Инаетливото туркање на Законите за родова еднаквост и за матична евиденција по секоја цена од страна на владата, навистина не загрижува и не тера да се запрашаме кој навистина стои зад овие закони“. Ова пред протестот во четврток организиран од МПЦ го изјави Викарниот епископ Стобиски г. Јаков, според кој „носењето на овие закони ќе доведе до потполн хаос, дикататура, тиранија, како што има во најтоталитаристички општества во светот“, пренесе „А1он.“ „Очигледно никој не сака да го слушне народот, и немаме друг начин да се спротивстваиме. Затоа апелираме за да ја сочуваме својата традиција, мислење, слобода на говор, нема друг начин освен да се собереме и да кажеме едно големо не за овие несреќни и погубни закони за нашето општество. Еден од законите за измени на матична евиденција веќе е во собраниска постапка, тој е спорен без никаква измена, и по целукупните реакции на јавноста, ниту еден интерпункциски знак не се измени, а камо ли спорните моменти како што е правното признавање на родот. Законот овозможува да измените ознака за пол во матичните книги само врз основа на изјава дека се чувствувате спротивно на вашиот биолошки пол. Тоа е скандалозно. Што се однесува до законот за родова еднаквост многу искусни луѓе кои работеле во законодавството го нарекоа закон во обид. Тоа е франкештајнски склопен закон што не само се заканува да го измени насилно начинот на кој постоиме и живееме туку да спроведе идеолошка диктатура, нешто што е реалност во многу општества кои се соочуваат со последици кои може да се видат на хорор филм“ – вели за А1он, г. Јаков. Според него, со овие закони се отвора можност секој од општеството да биде препознаен како маж или жена само врз основа на своите индивидуални чувства. -Оној што се идентификува како жена, биолошки маж, да се изедначи со жените. Со овој закон секој може да биде се. Институциите се однесуваат крајно игнорантски со омаловажување на граѓаните, дека не се важни мислењата на граѓаните, едноставно да се истурка нешто на сила по секоја цена. Иако јавноста сосема аргументирано објаснуваше зошто да не се носи таков закон. Во предлог законот за родова еднаквост имаме такво моќно тело, држава во држава , Секретаријат за родова еднаквост со кој ќе управува вицепремиер, со такви ингеренции, со таква власт, буквално да го дефинира и да го санкционира и јавниот и приватниот живот на поединицот. Алармирам да се разбудиме што ни се заканува. Црквата никогаш не го повикала народот да се буни за нешто, па можете да ја замислите сериозноста, од ова нема враќање назад, а таргет не се само семејните вредности, туку иднината на светот, на општеството, а тоа се децата, нив им се спрема индоктринација, вели тој. Протестот кој ќе се одржи четврток, во 18 часот пред Соборниот Храм Св Климент Охридски во Скопје. Тој доби поддршка и од Коалицијата за заштита на децата, од каде ги повикаа сите свои партнери, сите родители и граѓани, без разлика на верската, етничката и партиската определеност, да излезат и да се приклучат на мирниот протест, за да го кажат своето „не“ за менување на како што велат, објективната реалност. фото: fokus.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-e-mazh-da-stanuva-zhena-i-samo-so-izjava-da-menuva-pol-veli-vikarniot-episkop-stobiski-g-jakov/feed/ 0
Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/#respond Sun, 12 Jul 2020 10:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=374485

Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска архимандритот Партениј е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски”, а истовремено ќе ја задржи и својата должност игумен на Бигорскиот манастир каде што ќе биде и неговото постојано седиште. Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во обраќањето до верниците по повод оваа свеченост истакна дека епископите во црковната традиција се наречени приемници на апостолите и продолжители на нивното дело, со што се истакнува важноста на службата и високата мисија на оние удостоените на тој чин. – На начин како што апостолите го примија духот на вистина на Сионската височина, и ти се удостои да примиш дух на мудрост и разум, на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост, и веруваме дека токму тоа ќе ти помогне и преку новата должност уште побудно да ги надгледуваш доверените души, давајќи им пример на сите…Со денешниот чин преку Светиот дух врз тебе се изли љубовта божја и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на љуѓето и да ги исполнуваш задолженијата, рече г.г. Стефан. Поглаварот на МПЦ во словото до верниците посочи на некои од предизвиците со кои се соочува македонскиот народ. – За жал, како народ, држава и Црква се уште сме пред портите на правдата и за црковната и националната македонска вистина. Но, силно веруваме дека ќе истраеме и дека ближи денот кога и последните неверни Томи ќе ја разберат и прифатат сета наша македонска вистина. Во таа борба повикани сме сите да учествуваме, и ијерархијата и монаштвото и свештенството и верниот народ и сите кои оваа земја Македонија ја чувствуваат за своја татковина, а црвката Македонска и Охридска за своја духовна мајка. Преосветен владико, внимавај и чувај ја довербата што ти се дава, сите твои постапки и дела нека бидат за доброто на нашиот народ и Црква, та во се да се прослави Бог преку Исуса Христа чија слава и владеење се вечни, истакна меѓу другото поглаварот Стефан. Честитки за новоименуваниот Епископ Антаниски упатија бројни верници дојдени во Охрид само за да бидат сведоци на оваа свеченост. – Луѓето ширум светот денес имаат насушна потреба од градење мостови на љубовта. Мостот по кој чекорам денес го изгради токму архимантритот Партениј кој денеска се хиротонисува во Епископ Анталиски. Познавајќи го цели 14 години, јас и многумина други секојдневно сведочиме како тој го менува светот кон подобро, му дава еден мирен, радосен и љубовен лик. Неговото милосрдие и љубов ги надминуваат човековите граници на етничкото потекло, националноста, полот, возраста, па дури и религијата. Неговото хиротонисување е благослов за Македонија, но и за поширокиот православен свет, рече во оваа прилика еден од верниците присутен на церемонијата. Самиот настан се одржа со засилени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и за посетителите беа обезбедени заштитни маски. Бројот на верници околу самата црква беше поголем отколку што дозволува просторот, а истовремено се водеше сметка за препораката за одржување социјална дистанца. Црквата „Света Софија“ пред почетокот на церемонијата беше целосно дезинфицирана]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/feed/ 0
Архимандрит Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhimandrit-partenij-kje-bide-hirotonisan-za-episkop-antaniski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhimandrit-partenij-kje-bide-hirotonisan-za-episkop-antaniski/#respond Sun, 12 Jul 2020 07:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=374335

Во храмот „Света Софија“ во Охрид денеска, на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, ќе биде хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир. Од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски. Во свештената Бигорска обител вчера беше извршено наречението за епископ на архимандрит Партениј. Монашкото братство и присутните верници во Бигорски му посакаа на отец Партениј достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба. Од Бигорската обител, во пресрет на хиронијата на отец Партениј, соопштија дека имајќи ја предвид актуелната сосотојба со коронавирусот, се преземаат мерки за заштита на присутните. Ги замолуваат сите верници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои, пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание. Во Охрид ќе биде ангажирана и агенција за обезбедување, која ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на физичката дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид. Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, ќе бидат обезбедени надворешни видеоекрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. Предвидени се три видеоекрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот. Поради денешната хиротонија во Охрид, Бигорскиот манастир денеска ќе биде затворен за посетители до 15 часот. Синодот на МПЦ-ОА на 21 мај годинава едногласно го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула антаниски според античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште. Светиот архијерејски синод на истата седница го избра и отец Григориј, игуменот на „Свети Јоаким Осоговски“,за епископ сарандополски. Тој ќе го наследи митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, кој беше ослободен од митрополиската должност од здравствени причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhimandrit-partenij-kje-bide-hirotonisan-za-episkop-antaniski/feed/ 0