Епл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 18:51:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Епл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција наложи запирање на продажбата на Ајфон 12 поради големо зрачење https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/frantsija-nalozhi-zapirane-na-prodazhbata-na-ajfon-12-poradi-golemo-zrachene/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/frantsija-nalozhi-zapirane-na-prodazhbata-na-ajfon-12-poradi-golemo-zrachene/#respond Tue, 12 Sep 2023 18:51:42 +0000 https://kurir.mk/?p=877405

Француските регулатори денеска му наложија на Епл да ја запре продажбата на Ајфон 12 поради емитување премногу електромагнетно зрачење и да ги повлече постоечките телефони. Француската агенција што ги регулира радиофреквенциите, ANFR, соопшти дека тестирањето покажало дека моделот емитува повеќе електромагнетни бранови подложни на апсорпција од телото отколку што е дозволено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/frantsija-nalozhi-zapirane-na-prodazhbata-na-ajfon-12-poradi-golemo-zrachene/feed/ 0
„Епл“ казнета во Русија поради што не избришала неточна информација за конфликтот во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-kazneta-vo-rusija-poradi-shto-ne-izbrishala-netochna-informatsija-za-konfliktot-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-kazneta-vo-rusija-poradi-shto-ne-izbrishala-netochna-informatsija-za-konfliktot-vo-ukraina/#respond Thu, 03 Aug 2023 14:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=863043

Судот во Москва ја казни компанијата „Епл“ (Apple) со 400.000 рубљи (околу 3.900 евра) бидејќи не избришала неточна содржина за конфликтот во Украина. Компанијата „Епл дистрибјушн“ е прогласена за виновна за административен прекршок и ѝ е наредено да плати административна казна од 400.000 рубли, се наведува во судската одлука. Судската седница се одржа зад затворени врати. Земајќи ги предвид аргументите изнесени од корпорацијата, судот и досуди парична казна под долната граница. Рускиот медиумски регулатор „Роскомнадзор“ претходно ја извести компанијата дека мора да ги избрише информациите поврзани со „специјалната воена операција“ во Украина, кои имаат за цел да ја дестабилизираат политичката ситуација. Информациите беа објавени во поткаст на „Епл“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-kazneta-vo-rusija-poradi-shto-ne-izbrishala-netochna-informatsija-za-konfliktot-vo-ukraina/feed/ 0
„Опен-АИ“ најави „Чет-ГПТ“ апликација за „Епл“ уредите со „ИОС“ оперативен систем https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/open-ai-najavi-chet-gpt-aplikatsija-za-epl-uredite-so-ios-operativen-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/open-ai-najavi-chet-gpt-aplikatsija-za-epl-uredite-so-ios-operativen-sistem/#respond Fri, 19 May 2023 16:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=836513

„Опен-АИ“ одлучи да им го олесни пристапот до „Чет-ГПТ“ на сопствениците на уредите на „Епл“ и најави лансирање апликација преку којашто вештачката интелигенција ќе може да се користи на многу поедноставен начин. Новата „Чет-ГПТ“ апликација ги има истите можности како и мрежната верзија и помага во зголемувањето на нејзината популарност. На апликацијата, корисниците ќе може да испраќаат гласовни барања преку микрофонот на нивниот телефон, наместо само да ги пишуваат. Корисниците исто така можат да ја синхронизираат својата историја на уредите. Оние кои плаќаат 20 долари месечно за да се претплатат на „Чет-ГПТ плус“ и ќе добијат дополнителни бенефиции во употребата на апликацијата, вклучително и пристап до можностите за „ГПТ-4“. Бесплатната апликација е наменета за уреди со „ИОС“ оперативен систем, првично во САД, со навестувања наскоро да се појави и во други земји. Новата програма се појавува шест месеци откако „Опен-АИ“ првпат го објави за јавноста на интернет. Тоа објавување брзо предизвика нова трка во технолошката индустрија за развој на алатки што можат да генерираат разни написи и слики како одговор на барањата на корисниците. Исто така, оваа вест доаѓа истата недела кога извршниот директор на „Опен-АИ“, Сем Алтман сведочеше пред Конгресот околу опасностите што вештачката интелигенција може да ги претставува за општеството, опишувајќи го тековниот технолошки „бум“ како потенцијален „миг еднакво значаен колку и појавувањето на машината за печатење“, но оти требаат и заштитни мерки. „Опен-АИ“ наскоро ќе има и верзија за „Андроид“, како што најави компанијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/open-ai-najavi-chet-gpt-aplikatsija-za-epl-uredite-so-ios-operativen-sistem/feed/ 0
Првиот човек на Епл си ја намали платата за 35 милиони https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prviot-chovek-na-epl-si-ja-namali-platata-za-35-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prviot-chovek-na-epl-si-ja-namali-platata-za-35-milioni/#respond Tue, 17 Jan 2023 08:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=788194

Извршниот директор на Епл, Тим Кук оваа година ќе го намали својот годишен платен пакет за над 40 проценти. Технолошкиот гигант вели дека Кук барам намалување по критиките на акционерите. Минатата година акциите на Епл драстично паднаа поради проблеми со снабдувањето и глобалното економско забавување. -Комисијата за компензација ги избалансира повратните информации на акционерите, и даде препорака за Кук да ја прилагоди својата надокнада во согласност со добиените повратни информации, наведува Епл во поднесокот до американската финансиска служба. Најголемата разлика во однос на неговиот платен пакет е начинот на кој ќе му бидат доделени акциите во фирмата. Компанијата во 2022 година му доделила акции од 75 милиони долари, од кои половината е заснована на тоа како Епл работел на берзата. За оваа година надоместокот е намален на 40 милиони долари. Институционалната служба за акционери рекле дека платата на Кук била 1.447 пати поголема од платата на просечниот вработен во Епл. Кук става извршен директор на Епл во август 2011 година само неколку недели пред смртта на соосновачот Стив Џобс.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prviot-chovek-na-epl-si-ja-namali-platata-za-35-milioni/feed/ 0
ОВОЈ МОДЕЛ на „Ајфон“ заминува во историјата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovoj-model-na-ajfon-zaminuva-vo-istorijata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovoj-model-na-ajfon-zaminuva-vo-istorijata-foto/#respond Tue, 10 Jan 2023 09:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=785438

Компанијата „Епл“ го освежува својот најповолен „Ајфон СЕ“ на секои две години, а со оглед на тоа што корисниците го искусија лани следниот се очекуваше 2024 година. Сепак, се чини, ништо од тоа. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека „Епл“ го заврши „експериментот“ и плановите за производство и продажба на новиот модел на „Ајфон СЕ“ во 2024 година се откажани. Оваа одлука е поврзана и со долго шпекулираниот 5-Г процесор на којшто „Епл“, според познавачите, и предолго работи. Овој процесор требаше да го користи „Ајфон СЕ“. Така, ако работите тргнеа наопаку, штетата би била ограничена бидејќи тоа е најевтиниот модел, а не поскапиот. Од друга страна, пак, доколку планот беше успешен, процесорот имаше потенцијал да се најде и во серијата „Ајфон 16“ во 2024 година. Причината за откажувањето на „Ајфон СЕ 4“ наводно се крие во малата продажба на претходните модели. Откажувањето на „Ајфон СЕ 4“ го наметнува прашањето – дали перформансите на процесорот на „Епл“ ќе се совпаѓаат со оние на „Квалком“? Затоа, можноста – вториов процесор да го напојува „Ајфон 16“ сега се поголеми од кога било, што е спротивно на предвидувањата. Со ваквиот развој, „Квалком“ би продолжил да му испорачува процесори на „Епл“ најмалку до 2025 година, што значи продолжување на неговата доминација на светскиот пазар за процесори за мобилни уреди.   (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovoj-model-na-ajfon-zaminuva-vo-istorijata-foto/feed/ 0
Доаѓа неочекувана промена во Apple AppStore https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagja-neochekuvana-promena-vo-apple-appstore/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagja-neochekuvana-promena-vo-apple-appstore/#respond Tue, 20 Dec 2022 21:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=775883

Apple е позната како компанија која има строги и ригорозни правила. Ова важи и за App Store, каде што сите апликации мора да поминат ригорозен тест за да се најдат во продавницата на Apple. Така, iPhone не дозволува инсталирање апликации од алтернативни продавници наменети за тоа, ниту инсталирање апликации од трети страни, но изгледа дека тоа наскоро може да се промени. Apple планира да им дозволи на корисниците да инсталираат алтернативни продавници за апликации на iOS, според неодамнешниот извештај на Bloomberg. Ова би била голема промена за гигантот од Купертино, кој досега им дозволуваше само на корисниците на iPhone и iPad да преземаат апликации од App Store. Новите планови на Apple, наводно, се поттикнати од Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA). Законот значи дека не само што Apple ќе мора да дозволи продавници за апликации од трети страни, туку и „страно вчитување“, што значи дека корисниците можат да инсталираат софтвер преземен од интернет. Претходно Apple изјави дека овој потег е „најдобар пријател на сајбер криминалците“. Наводно, 6 март 2024 година е датумот кога сите во Европската унија ќе треба да го почитуваат овој закон. Сепак, во извештајот се вели дека Apple можеби сè уште размислува како би можел да ги ублажи ефектите од новиот закон за бизнисот. Така, компанијата од Купертино наводно размислува за воведување одредени безбедносни барања, проверка на апликации од трети страни на некој начин, но и за потенцијална наплата. Познатиот портал The Verge се обиде да стапи во контакт со Apple во врска со оваа тема, но се уште не добиле никаков одговор од Купертино. Apple моментално работи на уште едно прилагодување на регулативите на Европската унија, а се работи за имплементирање на USB-C порта на iPhone.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagja-neochekuvana-promena-vo-apple-appstore/feed/ 0
ПРОБЛЕМИ ВО ФАБРИКАТА НА ЕПЛ – можно е да се намали производството на Ајфон, еве што се случува https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/problemi-vo-fabrikata-na-epl-mozno-e-da-se-namali-proizvodstvoto-na-ajfon-eve-shto-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/problemi-vo-fabrikata-na-epl-mozno-e-da-se-namali-proizvodstvoto-na-ajfon-eve-shto-se-sluchuva/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:47:58 +0000 https://kurir.mk/?p=753241

Проблемите на доставувачот на „Епл“ – „Фокскон“ (Foxconn) во кинескиот град Женгжоу, поврзани со ширење на коронавирусот меѓу вработените во фабриката, може да ја намалат испораката на „Ајфони“ во ноември и до 30 отсто, јавуваат американски медиуми. Погонот „Фокскон“ ги склопува повеќето од памените телефони коишто се испорачуваат ширум светот, иако американскиот гигант има производни погони и во Шенжен во јужна Кина и во Индија. Фабриката во Женгжоу има околу 200.000 работници, а последниве денови таа е потресена од нивно незадоволство од строгите мерки против Ковид-19. На 19 октомври, „Фокскон“ им забрани на работниците оброци во мензите и им наложи да јадат во собите за одмор. Притоа раководството негираше прекин во производството. Од компанијата тврдат дека се воспоставува контрола врз состојбата и се координираат резервните производствени капацитети со други фабрики за да се минимизираат последиците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/problemi-vo-fabrikata-na-epl-mozno-e-da-se-namali-proizvodstvoto-na-ajfon-eve-shto-se-sluchuva/feed/ 0
Ајфон со преклопување може да пристигне во 2025 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ajfon-so-preklopuvanje-moze-da-pristigne-vo-2025-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ajfon-so-preklopuvanje-moze-da-pristigne-vo-2025-godina/#respond Wed, 19 Oct 2022 11:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=747647

Првиот „Ајфон“ со преклопување на „Епл“ се очекува најрано во 2025 година, но тоа – по преклопливиот „Ајпад“ којшто засега е најавен за 2024 година. Таблет со преклопување во мигов има повеќе смисла за „Епл“ отколку паметен телефон со преклоп, а има неколку причини за тоа. Како прво, таквиот „Ајфон“ би бил, најверојатно, премногу скап за да се потиснат другите модели. Истражувачката компанија „ЦЦС Инсајт“ проценува дека цената може да биде најмалку 2.500 долари. Покрај тоа, постои веројатност првиот преклоплив уред на „Епл“ да има и технички проблеми, па компанијата не сака да ризикува со својот најважен производ – „Ајфонот“.
Покрај тоа, воведувањето механизам со преклопување треба „да вдахне нов живот“ во линијата на таблетите. Од друга страна, пак, таблет со преклоп би можел да биде и попривлечна понуда за купувачите бидејќи е нешто што другите компании сè уште не го нудат. Сепак, „Ајпадите“ се и меѓу најдобрите таблети денес, но „Епл“ ќе мора да ја продолжи конкурентската борба за да го задржи своето водечко место на пазарот. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ajfon-so-preklopuvanje-moze-da-pristigne-vo-2025-godina/feed/ 0
Се огласи Епл за бизарната грешка кај камерата на новиот модел Ајфон 14 – еве кога да се очекува поправањето на проблемот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/se-oglasi-epl-za-bizarnata-greshka-kaj-kamerata-na-noviot-model-ajfon-14-eve-koga-da-se-ochekuva-popravanjeto-na-problemot-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/se-oglasi-epl-za-bizarnata-greshka-kaj-kamerata-na-noviot-model-ajfon-14-eve-koga-da-se-ochekuva-popravanjeto-na-problemot-video/#respond Wed, 21 Sep 2022 13:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=735787

Епл конечно проговори за бизарната грешка. Епл рече дека корисниците може да очекуваат проблемот со нивните камери во апликацијата да биде поправен следната недела. Да потсетиме, по лансирањето на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, некои корисници на уредот забележаа дека главната леќа на задната камера вибрира неконтролирано во апликациите со функција на камера, како што се Снепчет, ТикТок и Инстаграм, поради што многу од нив не можат да снимаат видео директно во овие апликации. Се чини дека проблемот не влијае на вградената апликација Камера. Ејпл сега е свесен за проблемот и работи на негово решение, пишува GSMArena. Овој проблем не само што го оневозможи користењето на камерата во апликациите, туку предизвика и долгорочни проблеми со оштетување на самиот хардвер. Главниот објектив на моделите на iPhone 14 Pro има оптичка стабилизација на слика од „втора генерација“ со поместување на сензорот, а можно е стабилизаторот да го прави тоа поради софтверска грешка, но ова е само претпоставка. Друг доказ дека станува збор за софтверска грешка е фактот што камерата работи само во апликации кои не се на Apple. Сè додека не се реши проблемот, сопствениците на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max треба да избегнуваат отворање на камерата во апликации како што се Снепчет, ТикТок и Инстаграм доколку се загрижени за потенцијално оштетување на системот на главната камера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/se-oglasi-epl-za-bizarnata-greshka-kaj-kamerata-na-noviot-model-ajfon-14-eve-koga-da-se-ochekuva-popravanjeto-na-problemot-video/feed/ 0
ВИДЕО: Епл денеска ги претставува новите модели на Ајфон https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-epl-deneska-gi-pretstavuva-novite-modeli-na-ajfon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-epl-deneska-gi-pretstavuva-novite-modeli-na-ajfon/#respond Wed, 07 Sep 2022 12:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=729897

Денеска Епл одржува официјална презентација на новите телефони од серијата Ајфон 14, а се очекува да ја претстави и втората генерација на безжични слушалки AirPods како и новиот Apple Watch. Презентацијата ќе се емитува во живо од 13 часот по локално време, или 19 часот по американско време, од седиштето на компанијата во Купертино, Калифорнија. Според првите извештаи кои протекоа во медиумите, корисниците можат да очекуваат четири нови модели на Ајфон како и нова верзија на часовникот на Епл, пренесува Business Insider. Преносот можете да го следите ВО ЖИВО на овој линк од 19:00 часот по наше време, на официјалната страница или на Јутјуб: Во март оваа година, Епл ги претстави iPhone SE, новиот iPad Air и Mac Studio. Што знаеме за новиот Ајфон досега? Новата линија на Ајфон наводно доаѓа во четири модели и две големини. Едниот е 6,1-инчен за стандардните и про-моделите, а поголемата верзија ќе биде само за про-моделите. Наводно, понудата нема да вклучува помали модели од 5,4 инчи. Новиот уред ќе има нов A16 процесор и подобрена камера. За цените се уште не можеме да зборуваме, но се очекува тие да бидат повеќе од досега, бидејќи глобалното поскапување влијаеше на растот на цената на пример на PlayStation 5 на Sony како и на VR комплетот на Meta. Се претпоставува дека цената на основниот модел ќе биде околу 699 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-epl-deneska-gi-pretstavuva-novite-modeli-na-ajfon/feed/ 0