Ептиса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 19:57:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ептиса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiskata-komisija-otvara-predmet-za-izgradbata-na-avtopatishtata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiskata-komisija-otvara-predmet-za-izgradbata-na-avtopatishtata/#respond Thu, 09 Mar 2023 19:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=810170

Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10 што го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три компании. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е една од подизведувачите, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана. Велат дека ќе треба време за да се обезбедат сите документи затоа што се работи за огромен тендер. - Ако се има предвид фактот дека е огромен тендер со голема вредност, мислам дека вреди да се почека да се добие таа документација и дополнително потребно е време за нејзино анализирање. Тие се странски фирми за кои нашето истражување по нив ќе биде малку ограничено. Доколку има потреба ќе се потрудиме да најдеме и дополнителни податоци, изјави Катица Николовска, член на ДКСК за „Сител“. Денеска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе со тврдење дека од 2016 година соппственик на шпанска „Ептиса“ е кинеска компанија и дека генералниот директор на компанијата е Кинез. Договорот за изградба на четири автопатски делници беше потпишан вчера со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Според договорот што беше потпишан во Владата, конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар - Букојчани (30,3 км) и Прилеп -Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри. За изградбата на автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiskata-komisija-otvara-predmet-za-izgradbata-na-avtopatishtata/feed/ 0
Мицкоски за надзорот на коридор 8: Владата потпиша договор со шпанската Ептиса за која самите рекоа дека е криминална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-nadzorot-na-koridor-8-vladata-potpisha-dogovor-so-shpanskata-eptisa-za-koja-samite-rekoa-deka-e-kriminalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-nadzorot-na-koridor-8-vladata-potpisha-dogovor-so-shpanskata-eptisa-za-koja-samite-rekoa-deka-e-kriminalna/#respond Sat, 04 Mar 2023 12:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=808036

На власта и е важен кој ќе биде надзор на коридор 8 и 10а, за да може да потпишува што ќе му кажат тие, а не реално што се случува на терен, односно да може да си наддаваат количини кои потоа ќе ги плаќаат граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање поврзано со скандалот со шпанската фирма Ептиса. - 22 милиони евра е тендерот за супервизија, за надзор на проектите поврзани со коридор 8 и 10а којшто го добива Конзорциум од една фирма во која што е и шпанската Ептиса. Би сакал да потенцирам како се случило. Владата во ноември 2020 година носи заклучок во кој им дава насока на општините и државните институции да не потпишуваат договори надзор за проекти поголеми од 1 милион евра со шпанската компанија Ептиса поради неетичко, незаконско однесување, рече Мицкоски. Тој посочи дека во 2021 година во ноември, 4 месеци по поминувањето на специјалниот закон во парламентот, министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира владата и му дава позитивна референца на овој правен субјект кој потоа со изменет ревизорски извештај го добива тендерот. - Да потоа се објави тендер за надзор на ЈП за државни патишта каде што е кадар на ДУИ и 7 дена пред истекот на рокот за поднесување на пријави ја менуваат суштински тендерската документација. Односно претходно ревизорскиот извештај го менуваат делот кој треба да биде позитивен и останува само да биде ревизорски извештај и останува рокот од 7 дена. И избран е Конзорциумот во кој дел е шпанската Ептиса, потенцира Мицкоски. Мицкоски нагласи дека вкупниот договор е во вредност од 22 милиони евра затоа што проектите кои се предвидени да бидат дел од коридорот 8 и 10а, бидејќи нема проект, таму ќе се плаќа врз основа на затекната ситуација на терен и зависи колку ќе прифати надзорот. - Затоа на власта им е важно кој ќе биде надзор за да можат да наддаваат количини и од првичната цена од 1,5-1,7 милијарди не би ме зачудило да дојде до 2 или 2,5 милијарди кои ќе ги плаќаат граѓаните. Затоа им е потребен тој надзор, да потпишува тоа што ќе му кажат од владата, а не тоа реално што се случува на терен, изјави Мицкоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-nadzorot-na-koridor-8-vladata-potpisha-dogovor-so-shpanskata-eptisa-za-koja-samite-rekoa-deka-e-kriminalna/feed/ 0