Ер-БНБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jun 2022 09:36:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ер-БНБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ер-БНБ трајно ги забрани забавите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-bnb-trajno-gi-zabrani-zabavite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-bnb-trajno-gi-zabrani-zabavite/#respond Wed, 29 Jun 2022 09:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=697211

Ер-БНБ трајно ги забрани забавите во сместувањата што ги обезбедува со својата платформа, откако привремената мерка воведена во услови на пандемија се покажа популарна меѓу домаќините на туристите. Компанијата наведе дека ова правило станало „многу повеќе од мерка за јавно здравје“ откако е воведено во август 2020 година. – „Тоа еволуираше во основна политика на заедницата насочена кон поддршка на домаќините и нивните соседи“, соопшти компанијата со седиште во Сан Франциско, САД. Така, и бројот на поплаки значително се намалил по воведувањето на мерката. „Исклучоци од забраната во иднина би можеле да им бидат овозможени на специјализирани и традиционални угостителски објекти“, се додава во соопштението. Компанијата почна да ја ограничува бучавата во 2019 година, а ги забрани забавите за време на корона-пандемијата, заради јавното здравје. Минатата година повеќе од 6.600 гости биле казнети поради кршење на тие правила.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-bnb-trajno-gi-zabrani-zabavite/feed/ 0
Во соба најмена преку „Ер-БНБ“, две туристки нашле 10 скриени камери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-soba-najmena-preku-er-bnb-dve-turistki-nashle-10-skrieni-kameri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-soba-najmena-preku-er-bnb-dve-turistki-nashle-10-skrieni-kameri/#respond Tue, 14 Jun 2022 08:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=690541

Кога се резервира сместување за патнички или туристички престој однапред, но и на самото место, најважно е местото да е чисто и уредно, но и да нема скриени камери во собите… Корисничка на Твитер по име Џоана Фокс открива што доживеала со своја пријателка, во врска со резервирањето сместување на познатата платформа „Ер-БНБ“. Проследено со повеќе слики и видеа, жената објасни дека неодамна престојувале во стан каде што на крајот пронашле 10 скриени камери, дури и кај тушевите. „Неодамна преку ‘Ер-БНБ’ отседнавме во Филаделфија и најдовме барем 10 скриени камери низ целата куќа. Вклучително и кај тушевите и во спалните соби“, вели Џоана, продолжувајќи – „Некои беа маскирани како системи за прскање, но забележавме објектив за камера. Тие беа ставени во места со идеален поглед кон луѓето. Иако за среќа – тоа беше женска дружба, јас бев гола. Морав да се пресоблечам во мојата соба“. Девојките никогаш не го запознале сопственикот, но кога се обидувале да му се јават, дури и по пристигнувањето, не можеле да го добијат на телефон. „Одговори само преку порака. Никогаш не дознавме како изгледа, звучи и дали е машко или женско“, пишува Џоана. Таа повикала и полиција на местото, заради пријава, но ни тие не реагирале. Исто така, „Ер-БНБ“ не им понудиле враќање на парите, туку само ново сместување. „За среќа, ги забележавме камерите и излеговме од таму. Но, немаме поим какви снимки има сопственикот и што прави со нив. Ни требаат одговори“, истакна Џоана. Корисниците се сложија дека ова е нешто што може да му се случи на секого.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-soba-najmena-preku-er-bnb-dve-turistki-nashle-10-skrieni-kameri/feed/ 0