ер канада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 May 2020 10:42:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ер канада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ер Канада“ ќе отпушти 20.000 вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-kje-otpushti-20-000-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-kje-otpushti-20-000-vraboteni/#respond Sun, 17 May 2020 10:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=346907

Најголемата канадска авио-компанија „ Ер Канада“ планира на почетокот на јуни да отпушти најмалку 20.000 вработени поради ефектите од пандемијата на коронавирусот. „Ер Канада“, во која има повеќе од 38.000 вработени, соопшти дека отпуштањата ќе влијаат врз повеќе од половината вработени, пренесуваат француските медиуми. Оттаму додаваат дека Ковид-19 ја ​​принуди компанијата за 95 отсто да го намали бројот на летови и затоа не очекуваат бизнисот наскоро да се врати во нормала. Канадската авио-компанија соопшти дека работна сила ќе им се намали за 50 до 60 проценти, а мерката ќе стапи на сила на 7 јуни. „Ер Канада“ во март објави дека ќе отпушти речиси половина од своите вработени како дел од намалувањето на трошоците. Во април беа вратени на работа 16.500 веќе отпуштени стјуардеси, механичари и агенти за услуги на клиентите, откако владата објави план за субвенционирање на платите, но не презеде обврска да ја задржи програмата по 6 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-kje-otpushti-20-000-vraboteni/feed/ 0
„Ер Канада“ ги прекинува авионските врски со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-gi-prekinuva-avionskite-vrski-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-gi-prekinuva-avionskite-vrski-so-sad/#respond Wed, 22 Apr 2020 05:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=335298

Авиокомпанијата „Ер Канада“ синоќа соопшти дека ги прекинува авионските врски со САД, откако Отава и Вашингтон се договорија да го продолжат ограничувањето на прекуграничните патувањаа за дополнителни 30 дена поради пандемијата со Ковид-19. „Ер Канада“ наведе дека последните комерцијални летови помеѓу Канада и САД ќе бидат на 26 април. Канадскаата авиокомпанија планира да ги обнови летовите на 22 мај доколку не се продолжат владините ограничувања. Сите патувања што не се нужни помеѓу Канада и САД се забранети од 21 март, иако границата и понатаму е отворена за трговија. Авиокомпанијата „ВестЏет“ исто така ги стопира прекуграничните и меѓународните летови до 4 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-gi-prekinuva-avionskite-vrski-so-sad/feed/ 0