Ер Србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 05:23:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ер Србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски државјани со авион на „Ер Србија“ ќе се евакуираат од Израел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzhavjani-so-avion-na-er-srbija-ke-se-evakuiraat-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzhavjani-so-avion-na-er-srbija-ke-se-evakuiraat-od-izrael/#respond Fri, 13 Oct 2023 05:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888264

Во текот денот се очекува да биде организиран бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побарале помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот. Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Северна Македонија. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Северна Македонија. -Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzhavjani-so-avion-na-er-srbija-ke-se-evakuiraat-od-izrael/feed/ 0
Обновена сезонската авиолинија Охрид-Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovena-sezonskata-aviolinija-ohrid-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovena-sezonskata-aviolinija-ohrid-belgrad/#respond Mon, 19 Jun 2023 14:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=847480

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид попладнево од Белград слета авион на „Ер Србија“ со 57 патници, со што по пауза од шест години е обновена сезонската авиолинија на оваа релација. „Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно од Охрид до Белград, во понеделник, среда, петок и во сабота и како што беше истакнато, ќе биде добро поврзување на патниците со западноевропските и прекуокеанските држави. Авионот беше пречекан со воден мост, во присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и раководството на аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија. Овозможено е поврзување со голем број дестинации, како Амстердам, Виена, Берлин, Болоња, Цирих, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Копенхаген, Љубљана, Њујорк, Осло, Подгорица, Прага, Рим, Венеција и Загреб. Според министерот Бочварски, и оваа линија е во тајминг кога, како што рече, само ги потврдуваме одличните релации со Србија, кога во рамки на иницијативата Отворен Балкан создаваме низа погодности за нашите и за српските граѓани и земјите ги доближуваме до регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра. -Оваа авиолинија има за цел исто така да овозможи туристичка промоција на Охрид и охридскиот регион. А Охрид како најголем туристички центар во Северна Македонија има огромен потенцијал да прими нови туристи и да ги покаже сите свои историски, културни знаменитости и туристички потенцијали рече Бочварски. Охридскиот аеродром, посочи министерот, се уште има добри капацитети кои можеме да ги користиме и ова е добра можност тоа да го докажеме преку воспоставување на нови линии. Директорот за комерцијални работи и стратегии на „Ер Србија“ Бошко Рупиќ исто така оцени дека линијата е од големо значење и за Северна Македонија и за Србија и ќе придонесе за зголемен број туристи. -Ќе летаме четири пати неделно, понеделник, среда, петок и сабота. Мислам дека термините се добри за туристите и тоа уште сега го гледаме по бројот на резервации за целата летна сезона, голем број патници од Србија ја користат оваа линија за Охрид, така што може да се очекува раст од наши туристи. Но, исто така, гледаме и голем број на транзитни патници кои преку Белград, користејќи ја нашата мрежа дали кон Северна Америка или Западна Европа патуваат преку Белград и ја користат оваа линија за Охрид, изјави Рупиќ, кој се надева дека линијата ќе се опслужува и во наредните сезони. Според директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт, одлуката на „Ер Србија“ да сообраќа повторно на оваа релација дополнително ќе придонесе за зголемени операции во текот на летната созона на Охридскиот аеродорм и додава голема вредност за туризмот во Охрид и околината. -Со четирите неделни летови оваа рута ќе има ефект врз севкупниот раст на Охридскиот аеродром и регионот и ќе биде уште поатрактивна опција и избор за туристите од Србија кои ќе може да пристигнат со авион во Охрид за само час и половина, што е пократко, побрзо и полесно патувањето за разлика од патувањето со автомобил како што покажуваат и многу истржувања. Од друга страна, луѓето што живеат во Охрид и во околината ќе имаат одлична можност да отпатуваат во Белград и да ги откријат убавините и на тој град. Ние како ТАВ, аеродоромски оператор сме убедени дека ова повторно воведување на летовите Ер Србија на релација Белград-Охрид-Белград ќе им користи не само на патниците кои патуваат за одмор, туку и ќе го олесни економскиот раст, културната размена меѓу блиските соседи Србија и Северна Македонија, рече Курт. Охрид-Белград е втора дестинација на „Ер Србија“ во државава, покрај Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnovena-sezonskata-aviolinija-ohrid-belgrad/feed/ 0
Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/er-srbija-ke-ja-obnovi-aviolinijata-belgrad-ohrid-od-juni-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/er-srbija-ke-ja-obnovi-aviolinijata-belgrad-ohrid-od-juni-2023/#respond Tue, 31 Jan 2023 11:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=794168

Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција. Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година. „ТАВ како аеродромски оператор секогаш топло ги пречекува одлуките на авиокомпаниите за нови или обновени авиолинии и летови. Среќни сме што Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид повторно ќе ја додаде оваа авиолинија во својата мрежа и ќе го опслужува летот Белград-Охрид-Белград, на кој ќе лета Ер Србија, откако беше стопиран во 2017-та година. Оваа авио-конекција ќе значи дека туристи од Србија ќе можат да патуваат до Охрид со авион и да ја посетат околината и регионот на Охридското Езеро на побрз и поудобен начин. Понатаму, оваа линија дополнително ќе отвори нови дестинации за нашите граѓани и за луѓето во гравитациската зона на охридскиот регион бидејќи Ер Србија лета до преку 70 дестинации во Европа, Медитеранот, Северна Америка, Азија и Африка, што претставува уште една предност и погодност за нашите патници.“ – изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија. Авионските билети за оваа обновена авионска линија се во продажба и може да се резервираат на веб-страницата на Ер Србија, https://www.airserbia.com/en/destinations/flights-to-ohrid, како и на мобилната апликација на Ер Србија, достапна и за Android и за iOS. Како што изјавија претставниците на Ер Србија, враќањето на Охрид во мрежата на летови на авиокомпанијата е одлично дополнување и тие се уверени дека патниците се радуваат за оваа услуга од Охрид и се воодушевени што овој фасцинантен град ќе биде попристапен. „Во текот на 2023 година, Ер Србија во својата мрежа ќе додаде преку 20 нови дестинации кои што не беа на редот на летање во 2022 година, а особено ни е задоволство што Охрид е меѓу овие дестинации. Летовите меѓу Белград и Охрид ќе сообраќаат четири пати неделно и ќе овозможат патниците од регионот и низ Европа да ги искусат охридските културни и историски места и атракции,“ изјави Бошко Рупиќ, Генерален директор за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија. Со оваа нова авио-линија од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, како и со најавите за нови линии од Меѓународниот Аеродром Скопје, ТАВ Македонија очекува фрекфетна летна сезона и очекува 2033-та да биде година на целосно пост-пандемиско закрепнување. Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ја завршија 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај достигнувајќи приближно 2,4 милиони патници или вкупно опслужија 2.371.423 патници и 19.448 летови. Моментално, 11 авиокомпании летаат од Меѓународниот Аеродром Скопје (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet) до 36 дестинации, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, две авиокомпании (Wizz Air, Chair Airlines) летаат до 4 дестинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/er-srbija-ke-ja-obnovi-aviolinijata-belgrad-ohrid-od-juni-2023/feed/ 0
„Ер Србија“ од 5 јуни ќе лета за Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/er-srbija-od-5-juni-kje-leta-za-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/er-srbija-od-5-juni-kje-leta-za-ohrid/#respond Fri, 16 Dec 2022 13:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=776659

Во текот на летната сезона во 2023 година, „Ер Србија“ ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона годинава, јави дописникот на МИА од Белград. -Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. Ер Србија ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Северна Македонија, соопштија од „Ер Србија“. Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови града до кои патниците ќе можат да патуваат со „Ер Србија“. -Горди сме на фактот дека, вклучително и со чартер – дестинациите, во претстојната летна сезона се приближуваме до бројката од речиси 100 дестинации во нашата растечка мрежа, изјави Бошко Рупиќ, директор за комерцијала и стратегија на „Ер Србија“. Од Охрид преку Белград патниците ќе имаат можност за поврзаност со голем број дестинации од мрежата на „Ер Србија“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/er-srbija-od-5-juni-kje-leta-za-ohrid/feed/ 0
Политика: „Ер Србија“ поради притисоците ги намалува летовите за Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politika-er-srbija-poradi-pritisocite-gi-namaluva-letovite-za-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politika-er-srbija-poradi-pritisocite-gi-namaluva-letovite-za-moskva/#respond Wed, 16 Mar 2022 12:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=648211

„Ер Србија“ ги презеде слотовите на рускиот „Аерофлот“ и моментално има 15 летови неделно до Москва, но поради притисокот што доаѓа од Европа во последните денови, ќе се врати на „фабричките поставки“, соопшти Политика, јави дописникот на МИА од Белград. Тоа значи дека „Ер Србија“ ќе лета за Москва осум пати неделно, а можеби и два пати до Санкт Петербург во форма на чартер лет, како и пред украинската криза. Политика наведува дека авионски билет од Белград до Москва не може да се купи за овој месец. -Вчера во еден момент, рано наутро, на сајтот на „Ер Србија“ се појавија билети за оваа недела по цена од околу 140.000 динари (1.190 евра) во еден правец, но за неколку минути се распродадени. Доколку не ви се брза, можете да купите билет за средината на април по цена од 27.000 (230 евра) до 42.000 динари (356 евра), доколку успеете да се качите во авионот, бидејќи бројот на летови очигледно ќе биде ограничен, пишува Политика. Санкциите наметнати од европските земји кон руските авиокомпании, односно забраната на руските авиони да го користат воздушниот простор на ЕУ поради инвазијата на Украина и контрасанкциите наметнати од Русија врз компаниите од тие земји, ненамерно ја направија Србија единствената земја чија авиокомпанија може слободно да оперира меѓу европските дестинации и Русија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за неколку дена „Ер Србија“ повторно ќе има само еден лет дневно до Москва, бидејќи против Србија се води хајка во која се наведува дека Белград ги удвоил авионите за Москва, за да заработи на „украинската крв“, додавајќи дека „никој нема да ги допре оние во НАТО, кои се делумно во Европа, а дел во Азија, а имаат 30 пати повеќе летови за Москва од нас“, наведувајќи дека мисли на Турција. Ова е неговиот одговор на заменик министерката за надворешни работи на Украина, Емина Џепар, која рече дека „Ер Србија“ го удвоила бројот на летови за Москва во моментот кога другите европски авиопревозници ги запреле и им го затвориле воздушниот простор за руските авиокомпании и приватни летови. Србија е единствената земја во Европа со отворено небо кон Русија. -Заработувањето пари од украинска крв е недостојно за земја кандидат за ЕУ, рече таа. И европратеникот и поранешниот министер за надворешни работи на Естонија, Урмас Пет, смета дека на „Ер Србија“ треба да му се забрани летањето во воздушниот простор на ЕУ, бидејќи Србија ги игнорира санкциите на унијата кон Русија. „Ер Србија е прозорец кон Европа за Русија“, напиша тој на својот Твитер профил. Медиумите во Србија пишуваат дека досега се пријавени четири лажни дојави за подметнати експлозивни направи на летовите од Белград за Москва, од кои само вчера имало две такви дојави. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politika-er-srbija-poradi-pritisocite-gi-namaluva-letovite-za-moskva/feed/ 0
Корона реалност: Соседите почнуваат со летови за САД, а нашите аеродроми и понатаму затворени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/korona-realnost-sosedite-pochnuvaat-so-letovi-za-sad-a-nashite-aerodromi-i-ponatamu-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/korona-realnost-sosedite-pochnuvaat-so-letovi-za-sad-a-nashite-aerodromi-i-ponatamu-zatvoreni/#respond Sat, 06 Jun 2020 12:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=354455

Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ денеска ќе ги обнови комерцијалните патнички летови за Њујорк. Авионот на „Ер Србија“ од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ попладнево ќе полета до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“. Српската авиокомпанија претходно објави дека ќе го зголеми бројот на прекуокеански летови на двапати неделно, од 13 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/korona-realnost-sosedite-pochnuvaat-so-letovi-za-sad-a-nashite-aerodromi-i-ponatamu-zatvoreni/feed/ 0
Ер Србија на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/er-srbija-na-21-maj-pochnuva-so-letovi-za-chetiri-evropski-destinacii-od-7-juni-i-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/er-srbija-na-21-maj-pochnuva-so-letovi-za-chetiri-evropski-destinacii-od-7-juni-i-za-skopje/#respond Thu, 14 May 2020 14:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=345896

Авио компанијата Ер Србија објави дека од 21 мај ќе ги врати летовите на ограничен број дестинации, кон Лондон, Цирих, Франкфурт и Виена, и дека овие летови ќе бидат редовни. -Сè е подготвено, од следната недела нашите авиони ќе продолжат со редовен патнички сообраќај кон Лондон, Виена, Цирих и Франкфурт, изјави Никола Вукомановиќ од Ер Србија за Танјуг. Тој додаде дека бројот на неделни летови ќе зависи од побарувачката на патниците, но и од ограничувањата на регулаторните тела во земјите кон кои лета Ер Србија. -Во исто време, работиме на обнова на регионалните линии и до крајот на денот или утре ќе се знае за кои градови во регионот ќе летаме, што може да дознаете и од редот на летање на нашиот сајт, кажа Вукомановиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според објавениот распоред на летови за периодот од 21 мај до 14 јуни, објавен на веб-страницата на „Ер Србија“, може да се види дека летовите кон земјите од регионот ќе започнат од 1 јуни. Според објавениот распоред, од 1 јуни „Ер Србија“ ќе лета кон Подгорица и Тиват, од 4 јуни до Сараево, од 5 јуни до Бања Лука и Љубjана, а од 7 јуни до Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/er-srbija-na-21-maj-pochnuva-so-letovi-za-chetiri-evropski-destinacii-od-7-juni-i-za-skopje/feed/ 0
Ер Србија ги откажа летовите од Ниш кон Италија, редуцирани се летовите од Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/er-srbija-gi-otkaza-letovite-od-nish-kon-italija-reducirani-se-letovite-od-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/er-srbija-gi-otkaza-letovite-od-nish-kon-italija-reducirani-se-letovite-od-belgrad/#respond Mon, 09 Mar 2020 11:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=313898

Авио-компанијата Ер Србија објави дека ќе ги прекине летовите кон Италија од аеродромот во Ниш, додека пак летовите од аеродромот  во Белград ќе бидат редуцирани поради епидемијата на вирусот Ковид 19, од денеска до крајот на март. Од Ниш привремено се укинати летовите за Болоња и Рим, додека од Белград до крајот на март и почетокот на април редуцирани се повеќето летови за Милано и Венеција, освен линијата за Рим која ќе продолжи да функционира. Ер Србија во март ги откажа и двата лета за Тел Авив,. На патниците кои имаат купено билети ќе им биде понудена бесплатна замена за истите дестинации во подоцнежен термин до крајот на летната сезона, или бесплатна замена на билети за други дестинации до кои Ер Србија лета од Ниш или Белград или рефундирање на паричните средства. Од „Ер Србија“ порачаа дека поради глобалната епидемија на коронавирусот е во постојана комуникација со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија, со Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната заедница за воздушен сообраќај (ИАТА).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/er-srbija-gi-otkaza-letovite-od-nish-kon-italija-reducirani-se-letovite-od-belgrad/feed/ 0
Етихад откажа купување 10 авиони Ербас, депозитот вратен на Ер Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/etihad-otkaza-kupuvanje-10-avioni-erbas-depozitot-vraten-na-er-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/etihad-otkaza-kupuvanje-10-avioni-erbas-depozitot-vraten-na-er-srbija/#respond Sat, 12 Jan 2019 10:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=151330

Етихад одлучи да откаже купување 10 авиони Ербас А320 нео, и депозитот што Јат ервејз во 1998 година го уплати на Ербас е вратен на Ер Србија. Како дел од актуелно реструктуирање на Етихад групацијата, Етихад ервејз одлучил да се откаже од купување авиони Ербас А320 нео. Во компанијата Ер Србија нагласуваат дека „долгорочен развој на флотата останува дел од стратешки разговори на два партнера“. Етихад планира да отпушти 50 пилоти до крајот на овој месец. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/etihad-otkaza-kupuvanje-10-avioni-erbas-depozitot-vraten-na-er-srbija/feed/ 0