ербас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 14:12:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ербас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ербас“ го тестира самоуправувачкиот систем „Драгонфлај“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/erbas-go-testira-samoupravuvachkiot-sistem-dragonflaj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/erbas-go-testira-samoupravuvachkiot-sistem-dragonflaj/#respond Fri, 13 Jan 2023 14:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=786962

Самоуправувачките системи за помош не се резервирани само за автомобили. „Ербас“ почна со тестирање систем за помош на пилотите на авиони. Станува збор за „Драгонфлај“ (DragonFly) што би можел да значи и спас за авион во критична состојба. Овој систем може автоматски да го пренасочи авионот, да избере рута до најсоодветниот аеродром земајќи ги предвид факторите како што се правилата за воздушниот простор и временските услови, но и да комуницира со контролата на летот и оперативниот центар на авиокомпанијата. Сѐ тоа, доколку пилотите се оневозможени, а авионот сепак би можел безбедно да слета. „Драгонфлај“ би можел да изврши безбедно слетување на која било писта со користење на сензори и алгоритми за компјутерски преглед. Исто така, може да помогне во контролата на брзината и да ги предупреди пилотите за пречки. Од друга страна, екипажот може да мине повеќе време во подготовките за летот. Тестирањето во мигов е ограничено на еден авион „Ербас А350-1000“ за демонстрација, така што може да треба подолго време пред системот да биде дел од патнички авион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/erbas-go-testira-samoupravuvachkiot-sistem-dragonflaj/feed/ 0
Ербас пријави пораст на приходите и профитот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-prijavi-porast-na-prihodite-i-profitot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-prijavi-porast-na-prihodite-i-profitot/#respond Thu, 05 May 2022 15:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=672479

Европскиот производител на авиони Ербас пријави голем пораст на приходите и профитот во првиот квартал благодарение на закрепнувањето на побарувачката од кризата со коронавирусот и најави зголемување на производството што до крајот на годината треба да ги надмине нивоата пред пандемијата. Приходите на најголемиот светски производител на авиони се зголемија за 15 отсто во првите три месеци од оваа година на 12 милијарди евра. Санкциите против Русија, сепак, го зедоа својот данок, во износ од околу 200 милиони евра, додаваат од компанијата. Нето добивката се зголеми за повеќе од три пати во првиот квартал, на 1,2 милијарди евра. – Резултатите од првиот квартал одразуваат солидни перформанси во нашиот бизнис со комерцијални авиони, хеликоптери и одбранбени авиони, изјави извршниот директор Гијом Фаури во извештајот објавен вчера. Компанијата во периодот од јануари до март испорача 142 комерцијални авиони, а бруто нарачките се зголемија од 39 минатата година на 253 нарачани авиони. Кога ќе се исклучат откажаните зделки, нарачани се 83.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-prijavi-porast-na-prihodite-i-profitot/feed/ 0
„Ербас“: Авионот на водород во употреба до 2035 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-avionot-na-vodorod-vo-upotreba-do-2035-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-avionot-na-vodorod-vo-upotreba-do-2035-godina/#respond Mon, 21 Sep 2020 08:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=406064

Развојот на авиони на водороден погон е „стратешки приоритет“ на мултинационалната европска компанија „Ербас“, која објави три концепти, од кои едниот ќе стане авион и ќе влезе во сообраќај во 2035 година, пренесуваат француските медиуми. Извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фаури, во интервју за „Паризиен“ изјави дека „развојот на авиони без јаглерод не бара некој поголем технолошки исчекор“. Шефот на европскиот производител на авиони потсети дека „Ербас“ веќе користи водороден погон за своите сателити и ракетата Аријана. Според него, изборот и „созревањето“ на технологијата ќе потрае пет години, а потоа се потребни две години за да се подготват добавувачите и фабриките. -Почетокот на програмата е закажан за приближно 2028 година. Нашата амбиција е да бидеме првиот производител што ќе лансира ваков авион во 2035 година, рече Фори. Овој распоред одговара на целта на „авионот без јаглерод“ поставен од француската Влада на почетокот на јуни, која планира до 2022 година да одвои 1,5 милијарда евра за да му помогне на секторот за авијација, кој беше тешко погоден од пандемијата. -„Ербас“ подготви три концепти, рече директорот Фори. Првиот е млазен авион со класична конфигурација до 200 места и опсег од повеќе од 3.500 километри. Вториот е авион со елиса, за околу 100 патници, за пократки патувања. Третиот концепт е најкомплициран, но и најпредизвикувачки за инженерите: тој е „летечко крило“ со приближно 200 седишта што „овозможува целосно поинаква конфигурација и за резервоарот со водород и за погонот“, рече директорот. -Покрај техничките достигнувања, исто така, и регулаторната рамка нужно мора да еволуира за да се овозможи употреба на водородот во комерцијалните авиони, рече Фори. Ќе биде неопходно и инфраструктурата на аеродромите да биде подготвена и „зелениот водород“ да биде присутен во поголеми количества, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-avionot-na-vodorod-vo-upotreba-do-2035-godina/feed/ 0
Ербас во првата половина од годината регистрира загубa од 1,9 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-vo-prvata-polovina-od-godinata-registrira-zagubi-od-1-9-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-vo-prvata-polovina-od-godinata-registrira-zagubi-od-1-9-milijardi-evra/#respond Thu, 30 Jul 2020 11:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=383746

Производитрелот на авиони Ербас објави дека претрпе нето загуба од 1,9 милијарди евра во првата половина од годинава, како одраз на двојниот пад на испораките на неговите авиони во текот на периодот обележан со влијанието на кризата со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. -Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз нашите финансии е многу видливо во вториот квартал, при што испораките на комерцијални авиони се преполовени во однос на минатата година, изјави извршниот претседател на Ербас, Гијом Фори. Ербас испорача 196 авиони во првите шест месеци од годината, за половина помалку отколку во истиот период од 2019 година. Авиокомпаниите се во тешка ситуација поради пандемијата и бараат да се пролонгираат испораките или пак не се во можност да ги примат поради затворање на границите. Сепак, испораките се сигурен показател за профитабилноста во аеронаутиката, главно затоа што клиентите плаќаат поголем дел од сметката кога ќе го преземат авионите. Ербас забележа пад на промет во првото полугодие за 39 отсто (минус 55 отсто во вториот квартал), на 18,9 милијарди евра и оперативна загуба од 1,6 милијарди евра, страдајќи особено од трошоците од 332 милиони евра поврзани со крајот на програмата за големиот авион А380 во 2021 година. Групата исто така забележа 900 милиони евра трошоци поврзани со Ковид-19. Авиосообраќајот ќе се врати на нивото од 2019 година во периодот од 2023 и 2025 година, а Ербас го намали производство за 40 отсто во однос предвиденото. Тековната состојба на пазарот доведе до мало прилагодување на стапката на производство на А350 од шест на пет авиони месечно. Ербас пред кризата месечно произведуваше девет до 10 авиони А350. Ербас најави дека ќе намали 15.000 работни места ширум светот, или 11 отсто од работна сила, од кои 5.000 во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-vo-prvata-polovina-od-godinata-registrira-zagubi-od-1-9-milijardi-evra/feed/ 0
Француска министерка до „Ербас“: Заштитете што е можно повеќе работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuska-ministerka-do-erbas-zashtitete-shto-e-mozno-povekje-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuska-ministerka-do-erbas-zashtitete-shto-e-mozno-povekje-rabotni-mesta/#respond Fri, 24 Jul 2020 06:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=380608

Француската министерка за економија Ањес Пениер-Рунахер го повика производителот на авиони „Ербас“ да заштити што е можно повеќе работни места, ставајќи ја компанијата под притисок во обид да избегне принудни намалувања на работни места. Таа истакна дека „Ербас“ треба да користи 15 милијарди евра француски пакет државна помош наменети за заштита на работни места во воздухопловната индустрија. – Ги повикувам „Ербас“ и компаниите со големи нарачки да ја исполнат својата одговорност, имено во рамките на нивните компании да се обидуваат да најдат што е можно повеќе решенија и механизми (да спасат работни места), рече Пениер-Рунахер. „Ербас“ планира да намали до 15.000 работни места поради намалената побарувачка поради кризата со коронавирусот. Компанија одби да исклучи присилно кратење, но понуди да сочува 3.000 работни места во замена за француска и германска поддршка и истражувачка помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuska-ministerka-do-erbas-zashtitete-shto-e-mozno-povekje-rabotni-mesta/feed/ 0
Ербас предвидува пад на производството од 40 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-predviduva-pad-na-proizvodstvoto-od-40-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-predviduva-pad-na-proizvodstvoto-od-40-procenti/#respond Mon, 29 Jun 2020 09:51:41 +0000 https://kurir.mk/?p=364901

„Ербас“ предвидува пад на производството од 40 проценти во наредните две години, како резултат на кризата со коронавирус, изјави денеска извршниот директор на компанијата Гијом Фори. – За следните две години претпоставуваме дека производството и испораката ќе бидат за 40 проценти помалку од првично планираното, изјави Фори за германскиот весник „Велт“. „Ербас“ досега прогнозираше дека производството може да биде пониско за една третина во просек. Како што пренесуваат британските медиуми, компанијата е под притисок да укине илјадници работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-predviduva-pad-na-proizvodstvoto-od-40-procenti/feed/ 0
„Ербас“ со загуби од речиси половина милијарда евра во првото тримесечје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-so-zagubi-od-rechisi-polovina-milijarda-evra-vo-prvoto-trimesechje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-so-zagubi-od-rechisi-polovina-milijarda-evra-vo-prvoto-trimesechje/#respond Wed, 29 Apr 2020 06:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=339092

„Ербас“, европски производител на авиони, објави денеска нето загуба од 481 милиони евра и нагласи дека многу брзо се идентификувале последиците од епидемијата на коронавирус на својата сметка. Една година порано, Групацијата имаше нето добивка од 40 милиони евра. Приходот на „Ербас“ за првите три месеци од 2020 година се намали за 15,2 отсто на 10,6 милијарди евра, како одраз на тешкото опкружување што влијае на пазарот на цивилното воздухопловство, се вели во соопштението на „Ербас“. За време на тој периодот поради пандемијата, европскиот производител на авиони испорача 40 машини помалку отколку пред една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-so-zagubi-od-rechisi-polovina-milijarda-evra-vo-prvoto-trimesechje/feed/ 0
„Ербас“ на принуден одмор испраќа 3.000 работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-na-prinuden-odmor-isprakja-3-000-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-na-prinuden-odmor-isprakja-3-000-rabotnici/#respond Sun, 19 Apr 2020 14:33:31 +0000 https://kurir.mk/?p=334376

Компанијата „Ербас“ на принуден четиринеделен одмор ќе испрати околу 3.000 француски работници, во рамки на напорите да се избори со кризата од пандемијата од коронавирусот, а за тоа ќе користи средства од владината програма за финансиска помош, се вели во соопштението на водечкиот европски производител на авиони. Компанијата соопшти дека овие мерки  ќе ги примени кај работниците во оние погони што не можат во целост да ги обезбедат здравствените услови што ги побара владата со воведувањето на вонредната состојба, на 17 март, пренесуваат британските медиуми. Компанијата прецизира дека принуден одмор ќе има за околу 3.000 работници во погоните во Тулуз, Нант и Сен-Назер. Синдикатот ЦГТ соопшти дека станува збор за 20 проценти од работната сила на „Ербас“ во Франција. Компанијата инаку вработува 130.000 луѓе ширум светот. „Ербас“, исто така, соопшти дека програмата за принудни одмори или „делумни активности“, доколку е потребно, може и да биде продолжена по завршувањето на предвидениот рок, каде како краен рок е одреден 17 мај. Пакетот мерки на француската Влада им овозможува на фирмите да воведат скратено работно време или принуден одмор за работниците, при што имаат обврска да плаќаат дел од платите на вработените, а тие пари да ги вратат од средствата за државната помош. Синдикатите го поддржаа планот на „Ербас“, за кој извори на британските медиуми наведуваат дека вработените во текот на принудниот одмор ќе примаат  околу 92 проценти од полниот износ на нивната плата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-na-prinuden-odmor-isprakja-3-000-rabotnici/feed/ 0
Ербас најави затворање на поголем број погони во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-najavi-zatvoranje-na-pogolem-broj-pogoni-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-najavi-zatvoranje-na-pogolem-broj-pogoni-vo-shpanija/#respond Tue, 31 Mar 2020 05:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=324577

Европскиот производител на авиони Ербас најави дека до 9 април ќе затвори најголем дел од своите производствени капацитети во Шпанија поради пандемијата со Ковид-19. – Обезбедувањето, ИТ и инженерскиот сектор ќе останат активни заедно со клучните позиции кога станува збор за комерцијалните летови, хеликоптери и одбрана, се наведува во соопштението на Ербас. Таквата мерка уследи само една недела по паузата во производството, што компанијата го искористи да ги имплементира неопходните здравствени и безбедносни мерки. Ербас исто така го намали производството на крила во погоните во Бремен, во Фултон и во Бротон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-najavi-zatvoranje-na-pogolem-broj-pogoni-vo-shpanija/feed/ 0
„Ербас“ отпушти 16 луѓе поради индустриска шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-otpushti-16-lugje-poradi-industriska-shpionaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-otpushti-16-lugje-poradi-industriska-shpionaza/#respond Mon, 02 Dec 2019 06:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=271947

„Ербас“ отпушти 16 вработени без најава во врска со истрагата за шпионирање германските воени програми, јавуваат медиумите во Минхен. Обвинителството во Минхен ја започна истрагата во септември, откако компанијата ги извести властите за можни неправилности со документи за две трансакции. Отпуштените 16 вработени, вклучувајќи директор на оддел, се осомничени за индустриска шпионажа и незаконско стекнување доверливи документи за идни проекти за германските вооружени сили. Ербас е еден од главните снабдувачи за потребите на германските вооружени сили и редовно добива договори за снабдување со нови авиони и хеликоптери на армијата. Случајот со индустриска шпионажа датира од есента 2018 година, кога еден вработен ги прашал своите претпоставени и правниот оддел дали треба да има пристап до класифициран документ што го добил. Следеше голема проверка од 1,5 милиони документи. Првично, 90 лица беа осомничени за нелегално стекнување и поседување класифицирани документи, вклучително и некои детали за договори со војската.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbas-otpushti-16-lugje-poradi-industriska-shpionaza/feed/ 0