Ербил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 12:08:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ербил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирачкиот премиер го посети местото на ракетниот напад во Ербил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irachkiot-premier-go-poseti-mestoto-na-raketniot-napad-vo-erbil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irachkiot-premier-go-poseti-mestoto-na-raketniot-napad-vo-erbil/#respond Mon, 14 Mar 2022 12:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=646926

Ирачкиот премиер Мустафа Ал-Кадими денеска го посети местото на ракетниот напад за кој одговорноста ја презеде Иран, а кој се случи во близина на американскиот конзулат во северниот град Ербил, јави ДПА. Претходно, Ал Кадими пристигна во Ербил, главниот град на северниот ирачки автономен регион Курдистан, и имаше средба со премиерот на регионот Масрур Барзани. „Ние сме целосно усогласени дека повторените напади врз суверенитетот на Ирак мора да престанат“, напиша Барзани на Твитер, опишувајќи го нападот како „одвратен“. Потоа, Ал Кадими и други официјални лица извршиле увид на местото на нападоÑ ‚, соопшти канцеларијата на Ал Кадими. Десетина проектили надвор од Ирак вчера го погодија Ербил, што резултираше со материјална штета без да предизвикаат жртви. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека цел била израелска разузнавачка база и дека нападот бил одмазда за наводните израелски напади во сирискиот главен град Дамаск, во кои минатата недела загинаа двајца Иранци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irachkiot-premier-go-poseti-mestoto-na-raketniot-napad-vo-erbil/feed/ 0
Иран ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз Ербил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-ja-prezede-odgovornosta-za-raketniot-napad-vrz-erbil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-ja-prezede-odgovornosta-za-raketniot-napad-vrz-erbil/#respond Sun, 13 Mar 2022 13:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=646355

Иранската револуционерна гарда денеска ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз северен Курдистан во Ирак, во близина на комплексот на американскиот конзулат, тврдејќи дека нивна цел бил „израелски стратешки центар“ и му се закани на Израел со нови „деструктивни“ одговори. Изјавата е објавена на порталот на иранската гарда Sepah News. На американскиот конзулат во Ербил, главниот град на автономниот Курдистан во северен Ирак утрово биле истрелани 12 балистички проектили, соопштија локалните власти, наведувајќи дека во нападот нема жртви, но дека е причинета материјална штета. Ракетите биле истрелани од територија надвор од границите на Ирак и Курдистан, од исток, соопштија официјални лица. Според текстот на соопштението на Иранската револуционерна гарда, тие одговориле на „неодамнешните злосторства на ционистичкиот режим“, што се однесува на израелскиот напад во понеделникот во Сирија, кога беа убиени двајца нивни офицери. Портпаролот на Стејт департментот денеска изјави дека за време на нападот нема штети или жртви во објектите на американската влада. Иранската револуционерна гарда во денешното соопштение му се закани на Израел со „тешки, решителни и деструктивни одговори на нивните злосторства“. Од почетокот на војната во Сирија пред 11 години, Израел изврши стотици воздушни напади врз својот сосед, чија цел беа воени позиции, како и борци на либански Хезболах и други милиции поддржани од Техеран. Израел ретко ги коментира тие напади, но наведува дека нема да дозволи неговиот непријател Иран да го прошири своето влијание во Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-ja-prezede-odgovornosta-za-raketniot-napad-vrz-erbil/feed/ 0
ВИДЕО: 12 проектили испукани кон американскиот конзулат во Ербил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-12-proektili-ispukani-kon-amerikanskiot-konzulat-vo-erbil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-12-proektili-ispukani-kon-amerikanskiot-konzulat-vo-erbil/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=646208

На американскиот конзулат во Ербил, северно од Ирак, утринава биле испукани 12 балистички проектили, соопштија локалните власти. Во нападите нема жртви, но причинета е материјална штета. Не се наведува колку е оштетен објектот на американскиот конзулат. Ракетите, според изјавите на официјални лица, биле успукани вон границите на Ирак и Курдистан. Вашингтон верува дека зад нападот стои проиранска франција во Ирак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-12-proektili-ispukani-kon-amerikanskiot-konzulat-vo-erbil/feed/ 0
Словенечките војници сепак остануваат во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenechkite-vojnici-sepak-ostanuvaat-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenechkite-vojnici-sepak-ostanuvaat-vo-irak/#respond Thu, 09 Jan 2020 11:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=287366

И покрај вчерашните најави за повлекување, сепак словенечките војници сместени во Ербил, Ирак, засега остануваат во воената база која беше цел на иранскиот ракетен напад, јави дописникот на МИА од Љубљана. Оваа информација утрово ја објави министерот за одбрана Карл Ерјавец, а причината е тоа што германскиот контингент во истата база, решил поради постепеното намалување на тензиите да остане на своите позиции. Словенија во Ербил има шест војници кои таму се дел од германскиот контингент, па така нивното повлекување е директно поврзано со тоа на Германците. Сепак, Ерјавец изјави дека Словенија е решена да ги повлече своите војници од Ирак, а начинот на кој тоа ќе се спроведе ќе биде соопштен набрзо. Како и да е редовната ротација на словенечкиот контингент е одамна закажан за први февруари, така што тој датум се споменува како можен за повлекувањето на војниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenechkite-vojnici-sepak-ostanuvaat-vo-irak/feed/ 0