ердоган сарач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Jun 2022 11:07:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ердоган сарач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarach-ovoj-debakl-vo-brisel-nalaga-vladata-da-podnese-ostavka-poradi-izmama-na-sopstvenite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarach-ovoj-debakl-vo-brisel-nalaga-vladata-da-podnese-ostavka-poradi-izmama-na-sopstvenite-gragjani/#respond Fri, 24 Jun 2022 11:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=695150

По повод вчерашната одлука на Советот на ЕУ да не стави на дневен ред точката за  разгледување на датумот за почеток на пристапното членство на Македонија, се огласи Движењето за Национално Единство на Турците. Во продолжение следува интегрален текст од соопштението потпишано од претседателот на партијата, Ердоган Сарач: Засега непринципиелноста на ЕУ и бавноста на Бугарското Собрание ја спасија Македонија од капитулација. Но останува на граѓаните на Македонија да кажат до колку ќе трае оваа агонија. Сега веќе е јасно секому дека Владата на РМ безобразно ја лажела јавноста во Македонија наводно дека не е запознаена со францускиот предлог. Убедени сме дека доколку Бугарскиот парламент потврдуваше на време фанцускиот договор со дополнителни барања за претпристапниот договор, Ковачевски ќе го потпишеше и со тоа ќе ставеше бомба на државните темели на Македонија. Голем неуспех на владата е што воопшто не се разговараше за проширување на Западен Балкан и посебно Македонија. Оттука повеќе од јасно е дека доколку имаат и малку чувства на срам и одговорност, министрите задолжени за евроинтеграција и надворешни работи поради овој дебакл треба да поднесат неотповикливи оставки. Толку крупни работи се разгледувале, а овие наводно немаат поим од развојот на настаните и францускиот предлог. Загрижени сме што ЕУ ги гази своите принципи на сметка на Бугарија и ги руши темелите на една земја која непрекинато е посветено на европските принципи и заложби за членство во неа. Од вчера веќе ништо не е како порано. Повеќе од јасно е дека оваа влада не располага со државнички капацитет да ги заштити државните и граѓанските интереси на Македонија. Изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел личи на онаа позната турска приказна кога „газдата го брка работникот од работа“, а тој излегува надвор и вели „не ме избрка газдата туку јас ја напуштив работата“. Оттука како излез од оваа дополнителна криза во земјата, итно, потребни се предвремени парламентарни избори за спас на државата од понатамошно тонење и распаѓање. Со надеж дека разумот ќе надвладее над инатот на власта по секоја цена да го задржи управувањето со земјата, апелираме да и опозицијата се приклучи во надминувањето на новата состојба и заеднички да се определи датум за итни предвремени избори. Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани и необјективните надежи за брза интеграција во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarach-ovoj-debakl-vo-brisel-nalaga-vladata-da-podnese-ostavka-poradi-izmama-na-sopstvenite-gragjani/feed/ 0
Пендаровски на средба со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-erdogan-sarach-pretsedatel-na-dvizenjeto-za-nacionalno-edinstvo-na-turcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-erdogan-sarach-pretsedatel-na-dvizenjeto-za-nacionalno-edinstvo-na-turcite/#respond Tue, 08 Feb 2022 08:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=628427

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците. -На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија. Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-erdogan-sarach-pretsedatel-na-dvizenjeto-za-nacionalno-edinstvo-na-turcite/feed/ 0
Димовски и Сарач со поддршка за Ацо Ристов во Радовиш (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimovski-i-sarach-so-poddrshka-za-aco-ristov-vo-radovish-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimovski-i-sarach-so-poddrshka-za-aco-ristov-vo-radovish-video/#respond Wed, 27 Oct 2021 07:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=586226

Претседателот на Социјалистичка партија на Македонија, Љупчо Димовски и првиот човек на Движење на Турците, Ердоган Сарач со јавна поддршка за Ацо Ристов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Радовиш. -Ве повикувам сите да ја потврдиме големата победа за Радовиш и големата победа за Македонија. Ги повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на СПМ, својот глас повторно да го дадат за Ацо Ристов, истакна Димовски. -Ацо Ристов е човекот кој точно знае во која насока треба да се движи мултиетничката интеграција и како успешно да продолжи традиционалниот соживот во Радовиш, истакна Сарач. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimovski-i-sarach-so-poddrshka-za-aco-ristov-vo-radovish-video/feed/ 0
Интервју со Ердоган Сарач: Турците во Македонија се борат за опстанок, Заев ги нарушува пријателските односи меѓу двете земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-erdogan-sarach-turcite-vo-makedonija-se-borat-za-opstanok-zaev-gi-narushuva-prijatelskite-odnosi-megju-dvete-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-erdogan-sarach-turcite-vo-makedonija-se-borat-za-opstanok-zaev-gi-narushuva-prijatelskite-odnosi-megju-dvete-zemji/#respond Wed, 23 Sep 2020 09:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=407121

Лидерот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, актуелната политичка состојба во Македонија ја оценува како многу лоша. Вели дека од доаѓањето на Зоран Заев на власт, Турците во Македонија се обесправени и живеат во лоши услови. Сарач во интервју за КУРИР со сериозни критики кон политиките кои ги води власта во Македонија. Како ја оценувате актуелната политичка состојба во Македонија? -Со еден збор ако се одговори ќе гласи: многу лошо. Имено, повеќе од јасно е дека земјата е во длабока криза во сите сегменти од општеството, а актуелната поданичка структура нема визија за излез од оваа состојба. Поради нивното нестручно,лошо менаџирање пандемијата ковид -19 секој изминат ден зема се поголеми размери, а министерот без чувство на срам секој ден нè лаже дека состојбата е под контрола. Само да се сетиме на неговите изјави дека првиот бран ќе помине со 2000 заразени, а потоа многу храбро, охрабрен од развојот на настаните се охрабри велејки дека заразени ќе има меѓу 16оо-1700. Денеска во земјата имаме над 17.000 заразени со највисока стапка на смртност во регионот по 1.000.000 жители што изнесува нешто повеке од 700 починати. За ваквата состојба директен креатор е власта. Поради изборен поткуп со ваучери од 3,6 и 9 илјади денари направи хаос пред банките, каде што буквално никој не се придржуваше на заштитните мерки: носење на маски, соодветно растојание и недоволна заштита на останатите граѓани. На овој начин, власта директно го загрози здравјето на граѓаните и придонесе да короната зема неконтролирани размери. Пред банките немаше никаква контрола ниту од банките ниту од властите. На тој начин околу 300000 граѓани се подложија на опасност од оваа зараза и секако дека многумина се заразија на овој начин. Посебна приказна за негрижа е и односот спрема починатите од вирусот чии фамилии плаќаа и по 45.000 денари за ковчег. Јавна пљачка. Од друга страна, иако има големи заблуди во начинот на превенирањето на кризата,  особена во третманот на лекување на заболените од оваа пандемија досега комисијата не излезе со стручна анализа поради што е зголемена  смртноста во Македонија за разлика од другите земји во регионот. Поради пандемијата сериозно се нарушени сите параметри во економијата. За овој период имаме околу 40.000 граѓани кои изгубиле работното место со тенденција оваа бројка да расте и понатаму. Земјата е задолжена како никогаш до сега, но капитални инвестиции немаме. Немаме ниту најава за нови инвестиции. Со поскапувањето на струјата за домаќинство сериозно е нарушена стандардот на граѓаните. Поради лошите економски политики секој ден населението се сиромашува но мал број на граѓани  се збогатува. Јазот помеѓу сиромашните и богатите секој ден е се поголем. Мора да се заложиме за средна класа која треба да биде столб на општеството. Засега таква политика не може да гледаме. Образованието ни е посебна приказна. Се пролонгирање  на почетокот на учебната година исклучиво поради некомпетентноста и нестручноста на власта не направи ниту еден чекор за да не дојдеме во оваа состојба. Замислете како ќе биде од кога ќе почне школската година, со какви проблеми ќе се соочиме. Замислете, официјално властите признаа дека 40,000 ученици не се во можност да следат он-лајн настава. Исклучиво поради негрижата на властите спрема овие граѓани. Со сигурност можам да тврдам дека тука најголемиот број припаѓа на Турците, кои за жал немаат елементарни услови за живеење, а не за образование. Во каква положба се Турците кои живеат во оваа држава? -Средините со претежно турско население уште немаат вода, немаат патишта, немаат струја. Тие се борат за опстанок и како ќе преживеат само тие знаат. Замислете 21 век зборуваме за земја кандидат за полноправно членство на ЕУ, а немаме елементарни стандарди за живот на населението. Никаква инфраструктура. Иако има гарантирано со Устав образование на мајчин турски јазик, тоа не се почитува и за жал Турците во многу градови и села се приморани да учат на друг јазик. На пример село Корешник општина Демир Капија, Дурфулија општина Лозово, Велес, Штип, Кочани, Битола, село Црник-Пехчево, Урвич и Јеловјане општина Камењане итн. Исто така, нема образование на турските деца од 6-9 одделение во селата Прналија, Радања, Кучица, Оџали и Калаузлија општина Карбинци, Чалакли општина Валандово, Конче, Банско, Висока Маала-општина Василево, општина Струмица итн. Еве 4 година властите не одвојуваат ниту еден денар за новиот Театар на Турците која остана како карајапија во Скопје. Има и многу други работи кои директно се врзани за стандардот на Турците во земјата и нивната застапеност, согласно уставното начело за правична застапеност. Спрема извештајот на Омбусманот на Македонија, Турците не се застапени во јавните и државните институции најмалку во 750. Оттука оваа уставно начело не оди во наш прилог, на пример ние Турците немаме раководни кадри во многу министерства особено во МВР. Поради просторот што ни е даден не сакам да набројувам и други факти за Турците од земјата. На високите функции во Македонија, не се најде ниту едно име од вашата националност. Зошто е тоа така? -За жал, по доаѓањето на власт на Зоран Заев, Турците полека, но сигурно губат значајни позиции во земјата. Кај претседателот на државата имавме еден член на Советот за безбедност. Претседателот Стево Пендароски не укажа доверба на член од Турците во земјата, а се ослободи од член на Турците во оваа тело. Заев согласно со договорите за сосотав на влада исклучиво раководејки се за да спаси себеси отсатапи се на својот партнер на штета на Турците, Србите, Ромите, Бошнјаците и Власите. Но за нас важно е дека  укина министерско место на Турците, а предложи 3 заменици на претседателот  на владата од своите редови, а можеше такво места да има и еден Турчин кој со сигурност тврдам дека меѓу нас има такви кадри на кои Заев, Битичи, Николовски можат вода да им носат.  Кадри кои имаат образование од најелитните турски универзитети. Но разчарувањето доаѓа од страна на партиите на Турците, во коалиција со СДСМ кои не покажаа капацитет и спремност да ги бранат националните интереси и очекувањата на Турците. Едните се однесуваат Соросоистички, а другите поданички бранејќи ги личните интереси, наместо да ги бранат  националните интереси на Турците во Македонија. Двајцата пратеници имаа историска шанса да ѓи наплатат сите долгови на СДСМ према Турците во Земјата. Но за жал тоа не се случи. Инаку верувам дека во вториот  и третиот ешалон власта ќе се обиде да компензира тоа што може, но во никој случај не може да се заборави дека Заев сака бинационална држава со која ние воопшто не се согласуваме. Република Македонија е наша заедничка татковина и држава и во никој случај не прифаќаме да сме граѓани од трет ред. Инаку често Заев изјавува „Македонците, Албанците и другите...„.  Е ние не сме други. Тоа многу бргу ќе почувствува. Кои се најголемите проблеми со кои, според вас, се соочуваат сите граѓани на Република Македонија? -Граѓаните на Македонија изгубија доверба во институциите на системот поради ракаводење од несоодветни кадри и оттука најголема потреба имаат од правда. Нели овие ќе донесоа правда. Земјата се тресе со најголеми скандали токму од раководните структури. Македонија мора да биде правна држава и во неа да владее правдата. Несигурноста на граѓаните е на највисоко ниво и од тука недовербата спрема институциите на земјата е огромна. Нееднаквоста е доста присутно и со вакво владеење не може да стане збор за граѓанско општество. Од тука треба сериозни луѓе за сериозни поправки во општеството. Имено потребно е темелно расчистување на неспособноста и одговорноста на носителите на јавните функции, немилосрдна борба со корупцијата и непотизмот и воспоставување на адмистрација од професионалци кои ќе бидат во служба на граѓаните, а не na нивните претпоставени. Сиромаштијата т.е социјалната држава да биде коректор на сите неправди спрема незаштитеното население. Какви односи негуваат Македонија и Турција како држави? Турција е првата земја што ја призна Република Македонија под нејзино Уставно име и прва земја која ги подигна дипломатските односи на ниво на амбасади, отварајки амбасада во Скопје. Турција е братска и најпријателска земја на Македонија што се потврдува со потпишување на огромен број на договори за соработка скоро во сите области и стратешко партнерство. Турција секогаш лобирала во меѓународните организации за Македонија и пружала помош како никоја друга земја во светот.Турција секогаш има потврдено пријателството со Македонија. За донации во сите области не сакам да зборувам особена проектите на ТИКА што ги има реализирано во Македија кои имаат вредност од стотина милиони евра. За време на последната Влада на ВМРО-ДПМНЕ тие односи постигнаа највисоко ниво и имаше тенденција одличните пријателски односи да бидат соодветни и рефлектирани и врз економијата т,е. трговијата меѓу двете земји. За жал со доаѓањето на Власт на СДСМ на чело со Зоран Заев овие односи секој ден се нарушуваат од страна на Македонија на чело со Заев. Имено покрај барањата на Владата на Турција за  предавање на лицата за учество во обидот за пуч во Турција на 15-ти јули 2016 година, Република Македонија продолжува да биде Мека на лицата кои од страна на Турција се квалификувани како учесници во теророт во Турција или припадници на организацијата ФЕТО. Македонија направи голем гаф подржувајки материјално со пари од буџетот за подршка на дневниот весник „ЗАМАН„ орган на ФЕТО. Заев никогаш не одговори на непристојните изјави на Грчките политичари дека„Грција се приближува кон Македонија само поради блокирање на влијанието на Турција на Балканот„. Навистина е неразбирливо и апсурдно да се потпише договор меѓу две држави, а да биде цел трета држава. Владата на Заев се приклучува на санкции спрема Турција во водите на Егејското море согласно резолуцијата на ЕУ, а не е членка на ЕУ. Овој однос е типично поданички и рефлектира солидарност во прв степен со Грција спроти Турција. Македонија наместо како членка на НАТО да побара помош од сите земји на НАТО за  сопствена авијација, таа преќутно одобри небото над Македонија да биде контролирано од воздушните воени сили на Грција. Замислете, до преспанскиот договор најголемиот непријател на Македонија и Македонците,чиј  територијален интегритет, идентитет и јазик го оспоуваше, сега го контролира небота над Македонија. Позната е изјавата на Ципрас: „Зар ќе дозволивме небото да го контролира Бугарија или Турција“. Ете овие се големите грешки на Заев спрема Турција која и покрај се и понатаму продолжува со гаење на искрено пријателство со Макединија со која ние како партија не се согласуваме. Имено, ние од секогаш сме посакувале и сме допринесувале за подлабочување на овие односи на пријателство и соработка. Но под услови кога со вас некој друг диригира навистина е неприфатливо и го осудуваме оваа политика на Владата на СДСМ на чело со Заев. Но исто така сакам да ја потсетам јавноста во Македонија за сестраната помош на Турција на АРМ во оружје, опрема и обука. Движењето за национално единство на Турците е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.  Каква е вашата соработка со раководството и телата на опозициската партија и какви политики водат тие во насока на зголемување на правата на малцинствата? Нашата коалиција во прв ред се заснова врз определбата на двете страни за одлучноста за опстанок на Македија како заедничка држава и татковина и земја на сите лојални граѓани. Исто така од интерес на Турците во земјата е подлабочување на довербата и сожителство меѓу сите засегнати страни  и толеранција и разбирање за сите колективни и индивидуални права на граѓаните, без разлика на која вера, нација или политичка опција припаѓаат со почитување на Уставот и законите во Македонија. Ние имаме заедничка обврска да ја одбраниме и обновиме Република Македонија од овој режим кој ја доведе земјата на колена. Обезличи и дебело го понижи огромниот дел од граѓаните. Инаку морам да истакнам дека ДНЕТ како коалционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ досега многу конструктивно и сосема лојално ги изврши сите обврски што произлегуваат од коалицијата и во никој случај и под никакви услови не ги доведе овие односи во прашање. Максимално коректен однос и со раководството на партијата. Особено сакам да истакнам соработката со г-динот Христијан Мицковски, Александар Николоски и другите функционери. Драгоцено ми е исто така пријателството со многу пратеници од собраниското  здружување. Инаку, искрено морам да признаам дека соработката со некои комитети во одредени градови не беше на соодветно ниво и сега гледам дека таму се извршени со право корекции и се надевам дека во иднина нема да биде повторувано. ВМРО-ДПМНЕ има огромна задача во одбрана на државните и националните интереси на државата и нормално е понекогаш акцентот да се стави на примарните задачи кои треба да се решат. Досегашниот коректен однос треба да се рефлектира во сите слоеви за поддршка на Турците и другите заедници. Како императив од Централниот Управен Одбор на партијата очекуваме да се најде разбирање и за пратеник во Собранието на РМ од заедничките листи. Сметаме дека досегашната соработка, поддршката за време на парламентарните избори во 2016 и 2020 година и сите други активности потврдуваат дека ние имаме резултати и согласно на тоа заслужуваме да имаме пратеник во Собранието од нашите редови. На тој начин ќе се потврди исправната и долгорочната политика на најголемата сегашна опозиција за заштита на правата на другите национални заедници. Уверувам дека битката за Република Македонија на тој начин ќе стане далеку по уверлива и по достојна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-erdogan-sarach-turcite-vo-makedonija-se-borat-za-opstanok-zaev-gi-narushuva-prijatelskite-odnosi-megju-dvete-zemji/feed/ 0
Сарач: „Обнова за Македонија“ поседува луѓе кои имаат државнички капацитет и кои ќе ја вратат вербата во институциите на системот и вербата во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarach-obnova-za-makedonija-poseduva-lugje-koi-imaat-drzavnichki-kapacitet-i-koi-kje-ja-vratat-verbata-vo-instituciite-na-sistemot-i-verbata-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarach-obnova-za-makedonija-poseduva-lugje-koi-imaat-drzavnichki-kapacitet-i-koi-kje-ja-vratat-verbata-vo-instituciite-na-sistemot-i-verbata-vo-makedonija/#respond Mon, 29 Jun 2020 14:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=365177

Денеска заедно со потпретседателот или поточно носителот на листата на изборна единица 4 Александар Николоски сме во посета на општина Дојран, каде што сакаме да ги презентираме нашите видувања во однос на иднината на Република Македонија, вели Ердоган Сарач, претседател на движење за национално единство на Турците во Македонија, и кандидат за пратеник во ИЕ4 од денешната посета на општина Дојран. Сарач рече дека Коалицијата Обнова за Македонија поседува луѓе кои имаат државнички капацитет и кои ќе ја вратат вербата во институциите на системот и вербата во Република Македонија. -Јас сум сигурен и убеден дека оваа коалиција поседува луѓе кои имаат државнички капацитет и кои ќе ја вратат вербата во институциите на системот и вербата во Република Македонија. Како претседател на движење за национално единство на Турците дека Македонија ќе биде правна држава и правото ќе важи подеднакво за сите. Сигурен сум и убеден дека Турците како лојални граѓани на Република Македонија сите свои права и слободи кои што се загарантирани со законите и уставот во Република Македонија, со владеење под водство на Христијан Мицкоски ќе ги имам во вистинска смисла на зборот и ќе дадеме до принос за развој на Република Македонија, истакна Сарач.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sarach-obnova-za-makedonija-poseduva-lugje-koi-imaat-drzavnichki-kapacitet-i-koi-kje-ja-vratat-verbata-vo-instituciite-na-sistemot-i-verbata-vo-makedonija/feed/ 0
Интервју со Ердоган Сарач: Силјановска Давкова како претседател ќе биде почитувана и во Македонија и од меѓународната зедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-erdogan-sarach-siljanovska-davkova-kako-pretsedatel-kje-bide-pochituvana-i-vo-makedonija-i-od-megjunarodnata-zednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-erdogan-sarach-siljanovska-davkova-kako-pretsedatel-kje-bide-pochituvana-i-vo-makedonija-i-od-megjunarodnata-zednica/#respond Sat, 23 Mar 2019 13:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=177922

Наместо да владее правото и во функција да е правната држава, за жал гледаме политички реваншизам, со скандалозни судски пресуди и обвинувања, затоа на овие претседателски избори треба да победи Силјановска која меѓудругото ќе обезбеди рамноправен третман за сите без разликана етничка, политичка припадност, вели Ердоган Сарач од Движење на национално единство на Турците. Во интервју за КУРИР, тој зборува за актуелните состојби во земјава, политичката ситуација, претстојните претседателски избори... КУРИР: Како ја оценувате ситуацијата во земјава, се случија низа на настани? Сарач: Состојбите во земјава општо речено е загрижувачка. Наводно поради  зачленување во НАТО и ЕУ се случија настани кои никогаш нема да се одобрат од мнозинството на граѓаните во земјата. Со уцени, закани, подмитувања и притисоци од невидени размери се смени Уставот на земјата со цел измена на уставното име на Република Македонија. И покрај јасната порака на мнозинството на реферерендумот од 30 септември 2018 година, власта газејќи  го Уставот и законите во земјата го реализиреше барањата на Грција предвидени во Преспанскиот договор. Наместо да владее правото и во функција да е правната држава, за жал гледаме политички реваншизам, со скандалозни судски пресуди и обвинувања. Наместо да се врати довербата во институциите на системот, сега довербата е потполно разнишана со тешки последици по сите слоеви во земјата. Економски, правно, административно нижиме  резултати кои длабоко отстапуваат од саканите и бараните реформи во земјата. Освен условно речено на меѓународен план, наводно поради создадени позитивни меѓудржавни односи на домашен терен владата нема покажано ништо од тоа што ветуваше. Од тука нема ништо позитивно во работата, младите бегааат, а владата нема одговор за ваквите сосотојби во земјата. КУРИР: Кое е вашето видување, колку Турците во државава се задоволни од актуелните политики? Сарач: Перманентно се движам таму каде што Турците  распрскано живееат во Македонија. 21 век немаме патишта, училишта, амбуланти, вода и се што е услов за нормален живот. Властите собено сега воопшто немаат време за Турците. Имаме поплаки во однос на селективно однесување по однос на субвенциите во сточарството, лозарството и одгледување на мали и големи грла. Можам да набројам примери со име и презиме, но не сакам да ризикувам тие да бидат дополнително казнети од страна на властите. Оваа влада нема никаква политика према Турците во земјава и тие се длабоко разочарани, а имаа големите очекувања. КУРИР: Претстојат претседателски избори, каква кампања очекувате, или според вас, на што треба да се стави акцент со оглед на проблемите кои ги наведувате? Сарач: Во интерес на европската иднина на Република Македонија очекувам фер, демократска и коректна кампања. Но, друго е нешто да очекувате, а сосема друго е дали државата има капацитет да организира избори по европските критериуми. Акцентот мора да се стави на демократска консолидација на земјата и правната држава.Единствено засолниште за нас Турците е да владее правото и вербата во институциите на сиситемот. Ако институциите на системот не се во можност да ги извршат своите професионални функции и не бидат сервис на граѓаните тогаш, раслојувањето на општетвото ќе продолжи на штета на сите нас, без разлика на која нација, вера или политичка опција припаѓаме. Имајки го во предвид начинот на владеење на оваа гарнитура на власт, сигурен сум дека граѓаните верувајки во нивната зрелост и политичка култура ќе гласаат за кандидат кој се бори да ги заштити внатрешниот поредок и владеење на правото со почитување на Уставот и законите на Република Македонија. КУРИР: Кои се вашите очекувања од изборите, или ваша прогноза кој би победил? Сарач: Според анализите што  ги спроведуваме сигурни сме дека Гордана Силјановска Давкова ќе победи како авторитет и ќе биде почитувана како внатре во земјата така и надвор од земјата. Неоспорен авторитет од областа на правните науки, мудроста и вербата во Република Македонија е гаранција дека успешно ќе ја води оваа функција и ќе обезбеди услови за обедиунување и почитување на различните мислења. Исто така длабоко верувам дека со аргументирани и врз основа на право засновани погледи ќе ја спаси Македонија од поделби и ќе обезбеди услови за рамноправен третман на сите национални заедници во земјата без фафоризирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-erdogan-sarach-siljanovska-davkova-kako-pretsedatel-kje-bide-pochituvana-i-vo-makedonija-i-od-megjunarodnata-zednica/feed/ 0