ерџан селими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Apr 2023 08:56:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ерџан селими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Селими со честитка по повод 8-ми април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selimi-so-chestitka-po-povod-8-mi-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selimi-so-chestitka-po-povod-8-mi-april/#respond Sat, 08 Apr 2023 08:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=821771

Почитувани, Во мое лично име и во име на политичката партија Роми Обединети од Македонија – РОМ, Ви го честитам празникот 8 април, наш ромски национален и меѓународен ден кој го потврдува нашиот идентитет, култура, нација и традиција. Нека денешниот ден го славиме и почитуваме сите заеднички и обединето, и нека денешниот ден ни биде потсетник за нашите национални идеали кои ни ги оставија нашите протагонисти Роми од 1971 година во Лондон, а тоа е: Силно и здружени да се бориме за нашето постоење и идентитет. Честит и вечен 8-ми Април, напиша на Фејсбук Ерџан Селими од партијата РОМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selimi-so-chestitka-po-povod-8-mi-april/feed/ 0
Селими до Арсовска: Граѓаните од Чаир бараат да се реконструира заборавена улица, а децата од Шуто Оризари да имаат терен за одржување на натпревари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-arsovska-gragjanite-od-chair-baraat-da-se-rekonstruira-zaboravena-ulica-a-decata-od-shuto-orizari-da-imaat-teren-za-odrzuvanje-na-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-arsovska-gragjanite-od-chair-baraat-da-se-rekonstruira-zaboravena-ulica-a-decata-od-shuto-orizari-da-imaat-teren-za-odrzuvanje-na-natprevari/#respond Mon, 14 Nov 2022 18:01:30 +0000 https://kurir.mk/?p=760543

Денеска на дневен ред во Советот на Град Скопје беше преложен амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 10 милиони денари во категорија програма за изградба и реконструкција на локални патишта, категорија 4 8 2 други градежни објекти за нова стапка за меѓуопштинска соработка за реконструкција и санација на улица Максут Садик во општина Чаир. Но истиот тој амандман градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го одби со аргумент дека од ставката за зеленило е неприфатливо да се крати. „Би сакал да дадам еден краток осврт и образложение за што поточно се работи, потребата од поднесување на еден ваков амандман произлегува од лошата состојба во која се наоѓа оваа улица, поточно Максут Садик. Се работи значи за една заборавена уличка, многу френкветна, илјадници возила поминуваат низ таа улица, а истата се наоѓа во централното градско подрачје на градот Скопје и го поврзува општините Центар со Чаир и обратно“, појасни советникот Ерџан Селими од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Селими додаде дека реконструкција на улицата е по барање на жителите. Со реконструкција на оваа улица истовремено ќе се олесни и ќе се растерети сообраќајот. Амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 3 милиони денари во програмата за спорт и рекреација – капитални трошоци, категорија 4 8 2 други градежни објекти за реализација на проект за реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Напредок – 65, Шутка. Овој амандман од страна на кабинетот на градоначалничката не беше прифатен. „Теренот е во една екстремно лоша состојба, и истиот не е во можност да се користи за тренинг и  одигрување на официјални фудбалски натпревари. Сега замислете при население од 40.000 жители, Шуто Оризари нема свое игралиште каде клубот ќе ги игра официјалните натпревари. При тој факт од страна на управата на клубот тие се приморани да бараат терен надвор од општината за истите натпревари да ги одиграат и при тоа не секогаш наидуваат на поддршка и помош“, појасни советникот Селими. Тој посочи дека пред точно една недела клубот ФК Напредок - 65  Шутка требаше да одигра официјален натпревар иако се беше начелно договорено надвор од матичната општина да се одигра натпревар на друг терен, таму се појавија одредени луѓе кои што не дозволија натпреварот да се одржи. „Навистина е жално што овие деца уште од млади години на своја кожа ја чувствуваат таа голема обесправеност и разочараност“, нагласи советникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-arsovska-gragjanite-od-chair-baraat-da-se-rekonstruira-zaboravena-ulica-a-decata-od-shuto-orizari-da-imaat-teren-za-odrzuvanje-na-natprevari/feed/ 0
Селими: Шилегов цел мандат не може да заврши една улица, инфраструктурата во Шуто Оризари е како во Бангладеш https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-shilegov-cel-mandat-ne-moze-da-zavrshi-edna-ulica-infrastrukturata-vo-shuto-orizari-e-kako-vo-bangladesh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-shilegov-cel-mandat-ne-moze-da-zavrshi-edna-ulica-infrastrukturata-vo-shuto-orizari-e-kako-vo-bangladesh/#respond Mon, 12 Jul 2021 17:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=535670

Советникот во Советот на Град Скопје од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ „Роми обединети од Македонија “, Ерџан Селими, денеска на седница во Град Скопје вели дека она кое се прави од страна на Градот Скопје во општината Шуто Оризари е врв на лицемерието, затоа што има улици кои се крш како во Бангладеш, а треба цел мандат за да се заврши една улица, небаре се гради автопат од 100 километри, праша каде се проектите за граѓаните од 9-те милиони денари претходно и 3,5-те милиони денари кои се издвојуваат сега, Петре Шилегов нема отидено во општината да види во каква состојба се улиците, посочи тој. -Ова што се прави со меѓуопштинските соработки претставува вистинско лицемерие на градот Скопје. Го разоткривме вистинско лице на градот Скопје, дека за едни општини е маќеа, а за други мајка. На 8-ми април се реализираше и првата меѓуопштинска соработка, каде се издвоиле 9 милиони денaри и тоа со 4 милиони денари учествуваше градот Скопје, а општината Шуто Оризари учествуваше со 5 милиони денари за партерно уредување околу спортската сала, каде по некоја си случајност се наоѓа и еден кафиќ таму, кој што со ова партерно уредување и како ќе си добие своја атракција. Како да во општината Шуто Оризари сите важни работи, како што е подземната инсталација, улиците се асфалтирани, па остана уште партерното уредување, вели Селими. Селими вели дека оваа меѓуопштинска соработка, која е точка на дневен ред e само да послужи како предизборен поткуп и ништо друго. -Го говорам ова од причина што очигледно градоначалникот нема појдено во општината за да види види во каква состојба се улиците, која треба да биде приоритет и сл. За разлика од оваа улица Боца Иванова која е денес предмет на овој дневен ред, имаме улици кои наликуваат на Бангладеш, тотално крш улици, а за пример ќе ги земам улиците: Метохиска, Овчеполска, Рељошестокрило, Карбуница, Виничка, Мелничка итн. Лицемерни сте затоа што со 9-те милиони претходно и со 3.5 мил сега, ќе можевте без никаков проблем да започнете со изградбата на новиот културен дом, проект кој што го ветивте на вашите гласачи, критикуваше Селими. Тој вели дека има дадено бројни предлози и амандмани за тоа каде и што треба да се направи, но за жал ниту еден единствен предлог не бил прифатен. -Едноставно ова што го правите со Шуто Оризари е врв на лицемерието, а најголем доказ за тоа е и ул. Индира Ганди за која ви треба цел еден мандат за да се заврши, небаре таму се гради автопат од 100-тина км. Jас отворено ви велам дека нема да учествувам, односно нема да гласам за вакви меѓуопштински соработки. Нема да учествувам бидејќи ги занемарувате вашите проекти кои сте ги ветиле спрема жителите на општината Шуто Оризари, со образложение дека немате средства, ама ете имате пари за вакви незначајни, не приоритетни и лицемерни проекти, истакна советникот Селими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-shilegov-cel-mandat-ne-moze-da-zavrshi-edna-ulica-infrastrukturata-vo-shuto-orizari-e-kako-vo-bangladesh/feed/ 0
Селими кон Шилегов: Продолжувате со нерамноправниот однос кон Ромите и со именување на улиците https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-kon-shilegov-prodolzuvate-so-neramnopravniot-odnos-kon-romite-i-so-imenuvanje-na-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-kon-shilegov-prodolzuvate-so-neramnopravniot-odnos-kon-romite-i-so-imenuvanje-na-ulicite/#respond Tue, 30 Mar 2021 15:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=489821

Во овие три и пол години поминат мандат како советник во Градот Скопје јас можам само да констатирам дека нерамноправниот декларативен однос продолжува и понатаму. Овој пат преку оваа листа на имиња на улици, мостови и плоштади во која се најдоа само две имиња од ромската заедница иако согласно процентуалната застапеност на Ромите на ниво на Град Скопје требаше барем најмалку 20 имиња да бидат дел од оваа листа, вели советникот од советот на Град Скопје од Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Роми обединети од Македонија Ерџан Селими. Селими рече дека очекувал имиња на Есма Реџепова и Фаик Абдул кои се важни за ромската заедница да се најдат на улиците во централното градско подрачје, а не на улиците 17/76 и 16/79 да се најдат на улици кој што тој не ни знае каде се наоѓаат. -Согласно листата на имиња кои што треба да ги носат припадниците на Ромската заедница гледам улица 16/76 или 16/79 не знам ниту воопшто каде се наоѓаат овие улици и дали воопшто заслужуваат вакви личности да носат вакви имиња, сепак се работи за истакнати имиња како што е Есма Реџепова и нема потреба за нејзиниот придонес и важност за нашето општество и нашата држава, или за Фаик Абди кој е основач на првата ромска политичка партија, прв Ромски пратеник во собранието, човек кој што е многу ценет за Ромите, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-kon-shilegov-prodolzuvate-so-neramnopravniot-odnos-kon-romite-i-so-imenuvanje-na-ulicite/feed/ 0
Селими oд Град Скопје побара еднократна помош за настраданите од пожарите во Шуто Оризари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-od-grad-skopje-pobara-ednokratna-pomosh-za-nastradanite-od-pozarite-vo-shuto-orizari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-od-grad-skopje-pobara-ednokratna-pomosh-za-nastradanite-od-pozarite-vo-shuto-orizari/#respond Wed, 29 Jan 2020 19:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=296597

Ерџан Селими од партијата РОМ на седницата на Советот на градот Скопје побара од Градот еднократна парична помош за семејствата чии домови беа зафатени со страотниот пожар каде настрадаа две малолетни деца. Toj побара од Градот да додели помош на семејствата кои беа загрозени од пожарот и советниците да ја поддржат таквата одлука. -На семејствата, вкупно 6 им е потребна итна помош, Скопје треба да ја покаже солидарноста на дело и барам советниците да ја поддржат таквата одлука, воедно честите пожари се аларм итно да дејствуваат надлежните институции и барам пожарната Скопје да отвори пункт во Шуто Оризари, изјави Селими. Одлуката беше поддржана од советниците на ВМРО ДПМНЕ, додека градоначалникот Петре Шилегов побара да се расправа за точката на наредната седница кога ќе излезе градот со конкретен предлог за оваа иницијатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-od-grad-skopje-pobara-ednokratna-pomosh-za-nastradanite-od-pozarite-vo-shuto-orizari/feed/ 0
Селими до Шилегов: За Ромите имате реализирано НУЛА проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-shilegov-za-romite-imate-realizirano-nula-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-shilegov-za-romite-imate-realizirano-nula-proekti/#respond Thu, 29 Aug 2019 13:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=234742

Во Град Скопје денес се одржа седница за советнички прашања. Советникот Ерџан Селими постави прашање до градоначалникот Петре Шилегов: Колку проекти од својата изборна програма во овие речиси две години мандат има реализирано за Ромите од Шуто Оризари? Но, согледувајќи ги фактите, советникот Селими сам си одговори: „Одговорот е НУЛА проекти градоначалнику“. -Што значи дека ништо не работите за Ромите, воопшто не се грижите за Ромите и воопшто не се држите на вашите зборови кои ги искажавте на почетокот на вашиот мандат, дека особено внимание ќе дадете на помалку развиените општини. Исто така сакам  да ви кажам дека ова што сега го правите на „Индира Ганди“, не е проект за Ромите и не е проект кој Ромите го очекуваат од Вас. Ромите искрено очекуваа дека ќе ја реконструирате главната улица во центарот, во срцето на Шуто Оризари каде што стварно има потреба од таков зафат. Сигурно после ова ќе станете и ќе кажете дека со втората фаза ќе биде опфатен тој дел! Но кога следната година, праша тој. Советникот го замоли градоначалникот да даде насоки што побрзо да се заврши веќе започнатата реконструкција на „Индира Ганди“, бидејќи сообраќајот во тој дел е отежнат. -Пред 1 година имаше пост од Град Скопје во форма на флаер во која беше истакнато дека „Индира Ганди“ е во завршна фаза. Но за жал не е баш таква состојбата како што беше истакнато. Ако можевте други улици за една недела да ги завршите зошто тоа не е случај и со „Индира Ганди“. Затоа дајте барем завршете ја, порача советникот Селими.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-shilegov-za-romite-imate-realizirano-nula-proekti/feed/ 0
Селими до Шилегов: Не работите ништо за Ромите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-shilegov-ne-rabotite-nishto-za-romite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-shilegov-ne-rabotite-nishto-za-romite/#respond Thu, 28 Jun 2018 11:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=70726

Претседателот на партијата РОМ и советник од Коалицијата „За подобра Македонија“ Ерџан Селими на седницата во градот Скопје посветена на советнчки прашања директно го прозва градоначалникот Петре Шилегов дека не се грижи за граѓаните на општина Шуто Оризари и дека не се негов приоритет неразвиените подрачја на градот. -Дали знаете со какви проблеми се соочуваат жителите на Шуто Оризари, при најмал дожд има езеро, не функционира атмосферска канализација, а вие не превземате активности за санација на проблемот, изјави Селими. Тој посочи дека Шилегов изразил непочитување кон граѓаните на Гази Баба, бидејќи ништо не е направено за изработка на проектот на булеварот „Александар Македонски“ во делот на агро сервис, нешто што ги прави граѓаните нервозни поради сообраќајниот хаос. Шилегов одговори дека немал пари за двата проекти, бидејќи се работел и проект за улицата Иднира Ганди и посочи Селими да одбере еден од овие два проекти да ги реализира. На ова, Селими одговори дека не е дозволено и не е вкусно да има ваков тип на пазарџиска политика, бидејки градоначалникот ги ветил двата проекти и треба и двата да ги релизира, бидејки тоа го очекуваат граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selimi-do-shilegov-ne-rabotite-nishto-za-romite/feed/ 0
СТАНАА ГАЗДИ СО ГЛАСОТ НА РОМИТЕ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stanaa-gazdi-so-glasot-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stanaa-gazdi-so-glasot-na-romite/#respond Mon, 21 May 2018 13:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=56603

Колумна на М-р Ерџан Селими Во време кога човештвото испраќа летала што ја истражуваат вселената, во време кога човештвото трага по вонземскиот живот за чии цели и потреби се издвојуваат стотици милијарди евра, ЗА НАС РОМИТЕ најголем предизвик и најголемо достигнување на 21-виот век ни претставува изградбата на канализациона мрежа, водовод и асфалт, за што се радуваме како мали деца. Често меѓу мојот народ слушам како велат: “ШТО е работава со нас, што ни се случува? Дали НИЕ Ромите сме проколнати, зошто постојано не следат големи неправди и кошмари”. Поминаа точно 26 години од осамостојувањето и појавувањето на плурализмот во нашата држава. И така, во овој 26 годишен период имавме Роми претеници, министери, зам. министри, директори, советници, градоначалник итн. Единствена работа која ги поврзува сите овие горенаведени именувани позиции е тоа што сите тие функции/позиции не беа доволно искористени во интерес на унапредувањето на правата и положбата на Ромите, туку истите функции/позиции беа искористени единствено за нивните лични и фамилијарни интереси. Во насока на разоткривање на маската на овие транзитни политичари за тоа колку тие си го сакаат својот народ, би го навел моментот на вработување во државната администрација, каде нашите транзитни ромски политичари си ги вработија своите ќерки, зетовци, синови, снаи, внуци но и бизнисот одлично им одеше со земање пари за вработување. “Па зарем немавте ни грам совест, знаејки ја состојбата во која се наоѓаат Ромите, да си дозволите таков луксуз да се збогатите на сметка на најсиромашниот народ”. Ромските транзитни политичари станаа газди со гласот на Ромите. Како да малку им наштетија на Ромите и малку си ги наполнија џеповите, ТИЕ сеуште бесрамно се борат да опстанат на политичката сцена и уште повеќе да го осиромашат ромскиот народ. Како резултат на слабата финансиска состојба, Ромите не се во можност редовно да си ги подмират своите месечни но и секојдневни трошоци. Ваквата лоша состојба оневозможува задоволување на сите потреби од општествениот живот. Во овој изминат период од 26 години гласот на Ромите вели дека останавме многу назад во унапредувањето на нашата положбата, процесот на интеграцијата на Ромите е бавен како стар селски воз! Социјалната исклученост на Ромите бара сеопфатни развојни и афирмативни политики со цел овозможување на еден достоинствен живот, а не декларативни политики. И така размислувајки што треба да преземе за да излеземе од овој лош кошмар во кој се наоѓаме цели 26 години дојдов до некој си заклучок дека единствено решение за нашите маки и проблеми е УЛИЦАТА, како веќе докажано РЕШЕНИЕ! Еднаш засекогаш пред се да покажеме на сите храброст и сплотеност, да им дадеме на знаење дека сме ТУКА, ПОСТОИМЕ и НИЕ сме дел од ова општество. На улица сите до еден на еден мирен протест како почетен чекор нужен во изразувањето на нашето незадоволство од третманот на нашата држава кон Ромите. Мирен протест како едно од елементарните човекови права и чекор кој што досега не сме го презеле. Мирен протест со цел артикулирање на потребите и барањата на нашата заедница. Мирен протест со цел да ги запреме негативните процеси насочени спрема нашиот народ. Мирен протест за примена на квалитетни норми и мерки. Мирен протест за обезбедување на правичен буџет наменет за специфичните неопходни потреби за еднаков развој на сите граѓани. Мирен протест за да се избориме за подостојно место на нашата заедница во ова наше општество А за ромските транзитни политичари кои станаа газди со ромски глас, ВРЕМЕ Е да се пензионираат, да си заминат од политичката сцена достојно бидејки веќе си ја постигнаа својата цел, си ги преполнија своите џепови. Ако за 20 години не успеале да направат никаква позитивна реформа за својот народ, која е логиката и понатаму да им се даде можност и верува на овие политичари. На погубната политика кои ја трасираат овие транзитни политичари сиве овие години треба да и ставиме крај. Сепак има светло на крајот на тунелот. Пред нас има една нова генерација која сака да носи промена на нашиот народ, генерација која е спремна посветено, стручно, одговорно и во интерес на ромска нација да организира и промовира активности кои ќе влијаат на еднакво вклучување на Ромите во ова наше општество, генерација која силно и посветено сака да започне со креирање на нов пат по кој ќе се движи идниот просперитет на Ромите. Крајот на овој текст ќе го заокружам со зборовите: “Ромите се сакаат со дела, а не со празни зборови”. зборови кои особено сакам да ги посветам на сите оние политичарите кои очигледно заборавиле како се сака еден народ. Да ги потсетам дека Ромите не се сакаат само со празни моќни изразени зборови за време на избори!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stanaa-gazdi-so-glasot-na-romite/feed/ 0