ереван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 18:59:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ереван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ереван: Едно лице загина во напад на границата со Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/#respond Mon, 02 Oct 2023 19:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884381

Едно лице загина, а две други се повредени на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, каде азербејџанските сили денеска пукаа во возило на ерменските сили, соопштија властите во Ереван. - Денеска, по пукањето на азербејџанските вооружени сили врз возилото на ерменските сили кое превезувало опрема за војниците, едно лице загина на ерменска страна, а две се повредени, соопшти ерменското Министерство за одбрана. Нападот се случи откако речиси целото население на Нагорно Карабах си замина од областа. Во еднодневната воена кампања која почна на 19 септември, азербејџанската армија тешко ги порази сепаратистичките сили на Ерменија, кои имаа недостиг од луѓе и оружје, и беа принудени да капитулираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/feed/ 0
Еден загинат и најмалку 20 повредени во експлозијата во трговски комплекс во Ереван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-zaginat-i-najmalku-20-povredeni-vo-eksplozijata-vo-trgovski-kompleks-vo-erevan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-zaginat-i-najmalku-20-povredeni-vo-eksplozijata-vo-trgovski-kompleks-vo-erevan/#respond Sun, 14 Aug 2022 13:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=718341

Eден човек загина, а најмалку 20 се повредени во експлозија во трговскиот комплекс Сурмалу во Ереван, соопштија ерменските власти. „Според првичните податоци дошло до експлозија што предизвикала пожар“, соопшти Министерството за вонредни состојби. „Експлодира складиште за материјали што се користат за производство на пиротехника во трговскиот центар Сурмалу. Специјалисти од Министерството за вонредни ситуации и спасувачите се на лице место и се обидуваат да ги евакуираат настраданите, изјави портпаролот на Градското собрание на Ереван, Левон Сардарјан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-zaginat-i-najmalku-20-povredeni-vo-eksplozijata-vo-trgovski-kompleks-vo-erevan/feed/ 0
Ереван ја повика Москва да ја заштити суверената територија на Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-ja-povika-moskva-da-ja-zashtiti-suverenata-teritorija-na-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-ja-povika-moskva-da-ja-zashtiti-suverenata-teritorija-na-ermenija/#respond Tue, 16 Nov 2021 14:06:52 +0000 https://kurir.mk/?p=596167

Ерменските власти ја повикаа Москва да ја заштити суверената територија на земјата од нападите на азербејџанските трупи, изјави секретарот на Советот за безбедност на Ерменија Армен Григорјан за државната телевизија. – Со оглед на тоа што беше извршен напад на суверена територија на Ерменија, според договорот од 1997 година, ја повикуваме Руската Федерација да го заштити територијалниот интегритет на Ерменија. Во моментов се подготвува и писмено барање, рече тој. Григорјан истакна дека Ереван се потпира на Москва да обезбеди доволно воена помош доколку преговорите со Баку не успеат. Во ноември, ситуацијата во Карабах и пограничните региони на Сјуникската област во Ерменија нагло се заостри. Двете страни редовно известуваат за вооружени инциденти, вклучувајќи и жртви. На 13 ноември, Ереван и Баку меѓусебно се обвинија за гранатирање воени позиции. Тензии избувнаа и во областите што ја поврзуваат Ерменија со Иран, кои по 9 ноември 2020 година потпаднаа под контрола на Баку, и каде беа распоредени руски гранични патроли за да обезбедат непречено движење на луѓе и возила. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-ja-povika-moskva-da-ja-zashtiti-suverenata-teritorija-na-ermenija/feed/ 0
Хаос: Блокирани сите главни патишта во Ереван (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-blokirani-site-glavni-patishta-vo-erevan-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-blokirani-site-glavni-patishta-vo-erevan-video/#respond Wed, 02 May 2018 11:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=48687

Демонстрантите ги блокираа повеќето главни патишта во Ереван, патиштата на влезот во градот, како и главниот пат кој води кон аеродромот. „АФП“ јавува дека многу продавници се затворени. Потсетуваме, Народното собрание на Ерменија, во вторникот одржа посебна седница на која би требало да биде избран премиер, а единствен кандидат беше лидерот на опозицијата Никол Пашијан. Меѓутоа, Пашијан не е избран, за него гласаа 45 од вкупно 105 пратеници, осум помалку од неопходните 53- поради што тој во средата најави генерален штрајк. Пашијан ги повика своите приврзаници да ги блокираат „улиците, аеродромите, се“, а полицијата ја повика да се приклучи на протестите. Освен тоа, наведе дека протестот ќе прерасне во целосна граѓанска непослушност низ ненасилство. Според ерменскиот устав, во случај пратениците на првата седница на парламентот да не изберат премиер, новата седница се закажува за седум дена. Доколку ни тогаш не биде избран премиер, парламентот се распушта. Новата посебна седница на која би требало да биде избран премиер ќе биде одржана на 8 мај. Ерменија ја потресува политичка криза од 13 април кога опозициските партии организираа протести поради кои, премиерот и претходниот долгогодишен претседател на таа земја, Серж Саргсјан поднесе оставка на 23 април. Пашијан претходно изјави дека ќе следува “политичко цунами“ доколку владејачката партија одбие да ја подржи неговата кандидатура.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-blokirani-site-glavni-patishta-vo-erevan-video/feed/ 0
Активисти на опозицијата блокираат улици во Ереван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-opozicijata-blokiraat-ulici-vo-erevan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-opozicijata-blokiraat-ulici-vo-erevan/#respond Tue, 17 Apr 2018 07:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=41602

Активистите на опозицијата почнаа да ги блокираат централните улици на ерменскиот главен град - Ереван, протестирајќи против поранешниот претседател Серж Сарксјан. На одредени места се поставени барикади од клупи, автомобили и канти за ѓубре, а движењето е парализирано. На неколку места избија ситни конфликти меѓу демонстрантите и возачите кои биле блокирани. На плоштадот „Франција“, демонстрантите поставија шатори и таму ја минаа ноќта. Лидерот на опозициската партија „Граѓански договор“, пратеникот Никол Пашињан ги повика своите приврзаници да се соберат пред парламентот, да ги блокираат улиците и крстосниците и да почнал со генерален штрајк. Повеќе опозициски сајтови го пренесоа неговиот повик за окупирање на зградите на министерствата и на некои институции, и да не им се дозволи на вработените да стасаат до своите работни места. На булеварот „Беграмјан“, каде се наоѓа зградата на парламентот, распоредени се голем број полицајци, со специјална опрема. Вчера вечер, полицијата издаде соопштение во кое ги повикува родителите да ги спречат малолетниците да учествуваат во протестите. Ерменската опозиција го обвинува поранешниот претседател Сарксјан дека го сменил политичкиот систем на државата за да остане на власт, истакнувајќи дека го сменил Уставот во 2015 година. Со измените, премиерот ја презема извршната власт наместо претседателот. Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008 година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинира за премиер. На местото шеф на државата доаѓа сојузникот на Сарксјан, Армен Саркисиан. Ерменскиот Парламент денеска ќе одлучува дали Сарксјан ќе биде премиер. Други кандидати нема, а за да биде избран Сарксјан потребно е просто мнозинство. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-opozicijata-blokiraat-ulici-vo-erevan/feed/ 0