ерга омнес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Jul 2018 11:19:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ерга омнес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев за Би-Би-Си: Исполнети се сите грчки црвени линии, имаме ново име, географска одредница и ерга омнес решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-bi-bi-si-ispolneti-se-site-grchki-crveni-linii-imame-novo-ime-geografska-odrednica-i-erga-omnes-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-bi-bi-si-ispolneti-se-site-grchki-crveni-linii-imame-novo-ime-geografska-odrednica-i-erga-omnes-reshenie/#respond Wed, 11 Jul 2018 11:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=75557

Премиерот Зоран Заев во интервју за Би-Би-Си, вели дека ги има исполнето систе црвени линии кои ги имале грчката страна, тој прифатил промена на името, географска одредница и ерга омнес решение. Според него идентитетот е издвоен и еден  е грчкиот, а друг македонскиот идентитет, алудирајќи на античкиот период кој со договорот ексклузивно е грчки.

- Имаше еден вид на црвени линии, како што се да имаме ново име, истото да биде со географска одредница и да биде за севкупна употреба, внатрешно и надворешно. Сега се појавува оваа реакција во врска со идентитетот од страна на опозицијата во Грција, но јас се обидувам да го информирам, да го охрабрам господинот Мицотакис, кој е лидерот на опозицијата во Грција, дека ние го издвоивме нашето идентитетско прашање, кажа  Заев.

Во  врска со идентитетот тој се дообјаснува и вели,

-Имаме хеленски или грчки македонци и нашите македонци, со  посебна култура, со посебна историја секако, и ние го направивме тоа на многу позитивен начин со цел градење на врски и соработка.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-bi-bi-si-ispolneti-se-site-grchki-crveni-linii-imame-novo-ime-geografska-odrednica-i-erga-omnes-reshenie/feed/ 0
Со прифаќањето на ерга омнес, Заев се откажува од македонскиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-prifakjanjeto-na-erga-omnes-zaev-se-otkazuva-od-makedonskiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-prifakjanjeto-na-erga-omnes-zaev-se-otkazuva-od-makedonskiot-identitet/#respond Sun, 10 Jun 2018 07:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=64127

Со прифаќањето на ерга омнес име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав, премиерот Зоран Заев се откажува од идентитетот на македонскиот народ. Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас вели дека без ерга омнес нема решение, додека пак најголем дел од македонската научна фела е на ставот дека промената на Уставот, односно име и за внатрешна употреба, автоматски ќе значи и промена на идентитетот. -Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај. Тој додава дека преговорите одеа и одат добро, но треба и веќе е прашање на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес, а тоа е смела одлука“ и објаснува дека е погрешна перцепцијата, ерга омнес да биде само за надворешна употреба. – За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата. Може да се склучи меѓународен договор што ќе го содржи сето ова? Може и постојат правници што веруваат во тоа. Но, искуството покажува дека ако се смени оваа влада, следната ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, со прифаќање на меѓународно име што не е предвидено и не е дозволено од Уставот. Односно и за нивна заштита, како што им имам објаснето, потребна е промена на Уставот – вели Коѕијас. Ерга омнес значи менување на Уставот и обезличување на Македонците – Во основа, кога станува збор за менување на името на државата, за сопственото име, лично, воопшто не прифаќам дискусија. Зашто штом влезете во дискусија, значи дека се согласувате нешто да менувате. Кога како држава веќе сме влезени во преговори за името на земјата, во спор што ни е наметнат, значи дека е изразена подготвеност за дискусија и менување… Контроверзно е тоа што не знаеме ништо за суштината на преговорите, па обично на крајот се потврдува дека грчките информации се најточни – вели историчарот, д-р Тодор Чепреганов. Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба. – Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување. Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно! Но дали апсурдот на грчкото ерга омнес ќе запре само на именувањето на националните институции, или има амбиција да навлезе многу подлабоко, во материјалното и нематеријалното културно наследство, во целосно менување на архивската документација, па и на химната на Република Македонија…, односно секаде каде што се споменува името Македонија. Ако се смени Уставот, прво се наметнува менување на химната – Ако се даде согласност за менување на Уставот, односно се прифати евентуално договореното ново име и за внатрешна употреба во Македонија, многу логично се наметнува прво менување на химната. Химната на Република Македонија е одредена со Уставот, па ако тој се менува во согласност со новото договорено име, меѓу првите на удар е и химната, која почнува со стихот „Денес над Македонија се раѓа…“. Моите сомневања одат во насока дека со Законот за употреба на јазиците се настојува Република Македонија да добие и втор конститутивен народ, освен Македонците, што наметнува да биде споменат во химната и обележан во грбот на државата, кој сѐ уште го немаме… Повторно ќе кажам – немаме доволно информации од наша, македонска страна, како течат преговорите, но грчките барања досега – севкупноста на употребата на новото договорено име и менувањето на Уставот на Република Македонија – наведуваат на размислување дека Македонија е ставена во позиција самата да си направи културен геноцид, да се согласи целосно да си го избрише името – размислува историчарот Тодор Чепреганов. – Грците никогаш во историјата на дипломатијата не отстапиле од своите намери и цели. А целта во овие преговори за „проблемот за името“ е да се избришат името Македонија како меѓународен државен субјект и народот – заклучува Чепреганов. Промена на името е вистинска капитулација на Македонија И академик Митко Маџунков е дециден дека името не треба да се менува по никоја цена. – Името не треба да се менува, тоа е вистинска капитулација на Македонија. Светот да има правни аргументи веќе ќе нѐ притиснеше тоа да го направиме со сила. Меѓутоа, бидејќи ги нема тие аргументи нашата страна значи самата македонска политика треба да капитулира за тие да се почувствуваат безгрешни. Сега кога ќе го потпишеме ова, ако го потпишеме ќе дојде на ред албанската платформа со која ќе се воведе двојазичноста, а двојазичноста значи дека Македонија има еден признаен јазик што е албанскиот и еден јазик во исчезнување тоа е македонскиот. Самиот факт дека се извршени сите подготовки, подготвителни вести како онаа со Бугарија божем за пријателски односи итн., и оваа албанската платформа зборуваат дека ние де факто сме окупирани и дека лошо ни се пишува – истакнува Маџунков во изјава за Нова Македонија. Пападимулис: Заев прифати ерга омнес Блиску сме до решение за името Скопје, бидејќи Владата на Заев прифати ерга омнес- користење на новото име на државата за внатрешна на и надворешна употреба, изјави во емисија за грчка ЕРТ1 потпретседателот на Европскиот Парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, пренесува грчкиот онлајн- весник „Анатрофи Њуз“. Пападимулис вели: „Откако Македонската Влада се согласи на тоа, патот за решение ќе се исполни преку меѓународен договор со кој ќе се зацврстат промените на Уставот на Македонија.“ Климата за таканаречен позитивен тек во преговорите шефот на еврогрупата на СИРИЗА Пападимулис ја потврди со изјавата дека „ПЈРМ треба да го отвори својот Устав пред да се приклучи на Европската Унија.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-prifakjanjeto-na-erga-omnes-zaev-se-otkazuva-od-makedonskiot-identitet/feed/ 0
Катругалос: За уставни промени и ерга омнес решение потребна е одлука од Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-za-ustavni-promeni-i-erga-omnes-reshenie-potrebna-e-odluka-od-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-za-ustavni-promeni-i-erga-omnes-reshenie-potrebna-e-odluka-od-zaev/#respond Tue, 29 May 2018 11:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=59672

За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ - Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на премиерот Заев за двете прашања за кои имаме дискутирано, за уставни измени во врска со името и прифаќање на ерга омнес решение, за да се реши проблемот, рече Катругалос и додаде дека токму ерга омнес и промената на уставот се грчките црвени линии за да постои пакет- договор. Сето ова, според него, е пакет и токму затоа ништо не е договорено, сѐ додека не се договори сѐ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот грчки МНР уште еднаш рече дека е оптимист за решение, а договорот е блиску. -Се наоѓаме многу блиску до решение, а 100-те метри од патот, за кои говореше премиерот во Софија, сега станаа 50 метри. Но, треба да имаме на ум дека се уште немаме договор,  истакна Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-za-ustavni-promeni-i-erga-omnes-reshenie-potrebna-e-odluka-od-zaev/feed/ 0
Мицотакис: Ерга омнес значи Скопје да не се вика Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-erga-omnes-znachi-skopje-da-ne-se-vika-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-erga-omnes-znachi-skopje-da-ne-se-vika-republika-makedonija/#respond Fri, 04 May 2018 12:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=49813

Со уставна промена, за да се обезбеди ерга омнес, Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во однос на тоа како би можело да се гарантира дека новото име би било и за внатрешна и за надворешна употреба. - Со уставна промена може да се обезбеди ерга омнес, со официјална промена на името на Скопје и за внатрешна и за надворешна употреба. Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, според она за што ќе постои договор. Тоа ќе биде име што ќе се однесува и за внатрешноста и за надворешноста, вели Кирјакос Мицотакис во интервјуто за три солунски радија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија, уште еднаш го повтори неговиот став дека грчката влада, разговорите за името ги отворила на погрешен начин, бидејќи требало да се отворат со една национална линија. - Ние уште од прв момент ја наметнавме правилната национална линија во земјата, таа е дека не можеме да одиме напред кон било каков разговор за прашањето за името на Скопје, ако прво нема справување со иредентизмот и уставна промена. Овие се неопходни предуслови за да се продолжи кон дополнителен разговор. Она што секогаш го нарекувавме ерга омнес, една употреба на името и за внатрешноста и за надворешноста за што предуслов е храбра уставна промена од страна на Скопје. Не само за да имаме правни гаранции, туку на овој начин би било комплетно јасно дека постои силно мнозинство и во соседната земја, која признава дека оваа позиција е правилна, рече Мицотакис во интервјуто за радијата Фокус ФМ, ФМ100 и Радио Солун. Претседателот на најголемата грчка партија, не испушти уште еднаш да го спомене она што го кажува речиси во сите интервјуа, дека нема да прифати „да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-erga-omnes-znachi-skopje-da-ne-se-vika-republika-makedonija/feed/ 0
Само 14,1 отсто од Македонците прифаќаат ново име ерга омнес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-14-1-otsto-od-makedoncite-prifakjaat-novo-ime-erga-omnes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-14-1-otsto-od-makedoncite-prifakjaat-novo-ime-erga-omnes/#respond Thu, 03 May 2018 07:45:14 +0000 https://kurir.mk/?p=49076

Никаква промена на името, е ставот на мнозинството граѓани или 47,1 насто, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија. Само  14,4 отсто, би прифатиле „двојна формула“, а 14,1 отсто, име за севкупна употреба или erga omnes.  Договорено име за во меѓународните организации, е прифатливо за 13,6 отсто  од испитаниците, додека 10,1 отсто, би поддржале договорено име за севкупна меѓународна употреба. Споредено со последната анкета на МЦМС од 2013-тата година, има пад од 15 процентни поени во противењето на каква било промена на името, но негативниот став и натаму доминира. Во анкетата на МЦМС и Институтот за демократија, која ќе биде презентирана во вечерашното издание на емисијата Топ Тема на Ваша страна на Телма телевизија, а е спроведена теренски од петти до 20 април на 1.004 испитаници, се опфатени и ставовите на граѓаните за географската одредница, идентитетските прашања, и за референдумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-14-1-otsto-od-makedoncite-prifakjaat-novo-ime-erga-omnes/feed/ 0
Коѕијас: Другата страна треба да се согласи на ерга омнес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-drugata-strana-treba-da-se-soglasi-na-erga-omnes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-drugata-strana-treba-da-se-soglasi-na-erga-omnes/#respond Fri, 27 Apr 2018 18:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=47174

Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, вели шефот на грчката дипломатија од Брисел по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. - Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите. Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, изјави министерот за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-drugata-strana-treba-da-se-soglasi-na-erga-omnes/feed/ 0
Венизелос: Сложено ерга омнес име, по можност непреведено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-slozeno-erga-omnes-ime-po-moznost-neprevedeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-slozeno-erga-omnes-ime-po-moznost-neprevedeno/#respond Wed, 28 Mar 2018 10:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=33860

Сложено име со географска одредница, на македонски, по можност без превод, за внатрешна, надворешна, меѓународна и билатерална употреба, па дури и со земјите што веќе ја имаат признато Македонија под уставното име, се позициите на поранешниот грчки министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Евангелос Венизелос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на презентацијата на книгата „Македонското прашање“, Венизелос рече дека решението не треба да биде делумно или привремено, туку целосно и еднократно решение. - Решението треба да е со сложено име со географска одредница на словенски, по можност непреведено, што нема да остава празнини и недоразбирања во формулацијата и главно, ќе биде, ерга омнес. Односно ќе биде едно и за внатрешна и за надворешна употреба, без постоечката разлика меѓу внатрешното уставно име и меѓународното име за употреба во меѓународните организации. Кога зборуваме за надворешна употреба, мислиме на име за сите употреби и во меѓународните организации и билатерално со Грција и билатерално со сите земји кои ја имаат признаено земјата под уставното име, а ќе треба да изјават дека ја признаваат со новото договорено име. Потоа ќе се решат сите технички проблеми што се однесуваат на јазикот, производите, националноста итн, вели Венизелос. Тој говореше и за правната рамка на решението. Се запраша „дали решението ќе се заснова на меѓународното право или на ревизија на македонскиот Устав?“. Смета дека се потребни правни и политички гаранции. Од правна страна решението да биде запечатено со меѓународен договор, а политичка гаранција за Грција би била промена на македонскиот Устав, но изгласана со зголемено мнозинство во Собранието. Венизелос, кој е и професор по уставно право, објаснува дека меѓународна гаранција е меѓународен договор „што ќе ги обврзува страните, независно од внатрешните политички промени, посебно ако овој договор е поддржан од Советот за безбедност“. Во однос на политичките гаранции, рече дека ако сега во Скопје не се направат уставни промени со зголемено мнозинство, тогаш може во иднина некоја друга влада да направи нова ревизија или да го врати по старо Уставот. - Правната основа е меѓународен договор и одлука на Советот за безбедност, но доказ за вистинско прифаќање на договорот и доказ за способноста за долгорочно спроведување на договорот е да се собере зголемено мнозинство со учество и на опозициските партии во Скопје, па со ревизија на Уставот, и тие, внатрешно да обезбедат дека нема да се создадат непремостливи проблеми во нивната внатрешност со одраз врз регионалната стабилност и секако врз спроведувањето на меѓународното право и меѓународниот мир. Од оваа причина потребна е ревизија на Уставот, објасни поранешниот министер за надворешни работи на Грција, кој воедно беше и претседател на ПАСОК. На презентацијата на книгата, Венизелос рече дека еден од важните проблеми во овој момент е и реакцијата на голем дел на грчкото општество и грчкото јавно мислење. Додаде дека одржаните протести во Солун и Атина, не се продолжение на демонстрациите од 1992, туку реакција на начинот на политиката во периодот на кризата во Грција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-slozeno-erga-omnes-ime-po-moznost-neprevedeno/feed/ 0
Ѕанакопулос: За да се исполни условот ерга омнес, потребна е промена на Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-za-da-se-ispolni-uslovot-erga-omnes-potrebna-e-promena-na-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-za-da-se-ispolni-uslovot-erga-omnes-potrebna-e-promena-na-ustavot/#respond Tue, 06 Mar 2018 09:30:25 +0000 http://kurir.mk/?p=27761

Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во синоќешното гостување во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ. - За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече Ѕанакопулос. Портпаролот на грчката влада, како што јави дописникот на МИА од Атина, објасни дека се потребни промени во македонскиот Устав, бидејќи во иднина „Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“, па затоа за Атина „единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот“. Ѕанакопулос откри дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР. Во однос на актуелната клима меѓу двете земји и коментарот на новинарот дека е намален почетниот оптимизам, Ѕанакопулос објасни дека сите преговори имаат сопирања и забрзувања, а одбегна да открие технички детали за процесот. - Во овој момент треба да ја најдеме неопходната формула за да стигнеме до решение. Ова е политичката цел на владата и секако едно решение што ќе биде и одржливо и секако ќе им дозволи и на двата народа, гордо, да си ги задржат нивниот идентитет и идеологијата, објасни портпаролот на владата на Грција. Во дебатната емисија, како претставник на опозицијата беше потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, кој говореше за позициите на неговата партија и рече дека е потребно да постои фер и одржливо решение, прифатено од Грција. Според него, иредентизмот и Уставот се поважни од името. - Мицотакис рече: сакаме пакет решение што ќе тргнува од Уставот, од иредентизмот, не прифаќаме македонска нација. Овие се нашите приоритети, рече Хаѕидакис и паралелно упати критики до владата дека сметала оти е подобро прво да го извести архиепископот, а не партиите за конкретното прашање. За позициите на владата и опозициската Нова демократија, во студиото на ЕРТ се разви жестока дебата со меѓусебни обвинувања на релација Ѕанакопулос – Хаѕидакис. Владиниот портпарол, побара од потпретседателот на опозициската партија, да објасни во кој дел не се согласува со позициите на владата, дали за суштината или за процедуралниот дел. - Која е суштината? Која е позицијата на владата? За да одговориме за суштината: започнавте од името, затоа и го крстивте проблем со името, односно само името и секој ден по реакциите што произлегоа додавате и по едно делче и се приближувате до позициите на Нова демократија. Дополнително се сетивте на сите останати прашања, одговори Хаѕидакис, упатувајќи обвинувања дека владата е поделена и има две позиции, едната на СИРИЗА преку Министерството за надворешни работи и премиерот, а другата на Каменос преку Министерството за одбрана. Жестоката дебата на висок тон меѓу Димитрис Ѕанакопулос и Костис Хаѕидакис започна од различните позиции во прашањето за името, а меѓусебните препукувања и обвинувања, како што јави дописникот на МИА од Атина, се префрлија на други актуелни теми во грчката внатрешна политика. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-za-da-se-ispolni-uslovot-erga-omnes-potrebna-e-promena-na-ustavot/feed/ 0
Грчката позиција се појасна – ерга омнес и промена на Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-pozicija-se-pojasna-erga-omnes-i-promena-na-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-pozicija-se-pojasna-erga-omnes-i-promena-na-ustavot/#respond Wed, 14 Feb 2018 08:46:59 +0000 http://kurir.mk/?p=21303

Сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата, која се погласно се споменува од грчката страна во преговорите за името со Македонија, кои и натаму се во фокусот на грчките медиуми. Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ја повтори грчката позиција - сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. - Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА. Заменик-министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос ги повтори грчките позиции за сложено ерга омнес име, објаснувајќи дека „не може да го смениш името за севкупна употреба и за во внатрешноста на земјата, ако не го смениш Уставот“. Според лидерот на партијата Сојуз на централисти, Василис Левандис, пак, Грција го има загубено спорот со името, со самото тоа што разговара за сложено име со вклучен терминот Македонија. Левендис, кој е против името Македонија, завчера се сретна со американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајат, по што истакна дека Американците се категорични дека ова прашање е завршено. Дел од медиумните во Атина коментираа дека нацрт спогодбата од грчката страна е подготвена и ќе биде презентирана во Виена, а дел, сѐ уште се работи на неа, а Коѕијас на Димитров ќе му ја претстави во Скопје при патувањето со директен лет од Атина, веднаш штом и во пракса се промени името на скопскиот аеродром. Коѕијас, говорејќи за државната ТВ ЕРТ пред две седмици, рече дека нацрт спогодбата ќе биде готова кон средината на февруари. Во меѓувреме вчера со интересна идеја излезе градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, кој рече дека треба да се размисли за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун, кои го носат името „Македонија“. Како опција за аеродромот го даде името на познатиот грчки кошаркар Никос Галис. Неговата изјава предизвика бура реакции во грчката јавност. Санторињос напомена дека предлогот на Бутарис не влегува во плановите на грчката Влада, а опозициската Нова демократија му порача да им ја остави дипломатијата на дипломатите. Бутарис подоцна на вонредна прес-конференција појасни дека неговата изјава била погрешно протолкувана . - Не предложив, не предлагам и нема да предложам промена на името, едноставно ја изразив мојата загриженост. Она што го кажав и не го одрекувам е дека во ова прашање имаме загубено, 130-150 земји, колку и да се, ја имаат признато земјата под името Македонија. И ние, за жал, со одговорност на грчките влади во последните 25 години, имаме загубено. И ова треба да не загрижува, рече Бутарис на вонредната прес-конференција за медиумите во Солун. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkata-pozicija-se-pojasna-erga-omnes-i-promena-na-ustavot/feed/ 0