Ерик Мамер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 15:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ерик Мамер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мамер: ЕУ останува на поддршка на правото на Израел на самоодбрана согласно меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-eu-ostanuva-na-poddrshka-na-pravoto-na-izrael-na-samoodbrana-soglasno-megunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-eu-ostanuva-na-poddrshka-na-pravoto-na-izrael-na-samoodbrana-soglasno-megunarodnoto-pravo/#respond Fri, 13 Oct 2023 15:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=888606

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во придружба на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска престојува во Израел, со цел да изразат солидарност со земјата за жртвите на терористичките напади на Хамас, информира главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер. Тој додаде дека за време на престојот предвидено е Фон дер Лајен и Мецола да се сретнат со претставници на израелските власти, нагласувајќи дека ЕУ стои на располагање да одговори на потребите на Израел. - ЕУ го осуди терористичкиот напад на Хамас и изрази длабоко жалење за загубените живот. Исто така кажа дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право, при што најважна е заштитата на цивилите на двете страни и насекаде, потенцира Мамер. Според него, цивилите мора да бидат предупредени и алармирани за претстојна воена операција и да им се овозможи да заминат и тоа Израел го прави. - Таквите масовни движења имаат соодветни хуманитарни последици. Важно е Хамас да не ги спречува овие луѓе да заминат и да не ги користи како човечки штит. Хамас тоа го прави, нешто што се смета за воено злосторство, додаде Мамер. Тој додаде дека постои загриженост за хуманитарната состојба во Газа, пред се поврзано со недостигот на струја, вода и храна, и затоа ЕУ ги поддржува напорите на ОН за создавање хуманитарна коридор и е подготвена да достави помош во соработка со регионалните партнери и меѓународните организации. - Европската комисија никогаш не го поддржувала насилството, но целосно го поддржува правото на Израел да се брани, по нападот кога во еден ден беа убиени над 1300 луѓе и да презема соодветни мерки со почитување на меѓународното право, потенцира Мамер. Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, на прашање зошто Фон дер Лајен и Мецола не се среќаават и со претставници на палестинската автономна управа, туку само со израелските власти, Мамер одговори дека претседателката на Еврокомисијата имала неколку контакти со лидери на земји од Блискиот Исток и тие ќе продолжат и во следните денови со сите во власти во регионот. Портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, пак, изјави дека ЕУ остро ја осудува изјавата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија дадена во Катар дека неговата организација „го уништила проектот за соживот со Израел“. - Тој е водач на терористичка организација и не е наш партнер. Хамас е терористичка организација. Ние ги интензивираме контактите со земјите кои имаат влијание врз Хамас, посебно во Заливот. Тоа е нешто што интензивно го правиме изминативе денови, рече Стано. Според него, целта на контактите на ЕУ со овие земји е да се влијае врз Хамас и да им се објасни на претставниците на организацијата дека нивните постапки и изјави само им нанесуваат штети на палестинската кауза и на палестинскиот народ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-eu-ostanuva-na-poddrshka-na-pravoto-na-izrael-na-samoodbrana-soglasno-megunarodnoto-pravo/feed/ 0
ЕК: Бугарија сама да одлучи како најдобро да ги обезбеди надворешните граници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-bugarija-sama-da-odluchi-kako-najdobro-da-gi-obezbedi-nadvoreshnite-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-bugarija-sama-da-odluchi-kako-najdobro-da-gi-obezbedi-nadvoreshnite-granici/#respond Fri, 16 Dec 2022 12:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=776627

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека неговата институција не финансира огради и ѕидови на надворешните граници. Оваа потврда доаѓа откако Австрија сугерираше Европската Комисија да и помогне на Бугарија финансиски во изградба на огради на надворешната граница, но Европската Комисија има строги правила во овој поглед. Ова го потврди и Ерик Мамер денеска. Тој сепак потсети дека Европската Комисија има други начини како да ја поддржи Бугарија во обезбедувањето на својата надворешна ЕУ граница. Мамер потсети дека агенцијата Фронтекс е присутна во Бугарија со 137 офицери и дека повеќе милиони евра помош се предвидени за Бугарија во рамките на политиката за внатрешни работи на ЕУ, меѓу другото преку опрема за разузнавање и безбедност. Портпаролот исто така истакна дека управувањето на надворешната граница на ЕУ во Бугарија не зависи само од Бугарија туку од целата источна рута со Турција. Но, Бугарија, рече тој, треба сама да одлучи како најдобро да ја обезбеди надворешната граница на ЕУ што се наоѓа на бугарска територија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-bugarija-sama-da-odluchi-kako-najdobro-da-gi-obezbedi-nadvoreshnite-granici/feed/ 0
Мамер: Одлуката на Газпром е донесена под лажни изговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-odlukata-na-gazprom-e-donesena-pod-lazni-izgovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-odlukata-na-gazprom-e-donesena-pod-lazni-izgovori/#respond Fri, 02 Sep 2022 18:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=728026

Портпаролот на Европска комисија, Ерик Мамер на Твитер објави дека одлуката на Газпром утре да не дистрибуира гас до ЕУ е донесена „под лажни изговори“. -Овој потег потврдува дека Газпром е несигурен снабдувач, напиша Мамер. Тој додаде дека континуираните намалувања на снабдувањето со гас се „доказ за рускиот цинизам“. -Русија попрво би го запалила гас отколку да ги почитува договорите, наведе Мамер, алудирајќи на минатонеделната анализа која откри дека Русија согорува големи количини гас во еден од нејзините капацитети наместо да го користи за договорени испораки. Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1. Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор. Но, компанијата не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1. Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-odlukata-na-gazprom-e-donesena-pod-lazni-izgovori/feed/ 0