Ериксон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 08:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ериксон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Волстрит журнал: СЕК исплати рекордни 279 милиони долари награда на поткажувач за случајот со поткупите на компанијата „Ериксон“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-zhurnal-sek-isplati-rekordni-279-milioni-dolari-nagrada-na-potkazhuvach-za-sluchajot-so-potkupite-na-kompanijata-erikson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-zhurnal-sek-isplati-rekordni-279-milioni-dolari-nagrada-na-potkazhuvach-za-sluchajot-so-potkupite-na-kompanijata-erikson/#respond Fri, 26 May 2023 08:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=838946

Рекордни 297 милиони долари награда на Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзи (СЕК) биле дадени на поткажувач а поврзано со случајот на странски коруптивни практики против телекомуникациската компанија „Ерискон“, јави денеска Волстрит журнал. СЕК на 5 мај објави дека е доделена рекордна сума пари во висина од 297 милиони долари на извор кој помогнал да се открие криминална шема со корпција, без детали за каква истрага станува збор и без именување на информаторот кој ја добил наградата, почитувајќи ги правилата за заштита на свиркачите. Во 2019 година шведската компанија постигна спогодба со американските власти за исплата на казна од 1.1 милијарда долари, а поради прекршување на антикорупциските закони на САД, јави весникот, повикувајќи се на свои извори. Исплатата е една од највисоките досега, а во однос на Законот за странски коруптивни практики, американски антикорупциски закон што забранува давање мито на официјални лица од други земји за освојување бизнис. Обвинителите од јужниот округ на Њујорк во Менхетен подигнаа тужби против „Ериксон“ поради тоа што компанијата од 2000 до 2016 година водела незаконските дејствија во Џибути, Кина, Виетнам, Кувајт и Индонезија. Во обвинителниот акт е истакнато дека подружници на „Ериксон“ правеле бизнис зделки во овие земји вредни 427 милиони долари, а со употреба на трети страни кои поткупувале официјални лица од Саудиска Арабија, Кина и Џибути. Волстрит журнал јави дека американските власти моментално водат истрага за историските операции на компанијата и во Ирак. „Ериксон“ соопшти дека соработува со истрагата. Според правилата на СЕК, поткажувачот може да добие награда од 10 до 30 отсто од казните исплатени од осудените компании, а по успешна акција на безбедносните служби како резултат на исправноста на предадените информации. За да се добие таква награда, минималната сума исплатени казни треба да биде барем еден милион долари. Исплатената награда од 279 милиони долари доаѓа по наградата вредна 118 милиони долари исплатена од СЕК во 2020 година во друго кривично дело. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-zhurnal-sek-isplati-rekordni-279-milioni-dolari-nagrada-na-potkazhuvach-za-sluchajot-so-potkupite-na-kompanijata-erikson/feed/ 0
Ериксон мора да плати казна од 206 милиони долари во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erikson-mora-da-plati-kazna-od-206-milioni-dolari-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erikson-mora-da-plati-kazna-od-206-milioni-dolari-vo-sad/#respond Fri, 03 Mar 2023 17:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=807791

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон ќе плати казна од 206 милиони долари поради непочитување на договорот со американското државно обвинителство за објавување информации за активностите во Ирак, Кина и Џибути. Ериксон постигна спогодба со американското Министерство за правда и се изјасни за виновен за можни плаќања на терористичката група Исламска држава преку деловни активности во Ирак. Во соопштението на Министерството за правда се вели дека компанијата коректно не известила за своите активности по склучувањето на Договорот за одложено гонење (ДПА) во 2019 година за да добие запирање на истрагите за долгогодишна наводна корупција во Кина, Виетнам и Џибути. Според ДПА, министерството се согласило да го одложи гонењето за три години доколку компанијата плати висока казна, воспостави „ригорозни механизми за внатрешна контрола“, ги почитува американските закони и целосно соработува во сите истраги. „Ериксон ја прекрши ДПА со прекршување на одредбите за соработка и обелоденување“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда. Во средината на јануари, Ериксон објави дека резервирал 2,3 милијарди шведски круни (220 милиони долари) за очекувана казна во САД за прекршување на спогодбата од 2019 година. Компанијата веќе плати повеќе од 520 милиони долари казни и се согласи на тригодишен регулаторен надзор, соопшти Министерството за правда, алудирајќи на спогодбата во 2019 година. Ериксон сега доби пробен период до јуни 2024 година и независен надзор во период од 12 месеци, се додава во соопштението на Министерството. - Одлуката е силен потсетник на историскиот неуспех што доведе до договорот за одложено гонење. Извлековме поука од тоа и сега сме на важен пат да ја промениме нашата култура, изјави извршниот директор на Ериксон, Борје Екхолм. Ериксон минатата година објави дека внатрешната истрага во 2019 година открила плаќања со цел да се заобиколат ирачките царини во период кога некои рути биле контролирани од милитантни организации, вклучително и Исламската држава. Меѓутоа, внатрешната истрага не покажа дека компанијата извршила или е одговорна за какви било плаќања на некоја терористичка организација, рече Ериксон. Тие нагласија дека ја продолжуваат истрагата „во целосна соработка со американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC)“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erikson-mora-da-plati-kazna-od-206-milioni-dolari-vo-sad/feed/ 0