ерменија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 05:57:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ерменија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Еурактив“: Ерменија и Азербејџан ја понижија европската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euraktiv-ermenija-i-azerbejdhan-ja-ponizhija-evropskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euraktiv-ermenija-i-azerbejdhan-ja-ponizhija-evropskata-diplomatija/#respond Tue, 24 Oct 2023 05:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=892345

Две земји од Источното партнерство на Унијата во кои ЕУ вложи значителни дипломатски напори за да ги седне на преговарачка маса - Ерменија и Азербејџан, прифатија иранско посредување за мировни преговори и сега на разговорите во Техеран нема да биде присутна ниту една западна земја, туку Русија и Турција, наведува „Еуарктив“. - Зарем тоа не е понижувачко?, прашува авторот на колумната во бриселскиот портал, додавајќи дека ако мировните преговори во Техеран бидат успешни, заслугата затоа ќе ја има рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а не претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вложи многу време во посредничките напори меѓу Ереван и Баку. Иранското Министерството за надворешни работи во најавата на преговорите наведе дека земјите од регионот сакаат да разговараат за регионалните прашања „без мешање на нерегионални и западни земји“. Според порталот, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквиот развој на настаните и не претставува големо изненадување, имајќи предвид дека напорите на ЕУ да посредува меѓу Ерменија и Азербејџан „не беа убедливи“, а дополнително и членки на Унијата бараа воведување санкции доколку ситуацијата се влоши. - Последниот чин се одигра неодамна во Нагорно-Карабах, кога Азербејџан – воено многу помоќен од Ерменија – за кусо време презеде контрола врз сепаратистичкиот регион, при што речиси целото етничко ерменско население од 120.000 лица побегна од енклавата во Ерменија, се додава во текстот. „Еуарктив“ наведува дека Ерменија се чувствуваше предадена од Русија, со која има потпишано одбранбен договор, но и од Западот, кој, според многумина, не вршеше притисок врз Баку затоа што се уште му треба азербејџанскиот гас. - Оставен без пријатели, Ереван се сврте кон Иран. Иако Техеран историски има лоши односи со Баку, Азербејџан ја прифати поканата за меѓународно посредување, во услови кога ќе биде присутна и Турција, нејзиниот регионален голем брат. Азербејџан неодамна ги отфрли разговорите со посредство на ЕУ токму затоа што на нив не беше поканета Анкара, туку Франција. Париз, особено, преставува проблем за Баку, затоа што го смета за премногу пристрасен во корист на Ерменија, се наведува во колумната. Авторот на текстот потсетува дека по „ерменскиот геноцид во Отоманската империја во 1915 година“, значителен дел од ерменското население побегнало во Франција, формирајќи една од најголемите ерменски дијаспори во странство, па така денес околу половина милион француски граѓани имаат ерменско потекло, додека самата Ерменија има околу три милиони жители. - Срамота е што Русија и Иран ја играат улогата на мировни посредници во соседството на ЕУ, во време кога руската армија ја пљачкосува Украина, додека Хезболах поддржан од Иран лансира ракети кон Израел од Либан, наведува „Еурактив“, прашувајќи дали би било големо изненадување доколку Иран или Русија утре посредуваат за ослободување на заложниците на Хамас во Газа? Според авторот на колумната, никој не би требало да биде изненаден доколку Русија ги истисне настрана САД и ЕУ, наметнувајќи се како предводник во мировниот процес на Блискиот Исток. - ЕУ, која е создадена како мировен проект, е во поволна позиција да биде водечки мировен посредник во светот, особено во време кога ОН честопати се блокирани од две нејзини постојани членки на Советот за безбедност. Но, јасно е дека ЕУ е далеку од тоа, бидејќи трпи неуспеси дури и во сопственото соседство, да го спомнеме само неуспехот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и покрај повеќе од 10 години напори. Затоа мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан, со посредство на Иран, треба да ја алармираат ЕУ, заклучува „Еурактив“, додавајќи дека единствената утеха за понижената ЕУ е што Грузија, уште една земја од Источното партнерство на Унијата, во последен момент одби да учествува на разговорите чиј домаќин е Техеран.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euraktiv-ermenija-i-azerbejdhan-ja-ponizhija-evropskata-diplomatija/feed/ 0
Алиев: Франција ќе биде виновна доколку избувне нова војна со Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aliev-frantsija-ke-bide-vinovna-dokolku-izbuvne-nova-vojna-so-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aliev-frantsija-ke-bide-vinovna-dokolku-izbuvne-nova-vojna-so-ermenija/#respond Mon, 09 Oct 2023 07:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=886712

 Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекори Европската унија и предупреди дека одлуката на Франција да испрати оружје во Ерменија може да предизвика нов конфликт во регионот на Јужен Кавказ, по молскавично брзата азербејџанска воена операција од  минатиот месец. Минатата недела Алиев не учествуваше на средбата со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, организирана од Европската унија, на која Брисел соопшти дека ќе застане на страната на Ерменија, пренесува Хина. Претседателот Алиев кажа дека „поради добро познатиот став на Франција, Азербејџан не учествувал на состанокот во Гранада“ каде се одржа состанокот на европската политичка заедница, соопшти кабинетот на азербејџанскиот претседател. „Претседателот на државата истакна дека француското испраќање оружје за Ерменија не е пристап што би му послужил на мирот, туку е насочен кон пумпање нов конфликт, а доколку избие нов конфликт во регионот, Франција ќе биде одговорна за неговото предизвикување“, соопштија од кабинетот на Алиев. Франција се согласи за идните договори со Ерменија за набавка на воена опрема за нејзината одбрана, кажа шефицата на француската дипломатија, Кетрин Колона, на 3 октомври за време на посетата на Ереван, одбивајќи да појасни каква воена помош се планира за Ерменија според идните договори за снабдување. Францускиот претседател Емануел Макрон го прекори Азербејџан, велејќи дека Баку се чини дека има проблем со меѓународното право. Алиев минатиот месец за само 24 часа ја врати контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах, со воена операција што предизвика егзодус на повеќето од 120.000 етнички Ерменци во Ерменија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aliev-frantsija-ke-bide-vinovna-dokolku-izbuvne-nova-vojna-so-ermenija/feed/ 0
Еврокомесарот Ленарчич во посета на Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-vo-poseta-na-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-vo-poseta-na-ermenija/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=885842

Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска ќе престојува во Ерменија со цел да ја процени ситуацијата по напливот на бегалци од Нагорно-Карабах во земјата и да разговара со претставниците на ерменските власти за понатамошна поддршка од ЕУ, пред се преку Механизмот за цивилна заштита. Посетата на Ленарчич на Ереван доаѓа по вчерашната најава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека ЕУ ќе ја удвои својата хуманитарна помош за Ерменија со дополнителни 5,25 милиони евра, на претходно веќе одвоените 5,2 милиони евра. - Ја удвојуваме нашата хуманитарна поддршка за да им олесниме на 100.000 раселени Ерменци од Карабах. Ние насочуваме поголема буџетска поддршка кон ерменската држава. ЕУ останува целосно посветена на поддршка на преговорите со Азербејџан и олеснување на дијалогот, додаде Фон дер Лајен. Според најавите, Еврокомисијата ќе додели и дополнителни 800.000 евра итна помош преку програмата „ЕУ за Мир“ наменети за градење доверба и поддршка на медиуми кои известуваат избалансирано и ќе разговара со ерменските власти за итно обезбедување техничка помош за воздушна и нуклеарната безбедност. - Комисијата ќе мобилизира финансирање во рамките на годишните програми за Ерменија со цел да одвои 15 милиони евра, кои може да се искористат како буџетска поддршка за државата за решавање на социо-економските потреби и за купување храна и гориво, се додава во соопштението на ЕК. Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, преку Економскиот и инвестицискиот план, ЕК ќе работи на понатамошна помош за обнова на инфраструктурата, за социјална заштита и за изнаоѓање решенија за обезбедување одржлива енергија во Ерменија, а исто така ќе го поддржи учеството на земјата во регионални проекти, како оној за поставување електричен кабел во Црното Море, во кои се вклучени и Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија. Паралелно со најавената поддршка за Ереван, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вчера соопшти дека ги поканил претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан на средба во Брисел кон крајот од месецот посветена на нормализација на меѓусебните односи по азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах. Претходно беше најавено дека е можно Алиев и Пашинјан да се сретнат во Гренада на маргините на Самитот на Европската политичка заедница, но азербејџанскиот претседател не допатува на собирот. Најавата за Мишел дојде откако советникот Алиев, Хикмет Хаџијев на платформата X објави дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европска Унија. - Азербејџан е подготвен наскоро да учествува на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија во Брисел, наведе Хаџијев во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-vo-poseta-na-ermenija/feed/ 0
Ереван: Едно лице загина во напад на границата со Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/#respond Mon, 02 Oct 2023 19:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884381

Едно лице загина, а две други се повредени на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, каде азербејџанските сили денеска пукаа во возило на ерменските сили, соопштија властите во Ереван. - Денеска, по пукањето на азербејџанските вооружени сили врз возилото на ерменските сили кое превезувало опрема за војниците, едно лице загина на ерменска страна, а две се повредени, соопшти ерменското Министерство за одбрана. Нападот се случи откако речиси целото население на Нагорно Карабах си замина од областа. Во еднодневната воена кампања која почна на 19 септември, азербејџанската армија тешко ги порази сепаратистичките сили на Ерменија, кои имаа недостиг од луѓе и оружје, и беа принудени да капитулираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/feed/ 0
Повеќе од 65.000 луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-65-000-luge-izbegaa-od-nagorno-karabah-vo-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-65-000-luge-izbegaa-od-nagorno-karabah-vo-ermenija/#respond Thu, 28 Sep 2023 07:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=882597

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада. Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот. Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно-Карабах по пристигнувањето на азербејџанските сили. Официјален Баку рече дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ерменците во Карабах се изложени на ризик од етничко чистење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-65-000-luge-izbegaa-od-nagorno-karabah-vo-ermenija/feed/ 0
Руско МНР: Ерменија прави грешка што ги прекина односите со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ermenija-pravi-greshka-shto-gi-prekina-odnosite-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ermenija-pravi-greshka-shto-gi-prekina-odnosite-so-rusija/#respond Mon, 25 Sep 2023 16:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=881632

Ерменија прави огромна грешка со тоа што намерно се обидува да ги расипе односите со Русија и да ја претвори земјата во заложник на геополитичките игри на Западот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со ситуацијата околу Нагорно-Карабах и Ерменија. „Убедени сме дека властите во Ереван прави огромна грешка обидувајќи се намерно да ги урива повеќеслојните и вековни врски на Ерменија со Русија и да ја претвори земјата во заложник на геополитичките игри на Западот“, се вели во соопштението на Министерството. Руското МНР ја критикуваше и вчерашната порака за независност на ерменскиот премиер Никол Пашинјан. Според руското МНР, таа содржи неприфатливи напади врз Руската Федерација и предизвикува отфрлање на Москва. „Шефот на владата всушност призна дека сето ова време републиката намерно се подготвувала да се оттргне од Русија“, истакна Министерството. „Во однос на регионалните прашања, Никол Пашинјан, наместо да го почитува џентлменскиот договор меѓу лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија од ноември 2020 година, одлуката за статусот на Нагорно-Карабах да им се остави на идните генерации, им подлегна на западните охрабрувања“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. Во синоќеѓното обрачање до нацијата Пашинјан ги обвини Азербејџан и руските мировници се виновни што етничките Ерменци не можат мирно да живеат во своите домови во Нагорно-Карабах. Тој додаде дека ерменско-руското стратешко партнерство „не е доволно за да се осигура надворешната безбедност на Ерменија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ermenija-pravi-greshka-shto-gi-prekina-odnosite-so-rusija/feed/ 0
Ерменија бара започнување на мисија на ОН во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-bara-zapochnuvane-na-misija-na-on-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-bara-zapochnuvane-na-misija-na-on-vo-nagorno-karabah/#respond Fri, 22 Sep 2023 06:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=880538

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан синоќа побара осуда на нападот врз цивилната инфраструктура во Нагорно-Карабах и итно започнување на мисија на ОН на таа територија. „Го повикувам Советот за безбедност да ги преземе следните итни мерки: Да го осуди продолжувањето на нападите врз цивилни објекти и инфраструктура, да побара целосно спроведување на обврските според меѓународното хуманитарно право, веднаш да започне мисија на ОН во Нагорно-Карабах за следење и проценка на човековите права, хуманитарната и безбедносната состојба“, рече тој на седницата на Советот за безбедност на ОН. Како што наведе, целта на операцијата на Азербејџан е да се заврши етничкото чистење во Нагорно-Карабах, пренесува Armenia Aycor. Според Мирзојан, тешко е да се поверува дека сето ова се случува денес, во 21 век, пред очите на меѓународната заедница, додека Ерменија веќе подолго време повикува на тревога, додека меѓународната заедница одбива да сфатете го доволно сериозно. Оваа агресија е кулминација на десетмесечната блокада и принудното гладување што Азербејџан го користи против населението на Нагорно-Карабах“, рече ерменскиот министер. Тој, исто така, ги негираше тврдењата на Азербејџан во врска со присуството на вооружените сили на Ерменија во Нагорно-Карабах. „Очигледна е намерата на одредени субјекти да ја вклучат Ерменија во воени операции, да ги префрлат воените операции на нашата суверена територија. Мораме да градиме мирни односи засновани на взаемно признавање на суверенитетот и територијалниот интегритет“, рече Мирзојан и истакна дека се уште постои верба во способноста на Советот за безбедност на ОН да ги спречи злосторствата во Азербејџан. Говорот на ерменскиот министер за надворешни работи следуваше по кусите преговори меѓу претставници на Азербејџан и на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах. Претставникот на Ерменците кои живеат во Нагорно Карабах, Давид Бабајан вчера соопшти дека по средбата во Јевлах не е постигнат конечен договор со Азербејџан. Тој во изјава за Ројтерс рече дека има договор за прекин на огнот, но дека допрва треба да се разрешат деталите, вклучително и предавањето на оружјето, пренесува Скај њуз. Имаме договор за прекин на воените дејствија, но го чекаме конечниот договор. Разговорите се во тек. Мора да поминеме низ многу прашања и проблеми, изјави Бабајан. На прашањето дали Ерменците ќе го предадат оружјето, тој рече дека неговиот народ не може да се остави да умре и дека ќе бидат неопходни безбедносни гаранции. Во средата беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци. Договорот беше постигнат со посредство на рускиот мировен контингент, откако официјален Баку започна антитерористичка операција во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок во областа контролирана од ерменските сепаратисти. Локалните власти соопштија дека во тие напади биле убиени и повредени десетици луѓе. Народниот правобранител на Нагорно-Карабах Геган Степанјан изјави дека 32 лица, меѓу кои седум цивили, биле убиени, а повеќе од 200 се ранети. Што се однесува на азербејџанската страна, советникот на претседателот на Азербејџан, Елчин Амирбеков, по вчерашните преговори изјави дека тие може да доведат до потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван, додавајќи дека азербејџанската страна веќе испратила нацрт на тој договор. Тој содржи пет точки врз основа на меѓународното право и во него се потенцира дека двете земји ќе бидат обврзани да не се мешаат во внатрешните работи на другата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-bara-zapochnuvane-na-misija-na-on-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Азербејџан го достави нацрт-мировниот договор на Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-dostavi-natsrt-mirovniot-dogovor-na-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-dostavi-natsrt-mirovniot-dogovor-na-ermenija/#respond Thu, 21 Sep 2023 13:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=880346

Советникот на претседателот на Азербејџан, Елчин Амирбеков, денеска изјави дека преговорите меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските сепаратисти од Нагорно-Карабах може да доведат до потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван, додавајќи дека азербејџанската страна веќе испрати нацрт на тој договор. „На средбата во Џевлах се разговараше за форматите за реинтеграција на Ерменците од Карабах. Сметаме дека овој дијалог може позитивно да влијае на мировниот процес меѓу Ерменија и Азербејџан. Двете земји почнаа да разговараат за мировен договор кој би можел да стави крај на децениските кризи и непријателства“, рече азербејџанскиот претставник за „Скај Њуз Арабија“. Тој додаде дека мировниот договор ќе содржи пет точки врз основа на меѓународното право и дека двете земји ќе бидат обврзани да не се мешаат во внатрешните работи на другата. „Нацрт-мировниот договор го доставивме до ерменската страна. Ја чекаме нивната реакција“, рече Амирбеков, нагласувајќи дека нема потреба од посебен договор со Ерменците од Карабах. Во Јевлах денеска почнаа разговорите меѓу ерменските сепаратисти и азербејџанските сили, а ерменската страна објави дека се уште има нерешени прашања, и дека се уште се работи на конечниот договор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-dostavi-natsrt-mirovniot-dogovor-na-ermenija/feed/ 0
Претседателот на Азербејџан прогласи победа над Ерменците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-azerbejdhan-proglasi-pobeda-nad-ermentsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-azerbejdhan-proglasi-pobeda-nad-ermentsite/#respond Thu, 21 Sep 2023 07:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=880148

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, прогласи победа над ерменските сепаратисти во конфликтот во Нагорно Карабах. Денеска треба да започнат разговори за „реинтеграција“ на Нагорно Карабах во Азербејџан. Азербејџан, според претседателот Илхам Алијев, го ставил под целосна контрола кавкаскиот регион Нагорно Карабах, населен со Ерменци. За само еден ден „антитерористичките мерки“ против сепаратистите таму беа успешно завршени и суверенитетот на земјата беше вратен, рече Алијев во говор до нацијата. Власта во Нагорно Карабах се согласила на прекин на огнот по жестоките напади на Азербејџан, што меѓу другото вклучува и разоружување на нејзините борци. Разговорите за „реинтеграција“ на Нагорно Карабах во Азербејџан треба да започнат денеска (21.09), се најавува од Баку. Руските мировни сили посредуваа за прекин на огнот Ерменија и Азербејџан се борат за Нагорно Карабах уште од советско време. Регионот е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година е контролиран од етничките Ерменци поддржани од владата во Ереван. Во 2020 година Азербејџан освои голем дел од регионот и околните области кои претходно беа под контрола на ерменските вооружени сили. Русија во тоа време посредуваше за прекин на огнот и во регионот стационираше свои мировни сили. Сегашниот прекин на огнот беше постигнат со посредство на овие мировни сили. Извештаи за најмалку 200 загинати Конфликтот повторно ескалираше во вторникот. Азербејџан со артилерија и беспилотни летала бомбардираше позиции на етничките ерменски сили во Нагорно Карабах, кои не само што беа драматично помалубројни, туку и недоволно снабдени поради повеќемесечната блокада на регионот. Омбудсманот во Нагорно Карабах, Геган Степанјан, информираше за најмалку 200 загинати лица, меѓу кои десет цивили и повеќе од 400 повредени. Овие бројки не може да се проверат од независен извор. Според Москва, убиени се и неколку руски војници. Илјадници луѓе во бегство Илјадници жители на Нагорно Карабах избегаа во камп на руските мировни трупи, додека други се надеваат на бегство од аеродромот во регионалниот главен град Степанакерт. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека по стапувањето на сила на прекинот на огнот во средата (20.09) во 13 часот, интензитетот на непријателствата значително се намалил. Тој нагласи дека руските мировни сили се одговорни за безбедноста на Ерменците во регионот. Протести во Ереван Пашинјан рече и дека неговата земја не учествувала во разговорите за прекин на огнот, туку само ја примила на знаење одлуката на властите во Нагорно Карабах. Тој нагласи дека неговата земја не сака да биде вовлечена во борбите. Пашинјан повтори дека во регионот нема ерменски војници, иако според властите во Нагорно Карабах, повлекувањето на ерменските војници од таму е дел од договорот за прекин на огнот. Вечеравечер во Ереван многу луѓе демонстрираа со барање нивната земја да им помогне на Ерменците во НагорноКарабах. Демонстрантите фрлаа камења и шишиња кон полицијата, јави новинар на АФП. Безбедносните сили употребија шок-бомби и уапсија неколку лица. Во исто време, тие се заканија со преземање „посебни мерки“ доколку судирите продолжат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-azerbejdhan-proglasi-pobeda-nad-ermentsite/feed/ 0
Засилениот артилериски оган во Нагорно-Карабах ги подгреа стравувањата од голем конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zasileniot-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah-gi-podgrea-stravuvanata-od-golem-konflikt-megu-azerbejdhan-i-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zasileniot-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah-gi-podgrea-stravuvanata-od-golem-konflikt-megu-azerbejdhan-i-ermenija/#respond Wed, 20 Sep 2023 06:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=879720

Војната се врати во Нагорно-Карабах на 19. септември, придружена со воздушни сирени и напади со беспилотни летала, додека Азербејџан почна голема армиска офанзива против ерменската енклава лоцирана на нејзината територија. Министерството за одбрана на Азербејџан го нарече нападот „антитерористичка операција“, наменета за враќање на уставниот поредок и протерување на вооружените ерменски сепаратисти од регионот. Официјални лица во Ерменија, вклучително и премиерот на земјата, Никол Пашинјан, го обвинија Азербејџан дека започнал кампања за етничко чистење против Ерменците од Карабах. Засилениот артилериски оган во регионот Нагорно-Карабах ги подгреа стравувањата од голем конфликт со Ерменија, помалку од три години по војната во која загинаа повеќе од 6.000 луѓе. Дом на околу 120.000 луѓе, Нагорно-Карабах е етнички ерменски регион во Азербејџан што е жариште од распадот на Советскиот Сојуз. Регионот и големите околни територии паднаа под контрола на етничките ерменски сили со поддршка на ерменската армија на крајот на сепаратистичката војна. Азербејџан ги врати териториите и деловите од самиот Нагорно-Карабах во борбите во 2020 година. Воените мерки „успешно продолжуваат“ со уништување на оружје и воена опрема во тој регион, објави азербејџанското Министерство за одбрана на платформата Телеграм. Последната војна заврши со договор за распоредување руски мировници во регионот, но тензиите се зголемија од декември кога Азербејџан почна да го блокира патот што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија. Артилерискиот оган, што Азербејџан го нарекува „антитерористичка операција“, започна неколку часа откако наводно  четворица војници и двајца цивили биле убиени од нагазни мини за кои се вели дека биле поставени од ерменски диверзанти. „Се чини дека, за жал, може да биде страшно - војна број три, нешто од кое луѓето се плашеа, но се надеваа дека ќе го избегнат преку дипломатија во последните неколку недели и месеци“, изјави за американски емдиуми Томас де Вал, регионален експерт во фондацијата Карнеги Европа. Планинскиот Нагорно-Карабах има значајно културно значење и за Ерменците и за Азербејџанците. Имаше значителен степен на автономија во рамките на Азербејџан во времето кога таа земја беше дел од Советскиот Сојуз. Како што се влошуваше ситуацијата во СССР, избувнаа ерменските сепаратистички немири, кои подоцна се претворија во вистинска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Поголемиот дел од азербејџанското население беше протерано до крајот на борбите во 1994 година. Потоа, во средината на борбите во 2020 година, околу 90.000 етнички Ерменци беа раселени, некои од нив ги запалија своите домови пред Азербејџаните да се преселат. Руските мировници имаа задача да се погрижат патот што води кон Ерменија, наречен Коридор Лачин, да остане отворен. Но, коридорот е главно блокиран од декември, бидејќи Азербејџан наводно тврди дека Ерменците шверцуваат оружје и незаконски ги експлоатираат ресурсите. Ова доведе до сериозен недостиг на храна во Нагорно-Карабах и ерменските поплаки дека Азербејџан се обидува да изврши геноцид со глад. По неколкумесечни спорови и преговори, Меѓународниот комитет на Црвениот крст се согласи да испрати околу 20 тони брашно во Нагорно-Карабах оваа недела од Ерменија, како и медицински материјали преку друг пат што води од територијата контролирана од Азербејџан. Претставниците на Нагорно-Карабах претходно се спротивставија на помошта што доаѓа преку вториот пат, велејќи дека тоа е стратегија на Азербејџан да го апсорбира регионот. Ерменија постојано ги критикуваше руските мировни сили за неуспехот да го одржат отворен Коридорот Лачин и за игнорирањето на спорадичните помали судири долж границата. Иако Ерменија е долгогодишен сојузник на Москва, вклучително и местото каде што се наоѓа руската воена база, односите значително се влошија минатата година. Освен спорот за патиштата, Ерменија ја налути Русија оваа година со одбивањето да дозволи блокот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Москва да спроведува вежби на нејзина територија и со одржување заеднички вежби овој месец со американските војници. Покрај тоа, Москва беше навредена што Ерменија обезбедува хуманитарна помош за Украина. Вклучувањето на Русија во завршувањето на војната во 2020 година се сметаше за значајно достигнување што го зајакна нејзиното влијание во регионот. Но, почитувањето на тоа влијание сериозно се намали во текот на изминатата година. Коментирајќи го барањето на Ерменија руските мировници да престанат со борбите, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече: „А што е со Ерменија признавањето на Нагорно-Карабах како дел од Азербејџан? Русија денеска повика на итен прекин на борбите и крвопролевањето во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах со мнозинско ерменско население. „Ги повикуваме конфликтните страни веднаш да го прекинат крвопролевањето, да ги запрат непријателствата и да ги прекинат цивилните жртви“, се вели во соопштението на МНР на Москва. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, лут поради дистанцирањето на Ерменија од Русија, за ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече: „Погодете каква судбина го чека“. Одобрувањето на Пашинјан за договор со посредство на Русија за прекин на борбите во 2020 година беше длабоко непопуларен во Ерменија. Противниците го обвинија дека е предавник и побараа оставка на големите протести. Новите непријателства веројатно ќе предизвикаат нов бран протести, а Пашинјан е свесен за потенцијалната моќ на таквите протести, откако самиот стана премиер по големите протести во 2018 година. Во воената операција на Азербејџан досега загинаа 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола. Жителите на некои села се евакуирани, а Азербејџан најави дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zasileniot-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah-gi-podgrea-stravuvanata-od-golem-konflikt-megu-azerbejdhan-i-ermenija/feed/ 0