ерусалим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 08:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ерусалим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба Макрон – Херцог во Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-makron-hertsog-vo-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-makron-hertsog-vo-erusalim/#respond Tue, 24 Oct 2023 08:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=892438

Ние сме посветени да ги надминеме, и посветени сме на уништување на нашите непријатели рече израелскиот претседател Исак Херцог на почетокот на денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон. - Ситуацијата е исклучително комплицирана и кревка. Бараме целосно и итно ослободување на сите наши граѓани, додае тој. Тој истакна дека „нема разлика помеѓу израелски граѓани и некој што има друго државјанство“ по најавите дека десетици заложници со странско државјанство може да бидат ослободени. Херцог, исто така, рече дека Иран „игра со оган“ во Либан. - Ако Хезболах не вовлече во војна, треба да биде јасно дека Либан ќе ја плати цената. Либан не може да биде суверена членка на меѓународната заедница, нејзините граѓани да носат либански пасош, но кога станува збор за напад на Израел, тие не се одговорни, нагласи израелскиот претседател. Зборувајќи на англиски, Макрон рече дека „првата цел треба да биде ослободување на сите заложници без никаква разлика“. - Сакам да ве уверам дека не сте сами во оваа војна против тероризмот. Зборувам во име на земја која доживеа терористички напади. Ние стоиме со вас и вашата нација и ќе направиме се што е можно за да ги вратиме мирот, безбедноста и стабилноста во вашата земја и целиот регион. И мислам дека е наша должност да се бориме против овој тероризам, без никакво двоумење, без проширување на конфликтот, нагласи Макрон. Тој рече дека Франција им пренела пораки на „други терористички организации“ и додаде дфека е неопходно да се спроведат „целни операции“. Макрон претходно се сретна со семејствата на киднапираните Израелци, а по Херцог треба да се сретне и со Нетанјаху. Тој подоцна во текот на денот ќе се состане со министерот на воениот кабинет Бени Ганц и со лидерот на опозицијата Јаир Лапид, пред да замине за Рамала. Францускиот претседател уште вечерва заминува дома.  (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-makron-hertsog-vo-erusalim/feed/ 0
Силен ракетен напад врз Ерусалим и Тел Авив, пратениците од Кнесетот во засолништа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-raketen-napad-vrz-erusalim-i-tel-aviv-pratenitsite-od-knesetot-vo-zasolnishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-raketen-napad-vrz-erusalim-i-tel-aviv-pratenitsite-od-knesetot-vo-zasolnishta/#respond Mon, 16 Oct 2023 14:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=889427

Силен ракетен напад е извршен денеска врз Ерусалим и Тел Авив, принудувајќи ги пратениците од Кнесетот сред седница да мора да одат во засолништа. Сирените за воздушен напад се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел. Тајмс оф Израел“ наведува дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни отидоа во засолништа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-raketen-napad-vrz-erusalim-i-tel-aviv-pratenitsite-od-knesetot-vo-zasolnishta/feed/ 0
Неколку луѓе се повредени во „директниот ракетен напад“ врз Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-luge-se-povredeni-vo-direktniot-raketen-napad-vrz-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-luge-se-povredeni-vo-direktniot-raketen-napad-vrz-erusalim/#respond Mon, 09 Oct 2023 16:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=887078

Неколку луѓе во Ерусалим се повредени од „директен ракетен напад“, соопшти израелската итна помош. Волонтерите на Обединетите Хацалах моментално лекуваат едно лице повредено во близина на Ерусалим, кое е во сериозна состојба како резултат на повреди здобиени од директен ракетен удар, се наведува во соопштението. Дополнително, се лекуваат и неколку други лица кои беа повредени во директен ракетен напад во град јужно од Ерусалим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-luge-se-povredeni-vo-direktniot-raketen-napad-vrz-erusalim/feed/ 0
Пробен лет на такси-летало во Ерусалим (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/proben-let-na-taksi-letalo-vo-erusalim-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/proben-let-na-taksi-letalo-vo-erusalim-video/#respond Thu, 14 Sep 2023 10:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=877981

Кинеската компанија за производство на лесни авиони, „КАНДО“ изврши тестирање на тн. летачко такси, во Ерусалим, Израел. Се работи за самоуправувачко електрично летало што во иднина треба да служи за превоз на патници. – Израелската управа за иновации од 2019 година активно работи на воведување такси-летала во сообраќајот, коишто би служеле не само за превоз на патници, туку и за пренос на товар. Она што го гледате е воздушно такси коешто во иднина ќе може да превезува луѓе од едно место до друго, објасни Даниела Партем, директорка на Управата. Како што беше нагласено, Израел досега има извршено повеќе од 20.000 пробни летови, но вчерашниот лет беше и првиот на којшто можеа да бидат присутни медиумите. Програмата за летачки такси предвидува инвестиција од скоро 15 милиони евра и е поддржана од неколку државни и приватни компании. Директорката нагласи дека такси-леталата ќе значи и економски исплатлив пазар. – Значи, ако сакате да летате со воздушно летало за медицинска употреба или да доставувате храна, ќе може да го правите тоа, изјави таа. Покрај Израел, пробни летови со такси-летала извршија и други земји. Франција најави слични експерименти за следната 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/proben-let-na-taksi-letalo-vo-erusalim-video/feed/ 0
Археолози во Ерусалим открија голем дел од аквадукт стар 2.000 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/arheolozi-vo-erusalim-otkrija-golem-del-od-akvadukt-star-2-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/arheolozi-vo-erusalim-otkrija-golem-del-od-akvadukt-star-2-000-godini/#respond Tue, 29 Aug 2023 12:06:52 +0000 https://kurir.mk/?p=872073

Најдолгиот континуиран дел од античкиот аквадукт во Ерусалим е откриен во Гиват Хаматос, објави во денеска израелската Управа за антиквитети. Дел од античкиот аквадукт, долг околу 300 метри, бил откриен при археолошките ископувања во областа пред планираниот развој на населбата од страна на општината Ерусалим. Општината планира таму да гради училишта. Откриени се и голем број антички монети, вклучувајќи и монета кована во времето на Првата еврејско-римска војна. Директориоте на ископувањата при Управата за антиквитети д-р Офер Шјам и Рут Коен забележуваат дека Ерусалимскиот аквадукт бил изграден за да ги задоволи растечките потреби за вода на древниот град. „Во доцните денови на Вториот храм, градот Ерусалим значително се зголемил. Храмот бил обновен и водата што течела во цевки и цистерни повеќе не била доволна за илјадниците аџии и жители. Требало од далеку да се носи вода во градот“, велат научниците. Така, за да ја задоволат зголемената потреба на Ерусалим за вода, Хасмонејците, а потоа и кралот Ирод, изградиле два аквадукта во Ерусалим. Еден од аквадуктите, Горниот аквадукт, насочувал вода во горниот град, кој денес е Еврејско и Ерменско маало на Стариот град. Вториот, Долниот аквадукт, носел вода во Храмот. Аквадуктите биле извонредни инженерски достигнувања, секој се протегал на приближно 10 километри од Витлеемските извори од каде што водата течела до Ерусалим. „Во темелите на аквадуктот од деновите на Десеттата легија, најдовме околу 25 монети расфрлани на релативно еднакви растојанија. Според нас, тоа не било случајно: тоа е сосема слично на обичајот денес, каде што таму се ставаат монети за среќа“, велат Шјам и Коен Исто така, во инфраструктурата на аквадуктот е пронајдена монета од периодот на Вториот храм кована околу 67-68 година, за време на Големото еврејско востание, инаку познато како прва од трите еврејско-римски војни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/arheolozi-vo-erusalim-otkrija-golem-del-od-akvadukt-star-2-000-godini/feed/ 0
Немири во Ерусалим: Полицијата употреби водени топови, приведени шестмина демонстранти (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-erusalim-politsijata-upotrebi-vodeni-topovi-privedeni-shestmina-demonstranti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-erusalim-politsijata-upotrebi-vodeni-topovi-privedeni-shestmina-demonstranti-video/#respond Mon, 24 Jul 2023 12:28:45 +0000 https://kurir.mk/?p=859474

Израелската полиција денеска употреби водени топови и уапси шестмина демонстранти пред израелскиот парламент (Кнесет) , пред клучното гласање за судските реформи. Демонстрантите денеска протестираа блокирајќи го булеварот пред Кнесетот, во Ерусалим, каде полицијата употреби водени топови за да ги исфрли од патот. Полицајците се обидоа да ги тргнат демонстрантите од патот, но некои се врзаа со синџири за заклучување велосипеди. Полицијата соопшти дека наишла на отпор од демонстрантите, кои фрлале и димни бомби. Според полицијата, демонстрантите не ги послушале нивните наредби, па морале да применат мерки за спречување на немири поради попречување на влезот во Кнесетот, јавуваат израелските медиуми. Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека земјата е во „вонредна состојба“ и апелираше до политичките лидери да постигнат компромис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-erusalim-politsijata-upotrebi-vodeni-topovi-privedeni-shestmina-demonstranti-video/feed/ 0
Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodatniot-ogan-od-erusalim-pristigna-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodatniot-ogan-od-erusalim-pristigna-vo-makedonija/#respond Sat, 15 Apr 2023 18:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=824375

Вечерва на Меѓународниот авион во Скопје слета авионот во кој македонската црковна и владина делегација го превезуваше Светиот Благодатен оган од Ерусалим. Делегацијата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски која го донесе светиот оган од Ерусалим на аеродромот ја пречека премиерот Димитар Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodatniot-ogan-od-erusalim-pristigna-vo-makedonija/feed/ 0
Македонска државна и црковна делегација го презеде светиот оган во Ерусалим, вечерва стигнува во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-go-prezede-svetiot-ogan-vo-erusalim-vecherva-stignuva-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-go-prezede-svetiot-ogan-vo-erusalim-vecherva-stignuva-vo-skopje/#respond Sat, 15 Apr 2023 15:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=824323

Илјадници верници се собраа во Ерусалим во базиликата на Светиот гроб каде се одржа и церемонијата на преземање на благодатниот оган, на која за прв пат учествува македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на делегацијата на македонската православна црква – митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски. Вечерва благодатниот оган пристигнува во Скопје во Македонската православна црква.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-go-prezede-svetiot-ogan-vo-erusalim-vecherva-stignuva-vo-skopje/feed/ 0
Црковно-државна делегација присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsrkovno-drzhavna-delegatsija-prisustvuvashe-na-utrenata-bogosluzhba-vo-hramot-na-voskresenieto-vo-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsrkovno-drzhavna-delegatsija-prisustvuvashe-na-utrenata-bogosluzhba-vo-hramot-na-voskresenieto-vo-erusalim/#respond Sat, 15 Apr 2023 10:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=824209

Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим. -Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме Христовото опело, пишува на сајтот на Тетовско-гостиварска епархија. На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговата светост патријархот Ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија. На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф кој со благослов и одлука на САС на МПЦ-ОА ја предводи црковната делегација. Државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим“ во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел. Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, соопштија од владината - прес-служба, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsrkovno-drzhavna-delegatsija-prisustvuvashe-na-utrenata-bogosluzhba-vo-hramot-na-voskresenieto-vo-erusalim/feed/ 0
Државна и црковна делегација во посета на Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-vo-poseta-na-erusalim-na-prezemaneto-na-blagodatniot-ogan-vo-bazilikata-na-svetiot-grob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-vo-poseta-na-erusalim-na-prezemaneto-na-blagodatniot-ogan-vo-bazilikata-na-svetiot-grob/#respond Sat, 15 Apr 2023 07:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=824154

Државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел. Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, соопштија од владината - прес-служба, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-vo-poseta-na-erusalim-na-prezemaneto-na-blagodatniot-ogan-vo-bazilikata-na-svetiot-grob/feed/ 0