ЕСА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Jan 2023 13:54:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕСА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСА и НАСА предупредуваат: Опасност од голема соларна бура до крајот на неделата, ќе предизвика хаос на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-i-nasa-predupreduvaat-opasnost-od-golema-solarna-bura-do-krajot-na-nedelata-kje-predizvika-haos-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-i-nasa-predupreduvaat-opasnost-od-golema-solarna-bura-do-krajot-na-nedelata-kje-predizvika-haos-na-zemjata/#respond Wed, 04 Jan 2023 13:54:10 +0000 https://kurir.mk/?p=783798

Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите. Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера. До крајот на неделата очекуваат аурорални светлосни емисии во средна географска широчина. Соларната и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (СОХО) регистрираше многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето. Покрај тоа, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-i-nasa-predupreduvaat-opasnost-od-golema-solarna-bura-do-krajot-na-nedelata-kje-predizvika-haos-na-zemjata/feed/ 0
ЕСА планира да одобри тригодишна студија за пренос на енергија од вселената на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=764624

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира во текот на оваа недела да одобри тригодишна студија за да утврди дали големите соларни фарми во вселената можат да бидат функционални и исплатливи на Земјата. Во следните три години, откако ќе биде прифатен планот, „вселенските газди“ ќе истражуваат како безжично да пренесуваат електрична енергија од вселената до милиони домови на планетата Земја. Крајната цел е да има гигантски сателити во орбитата, секој од нив способен да произведе иста количина на електрична енергија како електрана. Инаку, станува збор за иницијатива наречена Соларис, која доколку биде усвоена од ЕСА, би била првата што ќе ги постави основите за практичен план за развој на вселенски систем за производство на обновлива енергија. Жозеф Ашбахер, кој е генерален директор на ЕСА, за Би-Би-Си изјави дека верува дека сончевата енергија од вселената може да биде од „огромна“ помош во решавањето на идниот недостиг на енергија. Тој ја нагласи потребата од намалување на фосилните горива, наведувајќи дека верува оти е можно во вселената да се произведува електрична енергија за домаќинствата на Земјата. Сончевата енергија може многу поефикасно да се собира во вселената бидејќи нема ниту ноќ, ниту облаци. Идејата постои повеќе од 50 години, но беше премногу тешка и премногу скапа за спроведување. До сега. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/feed/ 0
ЕСА: Руско-европската мисија на Марс прекината поради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-rusko-evropskata-misija-na-mars-prekinata-poradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-rusko-evropskata-misija-na-mars-prekinata-poradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Thu, 17 Mar 2022 14:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=648972

Руско-европската мисија за слетување ровер на Марс е суспендирана како резултат на санкциите воведени поради инвазијата на Москва врз Украина и нејзините „трагични последици“, соопшти денеска Европската вселенска агенција (ЕСА). – Длабоко жалиме за човечките жртви и трагичните последици од агресијата врз Украина, соопшти ЕСА, потврдувајќи го прекинот на мисијата „ExoMars“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-rusko-evropskata-misija-na-mars-prekinata-poradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
ЕСА планира да чисти ѓубре во вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-chisti-gjubre-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-chisti-gjubre-vo-vselenata/#respond Tue, 10 Dec 2019 17:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=275664

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира заедничка мисија со комерцијален конзорциум за расчистување остатоци од вселената од голем број вселенски мисии. Првата мисија од ваков вид ќе биде лансирана во 2025 година под името ClearSpace 1 во соработка со швајцарската фирма „Clear Space“. Буџетот за проектот изнесува 120 милиони евра, а подготовките ќе започнат во март. Целта е да се испрати сонда со фаќалки во вселената што ќе ги фати остатоците од стара ракета на ЕСА, ќе ја спушти во пониска орбита и ќе ја запали во атмосферата. Ова треба да биде принципот на расчистување на големи парчиња ѓубре од вселената. Во последниве години се зголемуваат стравувањата дека може да се појават вселенски несреќи бидејќи таму има сè повеќе напуштен материјал, а забрзано се работи на развојот на комерцијални летови. Исто така, постојат стравувања дека големи парчиња отпад би можеле да пропаднат на Земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-chisti-gjubre-vo-vselenata/feed/ 0
Европската вселенска агенција бара повеќе пари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-vselenska-agencija-bara-povekje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-vselenska-agencija-bara-povekje-pari/#respond Thu, 28 Nov 2019 07:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=270370

Европската вселенска агенција (ЕСА) побара повеќе пари од своите 22 земји-членки за финансирање на заеднички проекти за истражување на вселената. – Иако многумина не мислат така, патувањата во вселената се клучни за секојдневниот живот на Земјата, изјави шефот на агенцијата Јан Вернер на состанок во Севиља. Тој сака да го зголеми буџетот на ЕСА за најмалку десет проценти во следните три години. ЕСА има буџет од вкупно 5,72 милијарди евра оваа година, а 73 отсто од нив ги финансираат земјите-членки. Најголем придонес има Франција, 1,2 милијарди евра, а потоа следува Германија со 927 милиони евра. Дел од парите ги плаќаат и институционалните партнери како што е ЕУ. Меѓу новите проекти што ги разгледува ЕСА се и новата ракета Аријана 6, истражување на вселената и заштита од астероиди. Важна тема е учеството во програмата на НАСА Артемис чија цел е враќање на американските астронаути на Месечината во 2024 година. ЕСА треба да развие сервисен модул кој ќе ја напојува вселенската капсула Орион. Вернер, исто така, сака европските астронаути да учествуваат во слетувањето на месечината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-vselenska-agencija-bara-povekje-pari/feed/ 0
Импресивно: Прва фотографија од ледениот Марсовски кратер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/impresivno-prva-fotografija-od-ledeniot-marsovski-krater/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/impresivno-prva-fotografija-od-ledeniot-marsovski-krater/#respond Fri, 27 Apr 2018 16:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=47113

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја објави првата фотографија од ледениот кратер на Марс. Научниците направиле комбинација од три фотографии на кратерот Королјев, направени на 15 април од висина на 400 километри. Водечкиот истражувач Николас Томас изјави дека боите на сликата се прилагодени на тоа, што повеќе да потсетуваат на оние кои се видливи со човечкото око.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/impresivno-prva-fotografija-od-ledeniot-marsovski-krater/feed/ 0