есб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 06:54:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png есб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оштетени штедачи од ЕСБ: Зошто обвинителството молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-od-esb-zoshto-obvinitelstvoto-molchi-za-organiziraniot-kriminal-vo-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-od-esb-zoshto-obvinitelstvoto-molchi-za-organiziraniot-kriminal-vo-eurostandard-banka/#respond Wed, 08 Feb 2023 06:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=797627

На денешен ден пред цели две години Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција започна истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка. Трифун Костовски и уште три одговорни лица од неговиот поранешен највисоко поставен раководен тим во Еуростандард банка се осомничени за масовниот грабеж на депозити што со години се случувал во банката. Осомничени се за предизвикување стечај на банката и за перење пари и други приноси од казниво дело. Уште минатата година се поминати ѝ законските рокови за носење одлука на обвинителството за покренување на обвинение, но од таму и понатаму молк. Зошто? - прашуваат оштетените штедачи од ЕСБ. Во продолжение следува нивното соопштение Се прашуваме зошто се молчи на јавното признание од Трифун Костовски дека свесно сторил кривично дело? Со негов потпис во 2019 година се нелегално земени три милиони евра од депозитите во Еуростандард банка и префрлени во соседната Комерцијална банка за да служат како гаранција за доделени кредити на трети правни лица, пари кои засекогаш исчезнале од сметките на депонентите во Еуростандард банка. Зошто обвинителството молчи за масовното делење неповратни кредити на некредитоспособни фирми од Еуростандард банка? Зошто обвинителството молчи, на пример, за неповратните 2,5 милиони евра дадени како кредит на некредитоспособна фирма Феро Центар во 2019 година само врз основа на обична меница, за да фирмата отиде во стечај само неколку месеци после затворање на банката без да врати ниту еден денар од кредитот? Кредит одобрен од раководниот тим на банката вклучително и од Трифун Костовски како долгогодишен претседател на надзорниот одбор на Еуростандард банка. За организираниот криминал во Еуростандард банка има многу докази. Се правел од внатре со години. Се делеле кредити без почитување на основни критериуми за нивно одобрување. Како да не постоела кридитна политика, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити во милионски суми без или со мали обезбедувања или пак со обични меници како единствено обезбедување. Најмногу на правни лица. И тоа е веројатно така поради фактот што правните лица имаат ограничена одговорност до капиталот со којшто располагаат. А тие не располагале со соодветен капитал и потоа фирмите ги однеле во стечај или се веќе затворени. Се разбира, парите однесени во нечии приватни, туѓи џебови кои се одамна познати на обвинителството. Како што е познато и дека се переле стотици милиони евра од Венецуела преку трансакции со нерезидентни фирми како клиенти во Еуростандард банка, но и за тоа упорно се молчи. Се прашуваме чии интереси штити обвинителството? На тие што ги украле парите од Еуростандард банка или на сите оние граѓани и фирми депоненти чии лични парични средства се украдени во законски лиценцирана и контролирана банка!? И повторно прашуваме, дали молкот од обвинителството е можеби и поради можно соучество на некои познати високо поставени политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка? Молкот не се прифаќа и не може да биде решение.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-od-esb-zoshto-obvinitelstvoto-molchi-za-organiziraniot-kriminal-vo-eurostandard-banka/feed/ 0
Оштетени Штедачи: Што знаеме за фирмите што не платиле ниту една рата во Еуростандард банка?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=467633

Увидот во билансите на фирмите должници на ограбената Еуростандард банка е повеќе од поразителен. Не само што не ги враќале кредитите воопшто, туку тие не биле ниту кредитоспособни за да ги добијат истите во стотици илјади или милиони евра. Финансиските биланси покажуваат дека се работи за фирми кои се презадолжени, имаат финансиски загуби во минатите неколку години, обврски кои се десеткратно поголеми од капиталот и резервите на фирмите должници. Кај добар дел од нив нема приходи со години и истите се пред затворање. Некои од фирмите се директно избришани со ненаплатени долгови кон Еуростандард банка, не постојат повеќе. Меѓу нив има и должници со значајни суми од даноци и други давачки кон Управата за јавни приходи, со блокирани сметки. Има и фирми за кои е покренато и стечај, не се солвентни. Фирмите давале и обични меници како единствено обезбедување за кредитите, кои немаат ниту клаузули за правосилност и извршност. Ова е сликата на пустошот што е направен во банката. Секој поединечен ненаплатлив кредит е посебна криминална сторија, велат во соопштението од Здрушението на оштетени штедачи од ЕСБ банка. Еуростандард банка пропадна поради толериран континуиран грабеж на депозити. Масовно не се плаќани рати од земените кредити со години. И тие што ги давале ваквите кредити и тие што ги примале истите, биле договорени и добро знаеле дека тие нема да се вратат во банката. Повеќе од јасно е дека изворот на криминалот со делените неповратни кредити е во раководството на ограбената банка предводено од Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски. Нивните потписи и одобренија, поединечно или групно, се наоѓаат на документите за доделените ненаплатливи кредити со кои свесно се организирал и аминувал ваквиот масовен грабеж. Паралелно на ова, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и првиот тим од Народна банка следеле, но молчеле и ја толерирале кражбата на нашите депозити и оставиле да истата се случува. Гледале како масовно се делат необезбедени кредити во милионски суми во евра, игнорирале и дозволиле да банката биде покрадена во целост и со тоа несомнено се дел од овој организиран криминал. Сумарно, главните актери во криминалот се од раководството на ограбената Еуростандард банка и раководството на Народна банка, додека поддржувачи и соучесници се сите сопственици или управители на фирми кај кои завршиле нашите пари од ненаплатливите кредити за да понатаму истите бидат поделени во готово или трансферирани на нив познати банкарски сметки. Денес исходот ни е добро познат. Обичните граѓани и фирми депоненти се покрадени во целост и упорно се борат за обзнанување на вистината и задоволување на правдата како и за враќање на нивните доверени лични средства во законски лиценцирана, регулирана и контролирана, но ограбена финансиска институција. И сето тоа во земја која го достигна срамното 111 место во светот за перцепција на корупцијата. Земја во која и после половина година од затворањето на Еуростандард банка, сеуште ги гледаме сите инволвирани крадци и криминалци како живеат слободно и уживаат со нашите украдени пари, а често и во улога на „жртви“ и „невини“ личности. Ова не е обичен секојдневен грабеж. Ова е добро организиран повеќегодишен криминал од високи размери во којшто главните актери се добро познати. Останува тие да одговараат за своите криминални дела, а нашите пари да ни се вратат во целост. Крајно, државата е таа која го дозволи криминалот, но убедени сме дека и државата е таа која ќе ги врати нашите лични пари, а криминалците ќе ги казни. Тоа е затоа што на ваков начин со игнорирање и премолчување на криминалот и континуирано арогантно однесување, не се станува дел од европското семејство. Земјите кои се во тоа семејство, а и една друга водечка земја во светот, веќе јавно се обратија до нашата власт и до оние што ја водат државата за да ја поправат сликата од криминалот и корупцијата кои беснеат во нашата држава. И да го решат организираниот криминал не само декларативно туку со конкретни дела. Ако власта не не слуша нас, ограбените граѓани и фирми, ќе мора да ги слуша земјите во кои законите и правдата владеат на друг начин него што е тоа случајот во нашата држава. Бидејќи сакаме да бидеме во друштво на развиените и демократски европски земји каде владеат правото и правдата. Час поскоро. Без разлика дали се сака или не, криминалот во Еуростандард банка мора да се реши. Нашата власт може и треба да научи дека во земјите во чие друштво сакаме да бидеме, за ваков масовен организиран грабеж на обичните граѓани и фирми, главните познати актери веќе одамна ќе беа ставени во затвор, а нашите пари вратени во целост. Сигурни сме дека ќе успееме бидејќи вистината и правдата се на наша страна. Сепак, и нашиот глас далеку се слуша и знаеме дека ќе продолжи да се слуша. И за добро и за лошо. Продолжуваме понатаму!, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/feed/ 0