ЕСЧП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Dec 2022 15:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕСЧП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСЧП во вторник ќе ја објави пресудата за случајот на дискриминација на децата Роми во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eschp-vo-vtornik-kje-ja-objavi-presudata-za-sluchajot-na-diskriminacija-na-decata-romi-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eschp-vo-vtornik-kje-ja-objavi-presudata-za-sluchajot-na-diskriminacija-na-decata-romi-vo-makedonija/#respond Sat, 10 Dec 2022 15:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=773628

Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторник ќе ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип, јави дописникот на МИА од Стразбур. Апликантите, 87 државјани на Македонија, се родени помеѓу 1958 и 2013 година и живеат во Битола и Штип и се со ромско потекло. Случајот се однесува на наводната сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта. Апликантите биле ставени во основно училиште само за Роми во Битола (бр. 11811/20) и во одделенија само за Роми во училиште во Штип (бр. 13550/20). Потпирајќи се на член 1 од Протокол бр. 12 (општа забрана за дискриминација) и член 14 (забрана за дискриминација), апликантите сметаат дека децата биле ставени во посебни училишта и ли паралелки во отсуство на објективно и разумно оправдување. Пресудата на ЕСЧП се очекува да биде објавена во вторник на 13 декември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eschp-vo-vtornik-kje-ja-objavi-presudata-za-sluchajot-na-diskriminacija-na-decata-romi-vo-makedonija/feed/ 0
Анализа: Од 1.150 пресуди на ЕСЧП за земјите од Западен Балкан, 185 се против Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-od-1-150-presudi-na-eschp-za-zemjite-od-zapaden-balkan-185-se-protiv-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-od-1-150-presudi-na-eschp-za-zemjite-od-zapaden-balkan-185-se-protiv-makedonija/#respond Thu, 07 Jul 2022 07:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=701473

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од почетокот на работата до крајот на 2021 година има донесено 1 150 пресуди во врска со земјите од Западен Балка, од кои 185 се против Македонија, покажува анализата на судската пракса на ЕСЧП во однос на земјите од Западен Балкан објавена во „Правна хроника“, стручно списание издадено од Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина и АИРЕ центарот за Западен Балкан. Од почетокот на својата работа до 31 декември 2021 година, ЕСЧП има донесено вкупно 86 пресуди во случаи против Албанија, 105 пресуди против Босна и Херцеговина, 474 пресуди против Хрватска, 185 пресуди против Македонија, 68 пресуди против Црна Гора и 232 пресуди против Србија, се вели во анализата. Според анализата најголем дел од пресудите се однесуваат на забрана за тортура и нечовечко и понижувачко постапување, каде што Судот одлучуваше за случаи поврзани со повреда на процесните аспекти од член 3. Судот наведува дека поведувањето прекршочна постапка и погрешното суспендирање на кривичната постапките од формални причини претставуваат повреда на процесните обврски на државата врз основа на член 3. Кога станува збор за правото на правично судење, се забележуваат и неколку важни пресуди и прашања поврзани со Западен Балкан. -Подносителите конкретно се жалеа на недоволното време за подготовка на одбраната, правичноста на судењето, должината на постапката на национално ниво и исполнувањето на условите поврзани со судот формиран врз основа на закон. Тоа особено може да се види преку пресудите Галовиќ против Хрватска, Зличиќ против Србија, Делиќ против Босна и Херцеговина и Џоџај против Албанија, забележува „Правна хроника“. Бројот на нерешени предмети пред Судот на крајот на 2021 година е 70 150, што е зголемување од 13 проценти наспроти 61 500 на крајот на 2020 година. -Ова зголемување од 13 проценти може делумно да се припише на зголемувањето на вкупниот број поднесени претставки. Дополнително, иако има пад на бројот на предмети доделени на комисии, има значително зголемување на бројот на предмети упатени до судии поединци, совети и Големиот судски совет. Кога станува збор за регионот, во 2021 година се издвојуваат неколку пресуди кои претставуваат значаен придонес во практиката на ЕСЧП, се вели во анализата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-od-1-150-presudi-na-eschp-za-zemjite-od-zapaden-balkan-185-se-protiv-makedonija/feed/ 0
Претседателот на ЕСЧП Роберт Спано доаѓа во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-eschp-robert-spano-doagja-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-eschp-robert-spano-doagja-vo-skopje/#respond Wed, 03 Nov 2021 11:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=590234

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано, доаѓа во посета на земјава за да земе учество на регионалната конференција од висок профил на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, којашто ќе се одржи во Скопје на 5 ноември. Како што соопшти Министерството за правда, на конференцијата предвидено е учествуво на претставници од Владата на Република Северна Македонија, Европскиот суд за човекови права, судските и јавнообвинителските институции од земјите на Западен Балкан, како и академската заедница. Конференцијата е организирана од Програмата за Западен Балкан на Центарот AIRE во соработка со Регионалната Антикорупциска иницијатива (РАИ) и Министерството за правда. Таа е дел од проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал во Западен Балкан преку зајакнување на регионалната соработка за поврат на имот“ поддржана од Владата на Велика Британија. Повратот на имот, како што стои во соопштението од Министерството за правда, е една од клучните антикорупциски мерки кои бараат зајакнување на законодавната рамка, институционалниот капацитет и регионалната соработка во Западен Балкан. За време на неколкудневниот престој на судијата Спано на Северна Македонија ќе остари средба со министерот за правда Бојан Маричиќ кој е негов домаќин, дел од државниот врв и првите луѓе на правосудството. Министерството за правда, како што е наведено во соопштението, посвети посебно внимание на судската пракса на ЕСЧП, преку анализа и вградување на највисоките стандарди при изработката на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кој моментално е во собраниска процедура, а се однесуваат на конфискацијата и тортурата, како и при изработката на измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка, кои се во тек. Воедно, посебно внимание заслужува и новиот предлог Закон за Канцеларијата за поврат на имот, кој е подготвен и е доставен на мислење до сите надлежни институции. На отворањето на Конференција ќе се обратат програмскиот директор за Западен Балкан во AIRE Центарот, Билјана Брајтвејт, заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за правда на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ, амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми и раководителката на Секретаријатот на РАИ, Десислава Готскова. Отворањето ќе биде проследено со главниот говор на судијата Роберт Спано, претседател на Европскиот суд за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-eschp-robert-spano-doagja-vo-skopje/feed/ 0