ЕСЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Mar 2022 13:31:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕСЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСЕ: Наместо подароци и честитки за 8 Март, државата да направи повеќе за надминување на проблемите со кои се соочуваат жените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ese-namesto-podaroci-i-chestitki-za-8-mart-drzavata-da-napravi-povekje-za-nadminuvanje-na-problemite-so-koi-se-soochuvaat-zenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ese-namesto-podaroci-i-chestitki-za-8-mart-drzavata-da-napravi-povekje-za-nadminuvanje-na-problemite-so-koi-se-soochuvaat-zenite/#respond Mon, 07 Mar 2022 13:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=642668

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените бара наместо честитки и подароци по повод утрешниот Меѓународен ден на жената Владата да преземе конкретни мерки за надминување на родовиот јаз и надминување на проблемите со кои се соочуваат жените во повеќе области. – По повод денешниот меѓународен ден на жената, сакаме да го привлечеме вниманието на општата и стручна јавност за нееднаквата положба на жените и да укажеме на неефективната правна заштита од семејното насилство, ограничените можности за вработување и недостиг на основни здравствени услуги со кои продолжуваат да се соочуваат жените во нашето општество. Затоа, за 8 Март 2022 година наместо подарок сакаме да посакаме „Свет без предрасуди, дискриминација и стереотипи. Свет кој е рамноправен, правичен и инклузивен. Свет во кој се ценат различностите. Свет кој ја слави родовата рамноправност”, велат од ЕСЕ. Оттаму додаваат дека иако семејното насилство е законски регулирано од 2004 година, државата се уште не ја обезбедува бесплатната правна помош која е потребна за жените да можат да се заштитат од насилството и да ги решат правните проблеми со кои се соочуваат, како што се разводот на бракот, старателството, издршката врз децата, делбата на имотот итн. -Отежната комуникација со институциите дополнително ја влошува состојбата на жените кои секојдневно зад затворените врати на домот трпат навреди, омаловажувања, вербални и физички напади, неодобрени сексуални односи, забрана за пристап до пари. Дури 70 отсто од жените што претрпеле семејно насилство не се информирани за можноста за користење на бесплатна правна помош во постапката за изрекување на привремени мерки за заштита и постапката за развод на брак, додека 55 отсто од нив не се задоволни од обезбедената стручна помош од ЦСР и Министерството за правда, велат од здружението. Напоменуваат и дека ограничениот пристап до пазарот на труд и невработеноста, и во 2022 година остануваат клучните проблеми со кои се соочуваат жените во Северна Македонија. – Петстотини дваесет и четири илјади жени од вкупниот број на работоспособни жени (842 илјади) се невработени или пак неактивни учесници на пазарот на труд. Најголем број на невработените жени се на возраст од 15 до 29 години и имаат комплетирано средно образование. Жените и во 2022 година се повеќе ангажирани во спроведување на неплатена работа во рамки на домаќинствата (нега, помош, итн.) или во производство на производи за сопствена употреба во споредба со мажите (88 отсто) или пак во обезбедување на здравствена и социјална заштита (78 отсто), велат од Здружението ЕСЕ. Оттаму додаваат дека жените во Северна Македонија се уште се соочуваат со бариери во пристапот до основните здравствени услуги за женското здравје. -Во 2022 година речиси половина од жените во Македонија немаат избрано матичен гинеколог поради тоа што во државата недостасуваат 130 матични гинеколози на примарно ниво, а во 40 општини нема ниту еден матичен гинеколог. Во Македонија се уште не се спроведува организиран скрининг за рак на грлото на матката и рак на дојката, двете најчести малигни заболувања на женските репродуктивни органи. Во 2020 година само 5,6 отсто од жените биле опфатени со скрининг на рак на грлото на матката, додека со скрининг на рак на дојка се опфатени поразителни 0,3 отсто од жените на возраст од 50 до 69 години, се вели во соопштението од ЕСЕ. Поради тоа, се додава во него, секоја година животите ги губат 300 жени од рак на дојката и 40 жени од рак на грлото на матката. Животи кои можат да бидат спасени со спроведување на доследни скрининг програми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ese-namesto-podaroci-i-chestitki-za-8-mart-drzavata-da-napravi-povekje-za-nadminuvanje-na-problemite-so-koi-se-soochuvaat-zenite/feed/ 0
СКЛУЧЕНИ НАД 18.000 ДОГОВОРИ: Намалени транспарентноста и конкурентноста на тендерите во јавното здравство, се создава можност за корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/#respond Tue, 01 Dec 2020 10:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=436797

Нивото на транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции бележи тренд на намалување. Ова го покажува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции. Институциите за овие четири години, соопштија од ЕСЕ, склучиле повеќе од 18.000 договори за набавка на стоки и услуги и за извршување работи, за кои потрошиле над 300 милиони евра. Во 2019 година најголемо намалување според обемот на објавени информации за спроведените постапки за јавни набавки се регистрирани кај Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, општите и клиничките болници, центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје. Дополнително, анализата нотира дека од година во година се намалува конкурентноста односно сè помал број компании учествуваат на тендерите и го добиваат бизнисот што само по себе создава поголеми можности за корупција и злоупотреби, посочуваат од ЕСЕ. – Народните пари што се трошат за јавни набавки се зголемуваат, но не и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат пациентите. Недостигаат лекови и медицинска опрема, постојат долги листи на чекање кои се всушност и болно секојдневие за пациентите, вели Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ. Според Здружението ЕСЕ, неопходно е да се воведе систем за избор на компаниите кој ќе се базира на критериуми за максимизирање на резултатите и ефектите од јавните набавки при што ќе се замени најниската цена како единствен критериум. – Дури и да нема очигледна корупција, граѓаните треба да знаат дека нивните пари се трошат правилно и во корист на оние на кои им се најпотребни. Потребите на пациентите треба да бидат приоритет за здравствените центри, клиниките и болниците, вели Деби Будлендер, меѓународен експерт за родово одговорно буџетирање. Истражувањето покажува дека најголем дел од договорите за јавни набавки се случуваат во првиот и четвртиот квартал од годината, што говори дека јавните здравствени институции немаат годишен план за набавки или пак не се придржуваат до него, стои во соопштението од ЕСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/feed/ 0
ЕСЕ: Постапките на собирање и трошење на парите наменети за справување со Ковид-19 се нетранспаретни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ese-postapkite-na-sobiranje-i-troshenje-na-parite-nameneti-za-spravuvanje-so-kovid-19-se-netransparetni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ese-postapkite-na-sobiranje-i-troshenje-na-parite-nameneti-za-spravuvanje-so-kovid-19-se-netransparetni/#respond Fri, 15 May 2020 08:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=346136

Процесите на прибирање и трошење на средствата наменети за справување со пандемијата на Ковид -19 се нетранспаретни, а малкуте достапни информации се конфузни, се наведува во истражувањето спроведено од здружението „ЕСЕ“. Оттаму посочуваат дека Министерството за здравство на три сметки прибира финансиски донации, но оти нема отчет од каде се обезбедни средствата и како тие се потрошени. – Дополнително, Министерството прима и материјални донации за кои нема информации кој, во која количина и која вредност ги обезбедил, како и на кој начин тие се дистрибуирани во јавниот систем. Информациите кои се јавно достапни се конфузни, нецелосни и нејасни. На сметката за поддршка за справување со коронавирусот на Министерството за здравство, заклучно до 6 мај 2020 година прибрани се 2.9 милиони евра, а пак според информациите објавени од еден македонски медиум на 8 април 2020 година, Министерството за здравство обезбедило 67.7 милиони евра во облик на донации и грантoви, се наведува во денешното соопштение од ЕСЕ. Од здружението велат дека нема ниту еден податок како функционира и Фондот за поддршка што го формираше Владата за справување со кризата предизвикана од Ковид 19, односно колку средства се прибрани и потрошени. – Интервентните набавки и нејасноста на информациите за спроведување итни набавки ја доведуваат во прашање оправданоста и економичноста на овие постапки, а Владата на РСМ ја прават нетранспарентна. Континуирано се набавуваат големи количини на заштитна опрема. Во меѓувреме Владата на РСМ добива континуирани донации на вакава опрема од различни донатори, а во државата речиси четвртина од заболените од Ковид -19 се здравствени работници и од нив четвртина се заболени во здравствени установи. Овие резултати водат кон повеќе прашања, и тоа: дали Владата на РСМ има направено проценка на потребите за заштитна опрема и дали дистрибуцијата на заштитната опрема одговара на реалните потреби, велат од ЕСЕ. Вонредната состојба и Владата, сметаат од ЕСЕ, им овозможила и на јавните институции самостојно, итно и нетранспарентно да вршат прераспределба на 70 проценти од средствата во нивните буџети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ese-postapkite-na-sobiranje-i-troshenje-na-parite-nameneti-za-spravuvanje-so-kovid-19-se-netransparetni/feed/ 0