есенска сеидба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 07:30:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png есенска сеидба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјоделците во Пелагонија се подготвуваат за есенска сеидба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-vo-pelagonija-se-podgotvuvaat-za-esenska-seidba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-vo-pelagonija-se-podgotvuvaat-za-esenska-seidba/#respond Thu, 01 Sep 2022 07:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=727036

Во средината на септември и на крајот на месецот настапува поволен период за сеење на есенските посеви, посочуваат земјоделци од битолскиот дел на Пелагонија. Во овој период, земјоделците вршат предсидбената подготовка на почвата и ѓубрење на површините, а кон 10 септември ќе се сее семе од зелена салата, ротквици, спанаќ и магдонос. -Сега задолжително се врши деконтаминација на семето на есенските посеви со препарати кои се на база на некоја од следните активни материи тирам, карбоксим, манкозеб и слично. Исто така треба да се обезбедат потребните хербициди во зависност од степенот и видот на заплевеноста, а по сеидба и пред никнување се врши мапирање на плевелите и во зависност од заплевеленоста се употребуваат некои од дозволените селективни хербициди, кои што најчесто се на база на активната материја пендиметалин. Најрано започнува сеидбата на ржта, проследено со тритикале, по што се продолжува со пченицата и јачменот, велат агро-експерти од Битола. За десеттина денови, кон 10 септември се сее семето од зелена салата и салати кои ќе се пресадуваат кон крајот на октомври и ноември, а во текот на месецов се сеат уште и спанаќ, ротквици и магдоносот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-vo-pelagonija-se-podgotvuvaat-za-esenska-seidba/feed/ 0
Почвата дехидрирана, есенската сеидба под десет отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-esenskata-seidba-pod-deset-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-esenskata-seidba-pod-deset-otsto/#respond Thu, 24 Oct 2019 09:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=255567

Високите температури, невообичаени за овој период од годината, ја доведоа во прашање есенската сеидба. За некои култури оптималните рокови веќе поминаа, а почвата е сува, дехидрирана. Според агрометеоролозите, во опасност е и она малку што е посеано, под десет проценти од планираното. Се надеваат дека состојбата можеби ќе ја подобрат врнежите, најавени за втората половина на идната недела. -Може да се сее и во ноември, декември, но колку повеќе се пролонгира сеидбата, толку помалку подготвени ќе влезат житата во зима. Ако зимата е со многу ниски темпратури, може да направи проблем. Добро ќе биде ако е блага, вели за МИА агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР. Рокот за сеидба на маслодајна репа беше до септември, од почетокот на октовмри се сее есенскиот јачмен, а пченицата од 15 октомври. -Почвата е дехидрирана. Високите температури го исушија и она мало количество вода што го имаше. Она што е посеано во сушни услови може да се случи да го соберат птици и инесетки и од тоа да не остане ништо. Посеани се под десет отсто пченица, од заораните стрништа непосредно по жетва или на површини каде имало окопна култура. Наредната недела се очекуваат врнежи, но недостасуваат околу 100 литри на метар квадратен. Сепак, и до 20 литри да паднат, подготовките ќе почнат, објаснува Ангелески. И земјоделците потврдуваат дека ситуацијата е незавидна. Дури ја оценуваат како многу лоша. -Според сеидбениот календар, до Петковден сé требаше да биде посеано, и пченица и јачмен и рж. Но, ниту десет отсто од предвиденото не е. Количините пченица годинава ќе бидат многу помали во споредба со лани кога од есенската суша приносите беа преполовени. И цената е ниска. Оваа култура ќе ја снема од површините и во прилепскиот и во битолскиот дел од Пелагонија, нагласува претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров. Според него, ниту врнежите што се најавуваат за идната недела нема да сменат многу. Можеби само ќе испровоцираат поникнување на засеаните култури, но тие ќе угинат ако сушата продолжи. За другите земјоделски култури топлото време е идеално. Се жнее оризот во Кочанско, брзо се суши арпата. Температурите се одлични и за тутунопроизводството. Сега се најквалитетните берби, а условите за сушење се повеќе од добри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-esenskata-seidba-pod-deset-otsto/feed/ 0
Започна есенската сеидба во поширокиот кумановски регион https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-esenskata-seidba-vo-poshirokiot-kumanovski-region/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-esenskata-seidba-vo-poshirokiot-kumanovski-region/#respond Sat, 20 Oct 2018 09:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=117420

Есенската сеидба во поширокиот кумановски регион започна, но се одвива отежнато поради недоволната влажност на почвата, информираа стручните служби од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопнаство и шумарство. Оттаму појаснуваат дека најавените врнежи од дожд ќе  ја подобрат влажноста на почвата и ќе овозможат полесна обработка на земјоделските површини.

На подрачјето на трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане со есенска сеидба, стручните очекуваат да бидат опфатени 19.260 хектари, од кои 3.660 ќе сеат земјоделските претпријатија, а 15. 600 хектари земјоделците од трите општини. Во овој регион најчесто се сеат пченица и јачмен.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ Куманово, Насер Даути ги повика производителите на млеко да поднесат барање за добивање на субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Висината на поддршката, информираше Даути, изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Рокот за поднесување на барањата е до 5- ти ноември 2018 година. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачната единица. 

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-esenskata-seidba-vo-poshirokiot-kumanovski-region/feed/ 0