ескалација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 19:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ескалација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ескалација на борбите меѓу Хезболах и Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-borbite-megu-hezbolah-i-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-borbite-megu-hezbolah-i-izrael/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=895940

Хезболах соопшти дека извршил повеќекратни напади врз позициите на израелската армија, вклучувајќи го и првиот со дронови опремени со експлозиви, додека Израел изврши воздушни напади во јужен Либан. Израелската војска соопшти дека одговорила на лансирањето од Либан со воздушни напади врз цели на Хезболах со тенковски и артилериски оган. Хезболах соопшти дека неговите борци извршиле 19 симултани напади врз позициите на израелската армија во Израел користејќи наведувани ракети, артилерија и друго оружје. Хезболах соопшти дека два дронови полни со експлозиви погодиле командна станица на израелската армија во областа Шеба Фармс на границата. Израелски гранати ја погодија периферијата на градот Кијам на околу шест километри од границата, при што е полесно повреден еден цивил, изјави градоначалникот на градот, Али Рашед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-borbite-megu-hezbolah-i-izrael/feed/ 0
Вашингтон предупреди на опасноста од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток поради Иран и неговите сојузници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-na-opasnosta-od-eskalatsija-na-konfliktot-na-bliskiot-istok-poradi-iran-i-negovite-sojuznitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-na-opasnosta-od-eskalatsija-na-konfliktot-na-bliskiot-istok-poradi-iran-i-negovite-sojuznitsi/#respond Sun, 22 Oct 2023 17:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=891994

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон гледа потенцијал за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток како резултат на акциите на Иран и неговите сојузници во регионот. САД не бараат ескалација, изјави Блинкен за Ен-Би-Си њуз. Тој додаде дека Вашингтон се надева дека палестинското исламистичко движење Хамас ќе ослободи уште заложници. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин исто така укажа на опасноста од ескалација на конфликтот, особено со интензивирање на нападите врз американските војници и граѓани. „Постои опасност од значително зголемување на нападите врз нашиот воен персонал и граѓаните низ целиот регион“, рече тој во интервју за Еј-Би-Си. Остин во истото интервју предупреди дека САД „нема да се двоумат“ да употребат воена сила против секоја организација или земја што е во искушение да го прошири блискоисточниот конфликт меѓу Израел и Хамас. „Нашиот совет до оние кои би се обиделе да го ескалираат конфликтот е: Не правете го тоа. Го задржуваме правото да се браниме и нема да се двоумиме да преземеме соодветни мерки“, рече шефот на Пентагон. Тој го изјави ова само неколку часа откако американското Министерство за одбрана објави дека земјата ќе го зголеми своето воено присуство во регионот со оглед на „неодамнешната ескалација од страна на Иран и неговите сојузнички сили“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-na-opasnosta-od-eskalatsija-na-konfliktot-na-bliskiot-istok-poradi-iran-i-negovite-sojuznitsi/feed/ 0
Ескалација на повеќе децениското непријателство помеѓу Израел и Палестинците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-poveke-detseniskoto-neprijatelstvo-pomegu-izrael-i-palestintsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-poveke-detseniskoto-neprijatelstvo-pomegu-izrael-i-palestintsite/#respond Mon, 09 Oct 2023 20:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=887162

Тензиите меѓу Израел и Палестинците постојат уште пред основањето на нацијата во 1948 година. Илјадници луѓе од двете страни загинаа, а уште поголем број се повредени во повеќе деценискиот конфликт. Годинава бројот на загинати Палестинци во окупираниот Западен Брег и елиминирани Израелци во палестинските напади е највисок во изминатите речиси две децении. Израел и Хамас војуваат уште од Првата палестинска интифада во 1987 година против израелската окупација на Појасот, Газа и Западниот Брег. Израел го зазеде Појасот Газа од Египет во војната во 1967 година, а потоа се повлече во 2005 година. Малата територија, дом на околу два милиони Палестинци е под контрола на Хамас од 2007 година по кратката граѓанска војна со ривалската палестинска фракција Фатах, кој владее со Западен Брег. Откако Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, Израел и Египет воведоа строга опсада на територијата, која е во тек. Израел, исто така, воведе воздушна и поморска блокада на Појасот Газа. Пред операцијата во саботата, последната војна меѓу Хамас и Израел беше во 2021 година, која траеше 11 дена, при што загинаа најмалку 250 луѓе во Појасот Газа и 13 во Израел. Нападот се случи еден ден по 50-годишнината од војната во 1973 година, кога Египет и Сирија го нападнаа Израел на најсветиот ден во еврејскиот календар – Јом Кипур.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-poveke-detseniskoto-neprijatelstvo-pomegu-izrael-i-palestintsite/feed/ 0
Шефицата на УНМИК изрази загриженост поради потенцијална ескалација во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sheficata-na-unmik-izrazi-zagrizenost-poradi-potencijalna-eskalacija-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sheficata-na-unmik-izrazi-zagrizenost-poradi-potencijalna-eskalacija-vo-kosovo/#respond Fri, 04 Nov 2022 17:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=755926

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде, денеска изрази длабока загриженост за потенцијалната ескалација на безбедносната ситуација на Косово и ги повика двете страни на смиреност. и воздржаност. Зијаде, специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, потсети на развојот на настаните од есента 2021 година и јули 2022 година и апелираше до страните да ги заштитат досегашните достигнувања, соопшти УНМИК. Таа ги повика сите страни да покажат одговорност и да ги преземат сите мерки на претпазливост за да се избегне влошување на состојбата, што може да има несакани последици. Зијаде повика на враќање на преговорите за да се зачуваат достигнувањата од дијалогот со посредство на ЕУ. „Нема алтернатива на дијалогот за надминување на несогласувањата и спречување на недоразбирања кои би можеле дополнително да ги подигнат тензиите“, рече Зијаде. Спорот меѓу Белград и Приштина за задолжителната пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички на Косово ескалира последните денови. Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за утре закажа средба на сите претставници на косовските институции на северот на Косово, на која ќе предложи сите Срби да ги напуштат тие институции поради суспензијата на директорот на Северната регионална дирекција на косовската полиција, Ненад Ѓуриќ. Ѓуриќ беше суспендиран бидејќи одбил да ја спроведе одлуката на Владата за врачување опомени на сопствениците на возила со српски регистарски таблички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sheficata-na-unmik-izrazi-zagrizenost-poradi-potencijalna-eskalacija-vo-kosovo/feed/ 0
Епидемијата ескалира, луѓе умираат, болниците се преполни, а министерот Филипче води кампања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemijata-eskalira-lugje-umiraat-bolnicite-se-prepolni-a-ministerot-filipche-vodi-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemijata-eskalira-lugje-umiraat-bolnicite-se-prepolni-a-ministerot-filipche-vodi-kampanja/#respond Tue, 30 Jun 2020 11:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=365801

Македонија руши рекорди по бројот на заразени и починати од корона вирусот. Само вчера имаше дури 12 починати и 132 новозаразени, од само 868 тестирања, што значи дека практично секој шести тестиран бил позитивен. Сепак, тоа не е пречка за ресорниот министер да си тера партиска кампања Откако, на официјалната фејсбук страна на министерот за здравство Венко Филипче, осамна видео спот за кампањата на СДСМ „Можеме“, социјалните мрежи „зовреа“. Граѓаните се револтирани – прашуваат со кое лице министерот, кој ќе остане запаметен по најголемата смртност од ковид 19 во регионот, снима партиски спотови додека пациентите умираат во болниците? Бараат одговорност и оставка, пишува „Вечер“. „Дај си оставка, остави политика. Гледаш како ни е состојбата со вирусот, па уште се фалиш, најлоши во свет сме во моментов“. „Речиси 200 заболени, смртни случаи еден куп, здравствените работници со последни сили и вас ви дојде до кампања… ова е големо непочитување кон сите нас…“ „Со овие објави ја губиш довербата кај народот“ „Ова е потврда дека не ги заболе за народот, туку за функциичка“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи, по објавениот партиски видео спот. Филипче, пак, се правда, вели оти немал партиска агенда за изборите, а на теренските активности бил за промоција на изборната програмата оти тој ја пишувал. Спотот го снимал надвор од работно време. Немам партиска агенда за оваа кампања. Вчера бев во Штип и таму се промовираше кампањата за избори. Меѓутоа јас таа кампања ја пишував заедно со тимот и сметав дека е најсоодветно да јас ја претставам пред граѓаните. Во таа смисла и видеото, сите овие активности ги правам надвор од работно време – вели министерот. Во меѓувреме, од Светската здравствена организација само пред три дена ни порачаа оти состојбата со вирусот во земјава е загрижувачка. Земјава речиси еден месец бележи троцифрени бројки на ново заразени, а бројот на починати се приближи до 300 или близу 5 отсто од вкупниот број на заболени што е најголема стапка на смртност во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemijata-eskalira-lugje-umiraat-bolnicite-se-prepolni-a-ministerot-filipche-vodi-kampanja/feed/ 0
Помпео: Нападот на сириските сили врз Идлиб ќе доведе до ескалација на конфликтот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-napadot-na-siriskite-sili-vrz-idlib-kje-dovede-do-eskalacija-na-konfliktot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-napadot-na-siriskite-sili-vrz-idlib-kje-dovede-do-eskalacija-na-konfliktot/#respond Sat, 01 Sep 2018 07:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=94945

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека напад на сириските владини сили врз провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, ќе значи ескалација на конфликтот. - САД на ова гледаат како на ескалација од веќе опасниот конфликт, напиша Помпео на Твитер. Тој во исто време го осуди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров поради тоа што „го брани сирискиот и рускиот напад“. Лавров вчера изјави дека сириската Влада има секакво право да ги истера „терористите“ од енклавата Идлиб. Тој додаде и дека се разговара за воспоставување на хуманитарни коридори во провинцијата. Шефот на руската дипломатија во четвротокот го предупреди Западот да „не си игра со оган“ во Идлиб, посочувајќи дека се подготвува нова провокација со цел да се попречат плановите за спроведување на антитерористичка операција во Идлиб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-napadot-na-siriskite-sili-vrz-idlib-kje-dovede-do-eskalacija-na-konfliktot/feed/ 0