ЕСМ продажба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 11:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕСМ продажба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кадар на ДУИ близок со Груби ќе купува и продава струја за ЕСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadar-na-dui-blizok-so-grubi-ke-kupuva-i-prodava-struja-za-esm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadar-na-dui-blizok-so-grubi-ke-kupuva-i-prodava-struja-za-esm/#respond Fri, 07 Jul 2023 11:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=854007

Поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи кадар на ДУИ  од неодамна раководи со ЕСМ Продажба – фирмата-ќерка на ЕСМ која продава вишоци на електрична енергија и купува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи кога нема доволно производство, објави порталот Фактор. Мустафаи го превзеде местото на Златко Пиперкоски, кој на таа функција беше поставен во октомври лани. Tаа, од опозицијата на почеток на годинава беше посочена во скандалот до имотите на братот на  првиот вицепремиер Артан Груби. Во февруари годинава опозицијата ја обвини Мустафаи дека дала акредитација на компанија наводно блиска на братот на првиот вицепремиер Артан Груби за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво. Опозицијата ја обвини и дека не пријавила во анкетниот лист дека гради хациенда на Попова Шапка, сопственост на нејзиниот сопруг. Набрзо потоа Мустафаи во март си замина од Бирото за метрологија каде беше неколкугодишен директор. Инаку ЕСМ Продажба остварила приходи од 6,57 милиони евра минатата година, најмногу од продажба на електрична енергија во јавниот сектор и произведени вишоци за снабдувачите со струја. Со тоа фирмата-ќерка на ЕСМ за време на енергетската криза се наметна како еден од најголемите трговци со струја во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadar-na-dui-blizok-so-grubi-ke-kupuva-i-prodava-struja-za-esm/feed/ 0
„ЕСМ Продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари со „Балкан Јутилитис“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-prodazhba-potpisha-dogovor-za-nabavka-na-priroden-gas-za-fevruari-so-balkan-jutilitis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-prodazhba-potpisha-dogovor-za-nabavka-na-priroden-gas-za-fevruari-so-balkan-jutilitis/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=792196

„ЕСМ Продажба“ со бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата, информираат од компанијата. Како што велат, на јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата „Актаел“ понуди цена од 99,83 eвра за мегават час, а фирмата „Балкан Јутилитис“ понуди цена на природниот гас од 98,71 евра за мегават час. -Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергентот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа, велат од „ЕСМ Продажба“. Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, нагласуваат дека е склучен валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака. -Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во земјава. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, порачуваат од „ЕСМ Продажба“ и најавуваат дека во текот на февруари ќе биде објавен нов јавен повик за набавка на природен гас за месец март 2023 година. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-prodazhba-potpisha-dogovor-za-nabavka-na-priroden-gas-za-fevruari-so-balkan-jutilitis/feed/ 0
Болниците и здравствените установи веќе користат многу поскапа струја од ЕСМ Продажба наместо од слободен пазар како досега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-i-zdravstvenite-ustanovi-vekje-koristat-mnogu-poskapa-struja-od-esm-prodazba-namesto-od-sloboden-pazar-kako-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-i-zdravstvenite-ustanovi-vekje-koristat-mnogu-poskapa-struja-od-esm-prodazba-namesto-od-sloboden-pazar-kako-dosega/#respond Mon, 17 Oct 2022 11:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=746426

Болниците и здравствените установи во Македонија веќе користат електрична енергија од ЕСМ Продажба, наместо од слободниот пазар како што беше досега и која е многу поскапа, информираше Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнето во емисијата „Студио 10“ на ТВ24. - ЕСМ Продажба веќе им обезбедува струја на болниците и тта е далеку пониска од пазарната цена. ЕСМ Продажба ќе биде конкуренција на слободниот пазар, започна со работа пред две години и мора да го научиме биде конкурентен, изјави Бислимовски. Пред два дена премиерот Димитар Ковачевски рече дека е можно вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ Продажба и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар. - Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија – изјави премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-i-zdravstvenite-ustanovi-vekje-koristat-mnogu-poskapa-struja-od-esm-prodazba-namesto-od-sloboden-pazar-kako-dosega/feed/ 0