еспресо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 06:30:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еспресо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еспресото можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/#respond Mon, 24 Jul 2023 06:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=859314

Пиењето кафе eспресо би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија. Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има и корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот откриле дека eспресото  посебно ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки. - Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на еспресо кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства, вели д-р Маријапина Д'Онофрио. За потсетување, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачки резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји. Со тоа, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на опасност - вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/feed/ 0
Невролозите тврдат: Овој вид на кафе го намалува ризикот од инфаркт и дијабетес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nevrolozite-tvrdat-ovoj-vid-na-kafe-go-namaluva-rizikot-od-infarkt-i-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nevrolozite-tvrdat-ovoj-vid-na-kafe-go-namaluva-rizikot-od-infarkt-i-dijabetes/#respond Mon, 27 Mar 2023 12:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=816911

Важно е да бидете умерени во консумирањето кафе, а познат е и фактот дека пиењето кафе дава енергија, а тоа особено важи за еспресото. Еспресото добро влијае на вашата долготрајна меморија Верувале или не, но овој напиток во мали количини може да ја подобри вашата долготрајна меморија. Невролозите од калифорнискиот Универзитет објавиле истражување во кое заклучиле дека две шолји еспресо влијаат позитивно на вашето помнење. Држете се до препорачаната количина и ќе видите подобрување. Со истражувањето не е утврдено дека еспресото има позитивно влијание на помнењето доколку го пиете повеќе или помалку од две шолји дневно. Еспресото го зголемува обемот на внимание Многу од луѓето денот го започнуваат со еспресо и овој факт не е изненадувачки. Докажано е дека кофеинот ги намалува симптомите на умор и го подобрува вниманието и придонесува во будноста, благодарение на неврохемиските врски. Кафето ја зголемува концентрацијата на допамин која е поврзана со вниманието. Но, доколку пиете повеќе од две шолји дневно вашата концентрација се намалува. Еспресото ви помага да ги изгубите килограмите Откриено е дека еспресото има малку калории во себе. Тоа содржи околу три калории доколку не додавате шеќер и млеко во него. Исто, доколку вежбате по пиење на шолја еспресо, вежбањето ќе ви биде помалку напорно, велат резултатите од истражувањето. Еспресото ја намалува болката во мускулите. Го намалува ризикот од срцеви удари Доколку пиете една или две шолји еспресо дневно, ризикот да добиете срцев удар е помал. Истражувањата потврдиле дека се помали шансите за срцев удар поради антиоксидантите кои се наоѓаат во ова кафе. Еспресото го намалува ризикот од дијабетес Во истражување докажано било дека овој напиток го намалува ризикот за добивање дијабетес тип 2 за 11 отсто. Покрај кафето, важно е луѓето кои имаат предиспозиции за добивање дијабетес редовно да бидат физички активни и да се грижат за својата тежина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nevrolozite-tvrdat-ovoj-vid-na-kafe-go-namaluva-rizikot-od-infarkt-i-dijabetes/feed/ 0
Повикал полиција поради цената на еспресо, познато кафуле казнето со 1.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povikal-policija-poradi-cenata-na-espreso-poznato-kafule-kazneto-so-1-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povikal-policija-poradi-cenata-na-espreso-poznato-kafule-kazneto-so-1-000-evra/#respond Thu, 19 May 2022 09:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=678835

Изнервиран маж повикал полиција откако платил две евра за еспресо без кофеин во кафулето „Ditta Artigianale“ во Фиренца, тврдејќи дека цената не била добро истакната. Познатот бар сега мора да плати казна од 1.000 евра. Тој на олицијата и се пожалил дека цената не била јасно изложена. Грешката, кафулето кое е познато по доброто кафе и неколкуте освоени признанија на натпревари, го чини парична казна. Сопственикот налутено на прокоментирал казната на социјалните мрежи и го бранел кафето кое го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико. -Ме казнија бидејќи некој се навредил што платил две евра за кафе. Дали можете да верувате? Денес секој може да се изнервира, да ја повика полицијата која пак ќе ве казни поради стар закон, вели сопственикот Франческо Санапо. Просечната цена на еспресо во Италија е едно евро, иако најголем дел од кафулињата и баровите ги зголемиле неодамна цените поради проблеми со снабдувањето, но и зголемување на цените на кафето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povikal-policija-poradi-cenata-na-espreso-poznato-kafule-kazneto-so-1-000-evra/feed/ 0
Кое кафе си ти – провери во Барбакан! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koe-kafe-si-ti-proveri-vo-barbakan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koe-kafe-si-ti-proveri-vo-barbakan/#respond Thu, 07 Nov 2019 09:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=261161

Желбата за задоволување на потребите наутро е силна. Сите сетила се начулени, отворени за ново искуство што го носи секој нов ден. Првите капки кои ги допираат усните како велвет се распостилаат по јазикот. Слатко горчливиот вкус го буди телото, уживаш во кофеинот и првата утринска шолја кафе. Но, кое е кафето што ги задоволува твоите утрински потреби? По што копнееш, а што те исполнува? Дали е тоа кафе со силно тело кое нагорчува или лесна пена што те пренесува како бурни морски бранови. Изборот на кафе многу открива и за карактерот на оној кој го пие. Начинот на кој се подготвува, послужува и ужива во него покажува како се носиш со предизвиците и радоста во животот. Дали сакаш да патуваш на нови егзотични локации или не сакаш изненадувања?  Дали сакаш остра арома со смел вкус што протресува како луѓето без влакна на јазикот или го пиеш кремасто и благо, налик на добрите луѓе. Денес со Барбакан за тебе подготвивме тест. Прво направивме тест да откриеш кое кафе си ти и може да прочиташ кое кафе треба да го одбереш за целосно да се опуштиш во божествениот вкус. Дојди во скопскиот бистро бар „Барбакан“, порачај го првиот тип кафе што ќе ти падне на ум од новиот бренд Buondi и откриј се себе си!

Еспресо

Роден лидер! Само една мала голтка од еспресо може да биде многу горчлива и многу интензивна. Исто како и оној што го бира ова кафе, прилично интензивна и смела личност. Работиш напорно, но и се забавуваш лудо. Знаеш како да ги постигнеш работите што ги сакаш. Ти си основата за сите други кафиња. Инспирација си за другите и сакаш работите да ти одат под конец.

Дупло еспресо

Логичар! Многу си практичен и не влетуваш во авантури вртоглаво, како некои од твоите пријатели. Секогаш имаш јасна и конкретна цел пред тебе и максимумот од себе го даваш кога претпоставениот точно ќе ти каже што очекува од тебе.

Макијато

Ти си личност што не сака да носи одлуки. Имаш опуштена природа и навистина не сакаш премногу да ја анализираш секоја одлука. Карактеристична нота ти е спонтаноста и сакаш релаксиран пристап кон работите во животот.

Капучино

Космополитен! Ти си многу софистицирана личност. Имаш префинета смисла за стил и се држиш до класиката. Многу креативен ум и висока социјална интелигенција. Тоа те прави одличен пријател.

Нескафе

Авантурист! Не се плашиш од кафе богато со ароми и вкусови. Сакаш да живееш спонтано во мигот наместо да ги планираш работите до детали. По природа си среќна и позитивна личност и луѓето сакаат да бидат околу тебе. Најдобар начин да го доживееш кафето што си ти, особено ако се сметаш за вистински вљубеник, може да се случи откако ќе го посетиш скопскиот бистро бар „Барбакан“. Затоа што кафето го третираат како стартер на комуникацијата и дружбата. Додека со друштвото уживате во богатиот избор на квалитетно кафе кое ќе го задоволи вкусот и на најизострените љубители на кафето, проверете го и тестот.
„Секој искусен угостител знае дека кафето е една од најважните работи за гостите. Професионалците посветуваат многу внимание кога го одбираат кафето што го служат во барот. Нашиот избор е Buondi, висококвалитетно кафе кое во светот го препознаваат како најдоброто еспресо кафе. Го одбравме и затоа што во шолјата Buondi е преточена една социјална нишка карактеристична за македонскиот менталитет, односно во тие неколку грама препознаваме забавен, интензивен, живописен и социјален, модерен, опуштен, елегантен и рафиниран вкус. Нудиме исклучително искуство кое буди страст, гостите го препознаваат и го одбираат Барбакан за своите бизнис состаноци или попладневни дружби со пријателите“, порачува бариста Ристе Барутовски од Барбакан.
Барот Барбакан се издвојува од останатите скопски места како место со добар вкус и внимателна услуга. Исклучителен амбиент којшто ги задоволува потребите на гостите кои одржуваат бизнис состаноци или оние кои бараат место во попладневните часови да се опуштат на „афтерворк“ забава со исклучително добра музика во живо.
„Љубителите на кафе во Барбакан може да бираат меѓу Buondi Gold и Buondi Perfetto според тоа какво кафе преферираат. Buondi Gold е мешавина од Арабика и Робуста сорти на кафе, со силно тело, ниска киселост и добра горчина избалансирана со кремаста какао структура. Додека Buondi Perfetto е 100% Арабика кафе, сертифицирано од Rainforest Aliance. Има средно тело, средна киселост, ниска горчливост и слатки ноти на бадем. Оние кои ја преферираат горчливоста на кафето може да одберат Buondi Gold, додека Buondi Perfetto е за оние кои не сакаат горчлив вкус. Барбакан се одлучи за кафето 100 Арабика“, објаснува Барутовски.
Со енергичната доза кофеин, во Барбакан може да одберете и вкусен десерт или едноставно, средбата да ја почнете со префинет оброк, што ќе продолжи во незаборавно дружење во амбиент што опива со добра музика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koe-kafe-si-ti-proveri-vo-barbakan/feed/ 0