естонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 19:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png естонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Естонија и Летонија ќе купат воени возила во вредност од 693 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-i-letonija-ke-kupat-voeni-vozila-vo-vrednost-od-693-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-i-letonija-ke-kupat-voeni-vozila-vo-vrednost-od-693-milioni-evra/#respond Wed, 04 Oct 2023 19:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=885277

Естонија и Летонија планираат да ги прошират и модернизираат транспортните способности на нивните вооружени сили со заедничко купување воени возила во вкупна вредност од околу 693 милиони евра (729 милиони долари), соопштија денеска естонските власти. Естонскиот инвестициски центар за одбрана соопшти дека потпишал рамковен договор со локалните претставници на производителите Volvo, Scania и Mercedes Benz. Договорот е со рок од седум години, соопшти органот. Возилата се од различни типови и големини и треба да се нарачаат и испорачуваат во серии, се вели во соопштението. Меѓу нив ќе има и логистички возила наменети за патен транспорт и тактички возила кои ќе можат да се користат и на терен и на пат. Во првата фаза од набавката треба да се набават близу 400 возила, а првите ќе бидат испорачани следната година, се вели во соопштението. Естонија и Летонија неодамна ја проширија соработката во секторот за вооружување во светлината на инвазијата на Москва на Украина. Двете соседни балтички земји од ЕУ и НАТО, кои граничат со Русија, се договорија заеднички да го купат системот за воздушна одбрана со среден дострел Ирис-Т од германско производство, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-i-letonija-ke-kupat-voeni-vozila-vo-vrednost-od-693-milioni-evra/feed/ 0
Естонија ќе испрати граничари во Летонија за помош на границата со Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-ke-isprati-granichari-vo-letonija-za-pomosh-na-granitsata-so-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-ke-isprati-granichari-vo-letonija-za-pomosh-na-granitsata-so-belorusija/#respond Fri, 15 Sep 2023 07:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=878269

Естонија ќе испрати до 20 припадници на гранични патроли во Летонија за да му помогне на својот балтички сосед да ја заштити и провери нејзината граница со Белорусија, изјави естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс. Како што пренесе ДПА, според него, полицајците треба да им помагаат на своите летонски колеги во патроли и масовни контроли онолку долго колку што е потребно. Летонија неодамна регистрираше значително зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат без дозвола да ја преминат границата со Белорусија. - Белорусија ги тестира можностите на своите соседни земји, тоа се исто така хибридни напади, рече Ланеметс. Летонија, заедно со Полска и Литванија, го обвинува белорускиот лидер Александар Лукашенко дека на организиран начин носи мигранти на надворешната граница на ЕУ за да изврши политички притисок. Затоа, сите земји веќе ја зајакнаа заштитата на границата. Литванија веќе испрати до 20 граничари за поддршка на Летонија. Поради тоа, сите земји веќе ја зајакнаа заштитата на границата. Литванија веќе испрати 20 граничари за поддршка на Летонија. Летонија, Литванија, Естонија и Полска се членки и на Европската унија и на НАТО. Хибридните закани значат дека напаѓачите се потпираат на комбинација од класични воени операции, економски притисок, хакерски напади, па дури и пропаганда во медиумите и социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-ke-isprati-granichari-vo-letonija-za-pomosh-na-granitsata-so-belorusija/feed/ 0
Естонија и Летонија заеднички ќе набавуваат германски системи за ПВО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-i-letonija-zaednichki-ke-nabavuvaat-germanski-sistemi-za-pvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-i-letonija-zaednichki-ke-nabavuvaat-germanski-sistemi-za-pvo/#respond Mon, 22 May 2023 07:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=837274

Естонија и Летонија планираат заедничка набавка на германски системи за ПВО со цел да го заштитат воздушниот простор на тие две членки на НАТО, соопштија министерствата за одбрана на двете земји. Според привремениот договор, испораките на системот заедниза противвоздушна одбрана со среден дострел IRIS-T SLM, произведен од германскиот производител на оружје Diehl Defence, би можеле да започнат во 2025 година. Доколку се спроведе, тоа ќе биде најголемиот договор за одбранбена соработка меѓу балтичките соседи кои граничат со Русија. Вредноста на договорот и деталните информации за бројот на системи што се планира да се набават не се откриени, бидејќи преговорите со добавувачот се уште се во тек, соопштија министерствата за одбрана на Естонија и Летонија. Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур го опиша договорот како „заеднички проект од историски размери“ за одбранбената соработка на двете земји, нагласувајќи дека тоа е „најголем досега“ договор меѓу Талин и Рига. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-i-letonija-zaednichki-ke-nabavuvaat-germanski-sistemi-za-pvo/feed/ 0
Кралот и кралицата на Шведска во посета на Естонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/#respond Tue, 02 May 2023 16:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=829838

Шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти и кралицата Силвија денеска ја започнаа тридневната државна посета на Естонија, прва на поранешната советска република по повеќе од 30 години. Кралската посета има за цел зајакнување на соработката меѓу двете земји во безбедносниот и одбранбениот сектор, економијата и во областа на образованието, истражувањето и иновациите, соопшти кабинетот на естонскиот претседател. Естонскиот претседател Алар Карис и неговата сопруга ги пречекаа шведскиот крал и кралица на централниот Плоштад на слободата во Талин со воени почести, а толпата граѓани од сите возрасти вееја естонски и шведски знамиња. Кабинетот на претседателот на Естонија соопшти дека посетата на кралот сведочи за блиското пријателство меѓу Естонија и Шведска, особено затоа што оваа година се одбележуваат 50 години од стапувањето на тронот на кралот Карл Густаф 16. Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија, поранешни советски републики кои се членки на Европската унија и НАТО, се соседи на Шведска преку Балтичкото Море и имаат блиски деловни и политички врски со неа. Естонија има историски врски со Шведска, бидејќи малата земја со 1,3 милиони жители била провинција на Шведската империја во 17-тиот и почетокот на 18-тиот век. Последен пат шведскиот крал и кралица беа во државна посета на Естонија во 1992 година, една година откако балтичката земја ја врати својата независност по речиси 50 години советско владеење. Кралот Карл Густаф Шеснаесетти дојде на тронот на 15 септември 1973 година и е монарх кој најдолго владеел во Шведска. Во јуни во Шведска со различни свечености ќе биде одбележана 50-годишнината од неговото владеење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-i-kralitsata-na-shvedska-vo-poseta-na-estonija/feed/ 0
Естонија испраќа автобуси и генератори за струја во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-isprakja-avtobusi-i-generatori-za-struja-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-isprakja-avtobusi-i-generatori-za-struja-vo-ukraina/#respond Sun, 20 Nov 2022 11:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=763702

Естонската Влада испраќа 27 автобуси за Киев, додека приватни донатори собрале средства за да купат 13 генератори за струја за земјата разурната од војна. Автобусите треба да бидат испорачани во текот на ноември и декември, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин. Тоа следи по претходна испорака на 17 користени автобуси. -За да му се помогне на украинското општество да функционира што е можно похумано паралелно со војната, Украина мора да биде поддржана не само воено и политички, туку и со хуманитарна помош“, рече естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу. Автобусите ќе им помогнат на луѓето во Украина во нивниот секојдневен живот, додаде тој. Генераторите за струја се купени од естонскиот огранок на Лајонс клуб, светска граѓанска организација. Во наредните денови генераторите треба да бидат испратени во училишта и детски институции кои работат во засолништа за итни случаи, изјави претставник на непрофитната организација, пренесуваат естонските медиуми. Естонија, поранешна советска земја со 1,2 милиони жители, е еден од најверните меѓународни поддржувачи на Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-isprakja-avtobusi-i-generatori-za-struja-vo-ukraina/feed/ 0
Естонија бара нови санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-bara-novi-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-bara-novi-sankcii-protiv-rusija/#respond Mon, 22 Aug 2022 14:38:15 +0000 https://kurir.mk/?p=722178

Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу денеска повика на нови санкции против Русија поради војната со Украина, јави ДПА. „Треба нагло да ја подигнеме цената на агресијата за агресорот пред зимата. Седмиот пакет санкции досега не изврши доволен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина“, изјави Реинсалу за Естонското радио. Новиот пакет санкции предложен од Естонија вклучува сеопфатно енергетско ембарго, дополнителни ограничувања за трговијата и поединците и забрана за посета на руски државјани во ЕУ. Владата во Талин минатата недела достави до Европската комисија официјален предлог за осми пакет санкции. „Естонија веќе го ограничи издавањето визи за Русите и сега ја повикува Европската унија да престане да издава визи за руските граѓани. Некој мора да го направи првиот чекор, се надеваме дека може да се постигне паневропски договор во некоја форма“, рече Реинсалу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-bara-novi-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-planira-da-i-isporacha-na-ukraina-dopolnitelno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-planira-da-i-isporacha-na-ukraina-dopolnitelno-oruzje/#respond Fri, 19 Aug 2022 05:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=720763

Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје, како противтенковско оружје и минофрлачи, јави ДПА. Балтичката земја, исто така, планира да ја поддржи британската иницијатива за проширување на обуката на украинските вооружени сили и донирање втора теренска болница на Украина во соработка со Германија, соопшти естонското Министерство за одбрана. Талин веќе му обезбеди воена помош на Киев во износ од 250 милиони евра. Меѓу доставените оружја имало противтенковски мини и противтенковски ракети Џавелин, како и неколку хаубици од старите источногермански залихи во државата]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-planira-da-i-isporacha-na-ukraina-dopolnitelno-oruzje/feed/ 0
Телефонски разговор Османи – Реинсалу: Продолжува соработката со Естонија особено во сферата на дигитализацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telefonski-razgovor-osmani-reinsalu-prodolzuva-sorabotkata-so-estonija-osobeno-vo-sferata-na-digitalizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telefonski-razgovor-osmani-reinsalu-prodolzuva-sorabotkata-so-estonija-osobeno-vo-sferata-na-digitalizacijata/#respond Tue, 16 Aug 2022 17:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=719448

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше телефонски разговор со новиот министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу и притоа изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и ја реафирмира заложбата за развој на соработката, особено во сферата на дигитализација, користејќи го естонското искуство за модернизација и дигитализација. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, во фокусот на разговорите беше иднината на процесот на проширување на Европската Унија во светло на почетокот на преговорите со Република Северна Македонијa. Министерот Османи се заблагодари за континуираната и силна поддршка од Естонија, потенцирајќи ја историската важност од одржувањето на Првата Меѓувладина Конференција во Брисел, што претставува ново поглавје во односите со Европската Унија. Во телефонскиот разговор министерот го информирал естонскиот колега и за идните чекори и реформи кои престојат во Северна Македонија, а се поврзани со текот на преговорите и унапредувањето на добрососедските односи. Министерот Реинсалу, како што се наведува во соопштението, оддаде признание за носењето храбри одлуки за изнаоѓање решение за придвижување на европскиот процес и потврдување на европската иднина на нашата држава. Дополнително, ја реафирмира естонската поддршка на нашите евроинтеграции. -Беше поздравено нашето сојузништвото во НАТО, со посебен акцент на последиците врз Европа предизвикани од руската агресија врз Украина, како и за улогата на Балтичките земји во сочувување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент, се посочува во соопштението од МНР. За време на разговорот биле разменети и мислења околу идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година, како и други актуелни прашања од доменот на надворешната политика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telefonski-razgovor-osmani-reinsalu-prodolzuva-sorabotkata-so-estonija-osobeno-vo-sferata-na-digitalizacijata/feed/ 0
Летонија и Естонија ја напуштија кинеската иницијатива за соработка со источноевропските земји „16+1“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-i-estonija-ja-napushtija-kineskata-inicijativa-za-sorabotka-so-istochnoevropskite-zemji-16-1/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-i-estonija-ja-napushtija-kineskata-inicijativa-za-sorabotka-so-istochnoevropskite-zemji-16-1/#respond Fri, 12 Aug 2022 18:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=717839

Летонија и Естонија соопштија дека го напуштиле кинескиот форум за зајакнување на односите со источноевропските земји, познат како иницијатива „16 плус еден“. Претходно, Кина започна економски и дипломатски мерки против Литванија, поради зајакнувањето на нејзините врски со Тајван, кој Пекинг го смета за своја провинција. „Со оглед на актуелните приоритети на летонската надворешна и трговска политика, Летонија одлучи да го прекине учеството во рамките на соработката на земјите од Централна и Источна Европа и Кина“, соопшти летонското Министерство за надворешни работи. Летонија ќе продолжи со „конструктивни и прагматични односи со Кина, како билатерално, така и преку соработка меѓу ЕУ и Кина, почитувајќи го меѓународното право, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила“, се вели во соопштението. Слично соопштение лиферуваше и Естонија. Кина го воспостави форумот за зајакнување на односите со земјите-членки на ЕУ, како и со други земји, делумно за да го зајакне енергетскиот инфраструктурен проект „Појас и пат“ на претседателот Си Џинпинг. Критичарите сметаат дека кинеската иницијатива е обид на Кина да ги искористи разликите во ставовите на земјите опфатени со неа, како дел од пошироката кампања за обединување со Русија и поткопување на сегашниот меѓународен поредок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-i-estonija-ja-napushtija-kineskata-inicijativa-za-sorabotka-so-istochnoevropskite-zemji-16-1/feed/ 0
Естонија ги затвора границите за Русите со шенген визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=717147

Следната недела Естонија ќе ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи издадени од таа земја, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Урмас Рејнсалу. - За една недела ќе се применат санкции за шенген визите што ги издава Естонија на граѓаните на Русија. Санкцијата значи дека визите ќе останат валидни, но носителите на визи ќе бидат санкционирани при влез во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот - рече Рејнсалу на прес-конференцијата. Тој изјави дека вработените во дипломатските претставништва во Естонија и членовите на нивните семејства, лицата кои се занимаваат со меѓународен карго и патнички транспорт и оние кои имаат право на слободно движење според правото на ЕУ ќе бидат ослободени од санкции, пренесува РИА Новости. Од санкциите ќе бидат изземени и лицата чиј влез во Естонија е неопходен од хуманитарни причини, блиските роднини на естонските граѓани и оние кои имаат дозвола за постојан престој во Естонија. Естонскaтa премиерка Каја Калас во вторникот изјави дека е неопходно да се прекине издавањето туристички визи за руските граѓани и посетата на Европа ја нарече „привилегија, а не човеково право“. По почетокот на војната во Украина, некои европски земји предложија да се ограничи издавањето шенген визи за Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред два дена ги повика западните земји да забранат влез на сите Руси на една година. Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека најважни санкции се затворањето на границите затоа што „Русите ја одземаат туѓата земја“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-rusite-so-shengen-vizi/feed/ 0