естрада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Jan 2021 09:00:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png естрада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонската естрада се простува од Џорлев: Таму горе вечно нека свири твојата виолина https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-dzorlev-tamu-gore-vechno-neka-sviri-tvojata-violina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-dzorlev-tamu-gore-vechno-neka-sviri-tvojata-violina/#respond Sat, 02 Jan 2021 09:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=451211

Eден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професоr Зоран Џорлев почина вчера ненадејно како последница од коронавирус. Македонската естрада во шок и неверување на прими веста за смртта на големиот виртуоз, па се огласи на социјалните мрежи каде изрази последна почит. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-dzorlev-tamu-gore-vechno-neka-sviri-tvojata-violina/feed/ 0
Деца на познатите што никогаш не успеаја да се пробијат на естрадата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/deca-na-poznatite-shto-nikogash-ne-uspeaja-da-se-probijat-na-estradata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/deca-na-poznatite-shto-nikogash-ne-uspeaja-da-se-probijat-na-estradata/#respond Sun, 15 Nov 2020 18:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=429923

Децата на Аца Лукас, Луис и Џоле Џогани и Слаѓана Делибашиќ, се доказ дека и покрај славните родители, талентот и желбата за слава, не сите успеваат да се пробијат на естрадата. Некои од нив пробаа и се откажаа, други и понатаму пеат, но немаат ниту еден хит. Прва на листата е Маја Новаковиќ, ќерката на легендарниот Луис. Таа проба да се прослави преку музичкото шоу „Фактор Х“, но не постигна значаен успех. По ова, не продолжи со музика. Во истото шоу се натпреваруваше и Маринела Џогани, ќерка на Слаѓана Делибашиќ и Џоле Џогани од некогашното дуо „Џогани“. И таа немаше успешни настапи што ќе ги запамети публиката, па по завршувањето на шоуто реши вече да не се занимава со музика. Трет на листата е синот на Аца Лукас, Андреј, кој проба да стане познат со неколку песни. Иако имаше многу гостувања на телевизиите во Србија, и медиумите пишуваа за него, тој не ја освои публиката, а неговите песни доживеаја неуспех. По неколку снимени песни, Андреј се повлече и веќе не пробува да стане пејач. Извор: Репортер.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/deca-na-poznatite-shto-nikogash-ne-uspeaja-da-se-probijat-na-estradata/feed/ 0
(Е)страдните уметници на протест пред владата, „ѕвездите“ си останаа дома: Раздор до срж’… до коска! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/#respond Thu, 08 Oct 2020 09:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=413811

Музичарите, естрадните уметници, ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите… вчера, среда, 7-ми октомври 2020 година, го одржаа најавениот на протест пред владата на Република Македонија. Бројката од околу 1000 нивни преставници и преставниците на нивните здруженија беше доволна, а гласноста многу посилна од владините пропишани „55 децибели“  да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства, како и за нивните вработени и нивните фамилии, пишува Вистина.мк Иако масовноста не беше мала, сепак можеби многумина очекуваа протесниот собир да биде уште помасовен, особено што на него не се појавија токму оние „уметници“ кои не ретко знаат да бидат најгласни токму во реакциите на социјалните мрежи, по кулоарите, па и во кабинетите и канцелариите по институциите… Особено кога се делат државни или поточно, наши, народни пари за разни нивни „тезги“, платени настапи за различни прослави, партиски или изборни митинзи, манифестации, нови години, плоштади, питијади, пиво, вино, не знам веќе какви се’ не фестови и фестивали, каде токму истите се први во редот да се закачат на „државна цицка“, па да качат на сцена! Тогаш се најгласни, најбунтовни, најкритизерски расположени…! Ги гледавме пред владата по шаторите и бината кога нивните ментори и финансиери беа во опозиција, ги гледаме и сега кога истите се на власт, па и тие со нив,  во уште подобра позиција да „цицаат“ од веќе споменатата „државна цицка“, од „вимето“  наречено буџет, за што и да е! Но, тоа е само едната страна, едното лице на длабоката поделеност во сите сегменти кај народот на оваа земја, за некои се’ уште само Македонија, за споменатите прекрстена во Северна! Покрај политичката поделеност, протестот на музичарите, ДЈ-ите, продуцентите, ивент индустријата… ги покажа всушност сите лица на поделбите по разно-разни основи! И што е најинтересно кога е голата егзистенција во прашање, тие не се нималку по национална основа, зашто, како што спомена и организаторот во своето обраќање, а можеше да се види и на самиот протест, а и на бината, својот револт и незадоволство го изразија преставници на естрадно-музичко-угостителската фела од сите националности кои живаеат во Македонија. Нивни претставници, но не по национална, туку по еснафска основа говореа од бината за своите маки и проблеми предизвикани од Ковид 19 пандемијата, која не погаѓа сите. Поделбите се многу почудни и понелогични. Очигледно беше дека најбројни на протестот беа „народњаците“. И тоа од оние најголемите македонски пејачки и свирачки фолк ѕвезди, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Мишко Крстевски, Маријан Коцев, Ирена Спасовска, Сузана Гавазова, Сани Гроздановска, Тања Јовановска – Трајкова, Кате – Соната, Адријана – Кеш, Ирена Вељовска… и уште еден куп соло изведувачи и членови на групи како „Респекти“, „Балкан бенд“, „Скопски боеми“… Па дури и некои млади македонски „Гранд ѕвезди“ како Стефан Величковски на пример или модната фела преставувана од Мики Црнокрак,  беа пред владата. Кој повеќе, кој помалку погоден и обесправен, ама сепак дојдоа и да протестираат за себе, а  и да им дадат поддршка на колегите. Покрај нив стотици други помалку или повеќе познати музичари беа со нив. Колку и да изгледа за пофалба нивната сплотеност, човечка или заради заедничката мака што ги мачи, повеќе од очигледно беше дека другата страна од естрадната фела изостана. Имено, таканаречените „забавњаци“, особено “ѕвездите“ од македонската поп или ар ен би естрада никаде ги немаше. Додека најголемите, најпопуларните и најпознатите кај фолкерите излегоа на улица, овие си останаа дома! Приказните што веднаш почнаа да кружат се сведоа на божемни оправдувања и квалификации дека тие не припаѓале помеѓу „народњаците и тезгарите“, дека нема што да бараат со „сељаците“?!!  Доколку е навистина така, тогаш е крајно неколегијално, навредливо, срамно, тажно и трагично! А всушност зад тоа се крие нешто сосема друго. Најмногу политика, помалку страв и плашливост, а најмалку инертност и безволност. Првото – заради личните интереси, релации и корелации со власта, нејзините и нивни спонзори од олигархијата и поситните „трговци“, второто – стравот да не се биде обележан и ставен во немилост при добивањето државни тезги и спонзорства, последното – опшатата апатија и неверување дека било што во оваа земја може да се промени! Секоја чест на оние од рок ен рол фелата, помалку или повеќе познати лица кои се појавија на протестот пред владата, како некои од членовите на „Меморија“, „Ласт Експедишн“, „Суперхикс“… и музичарите од останатите повеќе или помалку познати рок бендови. Како и на малкумината, кои на прсти можеа да се избројат од „џез, поп, ар-ен-би, рап…“ сцената како Џон Илија Апелгрен, Панчо – ДНК или Тони – Зен и секако ДЈ-ската фела, кои покажаа и желба и волја и „ма*иња“ да кажат дека вака веќе не оди! Алтернативната сцена  тесно поврзана со „шарената револуција“  и нејзините „шарени колективи“ кои денес дебело цицаат од Град Скопје, МКЦ, Универзална сала, КИЦ… и другите државни „вимиња“, не мора ни да споменеме дека беа „први перјаници на улицата“ само додека не седнаа во удобните фотелји на власта и нејзините институции. Сега нивниот сон од „улични глувци“ еден ден да станат „канцеларсики стаорци“ е остварен, па зошто тогаш би се бунтувале и протестирале, нели? Кај ивент индустријата истата приказна. Поделени на оние со и против власта, на бивши и сегашни „цицачи“, а некои и тогаш и сега, некои ниту тогаш , ниту сега… Едните не ги поддржуваат другите, а со тоа ниту протестот на кој тие што ќе се појават на него, автоматски се против другите. Раздор до срж’… до коска! Распукано по сите шавови, расцеп по многу основи, а проблемот еден ист за сите: Како да се живее и преживее од музика? Од добра заработка, очигледно сме сите далеку! Или можеби, не баш сите!!? извор: Вистина.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/feed/ 0
Македонските пејачи го креваат гласот: Наместо настапи добиваат забрани, наместо аплауз слушаат неправда-еве зошто излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-pejachi-go-krevaat-glasot-namesto-nastapi-dobivaat-zabrani-namesto-aplauz-slushaat-nepravda-eve-zoshto-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-pejachi-go-krevaat-glasot-namesto-nastapi-dobivaat-zabrani-namesto-aplauz-slushaat-nepravda-eve-zoshto-izleguvaat-na-protest/#respond Wed, 07 Oct 2020 08:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=413298

Старата народна изрека „Колку пари, толку музика“ изминативе месеци македонските музичари ја почувствуваа на своја кожа, но по обратен редослед. Колку музика, толку пари или во превод – нула! Целосно обесправени, без владина поддршка и помош, македонските пејачи и бендови на свој грб понесоа огромен терет. Денес го креваат својот глас! Музичарите повикувајќи ги сите засегнати од оваа индустрија, за денес најавија протест пред Влада. Протестот е закажан од 14 до 17 часот, под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“. Истиот е замислен како музички хепенинг, а иницијативата за него почна на социјалните мрежи, каде бројни угостители и музичари го искажуваа револтот од најновите, поригорозни мерки на Владата за работа на угостителските објекти и локали и забраната за настапи. КУРИР стапи во контакт со едни од најзвучните имиња на македонската естрада. Додека “ѕвездите“ од регионот продолжија да ја користат Македонија како локација за правење на пари, македонските музичари кои творат и изведуваат во име на земјата, останаа дома. Револтирани се од мерките кои (не)беа превземени, а згора на тоа министерот за здравство Венко Филипче покажа дрзок однос кон нив кога им порача: „Нека протестираат пред Инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои починаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите…“ – меѓудругото им порача на музичарите пред утрешниот протест министерот Филипче. Министерот треба да знае дека директната одговорност за поразителната статистика е најмногу на адреса на Владата која ја претставува, а најмалку кај музичарите! КУРИР побара изјави од музичарите чија работа секогаш била поддржувана од нашиот медиум. Со таа поддршка ќе продолжиме и понатаму, а најмногу сега. Не сме им потребни само за промовирање на успесите, туку и сега кога им е најтешко, кога ги направеа незаслужено поразени. Еден од најмоќните вокали во Македонија е пејачката Нина Јанева. Изреволтирана од односот на Филипче и комисијата, таа во изјава за КУРИР испрати силна порака во надеж дека истата ќе допре до надлежните. „Министре и ценета комисијо: Небулоза е да отвориш туристичка сезона цели четири месеци во сред пандемија, небулоза е да распишеш избори во сред пандемија, небулоза е да ги натераш родителите да одат на работа и трудничко да не продолжиш, а велиш има пандемија, небулоза е да патат сите семејства поврзани со уметност, угостителство, музика, спорт и сите точки што спаѓаат и се тесно поврзани со овие области. Небулоза е да велиш "очекуван бран", а токму ти и таа комисија сте дозволиле да го има тој бран, небулоза е да го лажете, плашите и казнувате народот на кој веќе и онака му е преку глава од сите неправди и омаловажувања, небулоза е да се носат маски на отворено, небулоза е да се носат маски со фамилија во автомобил, небулоза е да го замолчувате народот на кој му ги скративте сите права, а му ги зголемивте обврските и сметките за струја, небулозни се сите пакет мерки и ваучери кои гордо ги објавивте. Небулоза е да патат деца чии родители останаа без еден денар 5 месеци, небулоза е да го игнорирате робовладетелското однесување на газдите према вработените, небулоза е да им дозволите на банките и кредитните друштва да се изживуваат со дупли камати, небулозни сте комплет цела изротирана гарнитура, небулоза направивте и од државава. Затоа сите до еден ќе излеземе на протест и следните ангажмани за кои државата или локалната самоуправа ќе не повикаат ќе чинат трикратно повеќе затоа што македонскиот музичар има гордост. А да, да ви се плукнам и во Карлеуша и во Лукас и во Стоја и во Сејо Калач и сите кои ги плаќате 5 пати повеќе од нас. Пу бе, како спиете навечер“ – порача таа. Еден од најдобрите македонски бендови кој со години ги полни дискотеките, клубовите и рестораните ширум Македонија, а баран е и во странство, е Либеро бенд. Млади момци, секогаш вредно насочени кон работа, создавање на македонска  музика, исполнување на барањата на публиката. КУРИР стапи во контакт со пејачот на Либеро бенд, Иван Јованов, а тој детално ни објасни како стојат работите во нивната професија изминатиов период. -Ние сме бенд кој свири во текот на целата година и со сигурност можам да кажам дека сме бенд кој има најмногу настапи во Македонија. Во последниве седум месеци сме имале седум настапи. Еден од нив беше прекинат поради тоа што луѓето не биле седнати на високи маси, не смееле да стојат, таков бил законот! За изјавата на министерот дека треба да протестираме пред Инфективна клиника, мислам дека треба таму да ги однесат сопствениците само на оние локали кои не ги почитуваат мерките. Сигурен сум и дека можат да ги најдат луѓето кои биле таму бидејќи има низа снимки на социјалните мрежи, па се гледа кој каде седи, истакна тој. Јованов вели дека има локали во кои сопствениците се одговорни, како и музичарите, па почитувајќи ги препораките, можат да се одржат настапи на кои сите ќе бидат заштитени и безбедни. -Последен настап ни беше во саботата во „Де факто“ каде сум сигурен дека се беше по протокол.  Според големината на локалот и просторот се распоредува да се држи дистанца и да се почитуваат мерките. Не ми се ни коментира за идејата да се стопираат настапите на музичарите и ди-џеите. Со српските артисти се помина, сега ние сме виновни и нас нè санкционираат. За законот дека ќе се казнува за над 55ДБ... тоа е веќе смешно! Има професори, продуценти, експерти во оваа област кои можат да ги прашаат што се тоа 55ДБ, а не да донесуваат вакви смешни одлуки. Ние, музичарите, не се правиме паметни, само реагираме и бараме правда. Поради два локали кои не работеле по протокол, а артистите од Србија поминаа и си го наполнија кесето, ние дома си вадевме цвеќиња. Притоа не сме на терет на државата, истакнува вокалот на Либеро бенд во изјава за КУРИР. Младите пејачи со кои Македонија се гордееше на регионалните музички натпревари, собираат аплаузи од сите, а дома доживуваат големи неправди. Талентираниот Костадин Петрушев кој има бројни настапи и воодушевува со својот вокал вели дека музичарите не добиле никаква помош од државата. -Го поддржувам протестот бидејќи ние како уметници носиме добра порака, а секој човек е одговорен за себе. Не само тука, во Македонија, туку секаде низ светот. Ние преку микрофоните не правиме заразување со коронавирус. Искрено, помош не добивме никаква, најмалку финансиска, за жал, истакна Петрушев во изјава за КУРИР. Кога ќе се слушне името на Стефан Величковски, сигурно ќе се сетите на момчето кое со своите маестрални настапи направи да му аплаудираат најголемите ѕвезди во регионот и балканската публика. Но, Стефан дома, во Македонија, одамна не ги слуша аплаузите од публиката, како и неговите колеги. Во изјава за КУРИР тој дава голема поддршка за денешниот протест и образложува зошто. -Време беше да се излезе на протест затоа што ние, музичарите, најмногу ја почувствувавме кризата од коронавирусот, а не добивме ни денар помош од државата. Еве јас лично немам добиено никаква помош. Не е фер да се затворат сите локали заради некои други, да не ги именувам, а тоа се 3-4 локали во земјава. Секој од нив што не ги почитува мерките, треба да сноси одговорност и да си ја плати казната како што е по ред и закон. Не е фер да страда цела свадбена индустрија и да не се најде никакви решение за одржување на свадби и прослави, како да е само таму ризикот од заразата. Многу музичари живеат и ранат фамилии од тој бизнис, а државата нема слух за тоа. Затоа време е за протест и наоѓање на решение. Ова не трае два месеци туку пола година и повеќе, истакна тој во изјава за КУРИР. На социјалните мрежи деновиве има бројни реакции од изведувачите. Дали Владата ќе го чуе нивниот глас, останува да видиме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-pejachi-go-krevaat-glasot-namesto-nastapi-dobivaat-zabrani-namesto-aplauz-slushaat-nepravda-eve-zoshto-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Младите македонски пејачки покажаа со што располагаат, тетоважи, бујни гради, танги (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mladite-makedonski-pejachki-pokazaa-so-shto-raspolagaat-tetovazi-bujni-gradi-tangi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mladite-makedonski-pejachki-pokazaa-so-shto-raspolagaat-tetovazi-bujni-gradi-tangi-foto/#respond Tue, 07 Jul 2020 08:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=85310

Летото е иделно за одмор за сите, ама и за добар маркетинг на познатите, особено јавните личности од естрадата. Бидејќи музиката денес колку што се слуша, толку и се гледа, летото е навистина згодно доба кое нуди безброј прилики естрадата да покаже што има… Се разбира, поексплицитно од вообичаеното, зашто плажата, сонцето, морето или езерото, па и базенот нудат можност што вообичаено сцената не ја нуди, освен ако не си Мадона, Мајли Сајрус, Иги Азелеа… или некоја од тие таквите… А ние сме во се’, па и во провокацијата далеку од нив, па затоа жештините и социјалните мрежи се идеално место за промоции на сопствените пропорции! Дел од познатите Македонки од нивните избрани летни дестинации за одмор веќе ги видовме  на Вистина.мк во колекцијата од секси фотографии на ѕвездите. Како договорени се одлучија да носат жешки костими за капење со ултра длабоки деколета. Од Елена Ристеска, Елена Стефановска, Лила Филиповска, Миа Костова, Мелита Ракиќевиќ… Арно ама, како и во се’ останато,  Македонија има подмладок за машала и кога е естрадата во прашање. Ако ги прочешлате социјалните мрежи ќе налетате на исто толку жешки, а кај некои и повеќе од тоа фотографии, колку што имаат и оние, условно речено „постарите“, поискусните и поетаблираните од нив. Очигледно е дека и помладите имаат што да покажат кога се во прашање телесните атрибути во летно издание, па затоа ние и ним им обрнавме внимание. Младата македонска естрадна гарда гради… кариера! А она што се гради, се гради за покажување. Зошто инаку воопшто и би пееле? Само што овој пат не ги демонстрираат своите вокални, туку телесни квалитети! Од Мартија Станојковиќ, Антонија Гиговска, Ања Ветерова, преку Елена Миленковска, Теа Трајковска, Тамара Ангеловска, до Марија Груевска и Девана Нардели… Сите се млади, убави, згодни, секси…нели? Секоја со своја фотографии во сопствениот филм и сопствена поза, помалку или повеќе секоја од нив со тело разголено, онолку колку што е дозволено, ги истакнуваат своите телесни адути. На вас останува е да ја изберете Вашата омилена млада македонска пејачка… Според гласот или стасот што го поседува! Мартија Станојковиќ Антонија Гиговска Ања Ветерова Елена Миленковска Теа Трајковска Тамара Ангеловска Марија Груевска Девана Нардели vistina.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mladite-makedonski-pejachki-pokazaa-so-shto-raspolagaat-tetovazi-bujni-gradi-tangi-foto/feed/ 0
Малолетници ја тероризираат српската естрада: Лепа Брена преживеала агонија, на екс сопругата на Аца Лукас и барале пари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/maloletnici-ja-teroriziraat-srpskata-estrada-lepa-brena-preziveala-agonija-na-eks-soprugata-na-aca-lukas-i-barale-pari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/maloletnici-ja-teroriziraat-srpskata-estrada-lepa-brena-preziveala-agonija-na-eks-soprugata-na-aca-lukas-i-barale-pari/#respond Tue, 18 Sep 2018 15:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=102747

Социјалните мрежи ги преплавува нов вид криминал, а малолетници кои се во средношколските клупи свесно или не почнуваат да се занимаваат со сајбер криминал, јавуваат српските медиуми. Бројни јавни личности од српската естрада останаа без своите профили на социјалната мрежа Инстаграм, поради група малолетници. Овие млади лица секојдневно хакираат профил на некоја позната личност, а последниот случај во кој и беше „нападнат“ профилот на водителката Сања Маринковиќ резултираше со апсење наколку малолетници. Како што јавуваат српските медиуми, првиот случај бил забележан пред неколку месеци кога бил хакнат профилот на Лепа Брена, при што било сменето името. Пејачката успеала да го врати својот профил по речиси две недели, а во јавноста не сакаше да се огласува во врска со овој случај. Нејзината блиска пријателка Соња Вуксановиќ, поранешната сопруга на Аца Лукас, се најде на истиот удар. Сајбер криминалците за да и го вратат профилот барале огромен износ на пари. -Тоа е сајбер криминал во кој се вклучени момци од Белград и околината. Прва година средно се. Ми влегоа во профилот и се променија, потоа почнаа да им се обраќаат на луѓето во мое име. Продолжија да ми бараат пари за да ми го вратат профилот назад, но ми помогнаа пријатели, вели Соња за српски „Блиц“ Случна непријатост доживеал и пејачот Слободан Радановиќ кој вели дека лицата лажно се претставуваат преку мејл. -Влегуваат на профил и ги менуваат сите шифри. Се ми избришаа. Профилот буквално ми остана празен. Две недели немав профил, но среќа успеав да го вратам назад. Сето ова го прават некои деца, но треба родителите да гледаат што децата им прават додека се дома, објаснува Радановиќ. Најлошо искуство со хакерите имале водителките Сања Маринковиќ и Ксенија Бујишиќ кои некогаш не успеале да ги повратат своите профили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/maloletnici-ja-teroriziraat-srpskata-estrada-lepa-brena-preziveala-agonija-na-eks-soprugata-na-aca-lukas-i-barale-pari/feed/ 0