ЕСЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Mar 2019 08:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕСЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Заложничка драма во автобус, Тигрите на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zaloznichka-drama-vo-avtobus-tigrite-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zaloznichka-drama-vo-avtobus-tigrite-na-teren/#respond Mon, 18 Mar 2019 08:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=175868

Се работи за тактичко-показна вежба на Единицита за специјални задачи Тигар на МВР, „Напад на автобус, заради решавање на заложничка ситуација, спасување на заложници, совладување и лишување од слобода на опасни лица“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zaloznichka-drama-vo-avtobus-tigrite-na-teren/feed/ 0
Посветеност, храброст и патриотизам, Тигрите денес слават 38 години од формирањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posvetenost-hrabrost-i-patriotizam-tigrite-denes-slavat-38-godini-od-formiranjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posvetenost-hrabrost-i-patriotizam-tigrite-denes-slavat-38-godini-od-formiranjeto/#respond Wed, 13 Mar 2019 15:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=174388

38 години професионализам, посветеност, храброст и патриотизам... ЕСЗ Тигар нека Ви е честит Денот на единицата! Да го славите уште многу години со нови ообеди и успеси!

Единицата за специјални задачи „Тигри” е синоним за професионалност, за максимална подготвеност и храброст, подготвена да се спротивстави на каков и да е зададен предизвик. Ова е единица на луѓе со висок морален, етички кредибилитет и интегритет. Тоа многупати досега е докажано и убеден сум оти тоа ќе се докажува и во иднина во одбраната на стабилноста, безбедноста и уставниот поредок на Република Северна Македонија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното одбележување на 38 години од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигри” во скопската касарна Илинден.

Да се биде припадник на Единицата за специјални задачи, нагласи, е голема чест, а можеби поголема е и обврската која бара исполнување многу високи индивидуални човечки перформанси и професионални стнадарди.

– Пред Вас стојат и големи очекувања, немам дилема дека како и досега, така и во иднина дека ќе ја докажувате својата стручна и лична посветеност кон професијата што сте ја избрале, но примарно кон заштитата и безбедноста на законите и на граѓаните на нашата земја, како базични работни задачи, рече Спасовски. Потсетувајќи на припадници на полициските „Тигри”, кои го загубија животот извршувајќи ги професионалните задачи, тој истакна дека тоа е огромен залог, што не треба да биде заборавен, а не обврзува сите да го чуваме и негуваме споменот на нив.

Како актуелно раководство на МВР, подвлече Спасовски, наша примарна обврска е постојано да бидеме насочени кон воспоставување услови и стандарди, кои ќе значат динамично приспособување на Единицата кон сите зададени безбедносни предизвици и задачи.

– Високата позиционираност и квалитет се силно обврзувачки и мотивирачки да продолжиме уште поинтензивно во процесите на севкупна професионална организација унапредување, надградба на овој суштински столб на полициското работење, нагласи во обраќањето министерот Спасовски.

Митко Даневски, командант на полициските „Тигри” истакна дека денес во борбата против тероризмот и најтешките облици на организиран криминал единицата зазема важна улога во безбедноста на државата.

– Единицата, како еден од столбовите на безбедноста ќе остане и понатаму високо обучена, мотивирана и професионална формација, која во соработка со останатите субјекти во системот за одбрана и безбедност ќе го чува  мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните, порача командантот на „Тигрите”, Даневски.

Следејќи ги општествено-безбедносните случувања, пред се новите облици на тероризам и организиран криминал, а со цел за нивно спречување и сузбивање, најави дека фокусот на единицата ќе биде ставен на покревање и усовршување на методите и техниките на обученост и доопремување со материјално-технички средства. Заблагодарувајќи се на поддршката од МВР, информира дека се обезбедени комплет нови униформи во урбана и рурална средина, за сите припадници на единицата е извршена набавка и дополнување на снајперските и алпинистичките тимови со специјална опрема, а двократно се покачени и личните примања.

– Припадниците извршуваат најчесто задачи во високо ризични непредвидливи и крајно екстремни ситуации, во кои несебично се жртвуваат за постигнување на целта, дури и по цена на сопствениот живот, рече меѓу другото Даневски. И тој ги спомена и седуммината, како што рече, херои, кои вршејќи ја својата должност, штитејќи ги уставниот поредок, мирот и безбедноста на граѓаните ги дадоа сопствените животи. На тој начин, подвлече, ни поставија високи морални и професионални норми, како пример за нас и за идните генерации.

На одбележувањето на Денот на единицата, беа доделени благодарници и признанија, а на најдобриот во Единицата „Тигри” во 2018 година Драган Прокопоски му беше доделена тактичка пушка -сачмарка. Најдобриот „Тигар” им порача на своите колеги да го негуваат тимскиот дух и да вложат максимални напори во извршувањето на професионалните задачи, но пред се да бидат трпеливи.

Пред зградата на „Тигрите” на споменикот на загинатите припадници беа положени венци од страна на раководството во МВР, нивните колеги од единицата и од нивните семејства.

  Извор: 24info.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posvetenost-hrabrost-i-patriotizam-tigrite-denes-slavat-38-godini-od-formiranjeto/feed/ 0
ФОТО: „Тигрите“ добија нови униформи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tigrite-dobija-novi-uniformi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tigrite-dobija-novi-uniformi/#respond Mon, 22 Oct 2018 10:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=118020

Единицата за специјални задачи добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување на посебни и специјални задачи. Набавени се 200 комплети униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплети униформи за специјална полиција за рурална средина. Секојдневните наши ангажмани како актуелно раководство на министерството за внатрешни работи јасно ја докажуваат нашата цврста решеност да ја трансформираме полицијата во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tigrite-dobija-novi-uniformi/feed/ 0
Нетпрес: По „Тигрите“ прераспоредени и инспектори за соработка со Интерпол и НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-po-tigrite-prerasporedeni-i-inspektori-za-sorabotka-so-interpol-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-po-tigrite-prerasporedeni-i-inspektori-za-sorabotka-so-interpol-i-nato/#respond Thu, 05 Jul 2018 08:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=73280

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски продолжува со чистки во МВР, па последни во низата деградирани полицајци се половина инспектори од канцеларијата на Интерпол и НАТО одделенијата кои се разрешени, пишува Нетпрес. Тројца припадници на одделението за соработка со Интерпол и двајца од Одделението за соработка со НАТО и класифицирани информации се прераспоредени по налог на Оливер Спасовски. Дел од полицајците одбиле под присила да потпишат изјави за нивна смена, па со полициски местенки се упатени на дисциплинска одговорност, додека, пак останатите директно по налог на Спасовски, наведува порталот. Со каков капацитет ќе одговори МВР на заложбите за примена на ригорозните стандарди за управување со класифицирани информации при влез на Македонија во НАТО ако долгогодишни професионалци на брутален начин се исфрлени од ова полициско одделение? Десетина барани криминалци се доведени во Македонија и пред лицето на правдата преку активната посветеност на инспекторите од Интерпол кои сега Спасовски ги трга од своите работни места. Систематското уништување на секој со изграден углед во меѓународната полициска заедница е одлика на Спасовски и неговите пајташи бидејќи самите се неспособни, без познавање на странски јазици и резултати во своето работење. Сите сменети инспектори и началници треба да знаат дека неправдата ќе им биде исправена и со гордо крената глава ќе имаат можност да даваат повторно придонес за Македонија. Како што Нетпрес пишуваше завчера шест партиски активисти на ДУИ се распоредени како виши и главни инспектори за борба против организиран и сериозен криминал во МВР, и досега никогаш не работеле на било кое место во јавната администрација. Трагедијата да е поголема е што Спасовски на овие лица им потпшал решенија за виши и главни инспектори но истовремено приправници. Истовремено 30-ина припадници на Единицата за специјални задачи беа распоредени во Единицата за службени кучиња. МВР вчера со реакција се обиде да ги демантира последниве случувања со коментар дека станува збор за  сензационалистички шпекулации, но потврди дека во сите организациони единици при МВР тековно и врз основа на потребите и проценките за извршување на работните задачи од надлежност на Министерството, се спроведува распоредување на вработени, а сето тоа строго согласно постапката утврдена во Законот за внатрешни работи и другите позитивни подзаконски акти и правилници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-po-tigrite-prerasporedeni-i-inspektori-za-sorabotka-so-interpol-i-nato/feed/ 0
ФОТО: 37 години ЕСЗ „Тигар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-37-godini-esz-tigar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-37-godini-esz-tigar/#respond Tue, 13 Mar 2018 14:26:31 +0000 http://kurir.mk/?p=29596

Полициската Единица за специјални задачи „Тигар“ денес одбележа 37 години од своето формирање. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека почнувајќи од 1981, па до денес, оваа единица е гарант на безбедноста и сигурноста на државата и најзините граѓани. Составена е од високопрофилирани професионалци, кои воспоставија строги критериуми и дисциплина за нејзиното дејствување. Тој истакна дека „Тигрите“, се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита, подготвени да дејствуваат во непредвидливи ситуации, со исклучително висок ризик по сопствениот живот. Командантот на ЕСЗ Митко Доневски нагласи дека да се биде припадник на Единицата е огромна чест и гордост, но уште поголема обврска и одговорност. - Свесни за значењето и улогата на оваа Единица, чувствувам должност да упатам порака дека ЕСЗ ќе остане високо обучена, мотивирана и професионална формација, која во соработка со останатите субјекти во системот на одбраната и безбедноста, ќе продолжи по секоја цена да го чува мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните на Република Македонија, заклучи Доневски. При одбележувањето Денот на формирањето на Единицата, им беше оддадена почит со едноминутен молк на загинатите припадници на ЕСЗ и беше положено цвеќе пред споменикот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-37-godini-esz-tigar/feed/ 0
Изваден лешот од Вардар, телото на маж предадено на идентификација и обдукција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvaden-leshot-od-vardar-teloto-na-maz-predadeno-na-identifikacija-i-obdukcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvaden-leshot-od-vardar-teloto-na-maz-predadeno-na-identifikacija-i-obdukcija/#respond Wed, 17 Jan 2018 09:40:29 +0000 http://kurir.mk/?p=12142

Единицата за специјални задачи вчера околу 11 часот го извадила човечкиот леш од водите на Вардар кај селото Сопот, кој беше заглавен меѓу карпи. Од полицијата денес информираат дека се работи за леш на маж кој по наредба на јавен обвинител е предаден на Институтот за судска медицина – Скопје за вршење идентификација и обдукција на телото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvaden-leshot-od-vardar-teloto-na-maz-predadeno-na-identifikacija-i-obdukcija/feed/ 0
Човечки леш пронајден во Вардар – ЕСЗ на терен, телото не може да се извади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chovechki-lesh-pronajden-vo-vardar-esz-na-teren-teloto-ne-moze-da-se-izvadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chovechki-lesh-pronajden-vo-vardar-esz-na-teren-teloto-ne-moze-da-se-izvadi/#respond Tue, 16 Jan 2018 09:35:01 +0000 http://kurir.mk/?p=11529

Човечки леш, заглавен помеѓу карпи бил забележан вчера во водите на Вардар во близина на селото Сопот. Случајот во СВР Велес бил пријавен околу 12:30 часот. -Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката. Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chovechki-lesh-pronajden-vo-vardar-esz-na-teren-teloto-ne-moze-da-se-izvadi/feed/ 0