ЕТА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Nov 2020 12:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕТА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фото: Градовите на југот од Флорида погодени од тропската бура Ета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-gradovite-na-jugot-od-florida-pogodeni-od-tropskata-bura-eta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-gradovite-na-jugot-od-florida-pogodeni-od-tropskata-bura-eta/#respond Tue, 10 Nov 2020 12:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=427343

Градовите на југот од Флорида се погодени од налетот на тропската бура Ета, јавува утрово агенцијата „АП“. Едно од најпогодените урбани подрачја е Форт Лодердејл. Многу домови се поплавени а водата не се повелекувала до часови. Тропската бура Ета пристигна вчера до јужните острови на Флорида во САД после поминувањето низ Централна Америка и Мексико каде зад себе остави десетици настрадани и преку 100 исчезнати лица. Властите во Флорида ги затвориле плажите, местата за тестирање на Ковид-19, го запрен е и сообраќајот а од луѓето се бара да не излегуваат на улиците. Ета имала максимална јачина на ветрот од 100км/ч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-gradovite-na-jugot-od-florida-pogodeni-od-tropskata-bura-eta/feed/ 0
Франција ќе и предаде на Шпанија 7.000 предмети поврзани со ЕТА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-kje-i-predade-na-shpanija-7-000-predmeti-povrzani-so-eta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-kje-i-predade-na-shpanija-7-000-predmeti-povrzani-so-eta/#respond Tue, 02 Oct 2018 08:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=109424

Франција ќе и предаде на Шпанија 7.000 предмети, вклучувајќи оружје и документи, кои би можеле да расветлат повеќе од 350 нерешени злосторства што ги извршила баскиската сепаратистичка организација ЕТА за време на шеесетгодишната вооружена борба за независност на Баскија. Премиерите на Шпанија и Франција Педро Санчез и Едвард Филип во Мадрид водеа церемонија по повод одбележување на денот кога ЕТА го предаде оружјето и ставија акцент на билатералната судска и полициска соработка на двете земји. Локалните медиуми јавија дека на вчерашната церемонија присуствувале и поранешни лидери на Шпанија, роднини на жртви на ЕТА и луѓе што преживеале напади. Организацијата е одговорна за смртта на повеќе од 800 луѓе, вклучувајќи полицајци, политичари и бизнисмени. ЕТА кон крајот на април се извини за злото што им го нанела на жртвите и членовите на нивните семејства за време на вооружената борба за независност на Баскија, во северниот дел на Шпанија и југозападна Франција, а на 2 мај целосно ги расформира сите свои структури. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-kje-i-predade-na-shpanija-7-000-predmeti-povrzani-so-eta/feed/ 0
Мировна конференција за одбележување на самораспуштањето на ЕТА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mirovna-konferencija-za-odbelezuvanje-na-samoraspushtanjeto-na-eta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mirovna-konferencija-za-odbelezuvanje-na-samoraspushtanjeto-na-eta/#respond Fri, 04 May 2018 13:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=49855

Меѓународни посредници и претставници на баскиското цивилно општество се собраа денеска на мировна конференција за да го одбележат крајот на сепаратистичката организација Баскиска татковина и слобода (ЕТА). Во отворено писмо до баскискиот народ, ЕТА во средата соопшти дека ги распушта своите структури и повеќе нема да изразува политички ставови. Во текот на речиси 50 години сепаратистичка кампања, ЕТА е одговорна за убиството на над 850 лица во рамки на борбата за создавање баскиска држава во северна Шпанија и југозападна Франција. Во 2011 година таа објави примирје, а минатата година се разоружа. Семејствата на жртвите на нападите на ЕТА таквиот потег го оценија како пропаганда и побараа шпанската Влада да продолжи со прогон на сите кои биле поврзани со насилни дејствија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој вчера изјави дека ЕТА не треба да се надева на амнестија за извршените злосторства. - Што и да напарави, ЕТА не може да се извлече без казна… Ништо не и должиме и нема за што да и бидеме благодарни, посочи Рахој. ЕТА е формирана на 31 јули 1959 година, за време на диктатурата на Франциско Франко во Шпанија. Сепаратистичка организација во 2011 година соопшти дека се откажува од насилството, а во 2017 година го предаде оружјето на француските власти и достави листа со скриени магацини за оружје. Таквиот потег шпанските власти го оценија како обид на ЕТА да се самораспушти. ЕТА во завчерашното писмо соопшти дека целосно „ги расформира своите структури“ и ја признава одговорноста за неуспехот да го реши баскискиот „политички конфликт“. Баскиската сепаратистичка организација пред две недели се извини за злото кое го нанеле на жртвите и членовите на нивните семејства за време на речиси 50-годишната вооружена борба за независност на Баскија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mirovna-konferencija-za-odbelezuvanje-na-samoraspushtanjeto-na-eta/feed/ 0
ЕТА ќе се самораспушти во мај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eta-kje-se-samoraspushti-vo-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eta-kje-se-samoraspushti-vo-maj/#respond Thu, 19 Apr 2018 06:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=42840

Баскиската екстремистичка организација ЕТА на почетокот на следниот месец ќе објави конечно распуштање, јави телевизијата ЕТБ. Во текот на речиси 50 години сепаратистичка кампања, ЕТА е одговорна за убиството на над 850 лица во обид да создаде баскиска држава во северна Шпанија и југозападна Франција. Во 2011 година таа објави примирје, а минатата година се разоружа. Во февруари, локалниот весник „Гара" соопшти дека лидерите на ЕТА ќе побараат од нивните членови да гласаат дали организацијата целосно да се распушти  во наредните месеци. Според ЕТБ, организацијата ќе го објави своето распуштање за време на првиот викенд во мај. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eta-kje-se-samoraspushti-vo-maj/feed/ 0