етички кодекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Jun 2018 13:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етички кодекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реал го казнува Роналдо за кршење на етичкиот кодекс на тимот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-go-kaznuva-ronaldo-za-krshenje-na-etichkiot-kodeks-na-timot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-go-kaznuva-ronaldo-za-krshenje-na-etichkiot-kodeks-na-timot/#respond Fri, 01 Jun 2018 13:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=61043

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, може да се соочи со парична казна за прекршување на етичкиот кодекс на клубот. Шефовите на Реал Мадрид ја испитуваат контроверзната изјава на Кристијано Роналдо по финалето на Лигата на Шампионите во Киев за можното напуштање на Реал, за да видат дали има причина да му наметнат казна. Со контроверзната изјава по финалето на ЛШ португалскиот фудбалер го нарушил етичкиот кодекс на Реал Мадрид и сега клупската управа ќе одлучи дали да го казни или не. Во предметниот кодекс се наведува дека сите клупски вработени треба да се грижат за добрата слика на „белиот“ тим и да бидат одговорни за нивното однесување. Етичкиот кодекс важи и за вработените во Реал Мадрид и за лица поврзани со Фондацијата и соработниците на клубот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-go-kaznuva-ronaldo-za-krshenje-na-etichkiot-kodeks-na-timot/feed/ 0
Етичкиот кодекс усогласен на Жан Моне на 11 јуни на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etichkiot-kodeks-usoglasen-na-zan-mone-na-11-juni-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etichkiot-kodeks-usoglasen-na-zan-mone-na-11-juni-na-sobraniska-sednica/#respond Mon, 28 May 2018 10:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=59218

Предлог-Етичкиот кодекс на Собранието, кој беше усогласен од страна на пратеничките групи на првата средба во рамки на Жан Моне процесот во Охрид, ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 11 јуни, јави МИА. Во тек е потпишување од страна на претседателот, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи на Предлог- Етичкиот кодекс кој во текот на неделава и официјално би влегол во собраниска процедура. Целта на носењето на овој документ е почитивање на основните етички правила и афирмација на достоинството за зачувување на угледот на Собранието и на пратениците. Етичкиот кодекс содржи поглавја со начела, јавност и одговорност, за заемно почитување и почитување на личниот интегритет на другите, основни правила на однесување, правила за спречување судир на интереси, забрана за корупција и на подароци... За измените на Деловникот за работа на Парламентот, кои беа исто така едно од главните прашања на Жан Моне, работните групи на политичките партии, според договорот, треба дефинитивно да се изјаснат до средината на јуни. Таквите предлог-измени на Деловникот ќе бидат ставени во собраниска процедура. Членови на работните групи на пратеничките партии се истите кои присуствуваа на разговорите во Охрид. Разговорите во рамки на Жан Моне процесот беа иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. Освен Предлог-Етичкиот кодекс на 47. седница на дневен ред е Извештајот за напредок на ЕК за Република Македонија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etichkiot-kodeks-usoglasen-na-zan-mone-na-11-juni-na-sobraniska-sednica/feed/ 0
Собранието ќе добие Етички кодекс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-dobie-etichki-kodeks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-dobie-etichki-kodeks/#respond Thu, 10 May 2018 13:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=52627

Собранието на Република Македонија подготвува Етички кодекс кој ќе има за цел да ја зајакне етиката кај пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека документот е во фаза на нацрт верзија и оти за да биде законодавниот дом функционален потребно е да се воспостават етички норми, стандарди и правила кои ќе бидат секојдневие, без разлика дали некој е на власт или во опозиција. – Градењето на парламентарната демократија никогаш не е лесна задача. Понекогаш се случуваат и настани за кои посакуваме никогаш да не се случеле или пак настани поради кои домашната јавност и меѓународната заедница го вперуваат прстот кон нас, рече Џафери на панел дебатата за етичкиот кодекс во Парламентот. Додаде дека како претседател на Собранието уште на почетокот на мандатот изјавил дека нема да дозволи да се повторат негативните настани од минатото и оти со несебичниот ангажман на сите политички чинители државата се вратила кон вистинските демократски процеси. Според етичкиот експерт во француското Собрание, Фердинанд Сукраманен, парламентарната етика треба да се заснова на четири принципи и тоа доверба меѓу пратениците, нивните постапки надвор од Собранието, надоместоците за нив од надвор и контролата на трошоците на пратениците. - Парламентарната етика е основа за создавање доверба во Собранието. Таа треба да содржи каква било изјава на пратеникот, анкетниот лист, неговите врски со бизнисот, приватните интереси итн. Во Франција постои принцип за секој подарок над 150 евра, пратеникот треба да се консултира со тие од собраниската етика. Патните трошоци за пратениците да се плаќаат на независна сметка, така што нивната контрола да е полесна. За секој трошок, дури и приватен, но од јавен интерес, пратеникот треба да се консултираат со одговорните за етиката со цел да се преземаат превентивни мерки за евентуалните злоупотреби, посочи Сукраманен. Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние порача дека пратениците и претседателот на македонското Собрание треба самите да го најдат начинот на етичко однесување. - Мора да го најдете начинот на етичко однесување. Во овој поглед, мнозинството и опозицијата мора да играат конструктивна улога и заеднички да го подготват Етичкиот парламентарен кодекс. Нашата практика може да се земе како основа за да ве инспирира, рече Тимоние. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-dobie-etichki-kodeks/feed/ 0