етички кодес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 11:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етички кодес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружение на јавни обвинители: Писмото од Русковска го нарушува угледот и Етичкиот кодекс на јавните обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-javni-obviniteli-pismoto-od-ruskovska-go-narushuva-ugledot-i-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-javni-obviniteli-pismoto-od-ruskovska-go-narushuva-ugledot-i-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/#respond Thu, 04 Aug 2022 11:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=713999

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации. Како професионално здружение, се посочува во денешната реакција од Здружението на јавни обвинители, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители. – Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност, подвлекуваат од Здружението. Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите останати јавни обвинители, истакнуваат, мора да се водат од начелата на законитост и правичност. – Освен тоа, Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство. Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката, се вели во реакцијата. Јавното обвинителство, стои во реакцијата, имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-javni-obviniteli-pismoto-od-ruskovska-go-narushuva-ugledot-i-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/feed/ 0