етика во религиите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 15:41:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етика во религиите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН: Етика во религиите останува изборен предмет и во учебната 2023/2024 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024/#respond Tue, 18 Apr 2023 15:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=825072

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопштија од Министерството за образование и наука. Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, и во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети - втор странски јазик и слободни изборни предмети. - Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на Министерството за образование и наука, овој предмет да остане во системот на основно образование и да биде избор за учениците и родителите кои сметат дека оваа тема е соодветна за периодот од животот на децата кога тие се градат како личности и стекнуваат морални вредности, се наведува во соопштението. Концепцијата за основно образование предвидува широка понуда на изборни предмети што произлегуваат од искажаните интереси на учениците и се насочени кон развивање на нивните потенцијали и зголемување на задоволството на учениците од престојот во училиште. Покрај предметот Етика во религиите, посочуваат од Министерството за образование и наука, учениците можат да изучуваат програмирање, сликарство, театар, танци и народни ора, да изберат спортски активности, мултикултурни работилници, образование за животни вештини, градинарство и хортикултура и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024/feed/ 0
Етиката во религиите мора да остане како дел од образовниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/#respond Sun, 18 Dec 2022 12:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=777226

Предметот Етика во религиите мора да остане како дел од образовниот систем, е заклучокот од панел-дискусија на тема „Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија“, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, а во блиска соработка со Асоцијацијата на професорите по наставниот предмет Етика во религиите. Проектот инициран од Фондацијата Конрад Аденауер, имаше за цел одново да го актуелизира прашањето во јавниот дискурс за потребата и придобивките од верското образование во основните училишта на Република Северна Македонија, односно според зборовите на коосновачот и координатор на Асоцијацијата, монахињата Ефимија, сè потешкиот предизвик истото да опстане во училиштата на нашата земја. – Од особена важност за нас е тоа што повторно се отвора една ваква јавна дискусија по однос на значењето и опстанокот на предметот Етика во религии во системот на македонското образование, во смисла на негово институционално препознавање и заштита среде она што кај нас во последно време е популарно како Концепција за основно образование, рече таа во своето обраќање. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски посочи дека настанот е позитивна можност да потсетиме за значењето, кое предметот Етика во религиите го имаше досега во образовниот систем во државата, но и да се акцентираат поенти зошто неговиот статус треба да се заштити, но и да се унапреди. – Како општество, во различни сегменти имаме евидентни проблеми-предизвици, коишто во оној елементарен период на градење и подигање на личноста на младите се многу важни да бидат надминати и превенирани. Многу е важно во новата Концепција за основно образование да биде внесен овој предмет, како би овозможиле отворена можност на младиот човек да запознава, да учи, но и да се облагородува, зашто ние можеме да му понудиме сувопарни знаења од различни области, но доколку тоа не го надополниме и со едни вредносни вертикали, сè ќе биде залудно, истакна Сотировски. Професорот на Правниот факултет Јустинијан Први, Александар Спасеновски, посочи дека изучувањето на верското образование во јавниот образовен систем претставува еден од поважните чекори коишто ги има направено оваа држава, бидејќи наоѓа на една општа оправданост, а тоа го покажуваат анкетите, од страна на родителите и секако од страна на децата – учениците кои го изучуваат овој предмет. – Но, од март 2021 година, кога беше издадена новата Концепција за основно образование, можеме да забележиме едни негативни трендови, поврзани со истиснувањето на изучувањето на предметот Етика во религиите од јавниот образовен систем, за сметка на некои други предмети, со што на некој начин не се излегува во пресрет на очекувањата на родителите, кои во огромно мнозинство сакаат нивните деца да го изучуваат овој предмет. Државата не смее да го турка во ќош изучувањето на овој предмет, за сметка на изучувањето на некои други предмети. Станува збор за две барања: Првото барање е наместо да имаме молк од страна на институциите, да има дијалог со претставниците со професорите по Етика во религиите. И второ, да се најде начин како да се адаптира и унапреди усвоената Концепција за основното образование, на начин на кој статусот на предметот Етика во религиите нема да се деградира, туку ќе се задржи, и ако има можност истиот да се унапреди, посочи Спасеновски. Претседателот на Асоцијацијата на професори по Етика во религии, отец Бобан Митевски, рече дека целта на делувањето на Асоцијацијата, но и верските заедници, е да се истакнеме важноста од потребата за учењето на религиите во образовниот систем. – Ние, насекаде се фалиме со нашите верски објекти, со нашите верски скапоцености, без разлика на која религија припаѓаат, а не сакаме да имаме знаење за сето тоа. Од друга страна, моралните начела, кои се и тоа како важни во еден општествен контекст за правилен развој и на младите, но и на сите нас, се една постојана насока во тоа како да дејствуваме, како да живееме и како да ги правиме животот и општеството едноставно подобри. Затоа сметаме дека е од особено значење овој молк на државните институции да престане и да се претвори во дијалог за потребата и за важноста од изучувањето на предметот Етика во религии, рече о. Митевски. Професорот Амел Куртиши посочи дека сите истражувања и анкети за предметот и за изучување на религиите покажале дека заинтересираноста на децата и младите во глобала е голема. – Тоа е дел од нивниот идентитет. Доколку ние им ја дадеме таа можност да истражуваат за својата религија и за религијата на другите, тоа ќе придонесе нивниот идентитет да биде покохезивен, да биде постабилен и да можат полесно да се соочат со дилемите коишто ни ги нуди ова современо општество. Секако дека за тоа многу би придонело проучувањето на еден компаративен пристап, во којшто ќе се третираат повеќе религии за да може да се запознаат сите, за да се разбере дека тоа што нè соединува е многу повеќе од тоа што нè дели. Тоа многу би придонело кај луѓето и децата – кои се нашата иднина – за да се создаде еден предуслов за соживот, толеранција, заедничко работење и соработка, во вакви општества како нашето, коишто се мултиконфесионални и мултиетнички, изјави Куртиши. На панел-дискусијата директорот за настава во ПЕГАСУС ЕЛС, Перица Сарџоски, понуди нови дигитални решенија со цел зголемување на интеракцијата и подобрување на наставата на професорите по предметот Етика во религиите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/feed/ 0