етиопија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 16:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етиопија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во судирите во Етиопија повеќе од 10.000 жртви на сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudirite-vo-etiopija-poveke-od-10-000-zhrtvi-na-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudirite-vo-etiopija-poveke-od-10-000-zhrtvi-na-seksualno-nasilstvo/#respond Mon, 18 Sep 2023 16:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=879207

Најмалку 10.000 жени и девојчиња биле жртви на сексуално насилство во Етиопија и покрај мировниот договор меѓу завојуваните страни, велат експерти на Обединетите нации (ОН) во извештај објавен денеска. Претседателот на Меѓународната комисија на експерти за човекови права во Етиопија, Мохамед Чанде Отман, рече дека ситуацијата останува „исклучително сериозна“ и покрај мировниот договор потпишан во ноември 2022 година. Насилството избувна во ноември 2020 година, главно во северниот регион Тиграј, кој со месеци беше отсечен од надворешниот свет. Во извештајот се наведува дека сите страни во таа војна извршиле злосторства, вклучувајќи масовни убиства, силување, гладување и уништување училишта и медицински установи. Во извештајот се вели дека војниците од соседната Еритреја и членовите на милицијата од групата Амхара во Етиопија продолжуваат да вршат сериозни злосторства во Тиграј, вклучително и „систематско сексуално насилство врз жени и девојчиња“. Комесарката Радика Кумарасвами рече дека присуството на еритрејските трупи во Етиопија покажува не само „вкоренета политика на неказнивост, туку и дека владата на земјата „постојано ги поддржува и толерира таквите прекршувања“. - Убиени се цели семејства, роднините принудени да гледаат ужасни злосторства врз нивните најблиски, додека цели заедници се раселени или протерани од своите домови, истакна таа. Цитирајќи проценки од седум здравствени центри само во Тиграј, комисијата рече дека повеќе од 10.000 преживеани од сексуално насилство побарале медицинска помош од почетокот на конфликтот до јули оваа година. Извештајот на експертите е објавен во време на неизвесност за идната работа на тимот истражители кои го напишаа, бидејќи Советот за човекови права на ОН на почетокот на октомври треба да одлучи дали да го продолжи нивниот мандат, додека етиопската влада на премиерот Аби Ахмед сака тоа да не се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudirite-vo-etiopija-poveke-od-10-000-zhrtvi-na-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Армијата на Етиопија ја врати контролата врз шест градови во Амхара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armijata-na-etiopija-ja-vrati-kontrolata-vrz-shest-gradovi-vo-amhara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armijata-na-etiopija-ja-vrati-kontrolata-vrz-shest-gradovi-vo-amhara/#respond Thu, 10 Aug 2023 13:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=865539

Ситуацијата во северната етиопска држава Амхара се смири откако федералната армија ја врати контролата врз неколку градови, кои минатата недела беа заземени од локалната милиција Фано. Владата на Етиопија синоќа соопшти дека градовите Бахир Дар, Лалибела, Гондар, Шева Робит, Дебре Берхан и Дебре Маркос се „ослободени од заканата на бандитите“. Исто така најави дека во тие градови ќе биде воведен полициски час, мерка што ќе остане во сила до 23 август. Сè уште не е познат бројот на жртвите во насилството во Амгара. Двајца лекари изјавија дека има голем број цивилни жртви. Амхара се граничи со бунтовната северна етиопска држава Тиграј, против која премиерот Аби Ахмед нареди офанзива во ноември 2020 година. Конфликтот заврши со мировен договор потпишан две години подоцна во Јужноафриканската Република. „Фано“ беше сојузник на федералната армија во битките против Народниот фронт за ослободување на Тиграј. Меѓутоа, односите меѓу амхарската милиција и централните етиопски власти потоа се влошија, а во април имаше протести и насилство во регионот. На 4 август етиописката федерална влада воведе вонредна состојба во Амхара, откако милицијата Фано зазеде неколку градови. Етиопија е втората најнаселена земја во Африка и една од најголемите економии на континентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armijata-na-etiopija-ja-vrati-kontrolata-vrz-shest-gradovi-vo-amhara/feed/ 0
Народниот фронт за ослободување на Тиграј повеќе не е терористичка група во Етиопија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/narodniot-front-za-osloboduvane-na-tigraj-poveke-ne-e-teroristichka-grupa-vo-etiopija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/narodniot-front-za-osloboduvane-na-tigraj-poveke-ne-e-teroristichka-grupa-vo-etiopija/#respond Wed, 22 Mar 2023 15:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=815082

Парламентот на Етиопија денеска го отстрани Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ) од листата на терористички групи во земјата. Етиопскиот државен радиодифузен сервис EBC објави дека мнозинството од 547 пратеници во Етиопија гласале за отстранување од листата, само 61 биле против, а петмина биле воздржани. Етиопската влада и ТПЛФ потпишаа мировен договор во Јужна Африка во ноември 2022 година, со кој ставија крај на двегодишната граѓанска војна и блокадата на северниот етиопски регион Тиграј. ОН проценуваат дека само во Тиграј половина милион луѓе ги загубиле животите за време на конфликтот. ТПЛФ беше ставен на листата на терористички групи на источноафриканската земја во мај 2021 година по избувнувањето на конфликтот, заедно со друга бунтовничка група, Ослободителната војска на Оромо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/narodniot-front-za-osloboduvane-na-tigraj-poveke-ne-e-teroristichka-grupa-vo-etiopija/feed/ 0
ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tplf-podgotven-za-mirovni-pregovori-so-vladata-na-etiopija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tplf-podgotven-za-mirovni-pregovori-so-vladata-na-etiopija/#respond Mon, 12 Sep 2022 07:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=731493

Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ), кој приближно две години војува со Владата на Етиопија, соопшти дека е подготвен на прекин на огнот и би прифатил мировен договор под патронат на Африканска Унија (АУ). Подготвени сме веднаш да се придржуваме до заемно договорениот прекин на непријателствата, соопшти ТПЛФ, додавајќи дека веќе формирале тим преговарачи. Во јуни, владата на Етиопија ја повика АУ да помогне во започнувањето на мировните преговори. Федералните власти претходно изјавија дека сакаат да преговараат без предуслови. ТПЛФ е во војна со централната етиопска Влада од ноември 2020 година. Бунтовниците го обвинуваат премиерот Аби Ахмед за централизирање на власта на сметка на регионите во Етиопија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tplf-podgotven-za-mirovni-pregovori-so-vladata-na-etiopija/feed/ 0
УЖАСНА СТАТИСТИКА: Најмалку 1.900 деца во Етиопија починале од глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-statistika-najmalku-1-900-deca-vo-etiopija-pochinale-od-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-statistika-najmalku-1-900-deca-vo-etiopija-pochinale-od-glad/#respond Wed, 20 Apr 2022 19:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=666209

Најмалку 1.900 деца помлади од пет години починале во минатата година од неухранетост во регионот Тиграј во Етиопија за време на вооружени конфликти, се нагласува во студија спроведена од регионалните здравствени служби. Смртните случаи на деца беа пријавени во здравствените установи низ Тиграј од јуни минатата година до 1 април оваа година, но Западен Тиграј, што е контролиран од силите од соседниот регион Амхара, не е вклучен во студијата. Лекар кој работел на студијата рече дека реалниот број на смртни случаи кај неухранетите деца е веројатно поголем бидејќи многу семејства не можеле да ги донесат своите деца во здравствените домови поради проблеми со транспортот. -Бидејќи не можеме да пристапиме до повеќето области, не знаеме што се случува на ниво на целата заедница. Станува збор за смртни случаи кои успеавме да ги евидентираме во здравствените установи, но најголем дел од смртните случаи предизвикани од неухранетост останаа неевидентирани, изјави доктор кој побара анонимност поради страв од одмазда. Тиграј е отсечен од остатокот од Етиопија од јуни минатата година, кога борците на Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF) повторно зазедоа голем дел од регионот по повлекувањето на федералните сили.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-statistika-najmalku-1-900-deca-vo-etiopija-pochinale-od-glad/feed/ 0
Етиопија прогласи хуманитарно примирје во Тиграј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-humanitarno-primirje-vo-tigraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-humanitarno-primirje-vo-tigraj/#respond Thu, 24 Mar 2022 16:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=652795

Владата на Етиопија денеска прогласи „неограничено хуманитарно примирје“ во завојуваниот регион Тиграј, наведувајќи дека тоа е неопходно за непречено доставување помош во областа. -Владата ја повикува донаторската заедница да го удвои својот дарежлив придонес за ублажување на ситуацијата и ја повторува својата посветеност да работи со релевантните организации за да се забрза обезбедувањето хуманитарна помош за оние на кои им е потребна, се вели во соопштението. Во соопштението се додава дека силите од Тиграј мора да возвратат со примирје за да се подобри хуманитарната ситуација во регионот. Владата ги повика борците лојални на водачите на пребеганите сили од Тиграј „да се откажат од сите акти на понатамошна агресија и да се повлечат од областите што ги окупираа во соседните региони“. Засега не е јасно дали хуманитарниот прекин на огнот е чекор кон сеопфатен прекин на огнот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-humanitarno-primirje-vo-tigraj/feed/ 0
АИ: Борците на Тиграj од Етиопија силувале, ограбувале и тепале жени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-borcite-na-tigraj-od-etiopija-siluvale-ograbuvale-i-tepale-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-borcite-na-tigraj-od-etiopija-siluvale-ograbuvale-i-tepale-zeni/#respond Wed, 10 Nov 2021 09:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=593507

Бунтовниците, борци на Народоослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) силувале, ограбувале и напаѓале жени откако во август зазедоа град во северниот дел на Етиопија, во регионот Амхара, открија иследниците на Амнести интернешнал. Шеснаесет жени од Нифас Мевча изјавија за Амнести дека биле силувани од борци од ТПЛФ, група која војуваше со централната влада изминатава година, пренесува ДПА. Сите страни во конфликтот се обвинети за злосторства. ОН минатата недела соопштија дека прекршувањата – вклучително тортура, масовни убиства, групни силувања и користење глад како воено оружје – може да се третираат како воени злосторства. Извештајот на Амнести, објавен денеска, ги содржи искуствата на 16 жени кои рекоа дека биле силувани од силите на ТПЛФ откако борците влегле во Амхара, која се граничи со регионот Тигра, во август. Четиринаесет од 16-те интервјуирани од Амнести рекоа дека биле жртви на групно силување. -Не е лесно да ви кажам што ми направија. Ме силуваа. Тројца од нив ме силуваа додека моите деца плачеа. Мојот постар син има 10, а другиот 9 години, тие плачеа кога (борците на ТПЛФ) ме силуваа, изјави за АИ Гебејанеш, 30-годишна продавачка на храна. -(Борците) направија што сакаа и си заминаа… Ме удираа и ме клоцаа. Ги репетираа пушките како да ќе ме застрелаат. Во слични случаи, борците на ТРЛФ им кажале на своите жртви дека се казнети за силувањата извршени од федералните сили врз жените во Тиграј. ТРЛФ и владините сили се борат од ноември 2020 година, конфликт што однесе илјадници животи и доведе до страшна хуманитарна ситуација во областите на северна Етиопија.  (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-borcite-na-tigraj-od-etiopija-siluvale-ograbuvale-i-tepale-zeni/feed/ 0
Претставничка на ОН предупреди на ширење граѓанска војна во Етиопија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichka-na-on-predupredi-na-shirenje-gragjanska-vojna-vo-etiopija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichka-na-on-predupredi-na-shirenje-gragjanska-vojna-vo-etiopija/#respond Tue, 09 Nov 2021 07:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=592914

Со ескалацијата на насилството во северна Етиопија, Обединетите нации предупредија на ширење на граѓанска војна во земјата. – Никој не може да предвиди што ќе донесат продолжувањето на борбите и несигурноста. Но, дозволете ми да бидам јасен – она што е сигурно е дека ризикот Етиопија да западне во проширена граѓанска војна е премногу реален, рече претставничката на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло на седница на Советот за безбедноср на ОН. Конфликтот во северниот регион Тиграј доби катастрофални размери, рече таа. – Борбите ја ставаат иднината на земјата и нејзиниот народ, како и стабилноста на поширокиот регион на Рогот на Африка во голема неизвесност во последните денови, додаде Ди Карло. Конфликтот на владата на Етиопија со Народниот ослободителен фронт на Тиграј почна пред една година и се интензивира во последните денови, а минатата недела беше прогласена вонредна состојба на национално ниво и на жителите на главниот град им беше кажано да се вооружат за да ги одбранат станбените области. Во ноември 2020 година, премиерот Абиј Ахмед почна воена офанзива против ТПЛФ, кој долго време управуваше со северниот регион Тиграј и беше главен играч во националната политика на Етиопија. Тензиите почнаа кога Абиј дојде на власт во 2018 година и се обиде да го намали хеговото влијание. Од почетокот на август, конфликтот се прошири од Тиграј во соседните региони Афар и Амхара. Заедно со бунтовниците на Ослободителната војска на Оромо (ОЛА), ТПЛФ напредува кон главниот град на Етиопија, Адис Абеба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichka-na-on-predupredi-na-shirenje-gragjanska-vojna-vo-etiopija/feed/ 0
Морничава порака од добитникот на Нобелова награда за мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichava-poraka-od-dobitnikot-na-nobelova-nagrada-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichava-poraka-od-dobitnikot-na-nobelova-nagrada-za-mir/#respond Wed, 03 Nov 2021 17:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=590479

Премиерот на Етиопија, Аби Ахмед вети: „Ќе ги погребаме непријателите со нашата крв“, по повод една година од почетокот на војната во Туграј. Ахмед зборуваше еден ден по прогласувањето вонредна состојба во земјата, а силите на Тиграј се заканија со поход на престолнината, потсетува Ројтерс. „Јамата што е ископана ќе биде многу длабока, таму непријателот ќе биде закопан, а не таму каде Етиопија се дезинтегрира“. порача Ахмед во воениот штаб на Адис Абеба. „Ќе го погребеме овој непријател со нашата крв, коски и повторно ќе ја направиме Етиопија славна“, рече добитниок на Нобеловата награда за мир за 2019 година. Со минута молк и палење свеќи оддадена е чест во знак на сеќавање на загинатите од 3 ноември 2020 година, кога силите лојални на Народноослободителниот фронт Тиграј ги зазедоа воените бази во Тиграј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichava-poraka-od-dobitnikot-na-nobelova-nagrada-za-mir/feed/ 0
Етиопија прогласи шестмесечна вонредна состојба на национално ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-shestmesechna-vonredna-sostojba-na-nacionalno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-shestmesechna-vonredna-sostojba-na-nacionalno-nivo/#respond Tue, 02 Nov 2021 16:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=589894

Централната влада на Етиопија денеска прогласи вонредна состојба на национално ниво што ќе важи во следните шест месеци, откако Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) последните денови имаше успешни територијални настапувања, јави ДПА. Вонредната состојба, меѓудругото, овозможува воспоставување блокади на патиштата, откажувања на транспортните услуги, воведување полициски час и преземање на власта од страна на војската во одредени области, наведува Советот на министри. Според овие мерки, секој осомничен за поврзаност со терористички групи, исто така, може да биде приведен без судски налог, пренесува ДПА. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-proglasi-shestmesechna-vonredna-sostojba-na-nacionalno-nivo/feed/ 0