етна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jul 2021 10:36:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еруптираше Етна, затворен аеродромот во Катанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eruptirashe-etna-zatvoren-aerodromot-vo-katanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eruptirashe-etna-zatvoren-aerodromot-vo-katanija/#respond Wed, 07 Jul 2021 10:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=533265

Аеродромот во Катанија на Сицилија беше принуден да ги прекине летовите денеска откако еруптираше вулканот Етна и ја покри пистата со вулканска пепел. Авионите утрово не можеа да полетуваат или слетуваат, соопштија од аеродромот. Етна еруптираше неколкупати во последните неколку недели, но извештаите за голема штета или повредени се ретки. Повремено паѓа пепел и стаклата на прозорците пукаат од татнежот на вулканот за време на ерупциите. Етна, висока 3.300 метри, во последните денови исфрла лава и пепел, претежно од нејзиниот југоисточен кратер, според Националниот институт за геофизика и вулканологија. Институтот забележа и повремени ерупции на североисточната страна. Вулканот исфрли пепел висок пет до 10 километри, се вели во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eruptirashe-etna-zatvoren-aerodromot-vo-katanija/feed/ 0
Етна повторно се активира: Од кратерот излегуваат лава, чад и пепел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/#respond Mon, 05 Jul 2021 13:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=532283

Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија, па вистинска „фонтана од лава“ се спушта на од  неговата југо-источна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми. На последната ерупција и претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа далеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел. И покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, во централниот дел на Сицилија. Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на 3.000 метри надморска височина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-se-aktivira-od-kraterot-izleguvaat-lava-chad-i-pepel/feed/ 0
Етна повторно исфрла лава и пепел, населени места не се загрозени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-isfrla-lava-i-pepel-naseleni-mesta-ne-se-zagrozeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-isfrla-lava-i-pepel-naseleni-mesta-ne-se-zagrozeni/#respond Wed, 17 Feb 2021 09:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=469902

Вулканот Етна на островот Сицилија повторно еруптираше, исфрлајќи лава и пепел, по вторпат во последните неколку дена. Локалните власти соопштија дека околните населени места не се загрозени, и оти ја следат ситуацијата. Етна, кој е висок 3.350 метри, е еден од најактивните вулкани во светот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-povtorno-isfrla-lava-i-pepel-naseleni-mesta-ne-se-zagrozeni/feed/ 0
Лава, чад и пепел на сите страни- еруптираше вулканот Етна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lava-chad-i-pepel-na-site-strani-eruptirashe-vulkanot-etna-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lava-chad-i-pepel-na-site-strani-eruptirashe-vulkanot-etna-video/#respond Tue, 16 Feb 2021 19:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=469765

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров на Сицилија, еруптираше и исфрли големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер. Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци. Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрли „спорадични рафали“ од лава и пепел. Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај. Одлуката дали ќе биде затворен ќе ја донесе кризниот штаб, кој вечерва заседава. Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lava-chad-i-pepel-na-site-strani-eruptirashe-vulkanot-etna-video/feed/ 0
ВИДЕО: Се разбуди вулканот Етна, еруптира лава и пепел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-razbudi-vulkanot-etna-eruptira-lava-i-pepel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-razbudi-vulkanot-etna-eruptira-lava-i-pepel/#respond Wed, 20 Jan 2021 06:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=457279

Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми. Лавата од Етна еруптираше во два крака, по што првата се упати кон долината Бове, а втората се излеа во северниот дел на кратерот на вулканот. Ерупцијата на лавата, проследена со облак пепел, кој достигна висина од неколку стотици метри, беше спектакуларна, изјавија очевидци, пишува британски Експрес. Вулканската пепел ги покри автомобилите во селата на Сицилија, откако југоисточниот кратер на вулканот исфрли вжарена лава. Локалните власти известија дека црн пепел е пронајден и на места на дваесетина километри од Етна. Ерупцијата беше видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри. Експрес потсетува дека на Бадник 2018 година, поради ерупцијата на Етна, во прекин беше воздушниот сообраќај, и дека четири дена после тоа, земјотрес со јачина од 4,9 степени, со епицентар во близина на градот Катанија, го потресе островот. Тогаш, четири лица беа повредени, а неколку згради беа оштетени. Првиот запишан доказ за ерупцијата на Етна, вулкан висок 3.300 метри, датира од 425 година п.н.е., и иако ерупциите се чести, тие ретко предизвикуваат голема штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-razbudi-vulkanot-etna-eruptira-lava-i-pepel/feed/ 0
Зголемена активноста на вулканот Етна во Сицилија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemena-aktivnosta-na-vulkanot-etna-vo-sicilija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemena-aktivnosta-na-vulkanot-etna-vo-sicilija/#respond Fri, 19 Jul 2019 13:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=220210

Зголемена е активноста на вулканот Етна во Сицилија, објавија експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија. Тоа е ерупција од таканаречениот „нов кратер“, кој се наоѓа на врвот на југоисточната падина на планината Етна. Последен пат вулканот „се разбуди“ на 14 јули. Синоќа специјални термички камери откриле формирање жешки фонтани од лава, експлозии, емисии на пепел, па дури и мал прилив на лава. Овие феномени се проследени со земјотрес од ниска до средна јачина. Вулканолозите од Сицилијанскиот центар ја оценија ситуацијата како релативно мирна. Новото зголемување на вулканската активност нема да влијае на работата на меѓународниот аеродром во Катанија, каде што често, поради силни емисии на пепел, е неопходно да се спречи полетувањето и слетувањето на авионите. Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, а во јуни 2013 година е ставен на списокот на УНЕСКО како светско наследство. Во март 2017 година, десет лица беа повредени за време на ерупцијата на вулканот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemena-aktivnosta-na-vulkanot-etna-vo-sicilija/feed/ 0
ВИДЕО: Се активираше вулканот во Италија- пепел лета стотици метри во висина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-aktivirashe-vulkanot-vo-italija-pepel-leta-stotici-metri-vo-visina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-aktivirashe-vulkanot-vo-italija-pepel-leta-stotici-metri-vo-visina/#respond Fri, 31 May 2019 19:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=204059

Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри, потврдија вулканолозите во Италија. Директорот на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Катанија (ИНГВ), Еугенио Привитера рече дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот. Ова наскоро може да заврши, а може и да потрае неколку месеци. Во моментов нема опасност за луѓето кои живеат во оваа област, но од безбедносни причини, потребно е да се контролира приливот на туристи, смета Привитера. Сегашната состојба на вулканот не ги отежнува летовите кон аеродромот во Катанија. Етна, која се издига на речиси 3.300 метри надморска височина, се наоѓа на источниот брег на Сицилија, помеѓу градовите Месина и Катанија. Ерупциите помеѓу 1991 и 1993 година го загрозија градот Заферан, кој се наоѓа во близина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-aktivirashe-vulkanot-vo-italija-pepel-leta-stotici-metri-vo-visina/feed/ 0
Се aктивира најголемиот вулкан во Европа: Исфрла лава, тлото се тресе (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-aktivira-najgolemiot-vulkan-vo-evropa-isfrla-lava-tloto-se-trese-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-aktivira-najgolemiot-vulkan-vo-evropa-isfrla-lava-tloto-se-trese-video/#respond Tue, 25 Dec 2018 09:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=144680

Најактивниот вулкан во Европа – Етна на Сицилија, еруптираше вчера. Инструментите забележале повеќе од 130 потреси, најсилниот со 4.3 степени, пренесуваат светските агенции. Од опсерваторијата е воочен тек на лава од нови пукнатини на југоисточниот кратер. Вулканска пепел ги прекри селата во околината, а привремено се стопирани и летовите на аеродромот во Катанија. Во понеделникот утрото се слушна силна експлозија близу Етна. На видеоснимките се гледа облак од чад кој достигнува висина од 3350 метри над вулканот. Луѓето во подножјето на планината се повикани да се евакуираат на сигурно. Италијанскиот вулкански институт измерил повеќе од 130 потреси во рок од само три часа, почнувајќи од 8:50 часот утрото.

Интензивни ерупции

Најсилниот бил со магнитуда од 4 степени на североисточната страна на Етна, близу Piano Pernicane. Останатите биле почувствувани на северното крило. По потресите следеле интензивни ерупции од новиот кратер на југоисточната страна. Потресите продолжиле и попладнето и вечерта, кога е забележан најсилниот во целиот ден, со магнитуда од 4.3 степени. Засега нема информации за материјални штети. Иако Етна често еруптира, во институтот велат дека од август ерупциите стануваат сé почести, во споредба со минатите години. Последната поголема ерупција се случила во 1992 година. Британски тим од експерти во март заклучи дека структурата на најголемиот европски вулкан се движи кон морето за 14 милиметри годишно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-aktivira-najgolemiot-vulkan-vo-evropa-isfrla-lava-tloto-se-trese-video/feed/ 0
(ВИДЕО) Етна денеска еруптираше: Исфрла огромни количини пепел, регистрирани 130 верижни земјотреси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-etna-deneska-eruptirashe-isfrla-ogromni-kolichini-pepel-registrirani-130-verizni-zemjotresi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-etna-deneska-eruptirashe-isfrla-ogromni-kolichini-pepel-registrirani-130-verizni-zemjotresi/#respond Mon, 24 Dec 2018 18:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=144468

Италијанската планина Етна, најголемиот и најактивен вулкан во Европа, еруптираше денеска и исфрли големи количини пепел во воздухот и поради што е затворен аеродромот во Катанија, на источниот брег на Сицилија, пренесе Ројтерс. Околу 130 верижни земјотреси го активираа денес вулканот, извести италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, со потреси со магнитуда од 4,0 степени. За сега нема информации за повредени. Вулканот висок 3.330 метри може спектакуларно да еруптира неколку пати годишно, фрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров. Последна голема ерупција се случила во 1992 година.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-etna-deneska-eruptirashe-isfrla-ogromni-kolichini-pepel-registrirani-130-verizni-zemjotresi/feed/ 0
Етна исфрла лава и пепел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-isfrla-lava-i-pepel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-isfrla-lava-i-pepel/#respond Fri, 24 Aug 2018 15:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=91709

Вулканот Етна на Сицилија по синоќешната лава денеска исфрла пепел. - Етна синоќа речиси константно исфрлаше лава во висина до 150 метри. Вулканската активност продолжи и денеска, бидејќи Етна исфрли пепел во висина од над сто метри, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ). Но, и покрај активноста на Етна не се евакуирани жителите од градовите на падините на вулканот. Етна беше активна и кон крајот на јули. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etna-isfrla-lava-i-pepel/feed/ 0