етничка припадност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 18:19:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етничка припадност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алиу: Нема веќе привремени вработувања и менување на графата со етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-nema-veke-privremeni-vrabotuvana-i-menuvane-na-grafata-so-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-nema-veke-privremeni-vrabotuvana-i-menuvane-na-grafata-so-etnichka-pripadnost/#respond Mon, 16 Oct 2023 18:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=889509

Нема веќе привремени вработувања, се укинува позицијата „државен советник“, систематизација ќе може да се реализира само два пати годишно, полињата за матичен број и националност ќе биде невозможно да се менуваат, а државни секретари, директори и заменици директори ќе се бираат низ отворена, транспарентна постапка. Ова се само некои од новините за реформи во администрацијата и јавниот сектор, предвидени со законските измени што ги подготвува Владата. Како што рече вечерва министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, петте закони, за административни службеници, за вработени во јавниот сектор, за високо-раководна служба, за АВМУ и за дигитална агенција, се веќе во владина постапка и се очекува многу брзо да бидат испратени до Собранието. Притоа, сите се со европско знаменце. -Тука сме да креираме законска рамка компатибилна со европските вредности. Ценам дека треба да креираме закони според вредностите на ЕУ, а не да калкулираме колку гласови ќе изгубиме. За седум месеци овие закони кои со години не беа реализирани, се при крај. Се очекува законите деновиве да бидат изгласани на владина седница. Очекувам до 2 ноември, кога има собраниска седница, да завршат владините процедури и законите да бидат ставени на седница во Парламентот, истакна Алиу во гостувањето на Топ Тема, образложувајќи дел од новините што ги предвидуваат законите. -Целта на законот за високо-раководна служба е да се креира модел врз начелата на рационалност, демократичност и транспарентност. Идејата е законот да се ограничи на државните секретари во министерствата, на директори и заменици директори. Нема да бидат опфатени локалната самоуправа и институциите во надлежност на Собранието. „Државни секретари“, „директори“ и „заменици директори“ треба да се професионални позиции, а дали ќе биде личноста политички обоена или не, тоа и во ЕУ не е тема на разговор. Важно е профилот да е компатибилен со работното место и процедурите да бидат отворени и транспарентни. Се надеваме дека така ќе стигнеме до професионализација на јавната администрација. Сигурен сум дека на таков начин ќе дојдеме до позиции, до тоа - профилот на директорот да биде согласно барањата и описот на работното место.  Во законот за вработени во јавниот сектор има неколку новини - сите вработени во јавниот сектор ќе може секоја недела да аплицираат и да полагаат испит за административен службеник, полињата за матичен број и националност ќе биде невозможно да ги смените ако се еднаш внесени за да се елиминира злупотреба. На раководни места нема да има веќе можност за вработување на определено време  или вработување преку агенции за привремени вработувања, тоа ќе биде забрането. Новина е и тоа што систематизацијата ќе биде можна само два пати годишно за сметка на зголемување на процентот, сега е максимум 10, а ќе биде до 50 отсто, објасни министерот. Важни точки во законот за административни службеници се тоа што ќе има додаток на плата за службеници кои се битни за институцијата, односно менаџерот ќе може за десет до 30 проценти еднократно или континуирано да му ја зголеми платата на вработениот, а се предвидува и надоместок за ИПА структурите - тие што ќе работатат на европски проекти ќе може добијат надоместок на плата од 15 - 45 отсто. -Ќе има и замрзнување на работното место државен советник  - кога ќе се пензионира или ќе излезе досегашниот, тоа работно место ќе биде затворено, нема веќе да има државни советници, истакна Алиу. Во врска со кратењето на администрацијата и рационализацијата, Алиу истакна дека тоа многу ќе зависи од реформите. -Ако ме прашувате денес колкава ќе биде јавната администрација во 2030 година, несериозен ќе бидам ако кажам бројка, таа бројка мора да дојде како резултат на реформа. Некои позиции се стари, ќе треба да се креираат нови. Има околу 1 300 институции и некои од нив ќе треба да се спојат, но процесот бара анализи. Повеќе институции кои треба да се спојат се креирани со посебни закони, дел од експертие мислат дека пречка е линијата на отчетност - не се знае кој креира политики, а кој ги имплементира. Во овој момент, тие институции или се преклопуваат една со друга или даваат отчет на друга институција, подвлече Алиу. Трите министерства кои се пилот за законот за реорганизација на администрацијата, информира, се при крај со функционалната анализа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-nema-veke-privremeni-vrabotuvana-i-menuvane-na-grafata-so-etnichka-pripadnost/feed/ 0
Лога стави потпис: Се менуваат изводите од матичните книги, новите ќе имаат графа за етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/#respond Mon, 29 May 2023 14:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=840081

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. Од Министерството за правда информираат дека ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените. За другите изводи, како што се наведува во соопштението, поради финансиски импликации Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/feed/ 0
Заев и дефинитивно ја брише етничката припадност Македонец и Македонка од личните карти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-definitivno-ja-brishe-etnichkata-pripadnost-makedonec-i-makedonka-od-lichnite-karti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-definitivno-ja-brishe-etnichkata-pripadnost-makedonec-i-makedonka-od-lichnite-karti/#respond Mon, 01 Mar 2021 11:04:46 +0000 https://kurir.mk/?p=475381

И дефинитивно, во личните карти нема да биде впишана етничката припадност, ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев на одговор на новинарско прашање. Имено, запрашан за став по најавите од ЕУ дека во август годинава ќе стапи во сила европска регулатива со која се забранува наведување на етничка припадност во личните карти Заев истакна дека како е во Европа така треба да биде и ај нас. -Јас би одел да се донесат одлуките, со опција на избор, а штом ќе стапат во сила Регулативите од ЕУ ние треба да ги почитуваме. Сите сме за ЕУ. Не само коалицијата, туку и цела опозиција. Така што, ако остануваме на патот на ЕУ, а остануваме, нема друга алтернатива, треба да ги почитуваме европските регулативи. Како е во Европа, така треба да биде и кај нас, рече Заев. Неодамна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски околу проблемот со личните карти истакна дека суштината е многу едноставна, тоа е дека со Преспанскиот договор кој што Зоран Заев го потпиша со Грција, етничката припадност Македонец е избришана, и со тоа Македонците не можат да се декларираат како Македонци. Исто така околу изјавата на Заев за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да води љубов со партнерот, а да не го прегрне Николоски рече дека не се работи ниту за случајност, ниту се работи за ниска интелигенција, се работи за стратегија. -А, стратегијата е многу едноставна, тоа е да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку да ги слуша глупостите и да се занимава со глупостите, вели Николоски. -Добро, знаеме Заев дека седат таму во Влада и смислуваат каква глупост да тресне дента, јас сум го кажал ова неколку пати, и не е случајно. Не се работи ниту за случајност, ниту се работи за ниска интелигенција, се работи за стратегија. А, стратегијата е многу едноставна, тоа е да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку да ги слуша глупостите и да се занимава со глупостите. И еве гледате, како што ме прашавте не е суштинското прашање зошто Зоран Заев не сака во личните карти да пишува Македонец, односно Македонка туку прашањето е глупостите кои што ги тресе. А, суштината е многу едноставна, тоа е дека со Преспанскиот договор кој што Зоран Заев го потпиша со Грција, етничката припадност Македонец е избришана, и со тоа Македонците не можат да се декларираат како Македонци, посочи Николоски. Со овој закон, рече Николоски ВМРО-ДПМНЕ го извади на чисто проблемот, односно пред целата јавност покажа дека Зоран Заев преку своите формални и неформални партнери не дозволува да се изгласа закон со кој што во личните карти ќе може да пишува дека Александар Николоски, државјанство македонско,а етничка припадност Македонец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-definitivno-ja-brishe-etnichkata-pripadnost-makedonec-i-makedonka-od-lichnite-karti/feed/ 0
Мизрхи: Не гледам никаква пречка во мојата лична карта да не стои етничка припадност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrhi-ne-gledam-nikakva-prechka-vo-mojata-lichna-karta-da-ne-stoi-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrhi-ne-gledam-nikakva-prechka-vo-mojata-lichna-karta-da-ne-stoi-etnichka-pripadnost/#respond Sun, 14 Feb 2021 16:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=468650

Како Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија сметам дека во мојата лична карта не постои никаква пречка да стои етничка припадност!, пишува на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи. Не гледам причина зошто тоа би им пречело на колегите Апасиев и Крмов!?, вели Мизрахи во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrhi-ne-gledam-nikakva-prechka-vo-mojata-lichna-karta-da-ne-stoi-etnichka-pripadnost/feed/ 0
Заев не гледа ништо спорно во личната карта да се впише етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-gleda-nishto-sporno-vo-lichnata-karta-da-se-vpishe-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-gleda-nishto-sporno-vo-lichnata-karta-da-se-vpishe-etnichka-pripadnost/#respond Fri, 12 Feb 2021 14:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=467903

Можноста етничката припадност да се впише во личните карти беше дадена уште со законот што бил прифатен со уставните измени. Тоа би можело да биде проблематично за патувањето во регионот што е дозволено и со лични карти, но тоа не е доволна причина во нив да не биде ставена етничката припадност, порача денеска премиерот Зоран Заев. – Прво, државјанството е обврска согласно сите меѓународни стандарди. Ние со законот што го прифативме уште при уставните промени, а и сега стоиме позади него, даваме опција да се впише и етничка припадност. Опцијата да се впишеме како сме етнички припадници, значи покрај тоа што сме Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, да можеме да се пишеме етнички како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми или слично. Личната карта пред се е документ за лична идентификација. Убавината е што се користи како патен документ овде во регионот на Западен Балкан со сите земји ние патуваме со лична карта – Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина со лична карта и со патни документи. Тоа е проблематично, но дефинитивно не е доволна причина за да не ја ставиме определбата етничка на граѓаните заради тоа што навистина државата ни е мултиетничка, граѓаните се припадници на повеќе етнички заедници и ќе го имаат правото во својата лична карта да го имаат и својот етникум, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање во Тетово. Етничката припадност во личните карти е предлог на Движењето Беса и е дел од предизборниот договор меѓу партијата на Билал Касами и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Предлогот е во собраниска процедура, а партиите на Албанците најавија дека ќе го поддржат. Предлагачите на законот за изменување и дополнување на законот за лична карта по скратена постапка се група пратеници од Беса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-gleda-nishto-sporno-vo-lichnata-karta-da-se-vpishe-etnichka-pripadnost/feed/ 0
Ќе има и графа за етничка припадност – предлог законот за попис доби „зелено светло“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-i-grafa-za-etnichka-pripadnost-predlog-zakonot-za-popis-dobi-zeleno-svetlo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-i-grafa-za-etnichka-pripadnost-predlog-zakonot-za-popis-dobi-zeleno-svetlo/#respond Fri, 08 Mar 2019 19:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=172809

Предлог – законот за попис на населението е доставен до Владата. Новоста во овој закон е дека содржи графа за етничка припадност, нешто што беше ставено под знак прашалник од страна на Државниот завод за статистика, пренесува ТВ 21. Но , универзитетскиот професор Изет Зеќири не се согласува со еден сегмент од пописот на населението кога станува збор за дијаспората, односно за само – попишување на иселениците. „Дијаспората нема да може да се самопопишува, а доколку биде така, оваа бројка ќе биде многу мала и симболична. Ова има шанси да заврши како избори на дијаспората кои што врз основа на изборниот законик, пријавите за гласање биле симболични, каде од десетици илјади со право на глас, се пријавиле неколку стотици за гласање“, изјави Изет Зеќири – универзитетски професор. Пописот се очекува да се спроведе од 1 до 21 април 2020 година. По разгледувањето, Владата треба да го усвои и потоа да го испрати во Собрание, каде пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани за корекција. Последниот попис на населението беше реализиран во 2002 година кој беше проследен со бројни дебати во врска со процентот на населението во земјава од етничка гледна точка. Од тогаш се поминати 17 години, по што разни институции истакнаа дека неспроведувањето на пописот на населението им предизвикало бројни проблеми во однос на планирањето на економските политики, образованието и социјалата. Ова предизвика и бројни проблеми на изборниот список во текот на повеќе изборни циклуси. Пописот во 2011 беше прекинат на последниот ден од неговото спроведување, за што СЈО отвори и истражна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-i-grafa-za-etnichka-pripadnost-predlog-zakonot-za-popis-dobi-zeleno-svetlo/feed/ 0
Директорот на ДЗС: Политиката интервенираше да нема графа етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-dzs-politikata-intervenirashe-da-nema-grafa-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-dzs-politikata-intervenirashe-da-nema-grafa-etnichka-pripadnost/#respond Tue, 18 Dec 2018 08:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=141613

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски при гостувањето во телевизијата 1ТВ, објасни како политиката интервенирала за да нема графа за етничка припадност.

-Се обидовме да направиме повеќе измени во оваа насока да ја тргнеме политиката од пописот. Од една страна, а од друга страна и да овозможиме поголем квалитет на податоци кои што и онака би ги собрале кога би имале нормален попис како што  не сме имале досега. Во принцип три работи се битни кои што ги менуваме со овој попис, појасни Апостол Симовски директор на ДЗС при гостување на емисија на 1ТВ.

Директорот на ДЗС призна дека поради одредени политики е тргната графата за етничка припадност, иако имаше бурни реакции од граѓаните на Република Македонија откако дознаа за овој скандал. Сепак и по бранувањата на јавноста и негодувањето, пописот во 2020 година ќе се изврши графата за етничка и религиозна припадност.

Симовски образложи дека првата работа која што е битна е да овој попис биде навистина професионален и да го спроведува статистичка институција. Втората работа е голема измена е методот кој што ќе го користиме за спроведување на овој попис, досегашниот традиционален метод  го заменуваме со т.н. комбиниран метод, кој подразбира истовремено традиционално попишување и користење на бази на податоци. Третата работа која што е предлог е овој попис да не вклучува етнички прашања односно прашањата за етничка припадност и прашањата за религиозна припадност.

-Јас би бил многу среќен кога би можело да се вклучи и овој белег во пописот меѓутоа во некои понормални околности. За жал полето на интервенција на политиката во пописот беше токму ова прашање, посочи Симовски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-dzs-politikata-intervenirashe-da-nema-grafa-etnichka-pripadnost/feed/ 0