етно бачило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Dec 2018 22:29:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png етно бачило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „СДК“: Општина Тетово го сруши етно бачилото на Попова Шапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-opshtina-tetovo-go-srushi-etno-bachiloto-na-popova-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-opshtina-tetovo-go-srushi-etno-bachiloto-na-popova-shapka/#respond Thu, 13 Dec 2018 22:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=140001

Градежната инспекција од Општина Тетово го сруши етно бачилото во месноста Јелак на Шар Планина кое летово беше изградено од страна на фирмата „Трежр маунтајн проџект“. Со механизација од два багери, работници и со асистенција на десетина полицајци од кои некои беа вооружени и со автоматско оружје, беа срушени едно покриено трло и бачилото кое беше карарактеристично по тоа што имаше покрив од слама изградено во автентичен стил. Од засега непознати причини остана несрушена една колиба изградена во дрво која е во состав на комплексот, објавува порталот СДК.мк. „Постапуваме по извршно решение за рушење бидејќи инвеститорот не обезбедил документи за градба на спометатите објекти. Решението за рушење беше истакнато на веб страната на Општина Тетово и објавено во два дневни весници. Во него се бараше „инвеститорот да сам да ги затрупа ископаните темели“ бидејќи не поседува одобрение за градба. Сопственикот и покрај ова решение не го сруши објектот, по што инспекцијата издаде налог за рушење кое беше денес спроведено“ соопштија од службата за контакти со јавноста на Општина Тетово. Во целата оваа работа со рушењето на бачилото интересно е што општинскиот инспекторат се соочува со стотици дивоградби како во Тетово така и на патот за Попова Шапка како и на самата Попова Шапка кои се тука со години и никој не ги руши. За да се руши бачилото тие мораа да поминат преку 27 километри од кои 8 километри низ по тесен планински пат завеан со снег, пишува СДК.мк Целиот текст може да го прочитате на СДК.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-opshtina-tetovo-go-srushi-etno-bachiloto-na-popova-shapka/feed/ 0