ЕУ фондови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Sep 2022 14:27:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕУ фондови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наврачич: Унгарија ќе ги исполни сите обврски за деблокирање на парите од фондовите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navrachich-ungarija-kje-gi-ispolni-site-obvrski-za-deblokiranje-na-parite-od-fondovite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navrachich-ungarija-kje-gi-ispolni-site-obvrski-za-deblokiranje-na-parite-od-fondovite-na-eu/#respond Sun, 18 Sep 2022 14:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=734442

Унгарија денеска објави дека ќе ги исполни ветувањата дадени на Европската комисија со цел деблокирање на 7,5 милијарди евра од европските фондови кои Европската комисија предложи да и се замрзнат на Унгарија поради корупција и проблеми со владеењето на правото. Министерот за регионален развој и ЕУ фондови, Тибор Наврачич, задолжен за преговори со Европската унија, изрази надеж дека мерките што ќе ги спроведе Будимпешта ќе ги заштитат европските средства. Поради корупција и проблеми со владеењето на правото, ЕК му предложи на Советот на ЕУ да замрзне 65 отсто или 7,5 милијарди евра на Унгарија. Станува збор за три оперативни програми на кохезиската политика за периодот од 2021 до 2027 година. Одлуката без преседан беше предложена како дел од новиот механизам според кој користењето на средствата од европските фондови е условено со почитување на владеењето на правото, а Будимпешта може да ја избегне нејзината примена доколку ги отстрани причините за нејзиното спроведување во следните три месеци. Комисијата наведува дека Унгарија се обврзала до 19 ноември да поднесе конечен извештај за исполнувањето на клучните чекори за спроведување. Унгарската влада во саботата најави дека Парламентот во Будимпешта следната недела ќе гласа за поголем број закони кои треба да ги отстранат причините за замрзнување на средствата. Конечната одлука за предлогот за замрзнување на парите ја носи Советот на ЕУ, односно земјите-членки со квалификувано мнозинство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navrachich-ungarija-kje-gi-ispolni-site-obvrski-za-deblokiranje-na-parite-od-fondovite-na-eu/feed/ 0
За случајот „магариња“ и „фризерница“ можно е Брисел да ги замрзне фондовите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sluchajot-magarinja-i-frizernica-mozno-e-brisel-da-gi-zamrzne-fondovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sluchajot-magarinja-i-frizernica-mozno-e-brisel-da-gi-zamrzne-fondovite/#respond Wed, 14 Oct 2020 10:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=416268

По примерот со смрзнувањето на европските фондови во Бугарија во 2008 година и одземањето на правото на две агенции да управуваат со фондовите на ЕУ, дали истата судбина не очекува по скандалозната распределба на проекти од страна на директорката на Националната агенција за европски програми и мобилност. „Корупцијата е нечесно и измамничко однесување на власта“, ќе рече Димова во 2016 година, повикувајќи гласно и јавно на оставки од функционерите на тогашната власт, иако таа сега вели дека оставка нема да даде. Димова за време на „Шарената револуција“ повикуваше и се бунтуваше за како што вели „расипничкото однесување на тогашната власт поврзано со криминал“, што може да се забележи на видеата од протестите на шарените, сега Димова по скандалозните сознанија кои излегоа во јавноста за одобрување на стотици илјади евра од европските фондови за обуки за магариња и за фризерница, сеуште одбива да да си поднесе одговорност по долгата прес конференција дури дрско се расправаше со новинарите. Од Европската комисија соопштија дека „сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад.“ Ако е јасно дека ова не е прв случај на злоупотреба на фондовите на ЕУ што е навистина загрижувачки да се трошат на расипнички начин парите на граѓаните на Европската унија, особено за земја која допрва треба да ги исполни критериумите за членство. Во 2008 година Европската комисија ги суспендираше фондовите кон Бугарија поради сомнежи за организиран криминал и корупција , но исто така го повлече правото на две бугарски агенции да управуваат со фондовите на ЕУ. Ако во случајот се утврди злоупотреба на средствата на Националната агенција тој ќе биде испратен до ОЛАФ Eвропското тело за борба против измами и ќе се одлучи дали тие ќе бидат суспендирани, замрзнати како и одземање на правото да можат да рангират проекти за кои се распределуваат европски пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sluchajot-magarinja-i-frizernica-mozno-e-brisel-da-gi-zamrzne-fondovite/feed/ 0
Обвинение за штипјанец кој злоупотребил средства од ЕУ фондовите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-shtipjanec-koj-zloupotrebil-sredstva-od-eu-fondovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-shtipjanec-koj-zloupotrebil-sredstva-od-eu-fondovite/#respond Thu, 18 Jul 2019 08:55:57 +0000 https://kurir.mk/?p=219696

Триесет и двегодишен штипјанец е обвинет за  измама и злоупотреби средства од фондовите на Европската Унија. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинението следи по сеопфатна  истражната постапка водена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во која се прибрани  материјални и вербални докази, по чие разгледување и анализа е утврдено дека обвинетиот искористувајќи ист траен однос со преземање на временски поврзани дејствија, во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година ги извршил кривичните дела – злоупотреба на службена положба и овластување  и измама на штета на средства на ЕУ. Обвинетиот, како што е наведено во соопштението, кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе, каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија. – Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на  оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од  69.825.499,00 денари, велат од Обвинителството. Имено, обвинетиот со образложение за потреба и користење на средства од ИПАРД програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање на 50 отсто од вредноста на опрема,  со што добил парични средства во износ од 14.989.596,00 денари. Истовремено од  „Стопанска Банка“ АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо  согласно договорот паричните средства од ИПАРД програмата да ги трансферира на сметката на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Стопанска Банка АД Скопје согласно договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице – содружник, ги трансферирал средствата на сметка на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Комерцијална  Банка АД Скопје од каде средствата  се  уплатувани на правни лица блиски до него по различни основи  во вкупен износ од 6.406.206,00 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390,00 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи. Во периодот кој бил предмет на истрага на Основното јавно обвинителство, обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147,00 денари, по што испорачувал разни материјални добра на правното лице  кон други правни и физички  лице во вкупен износ од 15.690.491,00 денар за кои изготвил само испратници и приемници без да преземе дејствија за наплата  на побарувањата. Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и четири договори за деловно техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од истите, со што нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873,00 денари. Во истиот период , обвинетиот без согласност на содружникот, дозволил влез  и производство во просториите на  фабриката „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО на други правни лица од кои не ја наплатил закупнината, платата за вработените и останатите режиски трошоци со што нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392,00 денари. Со сите преземени дејствија, обвинетиот 32-годишен штипјанец, ги сторил кривичните дела за кои надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје поднел обвинителен акт до Основниот кривичен суд- Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-shtipjanec-koj-zloupotrebil-sredstva-od-eu-fondovite/feed/ 0