ЕУ-Русија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Jun 2021 15:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕУ-Русија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борел: Лидерите на ЕУ ќе разговараат за предлогот за самит ЕУ-Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-liderite-na-eu-kje-razgovaraat-za-predlogot-za-samit-eu-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-liderite-na-eu-kje-razgovaraat-za-predlogot-za-samit-eu-rusija/#respond Thu, 24 Jun 2021 15:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=527570

Лидерите на 27-те земји членки на Европската унија денеска ќе разговараат за предлогот на Германија и Франција да организираат самит ЕУ-Русија, изјави високиот комесар за надворешни работи, Жозеп Борел. „Има предлог од Германија и Франција да се одржи самит со Русија, за кој ќе разговараме“, рече тој пред почетокот на средбата. Утрово, кабинетот на Борел потврди дека евентуална средба на лидерите на ЕУ со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде предмет на дискусија на денешниот состанок во Брисел. Од таму истакнуваат дека по стратешката дискусија за Русија, треба да се дадат понатамошни препораки за спроведување на политиката на ЕУ кон Москва. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека дијалогот со Русија е неопходен за стабилноста на Европа. „Станува збор за тежок дијалог затоа што не отстапуваме од нашите вредности, ниту од нашите интереси“, рече Макрон по пристигнувањето на самитот на Европската унија во Брисел. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, претходно денеска изјави дека Европската унија треба да воспостави „директен контакт“ со Русија и рускиот претседател и да „создаде механизми“ за „заеднички одговор на провокациите и хибридните напади“ од Москва. Русија ги поддржува сите иницијативи кои можат да го поттикнат дијалогот меѓу Брисел и Москва, откако такви предлози пристигнаа од лидерите на Европската унија. – Позитивно оценуваме такви иницијативи. Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува создавањето механизам за дијалог и контакти меѓу Брисел и Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-liderite-na-eu-kje-razgovaraat-za-predlogot-za-samit-eu-rusija/feed/ 0
„Поради Навални, односите ЕУ-Русија се на ниско ниво“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navalni-odnosite-eu-rusija-se-na-nisko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navalni-odnosite-eu-rusija-se-na-nisko-nivo/#respond Fri, 05 Feb 2021 09:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=464558

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел ја почна средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со констатацијата дека меѓусебните односи „живеат тежок момент“. Денешната средба во Москва е прва што се одржа со висок претставник на ЕУ на руско тло во последните четири години. Сепак, ЕУ се соочи со критики за преземање чекори кон подобрување на односите со Москва во време на операцијата против опозицискиот активист Алексеј Навални и неговите приврзаници. -Случајот Навални ги доведе нашите односи на ниско ниво,, наведе тој. Но, и покрај нашите разлики, да се изгради ѕид на тишина не е опција. На својот блог, Борел напиша дека ЕУ го осудува апсењето на Навални и репресијата на неодамнешните демонстрации, но ја посочи и важноста од односите со Москва. „Русија останува сосед и клучен партнер со кој мора да одржуваме дијалог ако навистина сакаме да станеме глобален играч и да можеме да влијаеме на прашањата од суштинско значење за нашата безбедност, како што се Сирија, Либија, Нагорно-Карабах, Белорусија и Украина. Ова е целта на мојата посета“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navalni-odnosite-eu-rusija-se-na-nisko-nivo/feed/ 0