еу самит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Oct 2021 05:55:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еу самит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ Самит: Нема силен заеднички одговор за претстојната енергетска криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-samit-nema-silen-zaednichki-odgovor-za-pretstojnata-energetska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-samit-nema-silen-zaednichki-odgovor-za-pretstojnata-energetska-kriza/#respond Fri, 22 Oct 2021 05:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=583467

Најжешката тема на ЕУ самитот – цените на енергијата и кризата која им претстои на граѓаните на ЕУ – заврши без силен одговор од страна на лидерите на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел. Драстичниот раст на цените на гасот и струјата неизбежно ќе значи криза особено во зимските месеци за граѓаните и бизнисите во ЕУ. Земјите членки се поделени за одговорот кој треба да се донесе на оваа криза и првиот ден од ЕУ самитот не донесе убедлив излез од ќор сокакот. Заклучоците објавени ноќеска во голем дел ја оставаат топката во рацете на земјите членки, а се водела и дискусија за функционирањето на енергетскиот пазар, повторно без убедлив и сеопфатен одговор кој би ги задоволил сите. Лидерите на 27-те земји членки го повторија ставот кој се врти последниве недели во Брисел: треба да се ублажи шокот за најранливите категории на граѓаните и малите и средни претпријатија. Европската Комисија пред неколку недели им предложи неколку алатки на земјите членки за оваа цел, меѓу нив видови помош за најранливите и одредена фискална флексибилност. Европскиот Совет ја повика Комисијата да произведе студија на пазарот на гасот и струјата како и пазарот на размена на штетни емисии (ЕТС), комплексен ЕУ механизам кој става лимит на загадување со ЦО2 емисии преку купување на дозвола за секој тон ЦО2 што се емитира. Чешка, меѓу другото, обвинува дека се манипулира со овој пазар. Лидерите бараат од Комисија да утврди, со помош на Европската пазарна власт (ЕСМА) дали е тоа случај и доколку одговорот е позитивен да преземе регулаторни мерки. Земјите членки се охрабруваат на краток рок да ги користат алатките што ги нуди Европската Комисија за ублажување на шокот за најранливите, согласно националните потреби. На долг рок ЕУ земјите треба да работат на зајакнување на енергетската отпорност на ЕУ и да ја поддржат климатската неутралност, додека Европската инвестициска банка се охрабрува да ги зголеми инвестициите во енергетската транзиција за да се намалат ризиците од шокови во иднина. Европската Комисија и повеќе земји членки, посебно западните, инсистираат дека единствен излез од кризата е масовно инвестирање во обновливите извори на енергии кои се произведуваат домашно во Европа и чинат поевтино, изјави вчера претседателката на Европската Комисија. Дебатите внатре во салата меѓу лидерите биле остри околу начинот на справување со енергијата, од повеќе аспекти, вклучително и иднината на нуклеарната енергија, која повеќе земји оценуваат дека треба да се смета за еколошка, додека други ја сметаат за опасна по јавното здравје. Неизбежно земјите членки се судрија и околу иднината на односите со Русија, важен доставувач на гас во Европа преку Северен тек. Што се однесува до другата тензична тема на Самитот – владеењето на правото и Полска, лидерите воделе дебата, но без финални заклучоци. Лидерите чекаат Европската Комисија да излезе со своја правна анализа на темата, со што се избегна политичка ескалација помеѓу Полска поддржана од Унгарија од една страна и Холандија и нејзините сојузници од друга. Франција и Германија останале воздржани. Од десет часот утрово започнува втората сесија на самитот, каде главна тема ќе биде миграцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-samit-nema-silen-zaednichki-odgovor-za-pretstojnata-energetska-kriza/feed/ 0
ЕУ самит: Санкции за Белорусија, дијалог со Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-samit-sankcii-za-belorusija-dijalog-so-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-samit-sankcii-za-belorusija-dijalog-so-turcija/#respond Fri, 02 Oct 2020 05:32:51 +0000 https://kurir.mk/?p=411349

Шефовите на држави и влади постигнаа компромис за главните прашања на дневен ред во надворешна политика, и се усогласија за санкции против режимот во Белорусија, јави дописничката на МИА од Брисел. После неколку недели разговори, лидерите на ЕУ рано изутринава се договорија да се усвојат санкции против четириесетина лица идентификувани како одговорни за изборниот фалсификат и репресијата врз демонстрантите во Белорусија. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека од денеска почнува формална процедура за усвојување на санкциите, но на списокот не се наоѓа нелегитимниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Лидерите повторија дека изборите од деветти август и резултатите од изборите во земјата не се признаваат и ги повикаа властите да организираат нови избори под мониторинг на релевантните меѓународни организации и без мешање од надворешни сили. Во заклучоците уште еднаш се повикува власта во Минск да отвори дијалог со демонстрантите и лидерите од опозициските партии. До вчера одлуката за санкции против белорускиот режим ги блокираше Кипар, незадоволен што ЕУ не изрекува рестриктивни мерки против Анкара поради инцидентите во источниот Медитеран. Вчерашната седница на лидерите успеа да го одблокира овој застој. Шефовите на држави и влади на ЕУ се договорија дека треба да се остави уште малку време пред да се изречат санкции и дека треба да се остави шанса за дијалог помеѓу Атина и Анкара. Турција има до крајот на оваа година да ги смири тензиите во регионот, инаку ќе биде санкционирана, стои во заклучоците од самитот. Францускиот претседател, Емануел Макрон, по седницата изјави дека и се дава избор на Турција дали ќе испрати позитивни сигнали во текот на идната недела, додека претседателот на Европскиот Совет со поумерен тон порача дека се остава шанса за дијалог и стабилност, притоа останувајќи цврсто посветен на принципите и вредностите на ЕУ како и во целосна солидарност со Кипар и Грција. Доколку Анкара повторно посегне по унилатерални мерки или провокации кон членка на ЕУ, ќе бидат мобилизирани сите можни правни алатки на располагање, предупреди ЕУ. Во делот на надворешната политика, лидерите на ЕУ се осврнаа и на конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан и повикаа на итен прекин на огнот, преговори помеѓу двете страни без мешање од страна на надворешни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-samit-sankcii-za-belorusija-dijalog-so-turcija/feed/ 0
Вонреден самит на ЕУ за Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-eu-za-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-eu-za-belorusija/#respond Wed, 19 Aug 2020 05:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=392412

Лидерите на земјите-членки на Европска Унија денеска ќе одржат вонреден онлајн самит поради политичката криза во Белорусија по претседателските избори. Протестите во Белорусија почнаа откако Александар Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата обвинува за изборен фалсификат, а противкандидатката Светлана Тихановскаја пребега во Литванија. Во протестите загинаа најмалку две лица, повредени се стотици, а приведени се над 6.700 демонстранти. ЕУ веќе го почна процесот на воведување санкции за белоруските претставници, кои ги смета за одговорни за изборната измама и за насилството врз демонстрантите. ЕУ сака да помогне во дијалогот помеѓу опозицијата и власта во Белорусија и да ја придобие Русија на своја страна. Неименувани европски дипломати истакнаа дека протестите во Белорусија не можат да се споредат со демонстрациите во Украина, додека голем број аналитичари истакнуваат дека Москва ќе поддржи мирна промена на власта во Минск. Според нив белоруската опозиција и демонстрантите не се антируски настроени, ниту посебно бараат или очекуваат директна помош од Западот, посебно од САД, како во времето на „Мајдан револуцијата“ во 2014 година во Украина. Лидерите на земјите-членки на ЕУ на самитот ќе разговараат и за пружање на поддршка на Белорусија. Литванија претходно предложи ЕУ да основа фонд за помош на жртвите од протестите, истакнувајќи оти 50 милиони евра, што се наменети за Белорусија да бидат пренаменети од државните институции на развој на цивилното општество. Додека Полска најави почетни 13 милиони евра за стипендии за студентите од Белорусија и финансирање на независни медиуми, а исто така вети и олеснување на пристапот до пазарот на труд за Белорусите. Лукашенко на 15 август изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ветил сеопфатна помош со цел да се обезбеди безбедноста на Белорусија. Повеќе европски лидери вчера имаа телефонски разговори со Путин, кој тврди дека е неприфатливо мешање во внатрешните работи на Белорусија. Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел вчера објави на Твитер дека телефонски разговарал со Путин за ситуацијата во Белорусија. – Само што разговарав со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија. Единствено мирен и инклузивен дијалог може да ја реши кризата во Белорусија, напиша Мишел на Твитер. Путин претходно имаше телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Рускиот претседател вчера разговараше и со Лукашенко, што е трет телефонски разговор Путин – Лукашенко за девет дена односно по претседателските избори во Белорусија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-eu-za-belorusija/feed/ 0
Ковид-19 го одложи Самитот ЕУ – Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kovid-19-go-odlozi-samitot-eu-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kovid-19-go-odlozi-samitot-eu-zapaden-balkan/#respond Wed, 08 Apr 2020 09:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=329066

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењето на пандемијата Ковид-19. Самитот ЕУ-Западен Балкан веше предвидено да се одржи во Загреб на 7 мај. Според соопштението објавено на веб-страната на Претседателството, во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обиде да се најде нов термин за одржување на Самитот ЕУ-Западен Балкан во јуни, доколку ситуацијата со корона кризата тоа го дозволи. „Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи со помош на видео врска (до крајот на хрватското претседателство)“, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kovid-19-go-odlozi-samitot-eu-zapaden-balkan/feed/ 0