ЕУ – Велика Британија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Dec 2020 09:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕУ – Велика Британија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европратениците предлагаат продолжување на преодниот период по Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-predlagaat-prodolzuvanje-na-preodniot-period-po-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-predlagaat-prodolzuvanje-na-preodniot-period-po-bregzit/#respond Tue, 22 Dec 2020 09:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=446542

Високопозиционирани претставници на Европскиот парламент ја повикаа Велика Британија да прифати продолжување на рокот на важење на привремениот договор со ЕУ за трговските прашања. Дојче Веле јави дека потпретседателката на ЕП, Катарина Барли, истакна дека Лондон се судрува со двојно оптоварување, прво поради Брегзит, а потоа и поради новиот вид на коронавирус, па затоа смета дека преодниот рок треба да се продолжи. Според Барли, Европската унија „подава рака“ со предлогот за продолжување на преодниот рок. Одлуката сега е во рацете на британскиот премиер Борис Џонсон, кој треба да го прифати предлогот. Преодниот период за време на кој Велика Британија ужива во трговските преференции на членка на ЕУ истекува на 31 декември 2020 година. И европратеникот Дејвид Мекалистер изрази загриженост за критичната состојба предизвикана од новиот вид на коронавирус. Претседателот на трговскиот комитет на ЕП, Бернд Ланге го поддржа предлогот, но истакна дека Лондон веројатно нема да го прифати. Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за односите по Брегзит продолжија и вчера, без разлика што истече крајниот рок. Европскиот парламент сега и нема да може да го ратификува идниот договор до крајот на годината по брза постапка, доколку тој и биде постигнат. Брисел и Лондон не успеаја да се договорат за правото на компаниите од ЕУ да  рибарат во британските води. Покрај тоа, другите спорни прашања вклучуваат еднакви услови и санкции за кршење на идниот договор за Брегзит. Доколку договорот не се постигне двете земји од 1 јануари воведуваат меѓусебни царини, што според експертите ќе има сериозни негативни последици и за економијата на ЕУ и на Велика Британија. На крајот на минатата недела, ЕП почна со подготовките за ваквото сценарио, а европратениците изгласаа голем број итни мерки во областите риболов, безбедност на летовите и воздушен и копнен транспорт во случај да не се постигне договорот за трговија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-predlagaat-prodolzuvanje-na-preodniot-period-po-bregzit/feed/ 0
Џонсон: Брегзит во октомври, со или без договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bregzit-vo-oktomvri-so-ili-bez-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bregzit-vo-oktomvri-so-ili-bez-dogovor/#respond Tue, 25 Jun 2019 05:35:48 +0000 https://kurir.mk/?p=212534

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката Тереза Меј, вети дека Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври со или без договор со Унијата. -Моето ветување е да ја напуштиме ЕУ на Ноќта на вештерките, 31 октомври, вели Џонсон. Борис Џонсон и актуелниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, ќе се борат за функцијата премиер и лидер на Конзервативна партија, бидејќи освоија најмногу гласови на партиската трка за лидер. Конзервативците избираат нов лидер откако Тереза Меј поднесе оставка откако не успеа да го спроведе Брегзит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bregzit-vo-oktomvri-so-ili-bez-dogovor/feed/ 0
Велика Британија од следниот месец ќе се подготвува за Брегзит без постигнат договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-od-sledniot-mesec-kje-se-podgotvuva-za-bregzit-bez-postignat-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-od-sledniot-mesec-kje-se-podgotvuva-za-bregzit-bez-postignat-dogovor/#respond Wed, 14 Nov 2018 06:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=127542

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе ја предупреди Владата дека Обединетото кралство ќе треба да се подготвува за Брегзит и без договор доколку до 1 декември не биде постигната согласност со ЕУ, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на владин претставник. Се очекува Меј да им порача на министрите дека доколку не го поддржат нејзиниот предлог за Брегзит нема да се случи планираната средба на лидерите на ЕУ на која треба да се одобри договорот за излегувањето на земјата од Унијата. – Кабинетот ќе треба да одлучи во следните седмици дали Брегзит без договор ќе биде главното сценарио за излегување од Унијата, изјави за „ФТ“ неименуваниот владин претставник. Тој истакнал дека 1 декември е датумот кој се споменува. Друг владин претставник рекол дека последната недела од ноември и првата од декември се сметаат за „црвената зона“ кога ќе бидат донесени тешки одлуки за напуштање на ЕУ без договор. Весникот наведува дека и доколку во ноември биде постигнат договор со ЕУ, подготовката за напуштање на Унијата без договор ќе продолжи, затоа што тој треба да биде одобрен од парламентот во декември, а Владата не е сигурна дека ќе ги обезбеди неопходните гласови за тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-od-sledniot-mesec-kje-se-podgotvuva-za-bregzit-bez-postignat-dogovor/feed/ 0
„Телеграф“: Претставници на ЕУ се сомневаат дека биле прислушувани од британските служби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telegraf-pretstavnici-na-eu-se-somnevaat-deka-bile-prislushuvani-od-britanskite-sluzbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telegraf-pretstavnici-na-eu-se-somnevaat-deka-bile-prislushuvani-od-britanskite-sluzbi/#respond Thu, 16 Aug 2018 10:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=88511

Претставници на ЕУ вклучени во преговорите за Брегзит се сомеваат дека биле прислушувани од британските тајни служби, тврди лондонски „Дејли Телеграф“. Сомнежот првпат се појавил кога членката на европскиот преговарачки тим Сабине Вејанд им посочика на своите колеги дека и е чудно како Британците имаат информации кои биле наваедни во доверлив документ што им бил доставен од Европската комисија на 6 јули. Во документот биле изнесени негативни оценки на Еврокомисијата за задржувањето на заедничкиот пазар со Велика Британија. Само неколку часа по доставувањето на документот до преговарачите, британската Влада на највисоко ниво побарала од Европската комисија да не ги обелоденува податоците наведени во него, тврди „Дејли Телеграф“, без да прециизра што подразбира под терминот „на највисоко ниво“. По ова, според весникот, двете страни преземале мерки за заштита од прислушување за време на преговорите што ќе се одржат денеска во Брисел. Властите на ЕУ им ги одзеле мобилните телефони и електронските уреди на Британците, а членовите на британската делегација се донеле сопствени печатачи. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telegraf-pretstavnici-na-eu-se-somnevaat-deka-bile-prislushuvani-od-britanskite-sluzbi/feed/ 0
ЕУ подготвена на отстапка во договорот за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-podgotvena-na-otstapka-vo-dogovorot-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-podgotvena-na-otstapka-vo-dogovorot-za-bregzit/#respond Thu, 09 Aug 2018 13:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=86208

Европската комисија ја разгледува можноста да попушти во преговорите за Брегзит, во делот на основите слободи на движење, што е една од најчувствителни точки во преговарачкиот процес, тврдат британските медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, преговорите за британското напуштање на Европската Унија со месеци тапкаат во место, бидејќи двете страни не можат да постигнат договор за комплексните прашања околу внатрешниот пазар, слободата на движење и правните основи на идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија. Поради ова, според британски медиуми, Европската комисија размислува да и попушти на Велика Британија во однос на слободата на движење на луѓето, со тоа што би и дозволила изземање во овој дел, односно на Лондон би му било дозволено да ја задржи слободата на движење на стоката, но би бил изземен од онаа што се однесува на луѓето. Британски „Тајмс“ тврди дека ваков став заговараат „неколку земји од ЕУ“, што претставува прво поголемо разидување меѓу членките на Унијата и Европската комисија. За ова прашањето ќе се разговара на средба на лидерите на ЕУ што ќе се одржи во Австрија идниот месец. Европската комисија од самиот почеток на преговорите инсистира дека доколку Британците ја напуштат Унијата, ги напуштаат и сите основни слободи и дека не можат да бараат да важи само слобода на движење на стоките, а да не прифатат слобода на движење на луѓето. Меѓутоа, еден од поголемите проблеми за Брисел е што истовремено мора да се избегне воведување на физичка граница на ирскиот остров, како од економски, така и од исторсики причини, а притоа да биде заштитен заедничкиот европски внатрешен пазар и царинската унија. Европската Унија има строги правила за својот внатрешен пазар, кои вклучуваат еколошки, социјални и здравствени стандарди. Доколу Северна Ирска не е повеќе дел од ЕУ, а притоа нема граница со Република Ирска - која останува членка на Унијата, треба да се најде начин како ЕУ да се заштити од ризикот за преплавување на својот пазар со производи кои не би биле во согласност со европските стандарди. Сепак, не е сигурно дали оваа отстапка од страна на ЕУ би била прифатена од британска страна, бидејќи доколку и се попушти на Велика Британија за слободата на движење на стоките, тоа би било придружено со условот Лондон да продолжи да ги почитува стандардите што ги воведува ЕУ. Но, проблемот е во тоа што најтврдокорните поддржувачи на Брегзитот заговараа напуштање на Унијата, токму за да не мораат да се почитуваат европските стандарди. Овој модел наречен „Џерзи“, по автономната британска кралска територија крај францускиот брег во Ламанш, ќе значи дека Велика Британија останува интегрален дел од европската царинска унија и како таква не може да склучува свои независни трогвски договори со трети земји, право кое беше еден од главните аргументи на поддржувачите на Брегзитот во кампањата и се уште е цел на британскиот министер за трговија Лиам Фокс. Според британските медиуми, ако Лондон го прифати ваквото барање на Брисел, тогаш би се поставило прашањето која е целта на напуштањето на ЕУ, ако Велика Британија не може слободно да склучува независни договори со други земји. Сепак, најавата дека ЕУ е подготвена да попушти не е никаква гаранција за излез од ќор-сокакот, ниту за успех во преговорите, но е показател дека двете страни не кренале раце од напорите за постигнување договор за Брегзит. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-podgotvena-na-otstapka-vo-dogovorot-za-bregzit/feed/ 0
Лондон предлага создавање зона на слободна трговија со ЕУ по Брегзитот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-predlaga-sozdavanje-zona-na-slobodna-trgovija-so-eu-po-bregzitot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-predlaga-sozdavanje-zona-na-slobodna-trgovija-so-eu-po-bregzitot/#respond Sat, 07 Jul 2018 07:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=73999

Британската Влада го усвои планот за идните преговори со Европската унија околу истапувањето на Лондон од блокот, со кој се предлага создавање на зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и Унијата по Брегзит, соопшти синоќа британската премиерка Тереза Меј. -Владата ја усогласи заедничката позиција за нашите идни преговори со ЕУ. Нашиот предлог е да се создаде зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и ЕУ со утврдени заеднички правила за размена на индустриски стоки и земјоделски производи, нагласи Меј по владината седница одржана во резиденцијата на британските премиери во Чекерс, на 70 километри северозападно од Лондон. Мај нагласи дека со планот се предвидува создавање на нов царински модел, што ќе и овозможи на Велика Британија да склучува билатерални трговски договори со земји од целиот свет. Таа најави и дека следната недела нејзината Влада ќе објави „Бела книга“ во која детално ќе биде образложено како Лондон планира „да ја поврати контролата над своите пари, своите закони и своите граници“. Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние вчера изјави дека со нетрпение го очекува објавувањето на британската „Бела книга“ за да ги види позициите на Лондон за идните односи со ЕУ и да оцени дали се тие одржливи и реални. Според Барние, во моментов се уште има премногу прашања и премалку одговори во разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за Брегзитот. Британските медиуми наведуваат дека и покрај усогласената позиција околку идните преговори, Владата во Лондон и натаму работи и на сценарио за Брегзит без постигнат договор се Брисел за истапувањето на земјата од ЕУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-predlaga-sozdavanje-zona-na-slobodna-trgovija-so-eu-po-bregzitot/feed/ 0