еу-западен балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 10:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еу-западен балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рама: Самит ЕУ-Западен Балкан, историски настан за Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-samit-eu-zapaden-balkan-istoriski-nastan-za-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-samit-eu-zapaden-balkan-istoriski-nastan-za-albanija/#respond Fri, 02 Dec 2022 10:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=770047

Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 6 декември во Тирана е историски настан за земјата, оцени албанскиот премиер Еди Рама кој на социјалните мрежи го сподели логото на Самитот, дизајнирано со албански народни мотиви, боите на националното знаме и боите на знамето на Европската унија. – Албанија е горда првпат да биде домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, историски настан, со почит кон нас кои иднината ја гледаме во големото европско семејство, напиша Рама. Самитот е прв од ваков вид што се одржува во регионот на Западен Балкан и е дел од спроведувањето на стратешката агенда на Европскиот совет 2019-2024 година. Се оценува за можност да се потврди клучната важност на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, регион со јасна перспектива кон ЕУ. – Според официјалната агенда објавена на веб-страницата на Советот на Европска Унија, меѓу главните теми на разговор ќе бидат: справување со последиците од руската агресија врз Украина; интензивирање на политичкиот ангажман; зајакнување на безбедноста и градење на отпорност против странско мешање преку справување со предизвиците што ги носи миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал. На Самитот ќе се оцени и напредокот во интеграцијата на Западен Балкан на внатрешниот пазар на ЕУ, јави државната новинска агенција АТА. Самитот ќе биде можност да се разговара за координирани акции за безбедносни и одбранбени прашања, кои станаа уште поважни во контекст на руската агресија врз Украина. – Исто така, лидерите ќе разменат мислења за заедничкото справување со менаџирањето со миграцијата, бидејќи бројот на миграции од Западен Балкан значително се зголеми во текот на изминатата година. Ова вклучува усогласување на визната политика на ЕУ и соработка за системите за враќање. Тие ќе разговараат и за зајакнување на соработката против тероризмот и спречување на радикализацијата, наведува АТА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-samit-eu-zapaden-balkan-istoriski-nastan-za-albanija/feed/ 0
Во Албанија утре почнува министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-utre-pochnuva-ministerski-forum-eu-zapaden-balkan-za-pravda-i-vnatreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-utre-pochnuva-ministerski-forum-eu-zapaden-balkan-za-pravda-i-vnatreshni-raboti/#respond Wed, 02 Nov 2022 19:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=754797

Во Тирана утре почнува дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, со фокус на илегалната миграција. Покрај првите луѓе на ресорните министерства од земјите на Западен Балкан, во Тирана ќе допатуваат и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. Домаќини на овој значаен собир се министрите за правда Улси Мања и за внатрешни работи Бледи Чучи, кои ќе имаат и одвоени средби со еврокомесарите но и со нивни колеги од другите земји. – Присуството на еврокомесарот за правда Рејндерс, еврокомедарката за внатрешни работи Јохансон, чешкиот министер за правда Павел Блажек, како и други претставници од правосудните институции во ЕУ, се јасна порака за вниманието, приоритетот и интересот на Европската унија кон Западен Балкан во областа на правдата, напиша меѓу другото Мања во најавата за одржување на форумот. Според медиумите прашањето за запирање на преминувањето на мигрантите преку Западен Балкан е голем проблем за Европската унија. – Тоа е затоа што земјите-членки, како Австрија, овие месеци се соочија со пристигнување на илјадници мигранти. Ова е трета недела по ред како еврокомесарката Јохансон се среќава со министрите за внатрешни работи од регионот, наведуваат медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-utre-pochnuva-ministerski-forum-eu-zapaden-balkan-za-pravda-i-vnatreshni-raboti/feed/ 0
Српските медиуми со критики по самитот ЕУ-Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-mediumi-so-kritiki-po-samitot-eu-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-mediumi-so-kritiki-po-samitot-eu-zapaden-balkan/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=695130

По вчерашниот Самит на ЕУ-Западен Балкан и заедничката прес конференција на лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија, во Белград бројни се реакциите од неуспехот на носењето на било каква одлука на ЕУ за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. Анализирајќи ги вчерашните настани и изјави од Брисел, медиумите и аналитичарите едногласно одат со констатации кои се гледаат од самите наслови, како што Б-92 оценува дека „Нас очигледно не не сакаат во ЕУ“, Блиц „ЕУ сака зедница на богати земји“, и РТС „Ништо не добивме од Брисел, ништо и не ни беше понудено“ или Курир-„Вчера се случија некои чудни работи“. Од аналитичарите во медиумите, Данас го цитира правникот Милан Антонијевиќ, кој кажа дека би „било подобро за целиот регион да почнаа пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, односно да добиеа датум за почеток на преговорите, направено е многу, направени се храбри чекори кога се гледа внатрешната јавност во тие земји, но, на крајот, таква одлука немаше“. Тој за ТВ Н1 оцени дека изјавата на претседателот Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски, била во духот на нивната заедничка одлука да заминат до Брисел. Со слична констатација е и претседателката на Центарот за надворешна политика Сузана Грубјешиќ, која за РТС оцени дека „Србија останала без отворени нови кластери, а Северна Македонија и Албанија не ни започнале преговори“, изразувајќи надеж оти на крајот на годината регионот може да очекува забрзување, кое, како што додаде, ќе биде единствената фер работа после сите овие години.“ Таа оцени дека е добро што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски заедно настапиле во Брисел. -Уште подобро ќе беше целиот регион да зборуваше со еден глас, таквиот пристап би имал повеќе ефекти, но многу е добро што Србија, Албанија и Северна Македонија дејствуваа заедно, изразија ставови и незадоволство од развојот и резултатите од самитот во Брисел, рече Грубјешиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-mediumi-so-kritiki-po-samitot-eu-zapaden-balkan/feed/ 0
Идната година во Хрватска ќе се организира самит ЕУ-Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idnata-godina-vo-hrvatska-kje-se-organizira-samit-eu-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idnata-godina-vo-hrvatska-kje-se-organizira-samit-eu-zapaden-balkan/#respond Tue, 08 Oct 2019 07:22:40 +0000 https://kurir.mk/?p=249042

Хрватскиот амбасадор во Србија, Гордан Бакота, синоќа изјави дека самит на Западен Балкан и Европската унија ќе се одржи во неговата држава следната година. Од тој самит, Хрватска, како претседател на ЕУ во тоа време, ќе бара продолжување на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан јави Танјуг. И Хрватска и Србија се соочуваат со големи предизвици во однос на миграцијата и безбедноста и сите овие проблеми, вели амбасадорот, се поврзани со економскиот просперитет на граѓаните во Западен Балкан. Загреб, рече Бакота, сака да ги види соседните земји од Западен Балкан во Унијата, а Хрватска е заинтересирана за отворање разговори на Унијата со Северна Македонија и со Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idnata-godina-vo-hrvatska-kje-se-organizira-samit-eu-zapaden-balkan/feed/ 0