ЕУАА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 06:00:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕУАА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУАА: Барањата за азил во ЕУ зголемени за 28 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euaa-baranata-za-azil-vo-eu-zgolemeni-za-28-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euaa-baranata-za-azil-vo-eu-zgolemeni-za-28-protsenti/#respond Tue, 05 Sep 2023 06:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=874591

Бројот на мигранти кои поднеле барања за азил во ЕУ во првата половина од година е зголемен за 28 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат официјалните бројки објавени денеска. Помеѓу јануари и крајот на јуни оваа година, имало 519.000 барања за азил во ЕУ и придружните земји Швајцарија и Норвешка, соопшти Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). ЕУ е на пат да прими повеќе од еден милион баратели на азил оваа година, најголем број од 2015-2016 година кога забележа огромен прилив, главно Сиријци кои бегаат од војната во нивната земја. Во 2015 година ЕУ прими 1,35 милиони барања за азил, а потоа во 2016 година имало 1,25 милиони повеќе барања. Бројките се намалија во 2017 година, откако ЕУ склучи договор со Турција за да ги ограничи нерегуларните гранични премини, и за време на екот на пандемијата со коронавирусот во 2020 и 2021 година, кога беа воведени ограничувањата за патување. Оттогаш, бројките се зголемија, при што во 2022 година е забележан пораст на апликациите за 53 проценти, ставајќи многу земји од ЕУ „под притисок“, соопшти ЕУАА.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euaa-baranata-za-azil-vo-eu-zgolemeni-za-28-protsenti/feed/ 0