еулекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 19:27:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еулекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Седум возила на ЕУЛЕКС стигнаа во Косово, досега упасени осумнина за престрелките во Бањска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-sedum-vozila-na-euleks-stignaa-vo-kosovo-dosega-upaseni-osumnina-za-prestrelkite-vo-banska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-sedum-vozila-na-euleks-stignaa-vo-kosovo-dosega-upaseni-osumnina-za-prestrelkite-vo-banska/#respond Tue, 26 Sep 2023 19:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=882026

Возилата на ЕУЛЕКС пристигнаа во Косовска Митровица. Порталот KoSSev на социјалните мрежи објави видео од колона возила во моментов паркирани во Митровица. На видеото се прикажани седум џипови на ЕУЛЕКС, објави Нова.рс. Жителите на Бањска на северот на Косово во неделата наутро пред три часот беа разбудени од истрели, кога дошло до конфликт меѓу локалните Срби и косовските полицајци, при што загинаа четворица Срби и еден полицаец. Рафалите цело утро одекнувале во реонот на селото Бањска, а селаните беа многу исплашени и затворени во своите куќи. По нападот во кој беше убиен албанскиот полицаец Африм Буњаку од селото кај Вучитрна, во областа биле забележани засилени сили на косовската полиција заедно со КФОР, а затворен е и граничниот премин Јариње. Вкупниот број на Срби уапсени на северот на Косово, за кои се верува дека се со пукањето во селото Бањска се искачи на осум, соопшти денеска косовската полиција, објави Блиц.рс. Според косовската полиција запленети се две возила, едно оклопно возило, како и едно тешко возило – багер, во кои е пронајден поголем број разновидно оружје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-sedum-vozila-na-euleks-stignaa-vo-kosovo-dosega-upaseni-osumnina-za-prestrelkite-vo-banska/feed/ 0
Зголемено присуство на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeno-prisustvo-na-kosovskata-politsija-euleks-i-kfor-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeno-prisustvo-na-kosovskata-politsija-euleks-i-kfor-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 26 Sep 2023 11:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=881817

Поголем број возила на косовската полиција, на Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС, и на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, се движат на раскрсницата на селото Бањска, каде што во неделата, на 24 септември, се случи оружан инцидент, во кој загина еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата од над 30 вооружени и маскирани напаѓачи, јави агенцијата КосоваПрес од местото на случување. Според дописникот на КП, некои од возилата се враќаат кон тамошниот православен манастир, додека други продолжуваат кон граничниот премин со Србија, Јариње. Поголем број полицајци, како што пренесува МИА, од вчера се забележуваат долж целиот автопат Звечан - Лепосавиќ – Јариње во северно Косово. Исто така, хеликоптер на КФОР од време на време ја надгледува состојбата од воздух во тоа подрачје. Извори на КП информираат дека во околината на манастирот полицијата идентификувала уште едно возило во кое постои сомневање дека има оружје. Ситуацијата во тој дел на државата во моментов е мирна, јавува косовската агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeno-prisustvo-na-kosovskata-politsija-euleks-i-kfor-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Борел: Ситуацијата во Косово е неприфатлива, побарав ЕУЛЕКС да се засили https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-situacijata-vo-kosovo-e-neprifatliva-pobarav-euleks-da-se-zasili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-situacijata-vo-kosovo-e-neprifatliva-pobarav-euleks-da-se-zasili/#respond Mon, 12 Dec 2022 21:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=774646

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, вечерва во Брисел изјави дека моменталната ситуација на Косово е неприфатлива и затоа од земјите членки на ЕУ побарал, доколку е потребно, да ги зајакнат своите сили во рамките на ЕУЛЕКС. На прес-конференцијата, по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел кажа дека „од август регионот живее во маѓепсан круг на тензии, провокации и акции што ескалираа во последните неколку дена и предизвикаа сериозни безбедносни инциденти, вклучувајќи го и нападот врз мисијата ЕУЛЕКС и врз косовската полиција“. Тој додаде дека барикадите ги блокираат патиштата во Косово, што, како што рече, е „неприфатливо од партнерите кои сакаат европска иднина“. -Оваа ситуација мора да заврши и да се отстранат барикадите. Мора да се врати мирот. Советот на ЕУ јасно ги повика двете страни да се смират и да се воздржат од насилни и провокативни акции, додаде Борел. Тој, исто така, кажа дека неодамна ревидираниот предлог на ЕУ, поддржан од Германија и Франција, што беше проследен до Белград и Приштина, сега има „силна поддршка“ од сите 27 членки на Унијата. Шефот на дипломатијата на ЕУ изрази надеж дека Белград и Приштина ќе се заложат за деескалација на ситуацијата и враќање на дијалогот. -Партиите мора да се вратат на дијалогот. Тоа е задачата што ЕУ ја доби од Генералното собрание на Обединетите нации, а и јас како медијатор. Ова е неопходно и за двете страни на нивните европски патишта. По летните инциденти излеговме со предлог за двајцата лидери, го ажуриравме во последните недели, по последниот договор што го постигнавме за табличките, за кој се надевавме дека ќе избегнеме тензии. Ние го понудивме тој предлог и мора итно да го презентираме. Среќен сум што ја добивме силната поддршка од сите министри за оваа иницијатива. Сега тоа е предлог на 27 земји од ЕУ, рече Борел. Шефот на ЕУ дипломатијата додаде дека поради актуелната ситуација на Косово, побарал од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, во среда да ги посети Белград и Приштина. -Последните инциденти потврдуваат загрижувачка спирала во односите што носи штетни последици за народот на Косово, Србија и регионот, рече Борел. Тој додаде дека посетата на Лајчак на Белград и Приштина ќе се случи ден пред самитот на лидерите на ЕУ. Борел прецизираше дека на тој самит лично ќе ги информира лидерите на ЕУ за ситуацијата на Косово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-situacijata-vo-kosovo-e-neprifatliva-pobarav-euleks-da-se-zasili/feed/ 0
ЕУЛЕКС: Ќе се ангажираме само по барање на косовската полиција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/euleks-kje-se-angazirame-samo-po-baranje-na-kosovskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/euleks-kje-se-angazirame-samo-po-baranje-na-kosovskata-policija/#respond Mon, 07 Nov 2022 16:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=757004

Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) не презеде полициски одговорности во северно Косово, но ги зголеми мобилните извидувачки патроли во тој дел од земјата и одржува тесна координација со косовската полиција и КФОР. „Еулекс ќе се ангажира само по експресно барање на косовската полиција“, изјави ЕУЛЕКС за Радио Слободна Европа. Тие додадоа дека нивните високи полициски советници ја советуваат северната регионална дирекција на косовската полиција и четирите полициски станици под нејзина команда за голем број прашања поврзани со обезбедувањето полициски услуги, пренесе Бета. Освен тоа, советникот на ЕУЛЕКС на главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица и советникот на ЕУЛЕКС на претседателот на Основниот суд во Митровица будно ја следат состојбата во тие две правосудни институции. „ Доколку е потребно, мисијата може да распореди дополнителна резервна полициска единица за дополнително подобрување на своите сили на теренот и оперативните капацитет“, потенцираат од Мисијата на ЕУ. Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека се надева оти САД ќе одлучат КФОР и ЕУЛЕКС да вршат полициски работи на северот на Косово, по одлуката на припадниците на српската заедница да ги напуштат институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/euleks-kje-se-angazirame-samo-po-baranje-na-kosovskata-policija/feed/ 0
Специјално обвинителство во Хаг: Во тек се операции во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalno-obvinitelstvo-vo-hag-vo-tek-se-operacii-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalno-obvinitelstvo-vo-hag-vo-tek-se-operacii-vo-kosovo/#respond Fri, 06 Nov 2020 09:59:36 +0000 https://kurir.mk/?p=425762

Специјалното обвинителство во Хаг денеска соопшти дека во тек се операции на Специјалното обвинителство на Косово кои се одвиваат со поддршка на косовската полиција и мисијата на Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС). Подетални информации ќе бидат доставени наскоро, пишува во соопштението. Припадници на ЕУЛЕКС вршат претрес во седиштето на Демократската партија на Косово (ДПК) и семејните куќи на претседателот во оставка на Косово, Хашим Тачи, поранешниот претседател на ДПК, Кадри Весели и шефот на парламентарната група на движењето Самоопределување Реџеп Селими. На сите пред Специјалното обвинителство во Хаг им е потврдено обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото. Пред зградата на ДПК и семејните куќи има и припадници на косовската полиција кои го обезбедуваат пристапот до објектите. Тачи вчера поднесе оставка на функцијата претседател, откако Специјалниот суд го потврди неговото обвинение. По доброволното предавање и апсењето во седиштето на ЕУЛЕКС, Тачи, Весели и Селими вчера беа префрлени во притворската единица на Специјалниот суд во Хаг. Судот за злосторства на ОВК во Хаг синоќа ги повика жртвите на кривичните дела споменати во обвиненијата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи да се јават и да учествуваат во судската постапка. Судот во соопштение наведе дека жртвите можат да се пријават ако можат да покажат дека претрпеле штета, вклучително и физичка, душевна или материјална, како директен резултат на кривичните дела од потврденото обвинение. – Гласот на жртвите е неопходен за остварување на правдата. Преку нивниот претставник, жртвите кои учествуваат во постапката можат да ги остварат правата што им се дадени според нашите важечки регулативи и да се погрижат нивниот глас да биде слушнат пред надлежните судии, рече претседателката Екатерина Трендафилова. Говорејќи за важноста на учеството на жртвите, обвинителот Џек Смит рече дека кривичните дела во обвинението се сериозни и оти во грижата за тоа правдата да се задоволи, не смеат да се заборават страдањата на жртвите. – Учеството во постапката може да им даде сила на жртвите и да обезбеди нивниот глас да се слушне, рече обвинителот Смит. И лидерот на ДУИ, Али Ахмети реагираше во врска со потврдата на обвиненијата за водачите на ОВК, и на Фејсбук напиша дека „војната на Ослободителната Војска на Косово беше праведна војна на албанската нација за слобода и самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности“. – Знам, како јас така и моите другари, ако имавме уште по еден живот, втора можност да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го сторевме тоа повторно затоа што верувавме и веруваме во правото на нашата нација, напиша Ахмети. Тој истакна дека владеењето на правото и вистинската неселективна правда се целта на сите и им честита на лидерите на Косово кои, како што напиша, „на најдостоинствен начин одговорија на повикот за правда“ и им посака брзо враќање на нивните должности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalno-obvinitelstvo-vo-hag-vo-tek-se-operacii-vo-kosovo/feed/ 0
Мандатот на Еулекс продолжен за една година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mandatot-na-euleks-prodolzen-za-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mandatot-na-euleks-prodolzen-za-edna-godina/#respond Sat, 11 Jul 2020 15:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=374129

Мандатот на мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (Еулекс) е продолжен за помалку од една година, јави агенцијата Бета. Косовскиот претседател Хашим Тачи и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел договориле едногодишно техничко продолжување на мандатот, бидејќи пандемијата на вирусот корона спречи преговори за иднината на мандатот на Еулекс. Во писмо до Борел, Тачи навел дека Косово се согласува на техничкото продолжување на мандатот на Еулекс, најдоцна до 14 јуни 2021 година, со цел да се обезбеди континуитет на Мисијата за време на траењето на вонредните околности. Борел одговори дека го прифатил договорот за техничко продолжување на мандатот на Еулекс до 14 јуни 2021 година и ја повторил поддршката на ЕУ за Косово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mandatot-na-euleks-prodolzen-za-edna-godina/feed/ 0
Европските служби бараат продолжување на мисијата на ЕУЛЕКС на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskite-sluzbi-baraat-prodolzuvanje-na-misijata-na-euleks-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskite-sluzbi-baraat-prodolzuvanje-na-misijata-na-euleks-na-kosovo/#respond Thu, 21 Nov 2019 07:51:58 +0000 https://kurir.mk/?p=266970

Агенција Европа објави интерен документ на Европската служба за надворешна акција во кој се бара мандатот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово да биде продолжен до јуни 2022 со буџет од 77 милиони евра. Документот до кој дошла агенцијата е наменет за европскиот политички и безбедносен комитет и предупредува дека на мисијата ќе и бидат потребни дополнителни две години за да ги заврши зацртаните задачи. Мандатот на ЕУЛЕКС завршува на 14 јуни 2020. -Ова не се должи на пораз на визијата за остварување на крајната цел, туку на евалуацијата според која поддршката што ја добива мисијата треба да биде поголема од предвиденото, или поради очигледна потреба од страна на Косово да се сочува наследството на ЕУЛЕКС, или поради извонредниот придонес на мисијата во дијалогот помеѓу Србија и Косово, стои во документот што го пренесува Агенција Европа. Според Европската служба за надворешни работи, со која раководи шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, задачите кои ги врши мисијата на ЕУЛЕКС на Косово “продолжуваат да носат додадена вредност на интересите на ЕУ“, причина поради која тие треба да бидат пролонгирани до 14 јуни 2022, наместо 2020. -Трансфер до јуни 2020 би можел да биде штетен за сочувувањето на наследството на ЕУЛЕКС, предупредуваат надворешните служби на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskite-sluzbi-baraat-prodolzuvanje-na-misijata-na-euleks-na-kosovo/feed/ 0