еуро 2020 топ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jul 2021 11:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еуро 2020 топ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: УЕФА го претстави тимот на ЕУРО, во во него нема место за Роналдо и Шик https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-uefa-go-pretstavi-timot-na-euro-vo-vo-nego-nema-mesto-za-ronaldo-i-shik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-uefa-go-pretstavi-timot-na-euro-vo-vo-nego-nema-mesto-za-ronaldo-i-shik/#respond Tue, 13 Jul 2021 11:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=536099

Европската фудбалска асоцијација УЕФА го избра идеалниот тим на ЕУРО 2020. Интересно е тоа што во нападот ги нема двајцата играчи кои постигнаа по пет голови, Роналдо и Шик. На голот е Донарума, во одбраната се Бонучи, Спинацола, Мегваер и Вокер. ВО средниот ред се Жоржињо, Хојберг и Педри а во нападот Стерлинг, Киеза и Лукаку. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-uefa-go-pretstavi-timot-na-euro-vo-vo-nego-nema-mesto-za-ronaldo-i-shik/feed/ 0
ФОТО: Трофејот летна за Италија, но провокацијата остана во Англија – и тоа замислете, од Шкотска! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-trofejot-letna-za-italija-no-provokacijata-ostana-vo-anglija-i-toa-zamislete-od-shkotska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-trofejot-letna-za-italija-no-provokacijata-ostana-vo-anglija-i-toa-zamislete-od-shkotska/#respond Tue, 13 Jul 2021 11:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=536051

Азурите во финалето на ЕП ја победија Англија која беше домаќин на „Вембли“, па така во историјата на ЕУРО шампионатите, ова е втор трофеј за Италија. Многу од островските земји во склоп на Британија, Шкотска, Велс и Ирска, беа против тоа Англија да го освои трофејот, бидејки како што пишуваа нивните весници, потоа ќе фалеа 20 години. Токму на таа тема, еден шкотски весник побара од Манчини да ги вложи сите свои напори, со цел да им земе трофејот на англиските фанатици, а тоа на крајот и се случи. Италијаните вчера се вратија дома со трофејот во раце, а тренерот Манчини веднаш се најде во центарот на случувањата. Јавноста запази еден интересен детаљ од авионот на Италија. Трофејот на Италија при заминувањето кон дома, беше во непосредна близина на селекторот Манчини, а токму таа фотографија привлече внимание. Имено, трофејот беше ставен на шкотскиот весник „The National“, кој претходните денови подигна доста прашила. Шкотите беа објавиле фотографија од легендарниот филм „храбро срце“, а на фотографијата беше монтиран токму Манчини, со натпис „Спаси не Роберто, ти си нашата последна надеж“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-trofejot-letna-za-italija-no-provokacijata-ostana-vo-anglija-i-toa-zamislete-od-shkotska/feed/ 0
На местото каде плачеа од тага, сега плачеа од радост, фудбалот пишува романи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-mestoto-kade-plachea-od-taga-sega-plachea-od-radost-fudbalot-pishuva-romani/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-mestoto-kade-plachea-od-taga-sega-plachea-od-radost-fudbalot-pishuva-romani/#respond Tue, 13 Jul 2021 08:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=535898

Фудбалскиот и општо животниот пат на Роберто Манчини и неговите најдобри другари заслужува филм. Пред 29 години на најпознатиот светски фудбалски храм губат во финале. Сега на истото место плачат од радост за европско злато на Италија. Во морето изјави, прослави и изливи на емоции, една реченица на италијанскиот селектор беше посебно интересна. По големото финале на Вембли против домаќинот Англија каде Италија стана европски шампион, Манчини рече: „Екипата е просто неверојатна, немам зборови да ги опишам емоциите за неа. Репрезентацијата приметно созреа. Сакам да кажам дека денес еден круг е затворен, остваривме голем успех“. Затворен круг се однесува на него и неговите другари и поранешни соиграчи од Сампдорија во почетокот на ’90-те години. Сите тие станаа тренери и стручни помошници на Манчини во златната репрезентација на Италија. Погледнете ги сликиве внимателно: Само еден човек од овие шест на сликата не играл за Сампдорија, тоа е Габриеле Ориали. Сите други петмина не само што играа, туку блескаа во најубавиот дрес произведен на сите времиња. „Правата дружба почна со она што прво нè обедини и продолжи со голема почит за она што нè прави различни“, пишал под оваа фотографија Албериго Евани за време на Евро 2020 каде Италија освои злато. Ги обединува најмногу љубовта кон Сампдорија. „Ние дури и спиевме во пижами Сампдорија. Со задоволство доаѓавме на секој утрински тренинг, од една страна синото море, од друга страна планинско зеленило. Просто чудесно“, раскажа еднаш Џанлука Виали за дружбата во Сампдорија. Во базата на клубот од прекрасната Џенова Виали и Манчини ги викале Слипи и Допи, смешните џуџиња од легендарниот анимиран филм „Снежана и седумте џуџиња“. Често било вака: Манчини во кариерата играше и беше тренер во еден куп клубови. Но со посебна љубов збори само за еден. „Беше тоа многу необичен клуб со силни вредности. Денешната репрезентација на Италија ме потсеќа многу на таа Сампдорија. Работите секогаш одат добро кога атмосферата е така добра, тоа е фундамент во секој работен колектив. Ние веќе одамна сме заедно, но времето лета многу брзо“. На пример Италијанците смислија и една трогателна, емотивна традиција. Се сеќавате како Лоран Блан му ја бакнуваше ќелавицата на Фабијан Бартез пред секој меч на Франција? Епа такво нешто имаат и Италијанците. УЕФА на својот сајт раскажа дека во базата на Италија пред секој меч Леонардо Бонучи ја бакнува ќелавицата на Атилио Ломбардо, помошникот и најдобар другар на Манчини. Посебен однос цела репрезентација има кон легендата Џанлука Виали кој сосема неодамна се излечил од тешка болест. После финалето еден од поискусните италијански репрезентативци и некогашен капитен на Рома, Алесандро Флоренци изјави: „Знам дека овие зборови нема да му се допаднат на Џанлука, но многу ми е важно да знаете. Он е прав пример за нас. Он ни покажува каков е животот, како да му се насладуваш на животот секој ден, како да се носиш во секаква ситуација и да најдеш излез. Оваа победа е за него. Без него, како и без Манчини ќе бевме никој и ништо. Ќе ме проколнува за овие зборови но ги заслужува“. По големото финале Манчини се пошегува на сметка на блискиот Лука Виали: „Он ми е како брат. А сега е важно да го слушаат зошто веќе е стар“. Во конктекст на финалето на „Вембли“ меѓу Англија и Италија, има нешто многу интересно. И Виали и Ломбардо и Манчини пред 29 години, во мај 1992-ра година на легендарниот стар „Вембли“ дошле на најважниот меч во клупската историја на Сампдорија. Финале на Куп на европски шампиони (Лига на шампиони денес) пред нив стоеше страшната Барселона на Јохан Кројф со Стоичков, Микаел Лаудруп, Сакристан, Салинас, Куман и 21-годишниот Пеп Гвардиола. Повозрасните се сеќаваат дека оваа генерација на Сампа беше една од најдобрите во светскиот фудбал во тоа време. Голманот Џулио Нучари кој исто сега е дел од стручниот штаб на Манчини, на тој меч бил резерва на клупа. Евани дошол подоцна во екипата а Салсано заминал претходно. Италијанците оддолеваа долго време. Мечот отиде во продолженија а Сампдорија се држеше дури до средната на второто продолжение кога Роналд Куман со еден проектил во 112’ минута ја погоди мрежата на Џанлука Паљука. Сампдорија една година претходно го освои своето прво и единствено до сега скудето во Италија. Плачеа играчите по тешкиот пораз во финалето со Барса, свесни дека таква шанса веќе нема да има. Но на некои од нив, судбината им се насмеа по втор пат. Виали тоа лето замина во Јувентус за да во 1996-та со поранешните соиграчи од Сампдорија, Пјетро Вјерховод и Ломбардо да ја освојат вредната Лига на шампиони. Роберто Манчини веќе не доби прилика да се приближи така блиску до драгоцениот пехар (освои две скудета во Серија А, Куп на Куп победници и Супер Куп на УЕФА, но не и Лига на шампиони). Тој пораз на Вембли во финале против Барселона ден-денес го нарекува најтежок во акриерата. Кога деновиве го прашале што очекува од финалето Италија - Англија искрено рекол: „Се надевам само дека ќе можам да се насладувам на моментите кои не ги добив во играчката кариера иако настапував за прекрасни екипи“. И им се наслади. Среќата, но и знаењето го погледнаа. Манчини и Виали повторно плачеа, но овојпат од среќа. И така се затвори еден круг за кој ќе се снимаат филмови и пишуваат книги. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-mestoto-kade-plachea-od-taga-sega-plachea-od-radost-fudbalot-pishuva-romani/feed/ 0
Реакциите на италијанските и англиските навивачи во пенал серијата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reakciite-na-italijanskite-i-angliskite-navivachi-vo-penal-serijata-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reakciite-na-italijanskite-i-angliskite-navivachi-vo-penal-serijata-video/#respond Mon, 12 Jul 2021 09:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=535390

Вчера се одигра финалето на Европското првенство помеѓу Италија и Англија кое донеше максимална драма и се решаваше на пенали. Англичаните први дојдоа до водство со голот на Лук Шо уште во стартните минути, Италија изедначи преку Бонучи, а со 1:1 завршија регуларните 90 минути и продолженијата. Кулминацијата на драмата следуваше во пенал серијата во која за Англија промашуваа Санчо, Сака и Рашфорд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reakciite-na-italijanskite-i-angliskite-navivachi-vo-penal-serijata-video/feed/ 0
ВИДЕО: Бонучи-шоу на прес конференцијата: Пиеше кока кола и пиво, па направи селфи со Манчини https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-bonuchi-shou-na-pres-konferencijata-pieshe-koka-kola-i-pivo-pa-napravi-selfi-so-manchini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-bonuchi-shou-na-pres-konferencijata-pieshe-koka-kola-i-pivo-pa-napravi-selfi-so-manchini/#respond Mon, 12 Jul 2021 07:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=535314

Ветеранот Леонардо Бонучи го пренесе прекрасното расположение од теренот и во прес салата, по финалниот натпревар против Англија. Во неа влезе максимално насмеан, а се обиде на новинарите и присутните да им приреди вистинско шоу. Прво се напи кока-кола и пиво, а пред крајот на прес конференцијата, направи и селфи со селекторот Роберто Манчини. Селекторот го прифати сето тоа, на крајот на краиштата, тој го освои првиот голем трофеј во својата тренерска кариера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-bonuchi-shou-na-pres-konferencijata-pieshe-koka-kola-i-pivo-pa-napravi-selfi-so-manchini/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Шампионите пристигнаа во Рим, Кјелини го покажа пехарот пред тифозите! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-video-shampionite-pristignaa-vo-rim-kjelini-go-pokaza-peharot-pred-tifozite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-video-shampionite-pristignaa-vo-rim-kjelini-go-pokaza-peharot-pred-tifozite/#respond Mon, 12 Jul 2021 07:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=535294

Европскиот првак се врати дома. Италијанците со чартер лет од Лондон веќе пристигнаа со пехарот во Рим. Први од авионот со пехарот излегоа селекторот Роберто Манчини и капитенот Џорџо Кјелини. Стотици фанови ги пречекаа италијанските фудбалери на аеродромот во главниот град, а капитенот со извици на победа и херојство ги победи. Синоќа низ сите италијански градови се славеше, а попладнево предевиден е прием кај претседателот на Италија, Матарезе. Ова е титула по половина век чекање за една фудбалска нација како Италија. Следното Европско првенство ќе се одржи во јуни и јули 2024 година во Германија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-video-shampionite-pristignaa-vo-rim-kjelini-go-pokaza-peharot-pred-tifozite/feed/ 0
Манчини: Победувавме играјќи убав фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchini-pobeduvavme-igrajkji-ubav-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchini-pobeduvavme-igrajkji-ubav-fudbal/#respond Sun, 11 Jul 2021 22:51:57 +0000 https://kurir.mk/?p=535177

Селекторот на фудбалската репрезентација на  Италија, Роберто Манчини е пресреќен поради триумфот на Европското првенство. „Го примивме тој гол и страдавме на почетокот, но брзо се вративме и доминиравме до крајот на мечот“, вели Манчини. „Момците се прекрасни, не знам што повеќе да кажам. Ова е важно за сите луѓе, за сите наши фанови. Среќни сме бидејќи победуваме играјќи убав фудбал. Се надевам дека фановите слават сега. Среќни сме, и тоа е најважно“ -  заврши во својата изјава Роберто Манчини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchini-pobeduvavme-igrajkji-ubav-fudbal/feed/ 0
Италија е нов европски шампион во фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-e-nov-evropski-shampion-vo-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-e-nov-evropski-shampion-vo-fudbal/#respond Sun, 11 Jul 2021 22:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=535174

Фудбалската репрезентација на Италија е нов европски шампион во фудбал откако ја победи Англија во финалето на Европското првенство, по подоброто изведувањето на пенали. По 120 минути игра на „Вембли“ во Лондон, резултатот беше 1:1. Лук Шо и донесе предност на Англија уште во втората минута, а Леонардо Бонучи израмни за Италија во 67. минута При изведувањето на ударите од белата точка, Кејн и Мегваер беа прецизни за Англија, по што следуваа три промашувања на Рашфорд, Санчо и Сака. За Италија, голови од пенал постигнаа Берарди, Бонучи и Бернардески, а Белоти и Жоржињо промашија за 3:2.
За најдобар играч во финалето беше прогласен дефанзивецот на Италија Леонардо Бонучи, кој го постигна израмнувачкиот гол, а потоа погоди и од пенал. За Италија, ова е втора европска титула, додека Англија продолжува да чека на првиот трофеј на европските првенства.
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-e-nov-evropski-shampion-vo-fudbal/feed/ 0
УЕФА размислува да го прошири ЕП и од 2028 година да се игра со 32 репрезентации https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-razmisluva-da-go-proshiri-ep-i-od-2028-godina-da-se-igra-so-32-reprezentacii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-razmisluva-da-go-proshiri-ep-i-od-2028-godina-da-se-igra-so-32-reprezentacii/#respond Sun, 11 Jul 2021 15:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=535124

Европската куќа на фудбалот УЕФА сериозно размислува да го прошири форматот на Европските првенства и од 2028 година да настапуваат 32 репрезентации, наместо форматот со 24 селекции што е актуелен. По сегашниот систем се игра од 2016 година, кога првенството на Стариот континент се прошири за нови 8 селекции, односно од 16 кои учествуваа на ЕП 2012 до 24 на турнирот во 2016 година, кога првак стана Португалија. УЕФА е задоволна од проширувањето, со 24 репрезентации многу помали земји добија шанса да си го остварат сонот за настап на Европско првенство, а меѓу нив е и Македонија. Развојот на фудбалот е една од приоритетните цели на УЕФА, па идејата за 32 репрезентации на ЕП е сериозен проект што би можел да почне од 2028 година. УЕФА под своја капа има 55 членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-razmisluva-da-go-proshiri-ep-i-od-2028-godina-da-se-igra-so-32-reprezentacii/feed/ 0
Очите на Европа вечерва свртени кон „Вембли“, македонските политичари откриваат кој е нивниот фаворит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochite-na-evropa-vecherva-svrteni-kon-vembli-makedonskite-politichari-otkrivaat-koj-e-nivniot-favorit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochite-na-evropa-vecherva-svrteni-kon-vembli-makedonskite-politichari-otkrivaat-koj-e-nivniot-favorit/#respond Sun, 11 Jul 2021 09:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=534968

Репрезентациите на Италија и Англија вечерва од 21 часот ќе го одиграат финалето на Европското фудбалско првенство. Вниманието на европската јавноста е свртено кон фудбалот и кон тоа кој ќе биде победникот и ќе го понесе трофејот на првенството кое беше одложено за годинава поради Ковид пандемијата. Навивачите на овие две репрезентации жестоко ги бодрат своите миленици, но во мала предност во однос на фаворитската улога е „Гордиот албион“ поради фактот дека игра дома. Курир праша дел од македонските политичари за која репрезентација ќе навиваат вечерва и кој очекуваат да го подигне трофејот. Поголемиот дел од нив изјавија дека немаат фаворит, но секако очекуваат добар натпревар. -Во недела, на финалето на Европското фудбалско првенство, играат тимовите на Англија и Италија. Станува збор за две наши пријателски држави и претседателот Пендаровски нема да зазема страна. Претседателот очекува да гледаме добар фудбал и нека победи подобрата екипа, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Фер игра со што поголем број голови посакува собранискиот спикер, Талат Џафери. -Претседателот на Собранието Џафери ќе го следи финалето на Европското фудбалско првенство дома, со семејството. Со оглед на тоа дека двете репрезентации покажаа квалитет својствен за супериорни играчи со жар карактеристичен за матичните лиги, претседателот ќе навива за што поголем број голови, фер и чиста игра, коректност на навивачите и еднаква поделба на правда од страна на судиите, велат за Курир од Кабинетот на Џафери. Во домашна атмосфера без фаворит бидејќи неговиот испаднал од натпреварувањето, денешното фудбалско финале ќе го проследи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Финалниот натпревар на Европското првенство ќе го гледам во домашна атмосфера со пријателите. Нема да навивам за ниту една од репрезентациите бидејќи мојот фаворит Македонија не игра во финалето на европското. Сепак следејќи ги натпреварите на европското, колку што ми дозволуваа обврските, очекувам одличен натпревар помеѓу двете квалитетни репрезентации Италија и Англија, натпревар со многу погодоци, открива Мицкоски за Курир. Од контактираните единствено портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева јасно кажа дека вечерва ќе навива Италија да го подигне трофејот. За Курир открива дека следењето на вечерашниот натпревар ќе биде интересен за неа бидејќи нејзиниот сопруг навива за спротивната селекција, Англија. -"Forza Azzurri!" Мојот фаворит е Италија, уште од самиот почеток на европското првенство бев многу позитивно изненадена од играта на Италијанците. Го променија концептот на играта, играат модерен, напаѓачки фудбал за разлика од тоа што за нив е одлика да играат затворен фудбал. Имаат 33 натпревари без пораз и за разлика од порано, Италијанците ова првенство не ги красат некои посебни фудбалски ѕвезди, напротив успехот е плод на единство и хемија, а тоа ме потсетува на нашата македонска фудбалска репрезентација. Ќе го гледам натпреварот фамилијарно, како ќерка и сестра на фудбалски судии, тоа секогаш било наша традиција. Дополнително, со сопругот имаме различен фаворит, тој навива за Англија, па навивањето ќе биде уште поинтересно, вели Митева за Курир. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи за Курир вели дека не следи фудбал кога не игра Македонија. Викендот наместо пред телевизор ќе го помине со семејството на планина. Курир се обиде да дознае за која репрезентација вечера ќе навиваат премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, но до објавување на овој текст од нивните кабинети не добивме одговор. Домаќин на финалето ќе биде стадионот „Вембли“ во Лондон. Англичаните немаат европски трофеј во својата историја, а вечерва ќе го играат своето прво големо финале од 1966 година кога на истиот стадион ја освоија титулата светски првак. Азурите ја освоија својата прва и засега единствена европска титула во 1968 година, совладувајќи ја во финалето на домашен терен во Рим поранешна СФР Југославија. Оттогаш, Италијанците уште два пати стигнаа до финалните натпревари на Европските првенства на кои беа поразени во 2000 и 2012 година. Финалето од трибините на култниот „Вембли“ ќе го следат 60.000 навивачи, кои во огромно мнозинство ќе бидат Англичани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochite-na-evropa-vecherva-svrteni-kon-vembli-makedonskite-politichari-otkrivaat-koj-e-nivniot-favorit/feed/ 0