Еуро Никел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Jul 2023 06:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еуро Никел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ШОК: Еуро Никел се откажува од Првата лига https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shok-euro-nikel-se-otkazhuva-od-prvata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shok-euro-nikel-se-otkazhuva-od-prvata-liga/#respond Sat, 22 Jul 2023 06:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=858860

Поранешниот трикратен шампион на Македонија, Еуро Никел (некогашен Фени Индустри, Тиквеш и Орка) денеска официјално го откажа своето учество во Првата македонска кошаркарска лига за сезоната 2023/24. Ваквата одлука доаѓа неколку дена откако ФИБА му изрече суспензија на клубот за ангажирање нови кошаркари, но се претпоставува дека таа одлука нема врска со новиот развој на настаните. До истапувањето од Првата лига, за што денеска е известена Кошаркарската федерација, дошло поради престанок на спонзорирањето од страна на компанијата Еуро Никел.
„Согласно известувањето што беше доставено до вас, за престанување на спонзорирање на Еуро Никел Индустри ДОО Кавадарци во нашиот клуб и во спортот воопшто, ве известуваме за следното:
МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот и се слободни да се приклучат во останатите клубови. Со почит МКК Еуро Никел ДООЕЛ“, пишува во известувањето од кавадаречкиот клуб. Ваквиот развој на настаните може да значи гаснење на еден од најважните кошаркарски центри во земјава, расадник на кошаркари и „производител“ на некои од најдобрите играчи во историјата на Македонија. Еуро Никел (порано Фени Индустри) беше спонзор на клубот повеќе од 15 години и во овој период кавадарчкиот тим освои три титули во домашното првенство, две во Купот на Македонија и една во БИБЛ лигата. Со откажувањето на Еуро Никел, слободни стануваат неколку исклучително квалитетни играчи кои ги бранеа боите на овој клуб како Дарко Соколов, Никола Караколев, Марјан Младеновиќ, Лука Стојановски итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shok-euro-nikel-se-otkazhuva-od-prvata-liga/feed/ 0
ТФТ ја доби „мајсторката“ со Еуро Никел и се пласира меѓу најдобрите четири https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-ja-dobi-majstorkata-so-euro-nikel-i-se-plasira-megu-najdobrite-chetiri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-ja-dobi-majstorkata-so-euro-nikel-i-se-plasira-megu-najdobrite-chetiri/#respond Sat, 06 May 2023 18:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=831362

По МЗТ Скопје, втор патник во полуфиналето во македонскиот кошаркарски плејоф е екипата на ТФТ, која лесно ја доби „мајсторката“ со Еуро Никел, користејќи ја предноста на домашниот терен. Првата четвртина беше катастрофална во офанзивен план и двата тима потфрлија со реализацијата, па иако гостите од Кавадарци се снајдоа подобро и имаа предност од 8:14, продолжението донесе сосема поинаква кошарка. ТФТ промени брзина и заигра навистина побрзо, а тоа направи да ги добие сите наредни три четвртини и да оствари сигурна победа со резултат 73:59. Александар Костоски беше лидер со 26 поени во својот тим, па го доби епитетот играч на мечот и покрај тоа што Планиниќ на спротивната страна постигна 31 поен. Тимот од Тафталиџе со оваа победа се пласираше меѓу четирите најдобри, а таму ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Пелистер и Феникс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-ja-dobi-majstorkata-so-euro-nikel-i-se-plasira-megu-najdobrite-chetiri/feed/ 0
Кирил Николовски стави крај на играчката кариера https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kiril-nikolovski-stavi-kraj-na-igrachkata-kariera/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kiril-nikolovski-stavi-kraj-na-igrachkata-kariera/#respond Tue, 14 Feb 2023 05:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=800096

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Кирил Николовски стави крај на играчката кариера и има нова функција во неговиот клуб Еуро Никел. Високиот крилен центар по тешката повреда на лигаментите со која се здоби на дуелот со ТФТ M пред крајот на минатата година реши дека е време за крај. 34-годишникот заминува во пензија како член на Еуро Никел, а претходно играше и за Кожув, Работнички, Карпош Соколи, Фени, МЗТ Скопје, Вардар Осигурување. Четирикратниот шампион на Македонија со МЗТ Скопје и Работнички во иднина ќе работи како технички раководител во Еуро Никел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kiril-nikolovski-stavi-kraj-na-igrachkata-kariera/feed/ 0
Соколов го продолжи договорот со Еуро Никел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sokolov-go-prodolzi-dogovorot-so-euro-nikel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sokolov-go-prodolzi-dogovorot-so-euro-nikel/#respond Sat, 23 Jul 2022 05:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=709135

Македонскиот кошаркар Дарко Соколов го продолжи договорот со трикратниот освојувач на македонското првенство Еуро Никел и веројатно ќе ја заврши кариерата во овој клуб. Минатата сезона плејмејкерот настапи на 34 натпревари и забележа просек од 11.5 поени, 4.1 скок и 3.6 асистенции. Пред потпис на нов договор со Еуро Никел 2009 е и Димчевски, а клубот е во завршни преговори и со Марјан Младеновиќ, кој минатата сезона настапуваше за Пелистер. Единствен кошаркар кој го напушти клубот од Кавадарци до овој момент е Предраг Самарџиски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sokolov-go-prodolzi-dogovorot-so-euro-nikel/feed/ 0
МЗТ лесно го доби Еуро Никел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-lesno-go-dobi-euro-nikel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-lesno-go-dobi-euro-nikel/#respond Wed, 11 May 2022 19:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=675360

Пеколниот финиш на првото полувреме и серијата од 25:6 во финишот од втората и стартот на третата четвртина се покажаа како клучен фактор во убедливиот триумф на МЗТ Скопје кај Еуро Никел од (95:75). Ова беше осма победа во низа за МЗТ Скопје Аеродром во пресметките против ривалот во ланското плејоф-финале, а шести триумф по ред во суперлигашкиот дел од годинешното првенство. Немања Милошевиќ со 18 поени, седум скока и пет асистенции беше прво име кај аеродромци, а на спротивната страна Џексон Дубински постигна 11 поени и запиша три асистенции. Со оваа победа МЗТ дојдовме до скор 25:4 и му зададе задача на Пелистер, најголемиот ривал за првото место пред плеј-офот, да мора да слави на утрешното гостување кај ТФТ доколку сака да се изедначи по бројот на бодови. МЗТ е прв со 54 бодови, пред Пелистер со 52, а третопласиран е Еуро Никел кој има 45.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-lesno-go-dobi-euro-nikel/feed/ 0
Еуро Никел подобар од ТФТ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-podobar-od-tft/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-podobar-od-tft/#respond Thu, 28 Apr 2022 18:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=669419

Кошаркарите на Еуро Никел се одвоија на третата позиција на табелата, откако со вечерашната победа на домашен терен против ТФТ од 87-73 направија огромен исчекор кон обезбедување сигурен пласман во плејофот. Бранислав Ѓекиќ беше најефикасен кај Еуро Никел со 22 поени, а Дарко Соколов реализираше 21, додека Хортон со 19 поени беше најпрецизен кај скопјани.
По три кола од Суперлигата, Еуро Никел 2005 има скор 16-9, со два порази помалку во однос на ТФТ и Феникс, кој вечерва го пречекува МЗТ Скопје, кој заедно со Пелистер е забетониран на првите две места во Суперлигата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-podobar-od-tft/feed/ 0
Крај на сезоната за Кирил Николовски https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kraj-na-sezonata-za-kiril-nikolovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kraj-na-sezonata-za-kiril-nikolovski/#respond Fri, 08 Apr 2022 18:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=660525

Еуро Никел до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на Кирил Николовски кој поради повреда го очекува пауза од два до три месеци. Центарот дојде како големо засилување во кавадаречкиот тим од редовите на Кожув, значајно влијаеше во играта на вицешампионот, но тренерот Самарџиев сега ќе мора да бара ново решение. Поранешниот македонски репрезентативец настапи на седум натпревари за „сино-белите“ во кои бележеше просек од 11.1 поен со реализација од 53 отсто за два и 29 за три поени, а додаде и 7.4 скока и 1.7 асистенција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kraj-na-sezonata-za-kiril-nikolovski/feed/ 0
Еуро Никел го совлада Работнички, Ангели декласирани од Кожув https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-go-sovlada-rabotnichki-angeli-deklasirani-od-kozuv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-go-sovlada-rabotnichki-angeli-deklasirani-od-kozuv/#respond Sat, 11 Dec 2021 20:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=607158

Во кошаркарското првенство на Македонија попладнево на програмата беа два натпревари. Еуро Никел ја продолжи триумфалната низа совладувајќи го Работнички со 95:77. Кавадарчани со четвртиот триумф во низа се искачија на петтата позиција и се здржаа во трката за влез во разигрувањето за шампионската титула. Најефикасен во победничката екипа со 24 поени беше Бранислав Џекиќ додека на спротивната страна прв стрелец со 25 поени беше Виктор Златевски. Во вториот дуел одигран денеска Кожув триумфираше над Ангели со 105:67. Десеттата рунда во шампионатот ќе се комплетира утре со одигрување на мечевите Куманово – МЗТ Скопје 2 и ФМП Академија – ТФТ Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/euro-nikel-go-sovlada-rabotnichki-angeli-deklasirani-od-kozuv/feed/ 0
Пелистер подобар од Еуро Никел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pelister-podobar-od-euro-nikel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pelister-podobar-od-euro-nikel/#respond Sun, 31 Oct 2021 21:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=588967

Пелистер остана со максимален учинок и по петтото коло од македонската прва кошаркарска лига, победувајќи го (85:90) Еуро Никел во Кавадарци. Домашниот тим најави дека ќе биде сериозен ривал на лидерот на табелата во првиот период кој го доби со 23:13, но Пелистер ја намали негативата до паузата. Битолчани продолжија со добрата игра и во третиот период кој го завршија со четири поени предност, а последната етапа од дуелот донесе интересен натпревар, во кој Еуро Никел стопи и десет поени предност, но на крајот Пелистер сепак стигна до победата. Малешевиќ со 18 и Стајиќ со 16 поени беа најдобри поентери во редовите на Пелистер, додека Ѓекиќ реализираше 18 поени во редовите на Еуро Никел. Тимот од Кавадарци останува на само една победа, додека Пелистер е лидер со пет победи по пет одиграни натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pelister-podobar-od-euro-nikel/feed/ 0
МЗТ Скопје пак подобар од Еуро Никел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-pak-podobar-od-euro-nikel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-pak-podobar-od-euro-nikel/#respond Mon, 18 Oct 2021 21:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=581692

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Кавадарци го победи Еуро Никел со 75:69 во дербито на третото коло од кошаркарското првенство. Домаќините добро го отворија мечот и успеаа да ја добијат првата четвртина со 21-17, но МЗТ направи пресврт и веќе до полувремето имаше водство од 10 разлика. Во вториот дел домаќините не успеаа да направат ништо значајно, а Аеродромци го контролираа мечот. Дамјан Стојановски со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, кај поразените се истакнаа Џонатан Дејвис и Бранислав Џекиќ со 13 поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-pak-podobar-od-euro-nikel/feed/ 0