Еурофарм Пелистер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 03:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еурофарм Пелистер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловски: Нашите ракометари заслужуваат респект за вербаат која ја имаат во себе https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/angelovski-nashite-rakometari-zasluzhuvaat-respekt-za-verbaat-koja-ja-imaat-vo-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/angelovski-nashite-rakometari-zasluzhuvaat-respekt-za-verbaat-koja-ja-imaat-vo-sebe/#respond Thu, 26 Oct 2023 03:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=893167

Привремениот тренер на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски по мечот од ЛШ против Кјелце истакна дека не е лесно да се игра пеотив едев ваков тим како што е Кјелце.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во Пелистер, пред се на довчерашните тренери Јовиќ и Шундовски кои оставија длабока трага во клубот. Не беше лесно да се игра против европскиот вицешампион, тој респект што го имавме на почетокот негативно се одрази на нас. Тоа се гледа по почетниот резултат, 2-9 по што се обидував само да не доживееме катастрофа. Во секој случај, ракометарите заслужуваат респект за вербата која ја имаат во себе дека имаат квалитет, но за нешто повеќе ни треба уште многу работа. На следните натпревари, Пелистер мора да биде подобар. Во соблекувалната им реков на ракометарите дека можеме да бидеме задоволни, но никако среќни. Не можеме да сме среќни кога губиме“, рече Ангеловски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/angelovski-nashite-rakometari-zasluzhuvaat-respekt-za-verbaat-koja-ja-imaat-vo-sebe/feed/ 0
Ракометарите на Еурофарм Пелистер поразени и од Келце во ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometarite-na-eurofarm-pelister-porazeni-i-od-keltse-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometarite-na-eurofarm-pelister-porazeni-i-od-keltse-vo-lsh/#respond Wed, 25 Oct 2023 20:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=893145

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување во шестото коло од европската Лига на шампионите и загубија со 24:21 од полски Келце. Битолчани стартуваа лошо, во првите 17 минути постигнаа само два гола, а во 22 минута, гостите од Полска имаа и највисока предност од осум голови, или 11:3. Сепак првото полувреме заврши со 14:8, а во второто резултатската предност на гостите почна значително да се намалува. Во периодот од 44 до 57 минута, водството на Келце беше само еден разлика (15:16/18:19/21:22), но тоа беа последните обиди на домашниот тим да приреди изненадување. На крајот поискусниот гостински тим, предводен од Карачиќ, Душебаев и Олејченко кој постигна пет голови, ги освои бодовите во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Дебито на Бранислав Ангеловски на тренерската клупа на Еурофарм Пелистер беше резултатски неуспешно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometarite-na-eurofarm-pelister-porazeni-i-od-keltse-vo-lsh/feed/ 0
Бранко Ангелковски нов тренер на РК Еурофарм Пелистер https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/branko-angelkovski-nov-trener-na-rk-eurofarm-pelister/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/branko-angelkovski-nov-trener-na-rk-eurofarm-pelister/#respond Tue, 24 Oct 2023 15:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=892611

Поранешниот ракометен репрезентативец Бранко Ангелковски избран е за нов тренер на РК Еурофарм Пелистер и утревечер ќе го предводи тимот на битолчани на средба со Киелце што ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, а во рамки на редовното 6. коло од европската Лига на шампионите. Управа на клубот го разреши првиот тренер Александар Јовиќ, а тим менаџерот Звонко Шундовски се повлекол од морални причини. Промените во РК Еурофарм Пелистер се очекуван епилог по серијата неуспешни резултати на тимот на меѓународната и домашната ракометна сцена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/branko-angelkovski-nov-trener-na-rk-eurofarm-pelister/feed/ 0
Го стресе ли Вардар и тренерското столче на Александар Јовиќ? https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/go-strese-li-vardar-i-trenerskoto-stolche-na-aleksandar-jovik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/go-strese-li-vardar-i-trenerskoto-stolche-na-aleksandar-jovik/#respond Mon, 23 Oct 2023 06:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=892067

Еурофарм Пелистер  ја разочара битолската публика и иако го победи Вардар 1961 на домашен терен (29-25), нема причини за радост, затоа што битолчани останаа на втората позиција во суперлигашкиот дел поради подобриот меѓусебен скор на „црвено-црните“ оваа сезона. По оние 30-25 во Скопје, на пелистерци им беше потребна победа од најмалку пет гола за да го преземат врвот од вечниот ривал. Имаше Еурофарм Пелистер девет гола позитива, но не успеа да ја задржи. Ја прокоцка болно, со промашен последен напад и гол од контра на Ѓукиќ, за пораз на Вардар од четири гола. Еурофарм Пелистер ја разочара битолската публика и иако го победи Вардар 1961 на домашен терен (29-25), нема причини за радост, затоа што битолчани останаа на втората позиција во суперлигашкиот дел поради подобриот меѓусебен скор на „црвено-црните“ оваа сезона. По оние 30-25 во Скопје, на пелистерци им беше потребна победа од најмалку пет гола за да го преземат врвот од вечниот ривал. Имаше Еурофарм Пелистер девет гола позитива, но не успеа да ја задржи. Ја прокоцка болно, со промашен последен напад и гол од контра на Ѓукиќ, за пораз на Вардар од четири гола. Јовиќ, Шундовски и Ангеловски сега се во незавидна ситуција. Прашање е каков ќе биде следниот чекор на управата на Еурофарм Пелистер, кај која исто така постои незадоволство од актуелните резултати на тимот]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/go-strese-li-vardar-i-trenerskoto-stolche-na-aleksandar-jovik/feed/ 0
ЗНМ: Срамна постапка на навивачите на Е. Пелистер кон новинарите и неприфатливо отсуство на реакција од страна на клубот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-sramna-postapka-na-navivachite-na-e-pelister-kon-novinarite-i-neprifatlivo-otsustvo-na-reaktsija-od-strana-na-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-sramna-postapka-na-navivachite-na-e-pelister-kon-novinarite-i-neprifatlivo-otsustvo-na-reaktsija-od-strana-na-klubot/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=892026

На иницијатива на Секцијата на спортски новинари која е дел од Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колега коментатор од Македонската Телевизија, реагираат од здружението на новинари. Имено во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаше истакнато безобразен транспарент кој се однесува на колегата Југослав Костовски. Секцијата на спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија. Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена, стои во реакцијата на ЗНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-sramna-postapka-na-navivachite-na-e-pelister-kon-novinarite-i-neprifatlivo-otsustvo-na-reaktsija-od-strana-na-klubot/feed/ 0
Еурофарм Пелистер победи, но Вардар се радуваше во Битола https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-pobedi-no-vardar-se-raduvashe-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-pobedi-no-vardar-se-raduvashe-vo-bitola/#respond Sun, 22 Oct 2023 19:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=892012

Еурофарм Пелистер со 29-25 го доби денешното дерби против Вардар, но со тој резултат не ја анулира негативата со која се врати од Скопје на почетокот од сезоната кога црвено-црните славеа со 30-25. Битолскиот тим водеше во текот на целиот натпревар, во текот на второто полувреме имаа предност и од девет голови разлика, но на крајот не успеаа да дојдат до посакуваниот резултат. На две минути пред крајот Пелистер имаше предност од 28-21 и никој не се надеваше дека до крајот може да се случи чудо, но Вардар даде четири брзи гола, од кои последниот беше на Дарко Ѓукиќ пред звукот на сирената за крај. Конечниот резултат беше 29-25 за Пелистер. Ненад Костески и Домен Тајник постигнаа по пет гола за победникот, кај Вардар по четири имаа Марко Срдановиќ, Милан Лазаревски и Ансер Родригез, кој се наметна како џокер. Калифа Гедбан имаше 12 одбрани, Мартин Томовски 11, од нив седум во вториот дел. Сега и Вардар и Пелистер имаат по 21 бод по осум кола, но скопјани се подобри во меѓусебниот однос, а според пропозициите тоа ќе пресуди на крајот од оваа прелиминарна фаза во првенството, што значи Вардар би завршил прв и би пренел три бода, а Пелистер како втор - два.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-pobedi-no-vardar-se-raduvashe-vo-bitola/feed/ 0
Киелце без Сичко доаѓа кај Еурофарм Пелистер во Битола https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kieltse-bez-sichko-doaga-kaj-eurofarm-pelister-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kieltse-bez-sichko-doaga-kaj-eurofarm-pelister-vo-bitola/#respond Sat, 21 Oct 2023 06:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=891483

Полски Кјелце ќе биде следен ривал на битолски Еурофарм Пелистер во ракометната Лига на шампиони, а еден од првотимците доживеа повреда на последниот натпревар за полскиот ракометен гигант. Левиот бек на Киелце, Симон Сичко, го повреди зглобот на последниот дуел од Лигата на шампионите против ПИК Сегед каде го напушти теренот во 46. минута и повеќе не се врати на дуелот. Отсуството на Сичко беше голем проблем за Киелце на овој натпревар. Првичните прогнози не се охрабрувачки, но од медицинскиот тим на полскиот тим најавуваат дека ќе направат се за да го вратат играчот во игра за следниот меч од Лигата на шампионите. Следните прегледи на Сичко се во следниот дел од денот. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и полски Киелце се игра на 25 октомври во „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20:45 часот. Македонскиот првак досега нема освоени бодови во Лигата на шампионите]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kieltse-bez-sichko-doaga-kaj-eurofarm-pelister-vo-bitola/feed/ 0
Нема одложување на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nema-odlozhuvane-na-derbito-megu-eurofarm-pelister-i-vardar-1961/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nema-odlozhuvane-na-derbito-megu-eurofarm-pelister-i-vardar-1961/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=891280

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево го објави распоредот за натпреварите од претстојното 8. коло во машката Суперлига во кое нема измени во програмата во која за в недела во Битола е закажано големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Раководството на Вардар 1961 вчера побара од РФМ одложувањето на дуелот во Битола поради неповолна здравствена состојба во тимот, нведувајќи дека повеќе играчи и членови на стручниот штаб се болни од тешка вироза. „Заклучно со  последниот тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар“, соопшти во четвртокот Вардар 1961. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во денешната реакција посочи дека не прифаќа одложување на натпреварот кој е закажан за в недела од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“. „Согласно пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите“, се наведува во клупското соопштение на битолскиот шампион. По воведните седум кола, Вардар 1961 е првопласиран на табелата во групата Б со максимален ефект, пред Еурофарм Пелистер, кој има ефект од шест победи и еден пораз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nema-odlozhuvane-na-derbito-megu-eurofarm-pelister-i-vardar-1961/feed/ 0
Јовиќ: Немавме решение за последните 15 минути https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/jovik-nemavme-reshenie-za-poslednite-15-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/jovik-nemavme-reshenie-za-poslednite-15-minuti/#respond Fri, 20 Oct 2023 04:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=890999

По натпреварот помеѓу Загреб и Еурофарм Пелистер период кој го потенцираше и тренерот Александар Јовиќ „Одигравме добри 45 минути, а потоа влеговме во една фаза во која немавме решение ниту во нападот ниту во одбраната. Истото ни се случуваше и на претходните натпревари и затоа мора да работиме повеќе на тоа, за да не ни се повторува и во иднина и за да можеме да победиме екипи во Лигата на шампионите. Честитки за противникот за победа“, изјави Јовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/jovik-nemavme-reshenie-za-poslednite-15-minuti/feed/ 0
Поради вироза во тимот: Вардар 1961 побара одложување на дербито со Еурофарм Пелистер https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poradi-viroza-vo-timot-vardar-1961-pobara-odlozhuvane-na-derbito-so-eurofarm-pelister/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poradi-viroza-vo-timot-vardar-1961-pobara-odlozhuvane-na-derbito-so-eurofarm-pelister/#respond Thu, 19 Oct 2023 15:52:26 +0000 https://kurir.mk/?p=890889

Скопскиот прволигаш Вардар 1961 побара денеска од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да го одложи претстојното дерби против шампионот Еурофарм Пелистер поради неповолна здравствена состојба во тимот, повеќето играчи и членови на стручниот штаб се болни од тешка вироза. -Заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар, се наведува во клупското соопштение на Вардар 1961. Скопскиот прволигаш посочи дека сака да се изнајде заедничко решение за новонастаната здравствена состојба во клубот во „интерес на регуларноста на првенството, фер-плејот и спортското џентлменство“. -Во овој момент, би сакале да побараме официјално одложување на натпреварот од 8. коло во Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“, стои во клупското соопштение. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poradi-viroza-vo-timot-vardar-1961-pobara-odlozhuvane-na-derbito-so-eurofarm-pelister/feed/ 0