Еурокомпозит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Dec 2021 12:53:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еурокомпозит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uplateni-1-7-milioni-evra-za-zaostanatite-pridonesi-na-rabotnicite-od-eurokompozit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uplateni-1-7-milioni-evra-za-zaostanatite-pridonesi-na-rabotnicite-od-eurokompozit/#respond Fri, 31 Dec 2021 12:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=615193

На работниците од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит Денеска се уплатени милион и 700 000 евра на име заостанати неисплатени придонеси. Ова доаѓа по две години откако во Парламентот во 2019 година беше донесен законот со кој државата ги подмирува заостанатите неплатени придонеси. Информацијата ја потврдува директорот на прилепската фабрика „Еурокомпозит“ Милан Тоцев. – Денеска се уплатени 1 700 000 евра за заостанатите придонеси за преку 400 работници од „Еурокомпозит“ за периодот од јуни 2012 до септември 2019 година. Тоа е долгоочекувана добра вест за работниците даси го доплатат стажот, вели Тоцев. Според Пеце Велјаноски еден од 150-тината прогласени технолошки вишок, ова е прва добра вест дека се ефектуираше Законот од 2019 година. – Сега може да им се пополни стажот на работниците и да остварат колку-толку пристојна пензија, вели Велјаноски. Тоцев најавува дека има заинтересиран странски инвеститор кој сака да се рестартира „Еурокомпозит“, но сѐ уште е рано да се зборува за тоа. Наменската фабрика „Еурокомпозит“ не работи од 2020 година иако како вработени фигурираат 30-тина работници. Фабриката ја обезбедува полицијата, но во меѓувреме се случија неколку кражби со кои се запустува имотот на „Еурокомпозит“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uplateni-1-7-milioni-evra-za-zaostanatite-pridonesi-na-rabotnicite-od-eurokompozit/feed/ 0
Ристески на средба со вработени од Еурокомпозит Прилеп: Овие луѓе четири години се лажени од актуелната власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-na-sredba-so-vraboteni-od-eurokompozit-prilep-ovie-lugje-chetiri-godini-se-lazeni-od-aktuelnata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-na-sredba-so-vraboteni-od-eurokompozit-prilep-ovie-lugje-chetiri-godini-se-lazeni-od-aktuelnata-vlast/#respond Thu, 07 Oct 2021 13:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=574750

Почитувани медиуми, денес заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Борче Јовчевски и носителот на листата за советници Дејан Проданоски и колешката Ане Лашкоска, бевме на средба со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Овие луѓе четири години се лажени и оваа фабрика е раскрадена и украдена и испуштена од ликови кои им ветувале препород, ликови кои ветувале мирна работа до пензија, нови инвеститори, нови инвестиции а тоа се Горан Сугаревски, Илија Јовановски, Зоран Заев, Кочо Анѓушев и сите од раководството на Социјалдемократскиот сојуз се со ред во моментите кога им требало гласовите на овие напатени, измачени и излажани луѓе, изјави денеска за медиумите, Петар Ристески пратеник во Собранието, по неговата денешна средба со вработените од Еурокомпозит. Тој посочи дека кога се работи за Еурокомпозит, Сугаревски, Јовановски, Анѓушев и Заев се истите тие ликови кои во очи ги гледале и ги лажеле овие луѓе. - Сведоци сте и вие, не знам колку пати е ветувано од устата на премиерот дека само што не е обезбеден нов инвеститор, само што не е обезбеден стратешки партнер кој што ќе ја рестартира оваа фирма, кој што ќе го отпочне производството, но не само што тоа не се случило, фирмата не работи од 2017 година од доаѓањето на Социјалдемократскиот сојуз на власт. Луѓето немаат добиено ниту денар како плати а работата да е покатастрофална и потрагична во 2019 година во Собранието на Република Македонија се донесе и закон за исплата на заостанатите придонеси, и до ден денеска еве 2 години, Владата не го почитува законот кој сама го донесе и тие пари 2,8 милиони евра не се исплатени и покрај тоа што јас и Ане Лашкоска во многу наврати предлагавме во буџетот и ребалансот и амандмани да се обезбедат средства од 2,8 милиони евра за исплаќање на заостанатите долгови, објасни Ристески. Целата негова изјава може да ја слушнете во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-na-sredba-so-vraboteni-od-eurokompozit-prilep-ovie-lugje-chetiri-godini-se-lazeni-od-aktuelnata-vlast/feed/ 0
Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-vraboteni-vo-eurokompozit-baraat-isplata-na-pridonesite-za-6-5-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-vraboteni-vo-eurokompozit-baraat-isplata-na-pridonesite-za-6-5-godini/#respond Mon, 30 Aug 2021 12:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=556677

Поранешни вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска пред локалната самоуправа протестираа и бараа решавање на нивните проблеми кои, како што велат, со години се одложуваат. Меѓу барањата се исплата на придонесите за 6,5 години во вкупна висина од 2,5 до 3 милиона евра, иако за тоа, потенцираа, Парламентот има донесено Закон, а Владата Одлука. На последната средба со вицепремиерот Битиќи им било речено дека годинава во Буџетот нема пари за таа намена, но дека тој ќе се залага да влезат во Буџетот за 2022-ра. – Средбата беше во ред, но добивме само ново ветување кое не се знае дали ќе биде. Иако за исплатата има донесено закон во собранието и одлука од април на владата. Битиќи ни рече дека сега нема пари поради ковид ситуацијата и трошоците, но дека ќе се залагал да влеземе во буџетот за наредната, 2022 година. Тоа ќе се знае околу 15 ноември. Ние имаме побарувања за придонесите за 6,5 години. А ниту во фабриката не е подобро, таму нема ниту чуварска ниту полициска служба, вели Цветан Бунтески, член на Иницијативниот одбор на поранешните вработени во „Еурокомпози“. Според Пеце Велјаноски, загубиле верба дека нешто ќе се реши со „Еурокомпозит“ – Имаме нова најава и ново ветување. Не може да си ги добиеме парите за придонесите. без нив сега имаме пензија од околу 11 000 денари, а со нив би било околу 13 000 денари. Битиќи рече дека е тоа жалосно, но вели дека ќе се настојува да се реши. Нема ништо ниту за фабриката. Порано се споменуваа можни инвеститори, сега ништо. Не знаеме што да правиме, изјави Велјаноски. Прилепската наменска фарика „Еурокомпозит“ повеќе од една година не работи. Сега нема ниту чуварска служба, ниту полиција која ја обезбедуваше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-vraboteni-vo-eurokompozit-baraat-isplata-na-pridonesite-za-6-5-godini/feed/ 0
Мицевски: Ветивте а не се предвидени средства за исплата на заостанатите придонеси за вработените во Еурокомпозит -Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-vetivte-a-ne-se-predvideni-sredstva-za-isplata-na-zaostanatite-pridonesi-za-vrabotenite-vo-eurokompozit-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-vetivte-a-ne-se-predvideni-sredstva-za-isplata-na-zaostanatite-pridonesi-za-vrabotenite-vo-eurokompozit-prilep/#respond Wed, 16 Dec 2020 15:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=444191

На денешната седница во Собранито на Република Македонија координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски зборуваше за Буџетот за 2021 година и упати критики до власта бидејќи според него и фактите ова е најлоша година во економијата за Македонија а не почекува ништо поразлично ни во 2021 година. Мицевски се осврна и на вработените во Еурокомпозит-Прилеп каде што ја потсети власта што ветувала а што не остварила во однос на нив. „Меѓутоа она што би сакал да го кажам денес, а за кое што ќе ве потсетам, бидејќи денеска е моментот, колегите од Прилеп, прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристоски предложија амандман за обезбедување на 2,8 милиони евра за исплата на заостанатите придонеси на вработените во Еурокомпозит Прилеп. За ова нешто во 2019 година донесовте закон во Собранието на Република Македонија а во буџетот за 2021 година не се предвидени средства за оваа намена. Истите вие кои што ги смирувавте овие граѓани и ветувавте дека после изборите ќе им бидат решени проблемите остануваат на улица и денеска се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија протестираат но за жал нема кој да ги прими“ нагласи Мицевски. Мицевски упати критика до власта и поради тоа како што рече нерешавањето на проблемите во земјоделието и земјоделците во Македонија. - Да ве потсетувам веќе по седми пат односно веќе по четврти одкако сте на власт за интервентниот фонд за земјоделството и сите средства кои што ги планиравме за земјоделците и откупните центри кои што се јавуваат при откуп скоро на секој земјоделски производ а од ветувањата нема ништо, истакна Мицевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-vetivte-a-ne-se-predvideni-sredstva-za-isplata-na-zaostanatite-pridonesi-za-vrabotenite-vo-eurokompozit-prilep/feed/ 0
„СДСМ повторно ги заборави работниците од Еурокомпозит, ВМРО-ДПМНЕ предложи амандман за исплата на нивните плати и здравствено осигурување“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-povtorno-gi-zaboravi-rabotnicite-od-eurokompozit-vmro-dpmne-predlozi-amandman-za-isplata-na-nivnite-plati-i-zdravstveno-osiguruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-povtorno-gi-zaboravi-rabotnicite-od-eurokompozit-vmro-dpmne-predlozi-amandman-za-isplata-na-nivnite-plati-i-zdravstveno-osiguruvanje/#respond Thu, 03 Dec 2020 11:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=438080

За СДСМ човечките животи и судбини воопшто не се важни. СДСМ на чело со премиерот во заминување Зоран Заев, повторно по којзнае кој пат ги излажаа и ги заборавија вработените во прилепскиот Еурокомпозит, ова денеска го истакна Ане Лашкоска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. -Пари за исплата на неисплатените плати и придонеси на овие работници, повторно и во буџетот за 2021 година, СДСМ одлучи да нема. Уште едно лажно ветување и поигрување со судбината на вработените во прилепски Еурокомпозит. СДСМ уште еднаш ги остави овие луѓе на цедило. Ги остави без плати, но замислете, во услови на пандемија и тешка секојдневна борба со Ковид 19, ги остави и без здравствено осигурување. Срамно, безобразно и лицемерно однесување на СДСМ. СДСМ има пари за набавка на нови возила и нов мебел за министерствата, има и за бадеми и ф’стаци и други луксузирања, но нема за исплата на плати и здравствено осигурување за вработените во Еурокомпозит. Очигледно за СДСМ и Зоран Заев, дадените ветувања, дадениот збор или законите, немаат апсолутно никаква важност и тежина. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку амандман на буџетот за 2021 година предложи веднаш и без никакви изговори, да се обезбедат средства во висина од 172 милиони и 480 илјади денари со цел конечно да се реши овој горлив проблем на вработените во прилепскиот Еурокомпозит, вели Лашкоска. Таа додава дека за мене како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, но и за целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, решавањето на овој проблем, со оглед на важноста и тежината, секогаш бил и е приоритет. -Како во изминативе 3 години, така и сега, ние ќе продолжиме да се бориме со сите средства кои ни се на располагање се додека СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев конечно не се сетат и не одлучат да го решат овој повеќегодишен проблем со исплатата на платите и придонесите за овие луѓе. Затоа уште еднаш ги повикувам СДСМ и колегите пратеници од владеачкото мнозинство, да си ја признаат сопствената грешка, да го поддржат овој амандман на ВМРО-ДПМНЕ и како знаат и умеат да обезбедат средства за овие луѓе. Само така ќе покажат дека имаат искрени намери и работат за решавање на проблемите на граѓаните. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, уште еднаш ќе докажат на дело дека перфектно лажат, манипулираат и си поигруваат со трпението и човечките животи и судбини на луѓето, вели Лашкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-povtorno-gi-zaboravi-rabotnicite-od-eurokompozit-vmro-dpmne-predlozi-amandman-za-isplata-na-nivnite-plati-i-zdravstveno-osiguruvanje/feed/ 0
Власта ги заборави работниците од Еурокомпозит, три години оставени на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-gi-zaboravi-rabotnicite-od-eurokompozit-tri-godini-ostaveni-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-gi-zaboravi-rabotnicite-od-eurokompozit-tri-godini-ostaveni-na-ulica/#respond Tue, 01 Dec 2020 08:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=436704

Повеќе од три години неизвесна е судбината на вработените во прилепската фабрика за наменско производство Еурокомпозит која некогаш броеше над 1800 вработени, а денеска има само 50-тина вработени. Разочарани од немањето слух на власта, вчера вработените го блокираа патниот правец Прилеп Плетвар на излезот од градот и протестираа во знак на револт бидејќи официјално им било кажано дека нема предвидено ставка во Буџетот за исплата на заостанатите придонеси иако за таква исплата има законско решение донесено пред една година токму од Собранието. Еден од поранешните вработени во државната компанија Еурокомпозит, Цветан Бунтески вели дека нивната голгота е долга и нема крај како и дека револтот кај работниците е голем, додавајќи дека единствено им останува да протестираат двапати неделно, а за среда најавуваат и протест пред владата. -Дефинитивно, ни рекоа, дека во новиот буџет нема ставка за нас, ниту за исплатата на придонесите. Нема ниту од најавите дека ќе се продава фирмата за да бидеме исплатени. Оваа наша голгота нема крај. Ни преостанува еднаш до двапати неделно да протестираме, а за среда да протестираме пред Владата, вели Бунтески. Ова не е прв пат вработените од оваа државна компанија да бидат излажани и оставени сами на себе. Имено пред само неколку месеци истите се пожалија дека веќе 8 месеци немаа земено ниту денар, а дека не им следувало ниту помош од државата преку еден од трите антикризни мерки од владата. -Осум месеци немаме ниту денар примено, сите приватни фирми земаа некакви ваучери, некаква помош, а ние немаме ниту денар земено досега. Имаме и жалба пуштено до УЈП, но немаме добиено никаков одговор од нивна страна. Зошто ние да не добиваме никакви ваучери за туризам и купување на домашни производи, требаше да не следува и нас, макар што ние нема да го користиме тој за туризам бидејќи ние не можеме да преживееме, а не да шетаме, и апсолутно сме заборавени, изјави тогаш еден од вработените за една национална телевизија. Се појасно е дека власта и премиерот Зоран Заев немаат слух за проблемот и маките на овие граѓани бидејќи и покрај тоа што Заев уште во 2017 година им вети дека проблемот со фабриката ќе виде решен, а вработените ќе си ги добијат своите плати и придонеси, но по вчеашниот ден се испостави дека се е само уште една лага во низата лаги на премиерот Заев и власта. Дали ќе се изборат за правда вработените од Еурокомпозит останува да видиме, но со оглед дека и претходно неколкуте протести пред владата, средбите со претставниците од власта како и неколкуте изјавени ветувања не беа доволни и не вродија со плод за надминување со проблемот со кој се соочуваат. Ситуацијата е катастрофална, а тоа го потврдува и фактот дека прилепската компанија Еурокомпозит не е единствена компанија која згасна веднаш со доаѓањето на СДСМ и Заев на власт. За потсетување на јавноста, за време на владата на СДСМ, освен вработените на прилепската компанија Еурокомпозит, со истиот проблем се соочија и вработените на фабриката за шински возила Колска која во неколку наврати преку штрајк бараа исплаќање на неисплатените плати и обезбедување на репроматеријали за работа. Поради лошите економски политики се затвори и кривопаланечката фирма Веибо од која егзистираа 150 фамилии. Еурокомпозит е фабрика која претходно работеше со полна пареа, а од неа се прехрануваа дури над 1800 семејства, додека сега истата брои едвај 50-тина вработени кои стравуваат за својата животна егзистенција но и за своето здравје бидејќи не само што не добиваат плата, туку и немаат право на здравствена заштита со партиципација, а дворот кој некогаш беше преполн со работници, сега е двор зараснат со трева, без струја, затворени погони и украдена опрема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-gi-zaboravi-rabotnicite-od-eurokompozit-tri-godini-ostaveni-na-ulica/feed/ 0
Протест на работниците од „Еурокомпозит“: Во новиот буџет нема ставка за исплата на заостанатите придонеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-rabotnicite-od-eurokompozit-vo-noviot-budzet-nema-stavka-za-isplata-na-zaostanatite-pridonesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-rabotnicite-od-eurokompozit-vo-noviot-budzet-nema-stavka-za-isplata-na-zaostanatite-pridonesi/#respond Mon, 30 Nov 2020 13:56:18 +0000 https://kurir.mk/?p=436344

Поранешните вработени на прилепски „Еурокомпозит“ денеска го блокираа патниот правец Прилеп-Плетвар на излезот од градот и протестираа, револтирани зашто официјално им било кажано дека за исплата на заостанатите придонеси нема предвидена ставка во буџетот за наредната година, иако за исплатата има законско решение, донесено од Парламентот пред една година. Цветан Бунтески од одборот на поранешните вработени вели дека револтот кај работниците е голем, нивната голгота е долга, а нема крај. - Дефинитивно, ни рекоа, дека во новиот буџет нема ставка за нас, ниту за исплатата на придонесите. Нема ниту од најавите дека ќе се продава фирмата за да бидеме исплатени. Оваа наша голгота нема крај. Ни преостанува еднаш до двапати неделно да протестираме, а за среда да протестираме пред Владата, вели Бунтески. Пеце Велјаноски од Одборот смета дека има шанса, со заложба на пратениците дури не е донесен буџетот за 2021 година, да се заземат со некој амандман за да им се исплатат догодина придонесите. Станува збор за околу 2,8 милиони евра за 320 работници за заостанати придонеси за 6,5 години. - Законско решение имаме од пред една година што го донесе Парламентот. Апелирам до прилепските и до другите пратеници да се заложат за нас, да се предложи некој амандман за да има можност догодина да ни се платат придонесите, оти, дефинитивно ставка за тоа не е предвидена. Инаку, нам ни преостанува, во почетокот на јануари да ја тужиме државата за неспроведување закон. Правните аргументи се на наша страна, изјави Велјаноски. Работниците од „Еурокомпозит“ најавуваат и други протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-rabotnicite-od-eurokompozit-vo-noviot-budzet-nema-stavka-za-isplata-na-zaostanatite-pridonesi/feed/ 0
Работниците од „Еурокомпозит“ најавуваат протести и тужби за неисплатените придонеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rabotnicite-od-eurokompozit-najavuvaat-protesti-i-tuzbi-za-neisplatenite-pridonesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rabotnicite-od-eurokompozit-najavuvaat-protesti-i-tuzbi-za-neisplatenite-pridonesi/#respond Tue, 06 Oct 2020 14:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=413025

Работниците од прилепски „Еурокомпозит“ се незадоволни од вчерашната средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кога, како што велат, им е соопштено дека нема пари во годинашниов Буџет за да се платат придонесите на околу 300 сегашни и поранешни вработени во оваа државна фирма. Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на 150-ината работници прогласени технолошки вишок, незадоволни се зашто нема епилог и по една година откако Парламентот донесе закон за да им се платат заостанатите придонеси за преку 6 години од речиси три милиони евра. -Единствено ни беше речено дека Битиќи ќе ја информира Владата за при конструирањето на новиот буџет за 2021 да се внесе ставката за исплата на придонесите. Ама работниците не се задоволни. Ни останувата демократските средства со протести и да поднесеме тужба за неспроведување на законот што го изгласа претходниот Парламент пред една година, изјави Велјаноски. Цветан Бунтески од Инцијативниот одбор вели дека мора будно да ги следат ситуациите, да ги поттикнат пратениците и прилепскиот градоначалник за нивните побарувања да влезат во новиот буџет. – Компанијата е во минусно салдо од околу 6 милиона евра. Ако државата ни ги исплати нашите побарувања од околу 3 милиона евра, полесно може да се најде инвеститор за наменската фабрика. Останува да бидеме будни, да ги поттикнеме пратениците, градоначалникот да бидат внесени нашите побарувања за буџетот за наредната година, вели Бунтески. Работниците велат и дека поради тоа што се државна фирма, не може да користат ништо од ниту еден сет владини економски мерки што ги става во крајно неповолна ситуација. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rabotnicite-od-eurokompozit-najavuvaat-protesti-i-tuzbi-za-neisplatenite-pridonesi/feed/ 0
Владата сè уште без план за „Еурокомпозит“ и „Колска“, вработените на улица и без плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-ushte-bez-plan-za-eurokompozit-i-kolska-vrabotenite-na-ulica-i-bez-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-ushte-bez-plan-za-eurokompozit-i-kolska-vrabotenite-na-ulica-i-bez-plata/#respond Fri, 25 Sep 2020 11:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=408389

Шеесеттина вработени во компанијата „Еурокомпозит“ се оставени без плата осум месеци. Вработените буквално се оставени на улица. -Во„Еурокомпозит" има претставник на капиталот и се разговара со менаџментот за надминувањето на проблемите, изјави во февруари годинава тогашната вицепремиерка за економски прашања Мила Царовска одговарајќи на прашањето за ситуацијата во наменската фабрика „Еурокомпозит" каде вработените, околу 60, во последно време протестираат и немаат работа, а им е неизвесна и судбината. Вработените се и без здравствено осигурување. -Осум месеци немаме земено плата, немаме здравствено осигурување, државата целосно заборави на нас, како да не постоиме. Иако Зоран Заев уште во 2017-та година ни ветуваше дека проблемот со фабриката ќе биде решен, а ние ќе си ги добиеме нашите плати и придонеси, нè излажа. Неколку пати излегувавме на протест, остваривме средби со претставнициод власта, но ништо од тоа не помогна, раскажува вработен од „Еурокомпозит“. Имено, Заев на неколку пати вети решавање на проблемот со „Еурокомпозит“, но очигледно дека заборави на овој проблем. Тој и во јануари минатата година на прес конференција тврдеше дека е „Еурокомпозит" ќе има успешна трансформација. -Ако добиеме понуди од приватните компании, кои ќе ги покријат заостанатите побарувања на работниците за платите, придонесите за тие плати ќе ги прифатиме,ако не, државата има друга алтрернатива – да издвои три милиони евра и да ги плати тие обврски за да продолжи работата на „Еуркомпозит“, рече Заев на прес конеференцијата минатата година. Истиот овој проблем го имаа и вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес. Исто така и тие излегуваа неколку пати на протест поради неисплатените плати, немањето средства за да можат да работат и нерешавањето на статусот на Друштвото, кое е во државна сопственост. Не само Зоран Заев, туку и Кочо Анѓушев кога ја извруваше фунцијата вицепремиер за економски прашања вети дека и за „Колска" и за „Еурокомпозит" има иднина и заинтересирани инвеститори и дека ќе има потреба од поголем број на вработени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-ushte-bez-plan-za-eurokompozit-i-kolska-vrabotenite-na-ulica-i-bez-plata/feed/ 0
Работниците од „Еурокомпозит“ најавија блокади и протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnicite-od-eurokompozit-najavija-blokadi-i-protesti-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnicite-od-eurokompozit-najavija-blokadi-i-protesti-2/#respond Mon, 21 Sep 2020 11:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=406188

Владата да им ги плати придонесите за седум години на околу 300 поранешни работници, технолошки вишок и сегашни вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ што со закон е обврзана, побараа работниците денеска. Дел од нив се собраа пред Центарот за култура „Марко Цепенков“. Според Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок веќе една поминала откако законското решение донесено од претходниот Парламент е објавено во Службен весник. Се бара средба со премиерот кому, како и на претседателот на државава и на прилепскиот градоначалник им испратиле писма. – Ова веќе нема смисла. Една година законот што го донесе Парламентот е објавена во Службен весник и до денеска нема ништо. Претставникто ан државниот капитла ни рече само дека за оваа намена нема пари во буџетот. А премиерот во текот на изборите ни вети дека проблемот ќе биде решен. Писма испативме до премиерот, до претседателот и до градоначалникот, а само ни беше одговорено од кабинетот на премиерот дека „споделуваме надеж дека низ дијалог се можни решенија на проблемот, за што ќе бидете известени“. Ниту ние сакаме да протестираме, ако се реши проблемот. Дури ни беше речено дека се подготвува нова процена на Еурокомпозит, но тоа не влиаје на она што го бараме, а е законски решено. Во спротивно од среда почнуваме протести и блокади, изјави Бунтески. Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ вели дека се придружувата за протест зашто 50-ината вработени од декември лани немаат земено ништо. – Ниту придонесите се исплатени, ниту ние во фабриката сме зеле пари уште од декември 2019. Крајно е тешко, а немаме добиено ниту ваучери, а слушнавме дека не нема ниту во четвртиот сет мерки. Затоа ќе се придружиме на протестите, рече Богданоски. На околу 300 поранешни, прогласени технолопки вишок и сегашни работници на „Еурокомпозит“ треба да им се исплатат вкупно околу 1,5 милиона евра на име придонеси за пензиско осигурување за седум години, за периодот од 2012 до 2019 година. Околу 150 прогласени технолошки вишок имаат добиено по 25 000 денари на име отпремнини, а треба секој да добие по 90 000 денари. Работниците најавија протести и блокади кои ќе започнат од среда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotnicite-od-eurokompozit-najavija-blokadi-i-protesti-2/feed/ 0