Еуромакс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 09:00:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еуромакс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Бучим сакаше да биде дел од проектот Иловица-Штука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=884969

Истражувачката мрежа Белингкет, финансирана од ЕУ, уште пред неколку години предупреди дека во Македонија во последниот период не случајно се одземаат или пак не се доделуваат концесии во рударството на западни компании. И последните случувања со концесиите околу рудникот Иловица-Штука и компанијата „Еуромакс рисорсис“ се поврзуваат со ваквиот заклучок и наводното влијание на руската компанија „Солвеј“, која во Македонија стопанисува со рудникот „Бучим“. Интерес за проектот нов рудник за бакар и злато во Иловица-Штука „Еуромакс рисорсис“ пројави уште во 2007 година. „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019-та година испратиле понуда до компанијата „Еуромакс рисорсис“, зад која стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“, да се вклучат во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветија „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим. Еден од менаџерите на „Солвеј“, Ден Бронстеин, син на Александар Бронстеин, тогаш вети „нова македонска успешна рударска приказна“. Понудата брзо била одбиена, а засега инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука на канадската компанија „Трафигура“ и натаму се соочува со административни предизвици и протести на еколошките здруженија. Од „Бучим“, најпрво ни се заблагодарија што се обративме до компанијата затоа што досега на оваа тема никој не ги контактирал. Од ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш ни потвдија дека ваква понуда навистина имало. „Нашата матична компанија ‘Солвеј инвестмент груп’ пред неколку години изрази интерес за проектот Иловица Штука и тогаш се обрати со јавна понуда која остана неодговоренa. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна“, ни одговорија кратко од „Бучим“. За ваквата понуда пред четири години зборуваше и првиот човек на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, кој пак воедно беше и заменик генерален директор токму во Бучим и колега на Дмитриј Кудрјаков. „Има начин како од таму да се извади рудата и централизирано да се преработува во ‘Бучим’. Треба да има еден сопственик на рудниците и да се окрупни рударството. Не е битно дали сопственикот на Бучим ќе им го продаде или ќе ја купи Иловица. Со тоа се создава можност да се направи преработувачки капацитет за 30.000 тони бакар, а во Неготино има два комбината за преработка на бакарна жица, а во Радовиш капацитет за преработка на злато кој не работи“, изјавуваше тогаш Николов. За разлика од нив, „Еуромакс рисорсис“ беа доста пообемни во нивниот одговор квалификувајќи ја понудата од руската компанија како непријателска. Тие потсетија дека во март 2019 година на берзата во Торонто беше објавено дека е договорена трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на „Трафигура групација“, и со реализација на оваа трансакција „Трафигура“ би се стекнала со индиректна контрола врз работењето на „Еуромакс рисорсис“. „Меѓутоа во период од објавата до финалната реализација на трансакцијата, постојните акционери, вклучувајќи ја и ‘Трафигура групацијата’, добија непријателска понуда од ‘Солвеј групацијата’, сопственикот на рудникот ‘Бучим’, за отфлање на веќе договорената трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на ‘Трафигура групацијата’, нудејќи притоа заедничко вложување каде што постојните акционери би имале 25% од вредноста на проектот Иловица-Штука, додека ‘Солвеј групацијата’ би имала 75% од проектот Иловица-Штука. Во врска со оваа понуда, заседаваше бордот на директори и ја одби истата земајќи го предвид фактот дека веќе е договорена трансакција со ‘Трафигура групацијата’, како и тоа дека со поддршка на ‘Трафигура’, со оглед нејзиниот глобално препознаен имиџ – со вкупни приходи над 300 милијарди долари остварени низ целиот свет, може да се обезбеди стабилност и извесност при изработката и реализацијата на идниот рударски комплекс согласно најдобрите расположливи светски практики за изградба на еден модерен рудник. Учеството на ‘Трафигура’, заедно со другите инвестициски акционери, дава дополнителна гаранција дека рударскиот комплекс Иловица-Штука може да претставува модел на одговорно и одржливо рударство со максимална заштита на животната средина и билошкиот диверзитет“, ни одговорија од „Еуромакс рисорсис“. Од тогаш до денес неизвесноста околу стартот на овој проект продолжува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/feed/ 0
ОТВОРЕНО ПИСМО! https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/otvoreno-pismo/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/otvoreno-pismo/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=878354

„Обична хипокризија е што за значењето на рударството се зборува во суперлативи само на 28-ми Август – Денот на Рударите селективно коментирајќи и посетувајќи ги парадно само постојните стари рудници кои започнале во минатиот век и во претходната државна заедница. Притоа лицемерно е да си доделувате различни признанија и благодарници за посебен придонес во развојот на рударската индустрија кога ноторен факт е дека во последните 40 години во земјата е отворен само еден нов коп за метали (бакар) во склоп на стариот рударски комплекс (!?).“ Почитувани, Изненадени од леснотијата со која од Ваша страна се игнорира економско-правната битка на Еуромакс Ресоурцес ДОО за реализација на инвестицијата во рударскиот комплекс Иловица-Штука, решивме да Ви се обратиме со ова писмо. Се надеваме дека барем вам не треба да ве потсетуваме дека Euromax Resources Ltd. е проектна компанија регистрирана во Ванкувер, Канада и листирана на престижната Берза за хартии од вредност – Toronto Stock Exchange “TSX”, каде што во мултинационалната структура на капиталот главен инвеститор е деловен гигант – Trafigura Grоup. Преку Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, компанијата е активно присутна во РСМ од 2007 (веќе полни 17 години) работејќи професионално на развој на проектот за современ рударски комплекс Иловица - Штука, како “role model” за најсовременото одржливо рударство на 21-от век, примена на најуспешни технологии, практики и највисоки стандарди за заштита на здравјето и животната средина. Во долгиот процес на геолошки истражувања, подготовка и експертска изработка на обемните стручни документи, проекти и студии, досега се инвестирани повеќе од 50 милиони евра. Но тоа веќе би требало добро да ви е познато затоа што Еуромакс Ресоурцес ДОО е легитимен и полноправен дел од овие три бизнис асоцијации со кои вие раководите и никако не заслужува да биде целосно игнориран! Во следната фаза од планираните две години за изградба ќе бидат инвестирани уште 350 милиони евра. За текот на целиот период од оперативното функционирање на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни компании од диверзифицирани дејности. Оваа мега-странска инвестиција ќе генерира потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии со што значително ќе помогне на државата за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивирана миграција. Овој индустриски капацитет со своето работење ќе овозможи раст на ИЗВОЗОТ, во просек над 200 милиони евра годишно со што значително ќе се зголемат приливите на девизни средства, подобрување на националната структура на билансот на плаќања и олеснето одржување на стабилниот курс на денарот... согласно актуелните законски прописи, секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет и над 3 милиони евра директно ќе се слеваат во буџетите на локалните управи на општините Босилово и Ново Село. Како одговорни раководители на најрепрезентативните и највлијателни бизнис-асоцијации во нашата држава, сигурно ви е добро познато дека посакуваната глобална транзиција кон „зелена економија“, „чисти“ технологии и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална) ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно потребно е 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година (бакар, алуминиум, цинк, литиум, никел..) Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство на металични минерални суровини е клучната алка без која општо прифатената програма за глобална транзиција во „зелена економија“ би останала само обична декларативна желба! Токму затоа за европска држава како РСМ која докажано има наоѓалишта на овие критични метали и минерали, тоа претставува „golden opportunity“ но за жал дури ни вие не го препознавате и поддржувате, приклучувајќи се индолентно кон овој своеврсен „економски и социјален мазохизам“(!?). Со неразбирлива леснотија, незаинтересираност и безгласно цели 7 години ја проследувате оркестрираната манипулативна „анти - рударска“ хајка која започна во втората половина на 2016 година во Гевгелија каде брутално се спречи странскиот инвеститор да ги комплетира геолошките истражувања на концесискиот локалитет, па преку Валандово до Струмичко. Сериозни индиции укажуваат дека ваквата организирана црна кампанја, преку небулозните слогани како „рудници на смртта“ или „спас за југо истокот“ е подготвена во хибридни центри на блендирани политички и бизнис интереси во и надвор од нашата држава, а се спроведува на терен преку неколкумина самопрогласени лидери на еко-активизмот на југо истокот. Ваквите центри во континуитет добро ги „мотивираат и наградуваат“ овие ликови за нивните актерски улоги на (лажно) загрижени еко-активисти. Во сите овие 7 години целата јавност може да согледа дека нивната задача е брутално да ги сатанизираат и стигматизираат странските инвестиции. Преку сеење на дезинформации целта е да се создава чувство на страв и загриженост кај нивните сограѓани, креираат немири и ги повикуваат на народен бунт и борба со „жив штит“ на живот или смрт по секоја цена (???). Преку социјалните мрежи, протестите и нивните јавни настапи, тие затскриени под „наметката“ на легитимниот граѓански активизам, непречено користат говор на омраза и потикнуваат јавен „линч“ на „клетите профитери“ (странските инвеститори во овој случај!?). Во нивните пораки има елементи на дискриминација, примитивни лични навреди, нативизам, парохијализам и ксенофобија. Проблемите со кои се соочуваат инвеститорите, посебно во рударскиот сектор ги присилуваат засегнатите компании да покренуваат високо профилни меѓународни арбитражни постапки и нашата држава веќе се соочува со финансиски оштетни побарувања од неколку милијарди евра! Вие, како лидери на најголемите и најреспектабилните бизнис асоцијации во земјата добро знаете дека големиот капитал е „плашлив“ и многу сензитивен на јасни показатели кога некоја промовирана бизнис дестинација има евидентни проблеми со владеењето на правото и обврската за заштита на инвеститорските права. Во случајот со Еуромакс Ресоурцес и неговите глобално реномирани инвеститори и акционери, факт е дека и самиот чин на евентуално покренување на меѓународен арбитражен спор ќе привлече големо внимание и гласно ќе одекне во деловните и финансиските кругови со што директно ќе се руинира меѓународниот имиџ на државата која како полноправна членка на НАТО и држава претендент за полноправно членство во ЕУ помеѓу другото има и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите како за домашните така и за странските инвеститори. Длабоко жалиме што, вие како раководни лидери на овие бизнис асоцијации пролонгирано манифестирате бирократски конформизам со крајно селективни, би рекле дискриминаторски ангажмани и пристап кон проблемите со кои се соочуваат дел од полноправните членки, посебно дел од големите странски инвеститори во рударството на металични минерални суровини. Со неодговорното игнорирање, молчење и без јасен став и активност вие во неразбирливо долг период невешто се обидувате да се задржите на, за вас, комфорна дистанца. Обична хипокризија е што за значењето на рударството се зборува во суперлативи само на 28-ми Август – Денот на Рударите селективно коментирајќи и посетувајќи ги парадно само постојните стари рудници кои започнале во минатиот век и во претходната државна заедница. Притоа лицемерно е да си доделувате различни признанија и благодарници за посебен придонес во развојот на рударската индустрија кога ноторен факт е дека во последните 40 години во земјава е отворен само еден нов коп за метали (бакар) во склоп на стариот рударски комплекс (!?). Целокупниот менаџмент, бордот на директори и инвеститорите на Еуромакс Ресоурцес се непоколебливо одлучни да продолжат со сите легитимни и законски предвидени активности неопходни за реализација на оваа мега-странска инвестиција и функционално оперирање на современиот рударски комплекс за бакар „Иловица - Штука“!   Со почит, Живко Груевски Директор, Комуникации и Односи со Јавноста Еуромакс Ресоурцес  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/otvoreno-pismo/feed/ 0
Рударскиот гигант Групацијата „Трафигура“ клучен фактор за концесиите за Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/#respond Mon, 31 Jul 2023 08:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=861920

Кога противниците на инвестицијата бараат и тврдат дека актуелната Влада не смее по „ниту една цена“ да дозволи да се изгради рудникот Иловица, несомнено треба да се земе предвид дека таа таканаречена „ниту една цена“ всушност има висина и големина како една финансиска атомска бомба која ќе ја раздрма македонска економија до невидени размери. Сегашните постапки на Владата како колектив или индивидуални постапки на одредени министри за рударските концесии може да ја загрозат иднината на повеќе  идни генерации. Една од водечките светски компании во рударската индустрија Групацијата „Трафигура“ се јавува како покровител на инвестицијата во рудникот Иловица. Меѓудругото оваа Групација се занимава и со трговија со метали и други суровини. Оваа компанија е еден од клучните акционери во „Еуромакс ресоурцес“, која пак во Македонија ги застапува правата кои произлегуваат за рударските концесии во Иловица. „Трафигура“ е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. Компанијата, освен со метали, се занимава и со енергенси, а е основана во 1993 година. Набрзо прераснува во компанија која има клучни сопственички удели во изградбата и активностите на голем број рудници, топилници, нафтоводи, пристаништа и терминали за складирање во светот. Паралелно „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии. Во портфолиото на компанијата е истакнато дека тие „најмногу инвестираат во решенија кои придонесуваат за производство на зелена енергија, која пак е најпотребна за енергетската транзиција со нула емисии на јаглерод“. Оттаму велат дека за постигнување на своите цели, инвестирале во повеќе компании и проекти. Меѓу нив се „Пума енерџи“, која контролира пренос на горива, како и „Импала терминали“, која се занимава со складирање на стоки и логистика. Третата покрупна инвестиција е во „Nyrstar“, меѓународен производител на метали и минерали неопходни за постигнување на енергетската транзиција. Покрај тоа, „Трафигура“ е мнозински сопственик на TFG Marine, како и во H2 Energy. „Galena Asset Management“ од друга страна е целосно во сопственост на „Трафигура“ и претставува нејзина инвестициска подружница. Од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ неодамна соопштија дека правните можности за покренување меѓународната арбитража против државата произлегуваат од билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Тие постојано потенцираат дека нивен мнозински акционер е Групацијата „Трафигура“, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба. „Спогодбата предвидува дека инвеститорот може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) или Ад-Хок Судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (UNCITRAL)“, соопштија од „Еуромакс ресоурцес“. „Еуромакс Ресоурцис“ истакнаа дека ги информирале своите акционери за неодамнешното поништување на претходната Одлука за одобрување за спојување на концесиите од страна на Владата. „Ваквата нова Владина одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено спојувањето. Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за спојување на концесиите со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина. Земајќи ги предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги преземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери“ Оттаму додадоа дека сите инволвирани страни, што може да се протолкува дека ваквата формулација се однесува и за дејствија на поединечни министри, може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa. Според проценките, евентуалната меѓународна арбитража може да ја чини државата најмалку една милијарда евра, не вклучувајќи ги затезните камати од спорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/feed/ 0
Еуромакс бара владата повторно да ја преиспита одлуката за спојувањето на концесиите за рудниците „Иловица-Штука“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-bara-vladata-povtorno-da-ja-preispita-odlukata-za-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-rudnitsite-ilovitsa-shtuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-bara-vladata-povtorno-da-ja-preispita-odlukata-za-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-rudnitsite-ilovitsa-shtuka/#respond Sat, 29 Jul 2023 07:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=861237

Покрај арбитражна постапка против државата, и индивидуални лица би можеле да бидат предмет на директна правна постапка доколку се покаже дека новата владина одлука за повлекување на одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ била донесена спротивно на законите или е политички мотивирана, се вели во информацијата која компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ ја доставила денеска до Берзата во Торонто, Канада каде котира компанијата. Компанијата во дописот најавува дека ќе побара повторно од Владата да го преиспита спојувањето, но најавува и други можни правни разврски меѓу кои и меѓународна арбитража и постапки против поединечни лица. „Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена денеска. Компанијата во соопштението наведува дека одлуката е донесена без правна основа. „Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена на Берзата во Торонто. На повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите покрај протестот организиран од активистите кои се противат на отворањето на рудникот, претходеа и изјави на дел од министрите во Владата дека тие се лично против отворање на рудник во Иловица. Дека нивните изјави, но и стенограмите од владината седница на која што се носеа одлуките, може да бидат употребени во правни постапки против државата предупреди и министерот за економија, Крешник Бектеши на прес конференцијата по одлуката за повлекување на спојувањето на концесиите. Па, оттаму се поставува и прашањето дали најавата за постапки и против индивидуални лица ги опфаќа и министрите кои во медиумите дадоа изјави дека се против изградба на рудникот без притоа да имаат аргументација зошто ја оспоруваат инвестиција и покрај бројните позитивни мислења дадени од надлежните институции во изминатиот години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-bara-vladata-povtorno-da-ja-preispita-odlukata-za-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-rudnitsite-ilovitsa-shtuka/feed/ 0
Шукова: Не знаеме дали за „Иловица-Штука“ ќе има арбитража, тоа е само претпоставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/#respond Fri, 28 Jul 2023 16:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=861248

Не е невообичаено било кој министер да побара некоја одлука Владата повторно да ја разгледува, како што тоа беше случајот со одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штукa, рече денеска министерката за животна средина, Каја Шукова. Таа посочи дека во моментов не се знае со сигурност дали за случајот ќе се отвори арбитражна постапка и дека тоа сега е само претпоставка. Министерката информира дека Владата ги следи настаните и работи според законите и верува дека доколку инвеститорот отвори таква постапка, исходот нема да биде на товар на граѓаните. „На последната седница на Владата министерот за економија Крешник Бектеши детално ја образложи целата постапка поврзана со рудниците во изминатите речиси две децении, а Владата одлучи да ја поништи одлуката за спојување на концесиите на Еуромакс ресосрис. Како ќе продолжи понатаму постапката зависи од министерството за економија“, рече Шукова. Владата пред два дена ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“, а тогаш министерот за економија, Бектеши рече дека тоа е враќање назад во состојбата кога немаше никаква одлука за барањето на „Еуромакс ресорсис“. Тој нагласи дека повеќе државни и локални институции со години наназад носат позитивни мислења за потенцијалната инвестиција иако, како што рече, ако донесат еден акт дека отворањето рудник е спротивно на стандардите за заштита на животната средина и потенцијална опасност за водата, почвата и шумите, како што се зборува, тогаш неговото министерство ќе има основа веднаш да ги раскине концесиите. Претходно, во јуни Владата донесе одлука да се спојат двете концесии на „Еуромакс ресурсис“, што предизвика револт кај граѓаните, а еколошките здруженија од регионот организираа протест во Струмица. Тие вчера ја поздравија одлуката на Владата да не се дозволи спојување на концесиите и побараа тие дефинитивно да бидат укинати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/feed/ 0
Еуромакс објави дека е повлечено одобрувањето за спојување на концесиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-objavi-deka-e-povlecheno-odobruvaneto-za-spojuvane-na-kontsesiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-objavi-deka-e-povlecheno-odobruvaneto-za-spojuvane-na-kontsesiite/#respond Fri, 28 Jul 2023 14:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=861195

Euromax Resources Ltd, Ванкувер, Јули 28, 2023 година - (TSX: EOX): („Еуромакс“ или „Компанијата“) објави дека Владата на Република Северна Македонија („Владата“) донесе одлука со која го повлече претходно одобреното спојување на концесиите доделени на Компанијата, Иловица 6 и Иловица 11 („Спојувањето на концесиите“). Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето. Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за Спојување на концесиите (во соодветно време) со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина. Земајќи ги во предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги превземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери, што покрај другите ги вклучува и Европската Банка за Обнова и Развој (еден од водечките институционални инвеститори во Република Северна Македонија), Galena Resource Equities Ltd (компанија контролирана од Trafigura Групацијата, која е една од водечките компании за тргување и логистика на метали и други стоки), ND Group (приватна финансиска и инвестициска групација од Холандија), Equinox Partners (хеџ фонд лоциран во Њу Јорк), како и Royal Gold (компанија од САД која инвестира во права и инструменти за инвестициско злато). Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa. Tim Morgan-Wynne, Извршен Претседавач на Бордот на Директори, изјави: „Компанијата разбира дека оваа одлука е чуствителна за сите засегнати страни, меѓутоа Компанијата ќе мора да ги превземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори се со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер. И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомнежи во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Северна Македонија. “]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-objavi-deka-e-povlecheno-odobruvaneto-za-spojuvane-na-kontsesiite/feed/ 0
Еуромакс: Прво да ја видиме одлуката, потоа ќе одлучиме што понатаму https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-prvo-da-ja-vidime-odlukata-potoa-ke-odluchime-shto-ponatamu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-prvo-da-ja-vidime-odlukata-potoa-ke-odluchime-shto-ponatamu/#respond Wed, 26 Jul 2023 13:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=860297

Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор. Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени. По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/euromaks-prvo-da-ja-vidime-odlukata-potoa-ke-odluchime-shto-ponatamu/feed/ 0
Влада ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“, ризикува најмалку една милијарда евра отштета по меѓународна арбитража https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlada-ja-povleche-odlukata-za-spojuvane-na-kontsesiite-za-ilovitsa-rizikuva-najmalku-edna-milijarda-evra-otshteta-po-megunarodna-arbitrazha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlada-ja-povleche-odlukata-za-spojuvane-na-kontsesiite-za-ilovitsa-rizikuva-najmalku-edna-milijarda-evra-otshteta-po-megunarodna-arbitrazha/#respond Wed, 26 Jul 2023 13:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=860295

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“. Тој предупреди дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата. – Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. Министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а што е подобро за интерес на граѓаните ќе покажат времето и аргументите – изјави Бектеши на денешната прес конференција. Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но која зафаќа дел и во општина Ново Село. Како што најави и министерот Бектеши, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица – Штука, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата и да ги задолжи граѓаните за дополнителни милијарда евра доколку компанијата „Еуромакс ресоурсес“ реши да оди на арбитража. Од компанијата претходно истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а евентуалната штета би можела да изнесува најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума. Министерот за економија потврди дека Владата морала да одлучи по барањето на инвеститорот за спојување на концесиите, а процесот е во согласност со Законот за минерални суровини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlada-ja-povleche-odlukata-za-spojuvane-na-kontsesiite-za-ilovitsa-rizikuva-najmalku-edna-milijarda-evra-otshteta-po-megunarodna-arbitrazha/feed/ 0
Колумна: „Еуромакс Одлучно ПРОТИВ Рудници на Смртта!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-euromaks-odluchno-protiv-rudnitsi-na-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-euromaks-odluchno-protiv-rudnitsi-na-smrtta/#respond Sat, 22 Jul 2023 07:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=858787

Пишува: д-р. Живко Груевски И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, дополнителни загадувања на плодните почви и воздухот; против застарено и неконтролирано користење на експлозивни материи, неподнослива бучава и неконтролирано создавање на облаци од прашина; Еуромакс е против принудно дислоцирање на постојни живеалишта и раселување на регионалното население, девастирање на природата и животната средина по истек на периодот за активна експлоатација... Да, ние сме одлучно против сите форми на шпекулативни и коруптивни договори помеѓу политичко-економски структури, секој вид на политичко влијание и притисок врз независните судски органи; против разни структури-странски служби, конкурентски бизнис компании или политички партии кои за своите лукративни интереси финансираат формирање и активности на лажно загрижени „граѓански активисти“ чија добро платена задача е да шират дезинформации и шпекулации. Тие злонамерно креираат хистерија и страв од катастрофични сценарија што треба да резултира со комплетен застој и назадување на државата, деструкција и економски колапс, континуирана политичка нестабилност и подгревање на целосната недоверба на граѓаните во капацитетите на системот, во секого, во се и сешто.... Токму затоа, ние сме апсолутно против сите форми на користење говор на омраза, сеопшти повици за радикален бунт и линчување на неистомислениците, против сите агресивни националистички изблици на етничка и религиозна дискриминација. За жал, морам да констатирам дека во изминативе пеколно топли денови во нашата држава, со неподносливо болна леснотија и со нагласено дилетантска трагикомичност кулминираа хистерично на отворена сцена поголем дел од горенаведените зла. Ваквата енормна доза на негативна енергија и фрапантна површност и неодговорност кај мноштвото на овие актери, само ја засилија мојата лична посветеност за аргументирано презентирање на ВИСТИНАТА за мега-Проектот, рударскиот комплекс Иловица-Штука. Да, сите ние од Еуромакс Ресоурцес недвосмислено сме одлучни ЗА реализација и долгорочно функционирање на рудникот за Подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш! Современиот рударски комплекс Иловица-Штука е стручно проектиран и ќе биде менаџиран по сите највисоки светски стандарди со примена на најнови техничко-технолошки методи и потврдено добри практики. Приоритетно се залагаме за целосно безбеден и еколошки одржлив индустриски капацитет со огромни придобивки за економијата, раст на извозот во просек над 200 милиони евра годишно, значително зголемени приливи на девизни средства што ќе придонесе за подобрување на структурата на билансот на плаќање и одржување на стабилниот курс на денарот, раст на БДП со приближно 4% годишно.... Веднаш во првите две години од изградба, Еуромакс ќе инвестира околу 350 милиони евра, од кои над 180 милиони евра ќе бидат исплатени на домашни компании кои активно функционираат во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија итн. Во текот на целиот период од оперативното работење на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по 75 милиони евра секоја година на повеќе локални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена индустрија, угостителство, текстилна, хемиска и дрва индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање... Во согласност со актуелните законски прописи секоја година ќе се уплаќаат приближно од 25 милиони евра во државниот буџет, а над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на локалните управи на оштините Босилово и Ново Село. Само вака реално ќе се обезбеди стабилно финансирање на локалните управи за да ефективно се реализираат нивните дефинирани проекти за заштита на животната средина, водоснабдувањето, локалната инфраструктура, поддшка на земјоделството, реновирање и изградба на нови училишта, културни и спортски објекти. Затскриени под маските на граѓанскиот активизам, добро платените кочничари на развојот упорно манипулираат со јавноста. Се обидуваат да ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени земји можат ефикасно и приоритетно да инвестираат во заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието, културата.... или воопшто во креирање на квалитетни параметри за достоинствено и среќно живеење. Рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе создаде потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии, со што значително ќе се помогне на нашата држава за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивираната миграција. Секој рационален човек знае дека за да се постигнат подобри и повкалитетни животни услови и атрактивни перспективи за младите генерации, не се доволни само декларативни заложби. Неопходни се конкретни акции и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз, можат брзо да создадат позитивни промени и напредок. Јасно и прецизно – сите ние од Еуромакс Ресоурцес сме одлучно против рудници на смртта, но уште поодлучно ЗА Проектот Иловица-Штука како современ рудник за подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-euromaks-odluchno-protiv-rudnitsi-na-smrtta/feed/ 0
ТЕТОВСКИ „ЕКОЛОГ“ ГО КУПУВА ЕУРОМАКС??! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovski-ekolog-go-kupuva-euromaks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovski-ekolog-go-kupuva-euromaks/#respond Fri, 04 Nov 2022 19:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=755975

Веќе неколку месеци добиваме информации од повеќе различни свиркачи на различни позиции во Македонија кои укажуваат на една иста работа, а тоа е дека фирмата Еколог од Тетово веќе е во финални преговори за презимање на Еуромакс Ресурси од кајманската “швајцарска” фирма Галена на бугарскиот бизнисмен Цоло Вутов, пишува Фејсбук страницата Здрава Котлина. -Некој ќе праша што има тука вредно за купување? На прв поглед купување на концесии од Еуромакс Ресурси е лудост во нормална бизнис логика особено со страшен пад на цената на нивните акции во континуитет и моменталната вредност е 0.035$ канадски долари по акција. Еуромакс е фирма која секоја година по два пати годишно зема позајмици од фирмата на Цоло Вутов на Кајманските острови поради неликвидност, никогаш не поседувала или оперирала со рудник, задолжена е над 30 милиони долари и поради неможност за отплата постојано ги конвертира во удели спрема ЕБРД и Галена, ангажира различни ПР агенции и пропаднати губитници масони во Македонија за да пропагираат глупости во јавноста, но најважно е што има две концесии од кои едната е одземена, а другата требаше да биде одземена пред повеќе од две години согласно Законот за минерални суровини. Кој нормален сака да ја купи акции од фирма чија единствена вредност се две концесии при што првата одземена концесија чека на конечна потврдна одлука од Вишиот управен суд и втората концесија што Министерството за економија мистериозно но упорно не ја одзема, иако е законски истечена уште на 13 јануари 2020 година??! Сепак во една искривена логика нештата може да се сменат во нашата држава и ајде да видиме како би изгледало таквото сценарио. Пред неколку месеци, првиот заменик премиер Артан Груби објави дека на Еколог од Тетово ќе му исплатат 130 милиони евра помош за да прави електрични автомобили. Можеме да претпоставиме дека играта на Еколог со Еуромакс Ресурси е поврзана со оваа навидум неповрзана вест за државна помош за производство на електрични автомобили. Но ова не би било можно без еден сврзувачки лепак помеѓу сите овие делови. Тој лепак во случајот се вика ДУИ (Демократска унија за интергација) и директно е поврзан со случувањата со Еуромакс. Директна конекција е ангажманот на поранешен министер за странски инвестиции и директор на агенцијата за промоција Арленд Зекири како овластен адвокат на Еуромакс Ресурси преку австриската адвокатската канцеларија Ленски, Ганзгер и Партнери (LGP) чија локална канцеларија во Скопје ја води токму Арленд Зекири. Но тој е се уште многу тесно поврзан со ДУИ што се гледа од скандалот во општина Тетово. Со смената на Теуата Арифи од ДУИ, новиот градоначалник на Тетово од БЕСА направи ревизија на трошоците и во 2021 излезе документ од општина Тетово во кој стои дека дека Арленд Зекири бил на платен список на општината без никаков ангажман. Сега веќе полека можете да си замислите зошто и како е можно да има логика Еколог, дури можеби со пари од државата, да го купи Еуромакс Ресурси. Притоа Еколог може да биде сигурен дека тоа дебело ќе му се исплати поради бакарот во рудникот, а златото ќе продолжи да се дистрибуира до Ројал Голд во Швајцарија. Конекциите на поранешниот министер а сега овластен адвокат Арленд Зекири преку ДУИ во судството, владата и парламентот ќе излобира да се повампири одземената концесија, а другата истечена концесија ќе си остане неодземена. Законите никој не ги есапи и тие важат само за обичниот народ. Во такви околности тетовски Еколог ќе почне да го отвара рудникот на смртта во Струмичко без око да му трепне за сите последици, а на народот ќе му остане да се труе и да се иселува. Да не ги заборавиме и локалните струмички лешинари од кои чекаат провизија за ваквиот бомбона бизнис и очекуваат да бидат дел од колачот со транспорт на рудата во Бугарија. Постои и варијанта во која Еколог може да профитира во случај на арбиртажен суд доколку преку добрите конекции на LGP нашата држава ја бранат диригирани адвокати во договор со сите лешинари на локално и централно ниво. Но сите многу се излажале во ваквите математики! Ваков развој на настаните ќе биде детонатор што ќе го активира натрупаниот експолозивен набој низ годините малтретирање на локално и национално ниво. Особено ќе детонира ако некој калкулира со примена на мафијашко насилство зошто заканите што ги примивме пред една година си ги сфативме сериозно. Предупредуваме тогаш, предупредуваме и сега дека во таква ситуација ќе се случат масовни граѓански судири на Огражден и населените места а потоа ќе се запали и целата југоисточна Македонија. Струмичките лешинари први ќе изгорат во гневот. Мал е светот денес, може да се бега ама нема да може никој да се скрие. Стапот секогаш има два краја но нека си пресметат убаво кој ќе го извлече подебелиот крај. Сметаме дека токму сега е моментот да се раскринка ова оваа ујдурма во зародиш и пред ваквото хипотетичко сценарио да се повлече црта. Затоа ги повикуваме сите политички партии сериозно да го сфатат проблемот и самите да си се разберат со индивидуалните членови лешинари во нивните редови (си ги знаат убаво кои се тие). Нека размислат што ќе добијат, а што ќе изгубат ако го детонираат југоистокот во сред кризен период со сите невољи. Ние нема да отстапиме ни милиметар и на секој притисок ќе биде одговорено соодветно. Никако нема да помине ваквата "зелена" агенда на ДУИ во југоисточна Македонија, а Еколог нека не се залетува да влегува во непромислени зделки со пропаднати измамници кои го имаат навлечено гневот на народот. На крај целото ова може да прерасне во нешто што никој не го посакува и особено ДУИ нека размисли дали сака да предизвика меѓуетничка криза и масовни конфликти во сегашната геополитичка ситуација. Претеравте и разберете дека трпението е при крај. На кого му одговара тоа??! РУДНИК НЕМА ДА ИМА !!! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovski-ekolog-go-kupuva-euromaks/feed/ 0