ЕуроНикел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 06:56:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕуроНикел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФЕНИ денес ги гаси печките, вработените на принуден одмор поради скапата струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/feni-denes-gi-gasi-pechkite-vrabotenite-na-prinuden-odmor-poradi-skapata-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/feni-denes-gi-gasi-pechkite-vrabotenite-na-prinuden-odmor-poradi-skapata-struja/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=739332

ЕУРОНИКЕЛ (поранешно ФЕНИ) од денеска ги гасне печките и ќе го прекине производството. Вчера се одржал состанок на менаџерскиот тим, на кој се донела одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до денес до 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вчера соопшти дека ФЕНИ, односно „Еуроникел индустри“ ја гаси печката која три месеци се одржувала на енергетски минимум поради скапата струја. Од компанијата за „Фокус” потврдија дека е точно, но и дека од средината на септември и работниците им се испратени на принуден платен одмор. -Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес. Во меѓувреме, превземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот, одговорија од компанијата Еуроникел. Инаку Еуроникели Индустри е најголем поединечен потрошувач на електрична енергија во државата, а струјата има најголем удел во производниот трошок. Еуроникел односно комбинатот во Кавадарци е втор најголем извозник и има еден од најголемите удели во Бруто домашниот производ на државата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/feni-denes-gi-gasi-pechkite-vrabotenite-na-prinuden-odmor-poradi-skapata-struja/feed/ 0
ФЕНИ ги гаси печките – Гигантот го прекинува производството, не може да ја издржи енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/feni-gi-gasi-pechkite-gigantot-go-prekinuva-proizvodstvoto-ne-moze-da-ja-izdrzi-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/feni-gi-gasi-pechkite-gigantot-go-prekinuva-proizvodstvoto-ne-moze-da-ja-izdrzi-energetskata-kriza/#respond Thu, 29 Sep 2022 10:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=738958

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи името ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството. -Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата, а подоцна да одат во технолошки вишок,  вели нашиот извор. Ваквата ситуација со ЕуроНикел, до овој момент ја прави оваа компанија најголема која е жртва на енергетската криза. Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/feni-gi-gasi-pechkite-gigantot-go-prekinuva-proizvodstvoto-ne-moze-da-ja-izdrzi-energetskata-kriza/feed/ 0
ЕуроНикел: Почна исплатата на доверителите во ФЕНИ Индустри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euronikel-pochna-isplatata-na-doveritelite-vo-feni-industri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euronikel-pochna-isplatata-na-doveritelite-vo-feni-industri/#respond Fri, 16 Mar 2018 14:57:02 +0000 http://kurir.mk/?p=30543

Повеќе од 100 доверители на ФЕНИ Индустри се во процес на исплата, договорите се потпишани и веќе се направени првите исплати, а последните преостанати доверители се во процес на поднесување на нивните барања до ЕуроНикел, велат од компанијата која стопанисува со комбинатот. - Откако ЕуроНикел ги рестартираше производните капацитети и успешно започна со производството во фабриката, сега презема стратешки, долгорочни, инвестициски чекори за стабилноста, растот и развојот на компанијата. Со ова, ЕуроНикел продолжува на патот кон побрз излез на ФЕНИ од стечајот преку организирано реструктуирање, порачуваат од ЕуроНикел. Македонски директор на ЕуроНикел Герасим Кујунџиев е задоволен што го потпишале договорот со банките и другите доверители, со што, како што посочува, се потврдува нивната посветеност и сериозни и долгорочни планови како инвеститор во комбинатот. - Досега подготвивме повеќе од сто договори со доверителите, а со останатите секојдневно сме во комуникација, со цел да ги забрзаме нивните исплати. Нашиот главен приоритет е комплетирање на побарувањата на кредиторите и излезот на ФЕНИ од стечајниот процес, изјави Кујунџиев. Целта на ГСОЛ и ЕуроНикел, порачува Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел, е да се искористат сите знаења и експертиза, што ги поседуваат како признаен и искусен инвеститор во металната индустрија, како и со финансиските ресурси и оперативниот капацитет, да го потврдат статусот на ФЕНИ како стратешки производител во земјата и како лидер во индустријата на фероникел во Европа и пошироко. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euronikel-pochna-isplatata-na-doveritelite-vo-feni-industri/feed/ 0